Симпатизер или навивач?

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Болдираното го напишав по грешка бев изнервиран и незнаев шо пишувам јас сум ЛУД навиач на портсмут то ти шо го пиша ко ке го гледаш својот клуб треба да урлаш и да пееш тоа и јас го правам на друга тема оставив ваков коментар само го немаш прочитано дека лудо навивам и дефинитвно сум голем НАВИВАЧ НА ПОРТМУТ
PLAY UP POMPEY

Добро ајде така нека ти е,биди си навивач пред ТВ...сакам да ти кажам дека не е тоа тоа,да навиваш на трибина за својот омилен клуб и да навиваш од дома...:smir:
 
Член од
3 август 2009
Мислења
178
Поени од реакции
2
Добро ајде така нека ти е,биди си навивач пред ТВ...сакам да ти кажам дека не е тоа тоа,да навиваш на трибина за својот омилен клуб и да навиваш од дома...:smir:
Знам дека не е исто др е атмосверата во зиво ама за мене и ова е вистинско навивање незнам дали имаш плачено за клубот ама јас да кога портсмут го освои фа купот
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Знам дека не е исто др е атмосверата во зиво ама за мене и ова е вистинско навивање незнам дали имаш плачено за клубот ама јас да кога портсмут го освои фа купот

Абе ти навивај не ти брани никој,ама не е тоа тоа,си кажа убаво во твојот пост не е иста атмосферата...:smir:
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Навивач на Динамо Загеб,штета што немам можност да одам на натпревари,а педериве ми укинаа и ХТВ 2 па морам на интернет да ги барам утакмиците :mad::tapp:.Дома имам капи,шалови од нив,секој примен гол кога ќе го видам срце ме стега,а за секој даден ко мало дете се радувам.

Се’ што кажа погоре - не.

Навивач си кога допринесуваш за клубот со одење на натпревари и бодрење. Ја притискаш со скандирање управата да си оди ако го носи клубот во пропаст, наместо да читаш за тоа во Македонски спорт. Пцуеш по играчите и се радуваш со нив, тие на терен, ти на трибина. Кога ќе се постигне гол ќе почувствуваш бранување од луѓето до тебе и напливот на радост и среќа, а не кога ќе станеш да ги истуриш пуканките на тепих или да ти се качи комшијата од долниот стан пошо многу си тропал.

Ти се помочам во таквото навивање од пред телевизор само. Читај погоре неколку поста кај шо пишав за навивањето на стадион поопширно, мои искуства...

За Челзи знам прва постава, резерви, младински состав, уште докторите и скаутите не сум седнат да ги научам... Добро, Арнесен го знам. Историја на клубот, поважни играчи во историјата, резултати од пред години... Ама не можам да се наречам себеси навивач, а толку многу сакам, верувај.
Е што сега ја можам значи само да бидам навивач на некој клуб од Македонија.Сум идел на Вардар утакмици,па тоа ме прави навивач нивен,иаку не ми е ни 1% до нив колку што до Динамо,иаку никогаш не сум плачел ни кубел коси ради нив,како за Динамо.Јас значи сега сум навивач на Вардар што сум идел на нивни утакмици,а само симпатизер на Динамо?
 
Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812

Си толкуваш како што сакаш. И јас сум бил на натпревари на Воска и на Вапила, па не сум навивач. Прочитај ме поназад, не можеш да си навивач кога седиш дома и гледаш од кауч, без разлика колку го сакаш клубот.

Ти ако сакаш чувствувај си се како навивач на Динамо. Ама навивач ќе си толку колку шо јас сум парижанец.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Зависи што подразбираш под поимот навивач.Ако е тоа само некој што иде на утакмици заедно со БББ( еве Динамо за пр.),онда сум симпатизер.Ама неможноста да отидам јас на натпревар,иаку да ја имам на секој би идел,не прави дека јас го сакам клубот помалку од некој што е таму секој натпревар.Сум придонесувал за клубот со членска картичка,и тоа ја плаќам поскапо поради тоа што сум надвор од Хрватска,и што секое идење во Загреб купувам по некој шал,капа,дрес и малку од малку придонесувам за него и ради тоа не би можел како симпатизер да се наречам.Иначе ако е по твоето јас не сум навивач на ниеден клуб.
 
