Сертифицирана органска храна во Македонија?

Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Откако трендов за конзумирање органски производи се појави најголем ќар имаат инспекторите тоа е сигурно, оние за органско производство кои за одреден надомест се спремни се да одобрат дека е органско така да според мене купувањето на вакви производи е фрлање пари за џабе.

Плус во орг. производство е дозволено користење на бакар и сулфур во одредени количини мада кај нас чисто сумњам дека тие количини се во дозволени рамки
значи, исто ср*ње, друго паковање :D
 
G

Goldie

Гостин
значи, исто ср*ње, друго паковање :D
Така некако, исто како што и Виталија произведува здрава храна така и овие органска.
И чисто да биде појасно зборувам за овошјето и зеленчукот, а за овие што продават млеко/месо/јајца веројатно стварно се органски
 
Последно уредено од модератор:

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Е сега постои сомнеж како пред некој месец што ми нудеа органски јаболка ( човекот има и сертификат ), а на прашањето од каде се? Ми одговори - Ресен. Ако се земе во предвид дека за да е тотално органско треба да биде одгледувано во средина што во радиус од 500 км нема населено место, кај нас тоа е неизводливо. Треба земјата да е ( не се сеќавам точно ) околу 10 години тотално нетретирана со вештачки ѓубрива за да се земе дека навистина не внесуваш ништо штетно. Ресен е како нуклерка со години, не може да извади ништо органско така да тој сертификат е добиен на основ дека он не ги третира јаболките.

За она што го нема кај нас го земам најчесто со германско органско потекло, како што се житарките и сушеното овошје.
Ја сум бил во ѓерманија, баш во пределот кајшто произведуваат органски житарки и овошје, Северна Рајна - Бестфалија. Во радиус од 500 километри нема жив човек, а последен пат кога земјата била користена е во летото господово 1151, кога Фридрих Барбароса засадил хмељ за лично производство на органско пиво. Најблиска населба е селото Мадшен-Гелзен-Кирхен, одкаде секое утро на работа пешачат неколку иљадници ѓермански девици, кои се единствено акредитирани за органско производство на храна. Патишта и железници не се дозволени заради загадувањето, па девојките пешачат по 500 километри во секој правец.

И додека летното ветре нежно ги милува нивните розеви образи, тие напорно работат во полето, пеејќи традиционални немачки трудови песни. Со своите нежни дланки, со љубов и посветеност го берат секој плод, пакувајќи го во органска амбалажа, како што и нивните баби тоа го правеле во 1944. Топлите насмевки на нивните лица зрачат со љубов кон секое парче овошје, бидејќи знаат дека нивните продукти се наменети за луѓе со префинето непце од Маќедонија, кои иако имаат плата од 200 евра, трошат и по печес месечни плати на органска храна, бидејќи природно е природно!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.358
Поени од реакции
38.333
органска јаболка или било каков производ не постои, без никаков пестицид дали 5 јаболка ќе ти задржи дрвото и тие ќе бидам малецки и црвливи. И не ми е јасно што се палите на ова, демек поздраво било ако било органско, може е ама работата е шо нема да е органско а ќе го платите ѓаол ипол.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Има био пестициди. И секоја јаболка се прска најмалку 3 пати. Тоа е минимумот за да има род ( разлика е со што се прска ). Ресенските јаболки се прскани многу повеќе над тоа.

Шабане, не секогаш сарказмот успева. И никој не седна да прави математики на темава дали со 200 евра може некој да си дозволи да плаќа храна што не е толку третирана. Тој со 200 евра што треба фамилија да гледа не може воопшто овошје да си дозволи, а не пак да бара од какво потекло е. Без глумење лудило.

И, не се палиме. Јас не се палам. Речиси и никој не знае околу мене што и од каде купувам, ниту пак коментирам за тоа. Не сум отишла на никој домашен буџет да му пресметувам, не сакам и другите да го прават тоа.
Не сум човек што следи "трендови", "палење" или како и да го нарекувате, а не сум ни човек што на вакви теми седи да се објаснува. Плаќаме, а не добиваме ништо. Ок, така нека биде. :)
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
каде има место што е 500 км во сите правци оддалечено од населено место?
бар во Европа тоа мислам е невозможно.

а во државава џабе не убедуваат по телевизии и весници оние од Агенција за храна и ветерина дека кај нас се е здраво и исправно. секаков отпад пристигнува по нашите супермаркети.
а за сертификати и дозволи, знаеме како се добиваат кај нас.

сакаш здраво одгледувај си сам.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
каде има место што е 500 км во сите правци оддалечено од населено место?
бар во Европа тоа мислам е невозможно.
Ако напишам дека се 50 км ќе ти се смени правецот на размислување? Не. Пак ќе биде дека кај нас не јадеме ништо со понормален квалитет.

Колку ви лесно да се фаќате за делови од муабетот за да си докажете сопствено убедување.

Ќе го изменам постот за да има за што друго да коментирате.[DOUBLEPOST=1464647199][/DOUBLEPOST]Ама ете јас живеам во стан, немам земјиште ( ниту пак време ) за да одгледувам сама. Тоа не е избор.
 
