Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 812
не мора да одиш на натпревар за да си навивач. навивач си ако се радуваш ко лудак и се дереш на цел глас кога твојот сакан тим ќе постигне гол или ќе победи, кога кубеш коса кога тимот твој сакан губи.
навивач си кога пратиш се што се случува околу твојот тим и те боли срце кога некој главен играч ќе си замине.
симпатизер е поблага форма на пратење на некој клуб, значи повремено го гледа оти му се допаѓа играта на тој тим.
Се’ што кажа погоре - не.
Навивач си кога допринесуваш за клубот со одење на натпревари и бодрење. Ја притискаш со скандирање управата да си оди ако го носи клубот во пропаст, наместо да читаш за тоа во Македонски спорт. Пцуеш по играчите и се радуваш со нив, тие на терен, ти на трибина. Кога ќе се постигне гол ќе почувствуваш бранување од луѓето до тебе и напливот на радост и среќа, а не кога ќе станеш да ги истуриш пуканките на тепих или да ти се качи комшијата од долниот стан пошо многу си тропал.
Ти се помочам во таквото навивање од пред телевизор само. Читај погоре неколку поста кај шо пишав за навивањето на стадион поопширно, мои искуства...
За Челзи знам прва постава, резерви, младински состав, уште докторите и скаутите не сум седнат да ги научам... Добро, Арнесен го знам. Историја на клубот, поважни играчи во историјата, резултати од пред години... Ама не можам да се наречам себеси навивач, а толку многу сакам, верувај.