Бастион

Последниот бастион
Член од
16 август 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
Навивач на Вардар, симпатизер на Кајзерслаутерн :devil2:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Зависи што подразбираш под поимот навивач.Ако е тоа само некој што иде на утакмици заедно со БББ( еве Динамо за пр.),онда сум симпатизер.Ама неможноста да отидам јас на натпревар,иаку да ја имам на секој би идел,не прави дека јас го сакам клубот помалку од некој што е таму секој натпревар.Сум придонесувал за клубот со членска картичка,и тоа ја плаќам поскапо поради тоа што сум надвор од Хрватска,и што секое идење во Загреб купувам по некој шал,капа,дрес и малку од малку придонесувам за него и ради тоа не би можел како симпатизер да се наречам.Иначе ако е по твоето јас не сум навивач на ниеден клуб.
Па не си. :toe:

Види сине, претпоставувам дека имаш некој хрват у фамилија, и тоа е океј, нормално дека ќе се врзеш за хрватски клуб. Али размисли како БББ се однесуваат, ти немаш ни 1% од тоа. Го немаш животот, ги немаш обележјата кои се пеат, ја немаш атмосферата, све што имаш е телевизор и (да речеме) искрени чувства надалеку.

Кога јас би се преселил у Загреб, нормално дека не би бил навијач на Динамо ни на било која друга хрватска шупачка екипа пошто од увек сум бил навијач на Вардар и сум ја живеел радоста на скопјани. Пред утакмица сум седел кај Вршац и у Наџак, по утакмица сум коментирал со тотални странци зашто Жути или Хаџиевски или шо ти ја знам кој не го пушта Брага да игра. Сум гледал како ги тепаат бугарите на јужна, и сум пеел со Комити додека јужна ја запалија на ЦСКА Москва.
Сум се карал со пензионери шо навијаат за Работнички ама доаѓаат на Вардар пошто било забавно, и сум гледал тренинзи кај што Оливеира му даде гол на Гого Јовчев од пола терен. После тоа Јовчев влезе во канцеларија кај Брацо со пиштол, а Оливеира умре и на широко расправавме со другари низ скопските кафичи зашо се десило тоа и каква корист или загуба има Вардар од тоа.

И сега кажи ми ти, како сите овие работи би ги правел јас во Загреб? :toe:
 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
291
Поени од реакции
11
navivac so srca za Sloga Jugomagnat i Milan simpatizer na Chelsea Everton Marsei Rabotnicki
 
Член од
29 февруари 2008
Мислења
729
Поени од реакции
6
навивач со срце за брегалница штип и реал мадрид
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Си толкуваш како што сакаш. И јас сум бил на натпревари на Воска и на Вапила, па не сум навивач. Прочитај ме поназад, не можеш да си навивач кога седиш дома и гледаш од кауч, без разлика колку го сакаш клубот.

Ти ако сакаш чувствувај си се како навивач на Динамо. Ама навивач ќе си толку колку шо јас сум парижанец.
Се сложувам со болдираното.

Ќе го земам Вардар за пример ама истото важи за сите клубови.
Против Спарта Прага имаше околу 15.000 публика. Кои од нив беа навивачи на Вардар? Сите? Дали и публиката од Јужна може да се нарече навивачи или само Комити се навивачи?
Според мене само Комити се навивачи на Вардар.
Навивач е само оној што е здружен во некоја организирана група која има своја организациска структура.
Сите ние останатите сме симпатизери на некој клуб, иако одиме во живо на стадион.
Навивачите секогаш се тесно поврзани со својот клуб и за нив нема друга опција.
Јас сум симпатизер на Вардар и на Металург. Сега се погоди да играат во иста лига, ама тоа е, пак сум симпатизер и на двата клуба.
 
