@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.114
Наместо максимум 26 дена одмор, работниците ќе можат да искористат најмногу 20 дена одмор годишно
Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека измените во Законот за работни односи им ги скратуваат правата на работниците. ССМ строго се противи на начинот на кој Собранието на последната седница ги изгласа предлог-измените на Законот, без притоа да се консултира со сите релевантни социјални партнери, меѓу кои се ССМ и Организацијата на работодавци.
„Ова претставува класичен нокаут на социјалното партнерство во Македонија, кое одредени структури сакаат да го срушат. Сојузот на синдикатите ќе направи се' за да ги оспори измените во Законот за работни односи“, рече портпаролот на ССМ Пецо Грујовски на вчерашната прес-конференција.
Освен забелешките околу начинот на кој се изгласани измените, Сојузот не се согласува со неколку од новите одредби. Првата забелешка на ССМ се однесува на обврската на Фондот за ПИОМ и Фондот за здравство да му доделат фотокопија на вработениот од неговите документи за осигурување. Со измените во Законот, се укинува оваа обврска.
„На овој начин работникот нема да има документ и континуиран увид за тоа дали работодавецот ги исполнува законските обврски за негово задолжително социјално осигурување“, објасни Грујовски.
Втората промена во Законот се однесува на склучувањето договор за работен однос на определено време. Рокот е продолжен од четири на пет години. Според ССМ, согласно со меѓународните конвенции, работниот однос на неопределено време претставува правило, а само во исклучителни случаи се применува институтот „засновање работен однос на определено време“. „Затоа ССМ се залага за пократок рок на склучување на договорите за вработување за да не се случи новите вработувања во државата да бидат најчесто на определено време, со што се зголемува и несигурноста за материјалната положба на вработените“, рече Грујовски.
Третата промена во Законот за работни односи е бришење на обврската при отказ од деловни причини работодавецот да му понуди на работникот договор за вработување под променети услови, односно доквалификација и преквалификација. Според ССМ, на овој начин се кршат одредбите на меѓународните конвенции. Исто така, со измените, работодавецот може секого да го избрка и другиот ден да прими друг работник, што е спротивно на препораката број 166 за престанување на работниот однос.
Со најновите измени, ноќната смена повторно претставува проблем. „Едвај ССМ успеа со закон да го ограничи времето кога работникот може да работи во ноќна смена. Пред измените, работникот можеше да работи во ноќна смена најдолго една недела. Сега се овозможува работодавецот да му наложи на работникот неограничено да работи во ноќната смена“, објасни Грујовски.
Измените што ги изгласа Собранието, според Сојузот, создале и проблеми во однос на правата за годишен одмор. „Законодавецот дал можност работодавецот да му го скрати правото на годишен одмор на работникот, а за тоа да му даде минимално обесштетување“, забележува Грујовски. Бројот на денови за одмор, исто така, се намалени. Од ССМ забележуваат дека наместо максимумот од 26 дена годишен одмор, со измените работниците ќе можат да искористат најмногу 20 дена одмор годишно.
Со измените, исто така, се укинува и работната книшка како документ, со цел да се воведе електронска евиденција на вработените во рок од два месеца. Според Сојузот на синдикатите, рокот за воведување на електронската евиденција е неостварлив.
Поради начинот на кој се донесени измените во Законот за работни односи и поради непримерноста на измените, од ССМ апелираат до претседателот Црвенковски да не го потпише указот за изменетиот Закон за работни односи, бараат итна седница на Економско-социјалниот совет и најавуваат жалби до Европската комисија.
ИЗВОР