Најголемата разлика меѓу “органската“ и оваа “индустриската“ е хемијата која се користи колку и како да се зачува родот во што поголеми количини.
ГМО/неГМО, модифицирани, немодифицирани, има разлика во изглед, вкус, траење, отпорност на болести, итн.
Да речеме раноградинарски производи од старите семиња траат многу помалку отколку денешните хибриди. Но, текстурата, квалитетот, вкусот, мирисот, е нешто неспоредливо со модерните хибриди. Ама тоа е нешто што не може да се квантифицира со лабораториска студија. За тоа треба User Experience.
Не за џабе, дури и низ хибридите се садат корења од старите семиња. За барем дел од нив да имаат генетски материјал од овие старите.
Некој избира да троши пари за скапа облека, скапи коли, премиум ова, премиум она. Многу помалку избираат да трошат пари да се хранат колку-толку здраво, иако сите ја знаат поговорката дека здравјето е најскапо.
Шабаз, имаш утнато некои факти, години и дати. Проверувај си два пати пред да се аргументираш. Јанл'ши од таков калибар прават само аџамиите.