Johnny B
Misogynist, racist, anti woke
- Член од
- 15 февруари 2010
- Мислења
- 11.774
- Поени од реакции
- 12.110
Не знам дали веќе го има ова, а ако го има слободно избришете го. Исто така не знам колку е вистина ама дефинитивно е од епски размери
Извор
Фудбалерите на Јужна Африка трчаа околу теренот и заедно со публиката го прославија пласирањето на Афричкиот куп на нации, иако тие не беа репрезентацијата која се квалификуваше.
Јужна Африка одигра само 0:0 со Сиера Леоне, што не беше доволно за освојување на една од првите две места во групата и покрај тоа што целиот стадион како и фудбалерите и стручниот штаб славеше затоа што мислеа дека еден бод им е доволен.
Сеуште е нејасно како тие не ги познавале доволно пропозициите на натпреварувањето. Јужна Африка, Сиера Леоне и Нигер завршија со ист број поени, а Јужна Африка има најдобра гол разлика, но одлучувачки се меѓусебните дуели, со што Нигер обезбеди пласман, а не Јужна Африка.
Дури и самиот селектор призна дека намерно поставил тактика за да игра нерешено со Сиера Леоне.
„Не бев само јас тој кој мислеше дека еден поен ни е доволен. Целата нација и медиумите не уверуваа во тоа. Африка сепак е фудбалска џунгла“, изјави селекторот Питсо Мосимане.
Веста дека репрезентацијата на Јужна Африка се квалификувала за Афричкиот Куп на нации ја објави и националната телевија, а на фудбалерите им честитал и претседателот на државата.
Извор