Се поремети ли природата

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
ХОРОР НА АВТОПАТОТ ОД СКОПЈЕ КОН ГЕВГЕЛИЈА

Анаконда во Македонија?!

Работник на мостот во реконструкција кај гевгелиското село Смоквица на камерата од својата кабина од каде ги надгледувал стоп станиците од двете страни на мостот забележал змија која го зафатила целиот мост во ширина, а била голема околу осумдесетина сантиметри судејќи од "голо око". Змијата работникот ја опишал како питон но била тројно поголема поради што цело време тврдел дека станува збор за анаконда

Змија долга три-четири метри, дебела колку еден просечен човек, најмногу наликува на анаконда се гласините што вчера ги потресоа гевгеличани. Влекачот бил забележан од работник кој седел во куќарката на стоп станицата на мостот кај гевгелиското село Смоквица. Змијата за која работникот рекол дека му наликувала на анаконда мирно го преминала мостот и се сокрила во зеленилата. Тој веднаш ги повикал надлежните за реконструкција на мостот.

Сведок на настанот бил таксист од Гевгелија кој во тој момент чекал на стоп станицата на црвено. Работникот потресен и блед дотрчал накај него. Откако такси возачот му дал вода да се напие и измие, се обидел да го смири човекот прашувајќи го што се случило. Човекот пелтечејќи од страв му раскажал дека една минута пред такситот да застане на мостот поминала огромна змија. Била толку долга што го зафатила целиот мост во ширина а била голема околу осумдесетина сантиметри судејќи од "голо око". Змијата работникот ја опишал како питон но била тројно поголема поради што цело време тврдел дека станува збор за анаконда. Човекот го забележал влекачот на камерата од својата кабина од каде ги надгледувал стоп станиците од двете страни на мостот. Му рекол на таксистот дека некоја од камерите сигурно ја снимила змијата но му било страв да фаќа по системот за да му ја покаже. Тој случајот веднаш потоа го пријавил кај надлежниот надзорник за реконструкција на мостовите.

Од агенцијата на НАТО, Намса преку која беше ангажирана турската фирма Џесаш за реконструкција на мостовите вчера немаа конкретен коментар за несекојдневниот настан. Ветија дека во текот на денот ќе ни испратат соопштение.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Волци го сардисаа патот Штип-Велес


Глутница волци од пролетва „парадираат“ по автопатот во потрага по храна




ШТИП - Секое утро, со првите мугри, глутница волци слегува од височините над Богословец и го минува мошне прометниот автопат Штип-Велес кај Месната индустрија, во близина на бензинската пумпа на Овче Поле. Откако ќе се нахранат од мршите фрлени во кафилеријата, волците повторно се враќаат назад. Дел од нив слегуваат до коритото на Брегалница во потрага по вода. Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови, секој ден е сведок на оваа глетка.

”Волците немаат страв од ништо. Ниту од возилата, ниту од луѓето. Неретко морам да застанам со автомобилот за тие да поминат преку асфалтот. Подолго време редовно ја минувам оваа делница, ама оваа слика ја гледам од оваа пролет. Тие изгледаат сосема питомо, како да се во заедница со луѓето”, вели Захариев.

Истото го тврди и Крсте Митев, директор на Ветеринарната станица во Штип. ”Во планините и на другите повисоки места секнаа многу извори, а и храна за животните има се' помалку. Поради тоа волците преку лето се' почесто слегуваат во пониските делови по потрага по вода и храна. Повеќепати лично, дури и во попладневните часови, сум наидувал на поголеми групи волци гледајќи ги како одат или се враќаат од кафилеријата, која на овој простор е нивниот најголем извор на храна”, вели Митев.

Во Ловното друштво „Штип” тврдат дека волците кај Овче Поле не се новост, зашто долги години кафилеријата била нивен најбогат извор на храна. „Ново е тоа што сега волци, и тоа во многу поголем број, можат да се видат на автопатот и околу него. Овде доаѓаат по вода, бидејќи полето на овој дел од Овчеполието редовно се наводнува. Волците не се плашат од автомобилите, не ги напаѓаат, но ги игнорираат луѓето. Во еден ден тие поминуваа до педесет километри трагајќи по вода и храна. Сме наидувале на групи волци кои спијат во полето или покрај Брегалница, што порано не се случувало”, вели Ванчо Јованов, секретар на ловното друштво.