Последно уредено:

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Шабане, не секогаш сарказмот успева. И никој не седна да прави математики на темава дали со 200 евра може некој да си дозволи да плаќа храна што не е толку третирана. Тој со 200 евра што треба фамилија да гледа не може воопшто овошје да си дозволи, а не пак да бара од какво потекло е. Без глумење лудило.
Почитувана Баронесо,

Мој длабок наклон и искрено извинување што ве помешав со небањаните фиромски сељаци кои живуркаат со 200 евра.

Би ја запрашал вашата мудрост и благородништво, колку ве чини снабдувањето со органска храна месечно, се разбира, без да се земат во предвид трошоците за батлер, послуга, и останати амали.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Не заслужуваш одговор. Дури ни на твое ниво. Најди си друга жртва.

И патем, оф топик си. :) Не е темата јас колку печалам, а колку трошам.
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
152
Поени од реакции
78
Го почитувам правото секој да одлучува што ќе консумира дали органска или било каква друга храна.
Моментално, немам намера да давам пари од повеќе за органска храна бидејќи научните истражувања спроведени покажуваат дека не постои разлика во хранливите вредности помеѓу органската, индустриската и генетски модифицираната храна. Ниту пак е досега евидентиран некој случај на заболување конкретно предизвикано од консумирање на ГМО.
Сепак, секој си одлучува за себе си, а јас би го променил мислењето доколку истражувањата го покажат спротивното.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Најголемата разлика меѓу “органската“ и оваа “индустриската“ е хемијата која се користи колку и како да се зачува родот во што поголеми количини.
ГМО/неГМО, модифицирани, немодифицирани, има разлика во изглед, вкус, траење, отпорност на болести, итн.

Да речеме раноградинарски производи од старите семиња траат многу помалку отколку денешните хибриди. Но, текстурата, квалитетот, вкусот, мирисот, е нешто неспоредливо со модерните хибриди. Ама тоа е нешто што не може да се квантифицира со лабораториска студија. За тоа треба User Experience.

Не за џабе, дури и низ хибридите се садат корења од старите семиња. За барем дел од нив да имаат генетски материјал од овие старите.

Некој избира да троши пари за скапа облека, скапи коли, премиум ова, премиум она. Многу помалку избираат да трошат пари да се хранат колку-толку здраво, иако сите ја знаат поговорката дека здравјето е најскапо.

Шабаз, имаш утнато некои факти, години и дати. Проверувај си два пати пред да се аргументираш. Јанл'ши од таков калибар прават само аџамиите. :icon_lol:
 

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
dobrazemja. org многу се добри ,ти ги препорачувам
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
152
Поени од реакции
78
Најголемата разлика меѓу “органската“ и оваа “индустриската“ е хемијата која се користи колку и како да се зачува родот во што поголеми количини.
ГМО/неГМО, модифицирани, немодифицирани, има разлика во изглед, вкус, траење, отпорност на болести, итн.

Да речеме раноградинарски производи од старите семиња траат многу помалку отколку денешните хибриди. Но, текстурата, квалитетот, вкусот, мирисот, е нешто неспоредливо со модерните хибриди. Ама тоа е нешто што не може да се квантифицира со лабораториска студија. За тоа треба User Experience.

Не за џабе, дури и низ хибридите се садат корења од старите семиња. За барем дел од нив да имаат генетски материјал од овие старите.

Некој избира да троши пари за скапа облека, скапи коли, премиум ова, премиум она. Многу помалку избираат да трошат пари да се хранат колку-толку здраво, иако сите ја знаат поговорката дека здравјето е најскапо.

Шабаз, имаш утнато некои факти, години и дати. Проверувај си два пати пред да се аргументираш. Јанл'ши од таков калибар прават само аџамиите. :icon_lol:
Се согласувам дека до некаде има разлика во вкусот и изгледот помеѓу "органската" и генетски модифицираната храна. Меѓутоа во однос на хранливоста, нутритивните вредности и за тоа дека органската е "по здрава" од генетски модифицираната храна не постојат научни докази.
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Имаше тука еден земјоделец кој тврдеше дека: Две кила лајна и две кила мармалад, не прават четири кила мармалад.

Никогаш нема ни да постојат научни докази дека индустриската храна е полоша од органската. Со други зборови те хранат ко добиток. Храната има има сите хранливи вредности, но нема вкус. Ајде, ако е за казна ОК. Ама своеволно да јадеш безвкусна храна....


Расчепкај на интернет за пакетите со помош во храна од Западот во Африка и Азија кои содржат магични бисквити.
 

Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
515
Поени од реакции
1.016
Шабаз, имаш утнато некои факти, години и дати. Проверувај си два пати пред да се аргументираш. Јанл'ши од таков калибар прават само аџамиите. :icon_lol:
Сосема е можно да сум утнал нешто, ама имам многу добро оправдување за тоа. Ја кога бев во немачка, бев обичен физикалец. Физиката тешка, слабо платена, па морав да се хранам со гмо и разно-разни неоргански хамбургери, што очигледно лошо се одразило на моето ментално и физичко здравје. Затоа и сум на темава, да научам како поздраво да се хранам, и да бидам здрав како дрен. Ама еве, ја прашав резидентната аристократија колку ќе ме чини да се хранам со органски ѓермански јаболки и сливи, а нема одговор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom