Се за Армијата и Специјалните единици во Армијата

M

.:makedonec:.

Гостин
Не верувам дека би оделе на топење, би се дале на некоја афричка држава заедно со неколку сандаци муниција, или некоја герилска група, да се земат пари од таа продажба. Ако веќе нема купувач ќе остане ова што го кажа ти.
Teшко дека би ги дале нашави на некој терористи превеќе се плашливи од нашето МНР, да не ги откријат ЦИА па демек нема после да не примат у НАТО ...може ќе ги дадат у Африка или таму у арапските земји, кој што се неразделни од калашниковиот !
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.246
Поени од реакции
9.012
Чекај малку М-84 е тенкhttp://topwar.ru/uploads/posts/2011-08/1312603551_M84_12.jpg ... не мешај баби и жаби сеа ти ,а ако сакаш да кажеш М-70(Застава)http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/53/Zastava_M-70_.jpg/300px-Zastava_M-70_.jpg ... тоа е друго :D
Zastava M70
Ти го следиш муабетот или само се убацуеш ко прле пред магаре? :facepalm:
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Ти го следиш муабетот или само се убацуеш ко прле пред магаре? :facepalm:

Чекај см*тан еден ... темава како што знам јас е за пешадиско оружје а не е за набавка на тенкови , какви пусти М-84-ки спомнуваш ,... тенк е тоа луд а тоа е надвор од темата ... кај бе овакви се наоѓате и урипувате во темите како зајаци !!!:facepalm:
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.246
Поени од реакции
9.012
Чекај см*тан еден ... темава како што знам јас е за пешадиско оружје а не е за набавка на тенкови , какви пусти М-84-ки спомнуваш ,... тенк е тоа луд а тоа е надвор од темата ... кај бе овакви се наоѓате и урипувате во темите како зајаци !!!:facepalm:
Идиоту еден, види за што сум реплицирал на Валкирие и после се убацувај да ме реплицираш!!!:facepalm:
 
M

.:makedonec:.

Гостин
Идиоту еден, види за што сум реплицирал на Валкирие и после се убацувај да ме реплицираш!!!:facepalm:
Ккккккк лудак ...:tapp: ... што бара коментар за било каков тенк или незнам што на оваа тема ...
 
Член од
4 март 2012
Мислења
25
Поени од реакции
28

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СО СОПСТВЕНА ОДБРАНА


На 21 февруари 1992 година претседателот Киро Глигоров и претставниците на федералната армија потпишуваат договор за дислокација на ЈНА од Македонија со краен рок до 15 април. Армијата повлекувањето го завршува пред определениот рок, така што на 27 март 1992 година македонската територија ја напушти и последниот нејзин војник.
Со одвлекувањето на опремата и вооружувањето со кое располагаше ЈНА на територијата на Република Македонија, нашата земја остана со скромни борбени средства и воена опрема која беше во рамките на Територијалната одбрана. Сепак со нив успешно почна да се спроведува обуката и да се подготвува новоформираната Армија на Република Македонија за извршување на својата уставна улога и задачи.
Претходно, македонските војници организирани во Територијална одбрана успешно го извршија преземањето и обезбедувањето на границите и воените објекти на Република Македонија. Така, на 6 март 1992 година е превземен првиот воен објект- зградата на Републичкиот и Градскиот штаб на ТО во Скопје, а на 11 март 1992 година, од страна на ТО Крива Паланка е превземена правта караула “Рамна нива” на македонско – бугарската граница. На 26 март 1992 година припадниците на ТО на општина Чаир во Скопје го презедоа и последниот, но и најголем воен објект – сегашната касарна “Илинден”.
По завршувањето на сите подготовки за прием на первата генерација македонски војници во АРМ, на 14 април 1992 година, во касарната во Охрид пристигнува првиот регрут – Пане Јамадиев од Велес, а на 15 април во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид е примена првата генерација млади војници во АРМ со што и започнува формирањето на Вооружените сили на Република Македонија.
Старешините и граѓанските лица на служба во АРМ кои се определија да останат во Република Македонија, ги прифатија основните системски решенија на државното раководство како единствена алтернатива на одбраната на Репубика Македонија.