Сеа, дека се наоѓам обесправен во твојот пост ќе ти реплицирам, инаку не би. :)

Оние кои одат на јужна, се во главно постари луѓе. А тие не можат таму со дечурлаана од 13 години. Ама затоа секогаш на утакмица ќе видиш знаме долу одма до излез скалите за соблекувална, “Стара Гарда“. Лојал Фанс, порано одеа на Север. И ги имаш секако и оние “casual“ навивачи, као ја и ти (ретпоставувам) кои му се верни на клубот ама начинот на навивање не го разбираат толку преку дивеење и навивање 90 минути. Постарите дури и немаат сила за константно навивање.

Вистински навивач во наши услови е оној кој нема работа во недела во 16.00 и оди на натпревар на својот омилен тим. А оној кој нема работа ама попрво ќе прави нешто друго, тој е обичен читач на вести.
Е сега, кај нас чудни се работите на јужна, како срам да им е на луѓето да навиваат заедно со Комити. Не знам зошто е тоа така... но, ете...
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Вардар и Јужна ги земав само како пример. И на Јужна има навивачи, тие што се доле.
Зборот ми беше, според мене, за да бидеш навивач треба да си организиран во некоја група. Јас одам на Вардар често, не ми е сеедно дали ќе победи или загуби (значи не одам само за да тепам време), ама не сум член ниту на Лојал фанс ни на Комити или Стара Гарда, па затоа не може да се наречам навивач.
Како и да е, очигледно е дека не постои некоја дефиниција што ќе ги разграничи поимите навивач и симпатизер.
Можеби треба да има поим „страстен навивач“ и „обичен навивач“ :)
 
Има разлика во болдираното...голема и тоа...страсен навивач или УЛТРАС,обичен навивач-семкар...

Ке поставам еден тескт од блог,интересен и поучен е доста,мислам дека ке им годи на сите да го прочитаат што не можат да разграничат што се-дали вистински навивач или симпатизер.

Еве прво за тие што мислат дали се вистински навивачи а уствари се едно друго...

Интернет навивачи

Интернет навивачи или кога компјутерите ќе ја заменат трибината. Проблем што се јавува не само во македонскиот интернет простор туку и на сите останати навивачки форуми.
Може ли да се дефинира интернет навивачот? Многу тешко. Но затоа може да се издвојат некои карактеристики кои не треба да ги красат оние што самите се нарекуваат фанови.
Прво и основно, воопшто не го разбираат значењето на интернетот како медиум кој може да им послужи како место каде ќе ја презентираат својата работа, ќе се споредат со другите, ќе го кажат своето мислење, ќе изнесат аргументи, некогаш ќе влезат во расправија. Напротив тие го користат интернетот како примарен медиум преку кој ќе ги одвиваат сите свои активности често без никакво присуство на самиот стадион. Мислат дека тоа што го пишуваат е исто како реално да се случило. Навивачкиот живот е повеќе од седење пред компјутер и посетување на веб страни. Тоа не те прави навивач. Ултрас, уште помалку.
Љубовта кон клубот е она што те води. Како ли може да се навива за неколку клубови истовремено? Можеби да симпатизираш да, но сакаш само еден. Добро, претежно се тие деца кои немаат повеќе од 17-18 години, но тие се оние кои треба некогаш да бидат на првите редови на трибината. Како ли да се објасни тоа што избираат гледање на фудбал на ТВ пред одење на стадиони? Или, зошто не беше на натпревар? „Не ме пуштаа од дома“, „Ладно беше“ бла бла бла. Па едно од најважните навивачки правила е секогаш со својот клуб без разлика на приликите. Треба да живееш за денот на натпреварот.
Навивач не те прави ниту тоа ако правиш некоја акција само за да ја презентираш на интернет. Кореографиите, знамињата, транспарентите се прават заради клубот и да се мотивираат играчите, да се направи подобра атмосфера. Мене апсолутно ништо нема да ми значи некоја порака ако никој не ја видел на стадион. Одличен пример беше пораката „RIP Gabriele“ на еден странски форум која никогаш не беше извадена на стадион од страна на една странска минорна група која себе се нарекува ултра. Или има многумина кои пишуваат „ACAB“, а не ни знаат каква е вистинската полициска репресија.
Интернетот не може да те научи како да направиш транспарент или кореографија. Се зависи од твојата креативност. Не треба да бараш совет од друга група што да направиш. Преземи го ризикот врз себе. Не може друг да ти каже напушти ја твојата група или формирај нова. Не може да ти каже ни како да формираш нова група. Се е до твојата способност, имагинација и замисла. Ако немаш идеја воопшто не почнувај со нејзина реализација.
Биди пријател со сите на интернет. Непријателството остави го за на трибина. Пред компјутер можеш да бидеш што сакаш. На трибина се гледа твоето вистинско лице. Две-три реченици на форум не значат ништо. Две-три пораки или транспаренти на стадион се стварно нешто значајно. Покажување на твоето лица на интернет е ништо. Покажување на твоето право лице на трибина е нешто. Ако сакаш да изиграваш фраер на интернет оди на страници од типот на пријатели.ком или хи5. Мене не ми е важно ни кој си ни како изгледаш. Но важно ми е дали одиш на натпревари и навиваш од срце за твојата екипа. Ме интересира што си направил и дали тоа си го направил од срце. Или...
Навивањето се учи на трибина. Пракса се добива на трибина. Уживањето е на трибина. На интернет можеш да видиш како тоа го прават другите и ти самиот да се подобриш. Не чекај да прочиташ негде што е правилно што не. Самиот одлучи и преземи акција. Биди независен. Биди оригинален. Мрш на трибина

Што е Ultras-Навивач ??

Ова е еден од најдобрите текстови кои сум го сретнал на интернет и едноставно не можев да му оддолеам да не го преведам на македонски и да ви го понудам тука. Ова е лектира за сите ултраси.

Ultras нема име за обичниот свет, само добрите пријатели го познаваат. Ultras нема лице, капата му ја покрива главата, а шалот устата. Ultras не се облекува како останатите, не ја прати модата, не ги сака новитетите. Кога ќе слезе од воз, шета по улиците и иако нема обележја на својата група тој е препознатлив. Ultras напаѓа ако е нападнат, помага ако е тоа потребно, не престанува да биди ultras кога ќе го извади шалот и ќе се врати дома, него се бори 7 дена неделно. Искусниот ultras им дава пример на помладите, а младите имаат респект спрема постарите. Младиот ultras е горд кога стои до поискусен, учи од критиките на постарите и поцрвенува кога овај ќе му подаде рака. Кога обичните луѓе гледаат ultras, тие не го разбираат, а тој не сака да биде разбирлив, не сака да ги објаснува своите идеали. Секој ultras е различен: постојат оние кои ги носат обележјата на групата или екипата и оние кои никогаш немале такво нешто, постојат оние кои одат само со својата група и оние кои се индивидуалци и кои се сами своја група.
Ultras-ите се различни, но ги спојува љубовта кон својот клуб, упорноста и останувањето 90 минути на нозе на дожд и ладно, ги спојува топлината која ги грее кога пеат во еден глас, дури спијат во полупијана состојба во возот враќајќи се од гостување, ги спојува кортеото низ центарот на градот во кој се гостува, ги спојува еден сендвич кој ќе го поделат помеѓу три-четворица после многу саати глад, ги спојува една поделена цигара, ги спојува еден поглед, еден идеал, еден единствен менталитет. Сите ствари кои нас меѓусебно не спојуваат, во исто време не одвојуваат од останатиот свет: од загрижените родители, од вчудовидените роднини, од уплашените колеги и нетолерантните професори или шефови. Ultras е изненадување кое ти ја краде насмевката кога ќе сфатиш дека си се извлекол за влакно. Ultras е рака која те повлекува во возот кој штотуку тргнува. Ultras не е вандализам или насилство без причина, тој е упорна одбрана еден начин на живот, кој падна во криза заради социјалните проблеми, заради глупавата телевизија, заради дискотеката која привлекува се повеќе млади но најмногу заради неоправданата репресија.
Да се биди ultras е се ова но и многу повеќе, емоција и страст кои не можат да се објаснат со зборови на луѓето кои не сакаат да ги сфатат, и кои побрзо би ја свртеле главата и би продолжиле да живеат зад едно стакло, луѓе кои никогаш немале храброст да го скршат тоа стакло и да влезат во нашиот свет:тмурен и ладен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom