Да се укине зелениот картон за излез од земјава бараат транспортерите. Тврдат дека трошоците за зелен картон за нив се превисоки во услови кога поради глобалната криза работата им е опадната до 70 %. Од организацијата на транспортери велат дека задолжителното плаќање на зелениот картон е против законско. Од таму објаснуваат дека во Законот за задолжително осигурување во сообраќајот стои дека осигурувањето од автомобилска одговорност покрива штети сторени и на територијата на земји членки на ЕУ без да се плаќа дополнителна премија.
Во целост плаќаме дупла премија, една при регистрација друга при излегување надвор од земјата, изјави Билјана Муратовска од Макамтранс.
Оттаму вели Муратовска нејасно е зошто се уште се наплаќа зелениот картон, иако во законот стои дека овој член ќе се применува кога земјата ќе стане членка на ЕУ. Но тврди дека по нивните реакции и во Владата веќе се анализира дали да се укине зелениот картон.
Претставници од Министерство за транспорт биле во Бугарија за да ја согледаат состојбата како е регулирано тоа, се надевам дека анализите побргу ќе завршат , додаде Билјана Муратовска од Макамтранс.
Засега од земјите во регионот само во Македонија и Албанија се наплаќа високи цени за дополнителна премија за излез од земјата. Кај нас за патничко возило за само еден месец се плаќа 2450 денари. За три месеци се плаќа 3670, за половина година 5500 а за една година 9760 денари.
Канал 5