--- надополнето: 11 март 2012 во 15:45 ---
Одбележани 20 години од преземањето на првата караула


Со свечено постројување на некогашниот Одред на Територијалната одбрана „Козјак“ од Крива Паланка и во присуство на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и началникот на Генералштабот на АРМ Горанчо Котески, денеска во караулата „Рамна нива“ на македонско-бугарската граница беше одбележана 20-годишнината од преземањето на граничната линија од македонските територијалци од страна на некогашната ЈНА.


Утрото на 11 март 2992 година територијалците од Крива Паланка поделени во три единици ги презедоа караулите „Рамна нива“, Деве Баир и „Коприва“ од некогашната ЈНА. Тогаш за првпат во караулата „Рамна нива“ се развиори македонсото знаме кое го подигна Драги Митовски, војник на Територијалната одбрана, а караулата ја прими постариот водник Сонко Ангеловски.
- Со одбележувањето на она што се случи пред 20 години симболично им оддаваме благодарност на сите војници и старешини, како и на државното раководство и раководството на Армијата што го почнаа она што значеше одбележување на границата на суверена и независна Република Македонија, изјави претседателот Ѓорге Иванов по свеченоста.
Тој посочи дека со мирното предавање на караулата „Рамна нива“ Република Македонија тогаш испратила порака дека на мирен начин сака да го одбележи она што другите го правеа насилно и со оружје.
- Беше искажана волја дека со поставување на границите ние посакуваме со сите наши соседи да имаме мирни односи. Со овој чин Македонија покажа дека кон сите соседи сака да се однесува достоинствено и во интерес на сите што живеат во регионот и пошироко, рече претседателот Иванов.
Тогашниот министер за одбрана Трајан Гоцевски посочи дека преземањето на границите е направено во сложени услови бидејќи, како што кажа во својот говор, никоја од нашите соседи не ја посакуваше нашата независност.
- Точно пред 20 години на денешен ден токму на ова место започна да се остварува сонот на плејада генерации македонски дејци Македонија да ја видат како независна и суверена држава. На овој ден македонското знаме под 10 века гордо се развеа токму овде на караулата „Рамна нива“, рече Гоцевски.

Со тој чин, додаде, Македонија испрати јасна порака до сите дека по секоја цена и без компромис ја заокружува својата независност и територијален интегритет.
- По 17 дена на 27 март 1992 година Република Македонија воспостави центролна контрола на своите граници, рече Гоцевски.
Тогашниот командант на Обласниот штаб на Територијалната одбрана во Куманово под чии ингеренции била и Крива Паланка, генерал Ѓорги Каракутовски, истакна дека 11 март 1992 година претставува значаен ден и историски момент кој е длабоко врежан во севкупната историја на Македонија како темел во создавањето на Армијата на Република Македонија и независноста на нашата држава.
- По наредба на командантот на Територијалната одбрана на Република Македонија, генералот Томислав Трајчевски Обласниот штаб на ТО Куманово доби задача за подготовка на Единица за преземање на граничното обезбедување на караулите „Рамна нива“, Деве Баир и „Коприва“ на границата со Република Бугарија. Иако располагавме со скромни материјално-технички средства, со голем елан и гордост пристапивме кон подготовки за преземање на границата. Тешката задача им припадна на припадниците на ТО од одредот „Козјак“ од Крива Паланка.
Покрај редовниот состав, за таа цел беа мобилизирани и околу 100 резервисти, рече Каракутовски во обраќањето присетувајќи се на денот пред 20 години кога од тактички безбедносни причини во исто време беа преземени трите караули на границата кон Бугарија.
Централното одбележување на овој настан со свечена академија ќе се одржи во Центарот за култура во Крива Паланка со свечена академија на која ќе се обрати претсдателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. /kurirmk
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
има уште армија Македонија??
Овде во битола ја подаваат касарната која беше од време на ЈНА, мислам дека беше една од поголемите во Југославија, неколку иљди војници имаше, сигурно 2-3 километри должина и 4-5 ширина е..... Нема да се вратат појќе тие времиња..
 