Киро Бојаџиски, кој долги години беше претседател на Ловниот сојуз на Македонија, е човек кој исклучително добро го познава животинскиот и растителниот свет во Македонија, за што има напишано и повеќе книги. Тој тврди дека смелоста на волците да слезат во населените места од пониските краишта, па дури и да „парадираат” по автопатиштата. е резултат на повеќе фактори.

„Климатските промени го нарушија биолошкиот часовник кај сите животни. Илјадници мали и поголеми извори во планините пресушија, храна за животните има се' помалку. Тврдев и стојам зад тоа дека забраната за отстрел на волците е погрешна, зашто природата сама се грижи за својата рамнотежа. Тука човекот нема што да се меша. Секоја можност за размножување на еден вид животни значи отворена врата за истребување на другите видови, со кои се храни заштитеното животно. Деновиве низ фабричкиот круг на конфекцијата „Прима” во Кочани помина волк, го видовме сите. Такво нешто порано не можеше ниту да се замисли”, вели Бојаџиски.

Ванчо Јованов укажува на еден друг факт кога се во прашање животните и промените во нивното однесување. Тој тврди дека на Плачковица, во близина на детското одморалиште биле видени две мечки кои уништиле шест кошници со пчели. Јованов тврди дека во својата тридецениска кариера на ловџија, мечка на овие простори, ниту тој, ниту некој друг видел.

„Последната мечка во планините во источна Македонија е убиена во 1947 година кај Блатец на Плачковица. Реката Вардар отсекогаш важела за граница до која доаѓале мечките, а која тие никогаш не ја преминувале. Можеби овие две мечки побегнале од пожарите кои лани ги имаше во голем број по нашите планини. Фактот што по 51 година, пак, имаме мечки во овој регион бара сериозно да се проучи”, вели Бојаџиски.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Е како 80 сантиметри?
Ај бе сеа кошмари ќе има.
А бепа шо се 80 сантиметри змиче.
Ти знаеш колку се големи анакондите.
Ам па сеа колкав е тој мост мора да е поголем од 80 сантиметри.
Ти викаш го зафатила целмост а била голема 80 цм шо мост ќе е тоа.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Е добро де што е толку чудно тука? Покрај толкавата радијација што поминува низ Македонијава се раѓаат толку дегенерици(Боки 13, Драги Шпага....) па за една анаконда.
А за волците што е тоа чудно, опстанок
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ај волците, по храна одат секој ден најадени и сити се и не напаѓаат, ама таа змијата е апсолутно нетипична за Македонија и Балканот воопшто, нема да ме чуди за некој ден и крокодил да забележат.... а што има некои нови интересни видови на животни во последно време стварно има...
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Е како 80 сантиметри?
Ај бе сеа кошмари ќе има.
А бепа шо се 80 сантиметри змиче.
Ти знаеш колку се големи анакондите.
Ам па сеа колкав е тој мост мора да е поголем од 80 сантиметри.
Ти викаш го зафатила целмост а била голема 80 цм шо мост ќе е тоа.
80 сантиметри во пречник ваљда (барем јас така разбрав...), а долга колку мостот...ти теквит...?
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
аааааааа свакам имењаку.
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Еден пријател ловџија шетајќи низ шумата во Паланечко на тромеѓе Македонија-Бугарија-Србија, забележува хелихоптер на НАТО и како од него се испушта дрвена кутија.
Се доближува до неа кога во неа змии.
Малечки сичушни.
Не е чудо да е од тие увезените.
Ова се случува за време косовската криза.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Јас лично имам ОГРОМНА змија видено крај гробишта во с. Пирава (Валандовско). Тогаш бев мал но змијата беше навистина огромна. Многумина од жителите на селото ја имаа видено иако во последно време неа ја нема(најверојатно умрела од старост или нешто сл.) Змијата беше кафеава со шара слична на лутицата (многу мала змија) и главата и беше доста необична со еден голем израсток кој не изгледаше како дел од змијата.

Исто така кога сме на овие чудни животни имам видено Мува која има шара на ОСА!!! и пајак кој што лета(личеше на пајак и прави пајажина, овој инсект го има во изобилство)!!! овие инсектите ги забележав во Побрешко(старо веќе непостоечко село на ридовите источно од Стојаково(Гевгелиско).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom