зошто тогаш во скоро сите спортови не се препорачува градење голема мускулна маса со дигање големи тежини?
просто. поголеми мускули= повеќе на телото му треба кислород и побрзо се заморуваш.
Твојата констатација не е точна и како што кажа сајсига не значи дека ако си бодибилдер,дека нема и добри страни.
Бодибилдингот е своја филозофија и ако не ја разбираш не треба да се мачиш да објаснуваш работи што не ги знаеш.
Кажи ми еден спорт денешен во кој не се препорачува било каков вид на дигање тешко?
Сите спортови имаат специјална програма што уклучува некаков тренинг со дигање тежини,дали лесни или тешки зависи до спортот.
Замисли еден рагбист со толкава маса да нема мускули,тој ќе биде никој и ништо.
Друго нешто што во теретана се растат се тип 2 мускули или fast-twitch фиброзни мускулни влакна кој се битни за градење експлозивност,снага и големина за еден спортист.
Јас трошам сигурно повеќе време за истегнување затоа што тоа ми помага да имам повеќе снага и помалку болка во тренингот.
Флексибилноста е клуч а има и бодибилдери што вежбаат флексибилност
Каи Греен е еден од нив.
А дека се уморуваш повеќе се зависи до колку имаш кондиција,не до мускулите.
Повеќе тежина = повеќе умор.