Член од
4 март 2012
Мислења
25
Поени од реакции
28
Промоција на активностите од годишната програма за јубилејот 20 години АРМ
http://www.morm.gov.mk/portal/wp-content/uploads/Brosura_mak_.pdf

има уште армија Македонија??
Овде во битола ја подаваат касарната која беше од време на ЈНА, мислем дека беше една од поголелемите во Југославија, неколку иљди војници имаше, сигурно 2-3 километри должина и 4-5 ширина е..... Нема да се вратат појќе тие времиња..
каква таква ја има. За внатрешен конфликт има капацитет да се справи. За одбрана од надворешна агресија ...:свиркам:
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.882
Поени од реакции
4.587
армијата ни се распаѓа, знам внатре сум гледам
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
армијата ни се распаѓа, знам внатре сум гледам
Нема вложувања
Нема дисциплина
Нема редовна војска
Министер бивш командант
25% рамковни


Честито јубилеј...
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
- република Македонија --- АРМИЈА
македонскиот народ со борба,со сопствани сили си “дојде“ до република
по 2год, ќе биде како 70 години е така,а некои вели 20 год. Армија
Македонија имаше борци,одреди и војска и сопствена Армија “41-45 год.
на 15 јануари 1945 год. таа изнесуваше 83814 борци и старешини во Мак.
но имаше единици и надвор од Македонија и единици во формирање.
на 15 мај 1945 год на крајот од војната во слободна република Македонија
имаше вкупно 152.925 борци и старешини во сите единици.

првата заземена,освоена ослободена караула е “Конско“ на Кожув планина
првиот загинат борец - војник-партизан е Спасе Темелковски тој знаеше
точно за кого и за што се бори и во која војска - армија се бори неговиот
идеал беше слободата, сега во слободата тој е нашиот идеал.

Република Македонија треба да слави годишнини на оваа Армија
на Армија која ни ја донесе толку чеканата и посакувана слобода
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Промоција на активностите од годишната програма за јубилејот 20 години АРМ
http://www.morm.gov.mk/portal/wp-content/uploads/Brosura_mak_.pdf


каква таква ја има. За внатрешен конфликт има капацитет да се справи. За одбрана од надворешна агресија ...:свиркам:
НЕМА.....Ако има внатрешен конфликт, НАТО ке ни каже што да правиме, ако треба да изгубиме ке изгубиме, ако треба да победиме ке победиме, ако има надворешна агресија со ваква армија во која 25% се од бившите непријатели кои напаѓаа 2001 тогаш и од Уганда би го јаделе стапот.....Немаме армија, имаме значка - Амблем од Армија и на кој секоја година му славиме годишница.....
--- надополнето: 11 март 2012 во 20:11 ---
има уште армија Македонија??
Овде во битола ја подаваат касарната која беше од време на ЈНА, мислам дека беше една од поголемите во Југославија, неколку иљди војници имаше, сигурно 2-3 километри должина и 4-5 ширина е..... Нема да се вратат појќе тие времиња..
Населба е предвидена таму....
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Мене јако ми беше војска .... сеа може е покрш војска од пред 7-8 години ама тогаш арм беше хард кор .... старешини кои тагуваа по јна и се обидуваа од идиотите како мене луѓе да направат, и до негде им успеа
Да не беше таа војска никогаш немаше да се одвикнам од спиење до 3 поручек и урлање до 3 сабајле ....

Честито јубилеј АРМ

Еве како изгледаше арм пред 7-8 год 4624_107674765232_629595232_2426728_2568685_n.jpg 4624_107674775232_629595232_2426730_5357888_n.jpg 222043_10150193839045233_629595232_7340205_3681737_n.jpg 225996_10150193839130233_629595232_7340208_2543756_n.jpg 227118_10150193839175233_629595232_7340210_1843176_n.jpg 392304_10150380605970233_629595232_8745852_1441825558_n.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom