Се имате ли онесвестено?

Член од
14 август 2010
Мислења
5.507
Поени од реакции
5.818
Да и тоа 2 пати. Првиот пат кога имав 10 години, не бев јадена и на сонце седев. А кога се освестив на почетокот(неколку секунди) гледав црно - бело, и се уплашив бидејќи мислев нема да можам нормално да гледам. А вториот пат кога имав 15 год, бевме со класот во Вруток, тогаш ми падна притисокот и поради тоа се онесвестив. Но поради тоа наредните месеци (иако бевме на распуст) повеќе дома ги поминував зашто се плашев дека може повторно да се онесвестам.
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Се имам 2 пати онесвестено,еднаш од пад од ролери,беше јако сонце јас мал се случи одеднаш не ни памтам како и од тогаш се немам качено ни на тоа ни на лизгалки -.- ,а вториот пат кога ми земаа крв пред 2-3 години незнам како и зашто,едноставно правев некои тестови и поминаа 15-20 минути од кога ми земаа крв и тогаш ми се сврте одеднаш,незнам како :/ a инаку немам страв од игли,да ми земаат крв и слично....
 
Член од
22 април 2008
Мислења
405
Поени од реакции
28
Досега фала богу се немам онесвестено ту ту ту а и не ни сакам да ми се случи тоа во иднина...имам претчуство дека не е добро и со оглед на тоа затоа имам желба истото да не ми се случи...
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Не за среќа. Не знам уште каков е филингот : )
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Мене ми се има слошено од играње игри на компјутер (не е баш причината тоа дека е од компјутерот,бидејки беше топло,гладен бев и загушливо ми беше),и се имам тресено онака...БррррР,нешо слично да не е со епилепсија или тоа е ? :toe:
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
46
Поени од реакции
4
Два пати до сеа, првиот пат кога имав околу 10-11 год. беше ненормално топло ме удри сонцето во глава и му паднав на татко ми во раце, а вториот пат пред 1-2 год. во автобус, не ми беше ниту топло ниту пак бев гладна... незнам како се деси паднав и може 5-10 мин бев во несвест ептен се исплашив тогаш... Ни на сон не посакувам повторно такво нешто да ми се деси :se_ molam
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Не ми се има десено , а веројатно познавајќи се самиот себе, нема ни да ми се деси.

Туку да речиме , ако случајно се онесвестам и треба да ме придржи некој да не се осакатам, тешко на тој шо ќе се најди до мене :icon_lol:
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Мене досега ми се нема случено да се онесвестам, па баш се прашувам какво е чувството... а многу пати ми се има стемнето пред очи, ништо не гледам, но си стојам без никаков проблем, без да почувствувам било каква слабост во колената...

Еве во прилог една компилација на свадбени онесвестувања, па можете да ми опишете нешто повеке, и зошто се случува тоа...
Мене еднаш ми се има случено, пред околу една година. Имав добиено менструација, негде втор ден мислам дека беше. Обично ме боли стомак многу, ми требаат апчиња. Тогаш уште се немав напиено, утро беше. И станувам од кревет, одам до веце, и ја замолив вујна ми да ми донесе аналгин, зашто не можев да се симнувам по скали од болка. Отидов до веце, и на враќање накај соба, имаме еден столб во дневната. И само застанав, ми се стемни, и јас не осетив кога сум паднала, ама вујна ми и сестра ми одма притрчаа, ми рекоа дека одеднаш сум пребледела и сум ги превртила очите. Ме фатија пред да паднам. Ме однесоа во соба, ме седнаа и малце ме испрскаа со вода и ме исплескаа малце за да се освестам. Не осетив дека скроз сум изгубила свест, како само да тргнав, ама ме вратија. Кога се освестив, ме облеа ладна пот по цело тело. Не можам да опишам како беше, чудно ептен. И после се напив апче, легнав. Додека не ми помина, се виткав од болка во кревет, не можев да зборам од што ме болеше. И добро, после 15тина минути почна да ми делува лекот, и ми беше подобро. А зошто се случи, немам појма. Вајда од болка... Не знам.
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.668
Поени од реакции
11.704
Е па вака тогаш: викни другар/ка и кажи му/и откако забрзано ќе вдишеш и издишеш 15-20 пати силно да те стегне со двете раце за вратот, како да те дави и за неколку секунди си даун после што со благо шамарење се враќаш ап и се прашуваш како си се нашол тука - најјакото чувство на свет! Мојата најомилена игра од детството...
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Е па вака тогаш: викни другар/ка и кажи му/и откако забрзано ќе вдишеш и издишеш 15-20 пати силно да те стегне со двете раце за вратот, како да те дави и за неколку секунди си даун после што со благо шамарење се враќаш ап и се прашуваш како си се нашол тука - најјакото чувство на свет! Мојата најомилена игра од детството...
Не се заебавајте со ова.Иако повеќето од нас ова го гледале како игра во школските денови,ова е исклучително опасно.Поради недоволно кислород во мозокот,паѓаш во несвес од кој се будиш за 10-15 секунди но постои опасност од трајно оштетување на мозокот.Затоа не се заебавајте со ова.
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Е па вака тогаш: викни другар/ка и кажи му/и откако забрзано ќе вдишеш и издишеш 15-20 пати силно да те стегне со двете раце за вратот, како да те дави и за неколку секунди си даун после што со благо шамарење се враќаш ап и се прашуваш како си се нашол тука - најјакото чувство на свет! Мојата најомилена игра од детството...
Го имам пробано методов али нешо не делува, дали треба појака снага :raz:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom