Сериски убијци - Апсолутни рекордери

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Локација
Скопје.
[FONT=&quot]Полициските досиеја, документите на криминалистичките аналитичари и на хроничарите на злосторства содржат милиони страници податоци за најразлични типови криминал и за најразлични криминалци. Статистиката говори дека речиси половината од поголемите случаи се убиства, а, пак, половина од нив се масовни и сериски убиства на најбрутален можен начин и од најбизарни и најперверзни причини. Аналитичарите постојано составуваат листи на најголемите убиства и случаи. Листи кои како да немаат крај. Листи кои содржат имиња и од пред неколку века, но и од последните дваесетина години. Некои статистики покажуваат дека бројот масовните и бруталните сериски убиства последниве години опаѓа, дека се помалку има случаи на канибализам, масовно чедоморство, случаи на убијци кои пијат крв, мислејќи дека ќе бидат бесмртни како вампири, случаи на контеси кои се бањаат во крв од девици за да останат вечно млади...
Психијатрите и психолозите кои работеле на најспецифичните случаи на масовни и сериски убиства, како најчести причини за убиствата ги наведуваат сексуалните злоупотребувања на убијците за време на нивното детство, последици од воени трауми, заблуди од филмови, книги, стрипови и видеоигри.


[/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]Убиствата на свиреп начин се карактеризираат со висок степен на физички маки и страдања, како свест и волја на сторителот за причинување на токму такво страдање на жртвата.
Кога ваквите убиства повеќе пати се повторуваат од страна на едно лице, останува констатацијата дека единствено човекот е битие кое убива за да нанесе зло, а не само за да се заштити.

Во темава ќе ги ставиме сите оние сериски убијци кои за жал по својот број на жртви станале познати, дури и оние кои што не се толку познати не значи дека се помалку зли.

Постојат сериски убијци кои се фатени, но постојат и оние кои за жал полицијата никогаш не успеала да ги фати.....


*************************************************
Според сите статистики, апсолутен рекордер според бројот на убиствата е Колумбиецот Педро Алонзо Лопез, во полициските досиеја познат како Чудовиштето од Андите. Убил над 300 луѓе во 80-тите години. Убивал само млади девојки од Перу, Еквадор и од Колумбија. Во изјавата пред полицијата рекол дека тие му изгледале најневини. Психијатрите дијагностицирале дека сето тоа е последица што во раната младост бил жртва на педофилија и на содомија. Втори на листата се партнерите Хенри Ли Лукас и Отис Тул со над 200 жртви. Познати се како Тандемот од пеколот: Кралот на садизмот и Генералисимусот на болката. Половината од своите жртви ги изеле. Признале дека уживале да гледаат како крвават нивните жртви. Пикантерија од судењето на Лукас е тоа што во јуни 1998 година сегашниот претседател на САД Џорџ Буш, како тогашен гувернер, му го поштедил животот на масовниот убиец поради доказите дека Хенри Ли не бил во Тексас во времето кога се случило познатото тексашко убиство на "Оринџ Сокс". Третото место е за Х.Х. Холмс, докторот кој си ги убивал пациентите и им ги земал нивните осигурителни полиси. Кога полицијата го фатила, во неговиот дом нашла остатоци од 100-тина жртви. На четврто место е Жил де Реј со над 140 жртви. Познатиот француски маршал убивал млади момчиња кои ги силувал пред и по убивањето. Колумбиецот Луис Алфредо Гаварито е петти на листата. Пред судот признал дека силувал, мачел и убил 140 деца за 5 години. Шести е д-р Џек Кеворкиан со 130 убиства. Фатен е откако на еден свој пациент, неговата последна жртва, му ставил смртоносна инјекција и ја снимал жртвата како умира во најстрашни маки. Снимката ја пратил до една американска телевизија. Сите добиле смртни казни.


Партнери во убивањето

Двата најпознати пара убијци се ортаците Хенри Ли Лукас и Отис Тул и канадските сопружници Пол Бернардо и Карла Хомолка. Сопружниците се познати како убијците Барби и Кен. Карла е ослободена бидејќи направила таен договор со канадската влада пред да сведочи против мажот. По прекрасната свадба во 90-тите, вели полициското досие, Пол никако не можел да се помири дека Карла не е девица, па и предложил на Карла како компензација да и ја одземе невиноста на нејзината помлада сестра. Ветеринарката Карла ја успала сестра си со седативи за животни и Пол си ја исполнил желбата. Така почнало силувањето и убивањето млади момчиња и девојки. Исто толку е познат и вториот пар сериски убијци Џералд и Шарлин Гаљего кои самите си е нарекувале робови на љубовта. Убиле 10 млади тинејџерки кои претходно ги силувале облекувајќи ги и третирајќи ги како робинки. Еден од најпознатите парови убијци се Фред и Роуз Вест. Изгледале како најобични соседи, а навечер нивната куќа била гнездо на малолетничка проституција во која ги вклучиле дури и нивните деца. На муштериите лажно им нуделе полнолетни девојки, а внатре ги терале да имаат секс со деца. Тие што ќе одбиеле и ќе сакале да избегаат, ги убивале. Сите се осудени на најстрога казна.


Убијци на деца

На најголемиот дел од масовните сериски убијци жртви им биле деца. Можеби еден од најбруталните е Дин Корл, наречен Колаче. Овој американски хомосексуалец убил 27 малолетни момчиња. Во 90-тите години работел како електричар и убивал кога одел по домовите во Пасадена. Ги залажувал момчињата со колачиња и со чоколатца. Ги врзувал, мачел, ги силувал и на крај ги убивал. Осуден е на смрт, а психијатрите заклучиле дека убивал поради траумите од детството кога го облекувале како девојче и повеќепати бил силуван. Еден од најбруталните убијци на деца бил американскиот канибалист Алберт Фиш. Убивал и јадел само деца. Го нарекуваат копија на измислениот лик Ханибал Лектор. Вампирот од Бруклин, како што го нарекувале, на почетокот на минатиот век убил и изел 10-ина деца. Осуден е на смрт. Дијагнози: најтешка форма на ментално заболување, парафил, садомазохист, шизофреничар. Им ги пиел крвта и урината на неговите жртви. Со случајот Девојчето во кутија, Камерон и Џенис Хукер влегле во полициските досиеја како еден од најстрашните случаи. Двајцата држеле во заробеништво, мачеле и силувале малолетно девочје цели седум години. Детето го чувале врзано и затворено во кутија и им било како домашно сексуално милениче. За тортурата над девојчето и за нејзината смрт биле егзекутирани на електричен стол.
Пакистанецот Џавед Икбал е, дефинитивно, најголемиот убиец на деца. За 5 месци убил 100 момчиња од сиромашни семејства. Кога ги признал убиствата, побарал да го убијат исто како што завршиле неговите жртви - прво да биде силуван, па мачен и на крај потопен во када полна со киселина.

Деца убијци

И децата можат да бидат брутални како возрасните, а за тоа се виновни токму возрасните, првенствено родителите и околината. Ова го констатирале психијатрите кои еден век подоцна откако бил решен првиот регистриран случај на дете убиец, ги анализирале причините зошто убивал 13-годишниот Џеси Померој. Џеси брутално убил 12 момчиња и едно девојче во Бостон во 1874 година. Откако било уапсено, момчето признало дека пред и по убивањето ги силувал и момчињата и девојчињата. Го правел тоа што и нему му го правеле родителите. Него го силувале дома, тој се празнел на другарчиња. Во поново време не се среќаваат толку брутални и масовни убијци, но убиствата во училиштата се чести, што ги има во ТВ-вестите речиси секој ден. Типичен пример за тоа се случаите во САД во 90-тите кога се регистрирани десетици случаи кога деца носеле оружје и бомби во школите. Бренда Спенсер (17) за Божиќ во 1979 година во Сан Диего со автомат убила осум деца и еден полицаец. Причина - била издрогирана и изјавила дека мрази во понеделник да оди во школо. Кипланд Кинкел (15) со машинка убил еден соученик и ранил осум во школската кафетерија во Орегон. Неколку минути пред тоа дома си ги убил родителите. Во истрагата еден од неговите соученици кажал дека Кипланд имал желба да предизвика трета светска војна. Ендрју Голден (11) и неговото другарче Мичел Џонсон (13), според полициските информации, во 1997 година ги зеле пиштолите од нивните татковци и отишле во школо. Го активирале алармот за пожар и додека сите бегале во паника, момчињата пукале на сите страни. Убиле една наставничка и пет девојчиња.


[FONT=&quot]
[/FONT]
[FONT=&quot]
[/FONT]
 
[FONT=&quot]Доктори - Ангели на смртта

Најбрутален случај меѓу докторите убијци е оној на педијатарката од Тексас Џин Џонс. Осудена е поради смртта на 10-ина бебиња во неколку болници во Тексас. Ги усмртувала бебињата со инјекции без никаква причина. Никогаш не го признала делото. Британецот Д-р Херолд Сшипмен е осуден на смрт поради убиството на 15-ина свои пациенти, иако постојат сомневања дека бројката била 270, но тоа никогаш не е докажано, па затоа и не е на сите топ - листи. Убивал стари пациенти кои живееле сами. Им бил домашен лекар, им ставал инјекции од кои умирале бавно, со недели, лажејќи ги дека нивното здравје се подобрува. Така неговите жртви си го сакале својот доктор убиец се до нивната смрт. На полициските листи на доктори убијци следуваат педијатарката од САД Беверли Елит, која поради тоа што не можела да раѓа, во болницата каде што работела убивала новороденчиња, и д-р Катрина Ремсленд од САД и д-р Џулијан Рури од Канада кои смртоносните смеси од разни лекарства ги испробувале на своите пациенти.

Секс-предатори

Луѓе со сексуални фрустрации, импотентни мажи, педофили, некрофили... Ова се само неколку групи во кои, според некои светски статистики, се поделени масовните убијци чии дела имаат сексуален мотив. Речиси во 99% од случаите жртвата е силувана пред убивањето, а речиси половина од убиените се силувани и пред и по смртта. Најголемиот дел од жртвите се тинејџерки, проститутки и малолетници.
Најбруталниот сексуален убиец е Британецот Роберт Блек. Негови жртви најчесто биле малолетни девојчиња. Кога го уапсиле во 1990 година, во неговиот стан нашле фотографии на убиени девојчиња на кои им ставал разни предмети во аналниот и вагиналниот отвор. Во својата болна глава си создал култ на вагината. Кај ниедна од жртвите не се пронајдени остатоци од сперма. Блек едноставно си го мразел својот пенис, не сакал да го користи. Мразел што е машко, посакувал да биде жена", се вели во неговото досие, поставено на Интернет страниците кои третираат полициски и судски извештаи од случаи на масовни и брутални убиства. Меѓу покарактеристичните се и случаите на Денис Редер, наречен ЗТУ, и оној на Роберт Фингли Робертсон. Редер самиот си се нарекол ЗТУ, кратенка од заведување, тортура, убиство. Убил 10 проститутки. Како причина се наведуваат две верзии. Според првата, Редер мразел проститутки зашто неговата љубов од младоста се проституирала, а според втората, сакал да го исчисти светот од грешни жени. Роберт Фингли Робертсон наоѓал проститутка, ја водел кај баба му дома, уредно си плаќал, имале секс, но кога проститутката ќе тргнела да си замине ја застрелувал со револвер. Не поднесувал да го напуштаат жените. Го уапсиле по 13-тата жртва.

[/FONT]Крвници во историјата

[FONT=&quot]Бостонскиот давител ги избирал жртвите меѓу средовечните жени во Бостон. Од 1962 до 1964 година убил 13 жени. Следен на листата е Џо Бол со 12 жртви. Сите жртви првин му биле девојки кои подоцна ги убивал, ги сечел на парчиња и со нив ги хранел неговиот домашен миленик - алигатор. Овој американски сериски убиец е познат и како Касапот од Елмендорф и како Човекот алигатор. Во 1930 година признал дека убил 30 девојки. Психијатрите рекле дека имал трауми од времето поминато како војник во неколку фронта. Осуден е на смрт.

[/FONT] Канибалисти - Погоди што имаме за ручек?

"Ја повикав на ручек. Не и требаше многу време да се опушти и да ми седне во скут. Ме бакна. У реков да отиде надвор и да набере диви цвеќиња. Излезе. За тоа време јас се соблеков гол и ја чекав. Кога влезе, ја прашав дали знае што ќе ручаме. Се насмевна. Се соблече гола. Тогаш почнав да ја тепам. Кога се онесвести ја исеков на најситни парчиња. Следните 9 дена имав ручек. Немав секс со неа, умре како девица. Откако ја изедов, требаше да се набават нови продукти", вака стои во признанието на Алберт Фиш, еден од најмасовните убијци канибалисти во историјата. На сличен начин завршиле десетици негови жртви.
Не помалку одвратни од него се партнерите Хенри Лукас и Отис Тул. Нивниот збир на жртви е неколку стотици. Најголемиот дел ги изеле, а во признанијата се бранеле дека не се канибалисти бидејќи не уживале во тоа туку дека некој ѓавол одвнатре ги терал да ги готват жртвите.
Во друштвото на најбруталните канибалисти масовни убијци се и Андреј Чикатило, Нина Белецкаја, која си го изеле сопственото бебе, Карл Данке кој изел 30-ина од своите жртви. Кога го уапсиле, признал дека последните три години јадел само човечко месо. Листата продолжува со Јоаким Крол. Му се препишуваат 10-ина жртви. Никогаш не јадел чисто човечко месо, секогаш го готвел со зеленчук. На листата канибалисти има 50-ина масовни убијци. Само еден од нив, по неколку извршени убиства, побарал помош бидејќи е канибалист. Кога сообраќајна полиција случајно го запрела Стенли Дин Бејкер, тој му рекол на полицаецот: "Ве молам, помогнете ми, имам проблем. Јас сум канибалист". Како доказ од џебот извадил неколку човечки прсти. Еден од најбруталните канибалисти бил Алберт Фиш. Убивал и јадел само деца. Го нарекуваат копија на измислениот лик Ханибал Лектор.


[FONT=&quot]
[/FONT]
 
Џон Робинсон

01-ubijci.jpg

Севкупно земено, единаесет жени поврзани со Џон Робинсон, а кои што се или мртви или исчезнати. Сите овие жени или исчезнале без траг, или биле убиени во период од 16 години. Робинсон, оженет средовечен маж, и татко на четири деца, имал голема жед за пари и крв. Тој бил садомазохист, и со некои од жените се запознал со помош на неговиот интернет идентитет “Slavemaster”. Другите ги запознавал преку лични огласи, и на разни други начини.
Неговите тајни биле откриени кога биле пронајдени две метални буриња од двеста литри на неговиот имот во Канзас, и во двете буриња имало женски труп. Неколку дни подоцна, биле пронајдени уште три женски тела во буриња во некој склад изнајмен од Робинсон во Мисури. Робинсон бил обвинет за убиствата на двете жени пронајдени во Канзас, и за убиството на една жена чие што телоникогаш не било пронајдена. Му била изречена смртна казна.
Неверојатно, но бебето на една од жртвите Робинсон го дал на неговиот брат и снаа да го одгледуваат, кажувајќи им дека детето било законски посвоено. Дури и му наплатил на сопствениот брат 5500 долари за лажни такси за посвојување, исто така извлекол и 43000 долари социјално осигурување и алиментација за три од неговите жртви.

Лари Ејлер

02-ubijci.jpg

Роден во 1952, Лари Ејлер станал познат како „убиецот од автопатот“, откако некои од неговите жртви биле најдени крај патиштата. Во неговите рани триесети, Ејлер почнал да се состанува со мажи под маската на доброволен секс, кој што понекогаш би вклучувал и по малку садо мазо игри со врзување. Откако веќе ќе ги врзал жртвите со лисици, брутално ги претепувал, а потоа и ги убивал. Повеќето од неговите жртви биле пронајдени со спуштени панталони и кастрирани.
Ејлер бил поврзан со една од неговите жртви преку трага од гума која што оставил зад себе, а потоа бил набљудуван како фрла вреќи за ѓубре во контејнер. Во нив полицијата нашла остатоци од петнаесетгодишно момче. Ејлер бил осуден на смрт со вбризгување на смртоносна инекција. На својот адвокат преку кој што ја поднел својата жалба, тој признал дека извршил дваесет и едно убиство. Понудил да даде детални информации за убиствата во замена за тоа неговата смртна казна да биде преименувана во доживотна, меѓутоа државаѕа одбила да се спогоди. Како и да е, Ејлер сепак не бл погубенм туку починал во 1994 на 41 годишна возраст како последица на компликации од СИДА. Два дена по неговата смрт, неговиот адвокат излегол во јавноста со деталите за 21 убиство кои што Ејлер ги признал како негово дело. Неговите исповеди се совпаѓале со доказите на местата на злозторство,и тие случаи на сериски убиства биле затворени.

Питер Куртен

03-ubijci.jpg

Почнувајќи од летото 1929 година, Куртен го држел градот Дизелдорф во страв. Скоро секоја недела ќе се појавел некој труп, ужасно искасапен и искрварен до смрт, а понекогаш и сексуално злоставувани. Повеќето од жртвите биле млади жени, иако биле пронаоѓани и мажи, па дури и деца. Овој скромен убиец и праќал на полицијата писма во кои што со пријателски тон им опишувал каде да ги најдат новите трупови, па дури одел и дотаму што им цртал и карти. Неговите злосторства се случувале постојано во текот на петнаесет месеци, и бројот на жртвите достигнал до триесет. Куртел им кажал на властите дека сакал да убива. „Колку повеќе луѓе, толку подобро. Да, кога би имал можност за такво нешто, би убил маси на луѓе- би предизвикувал катастрофи“. Тој ги демнел своите жртви ноќе доживувајќи сексуална возбуда додека ги касапел. Еден од начините на кои што ги доживувал своите изопачени задоволства било да ја лови крвта која што прскала од раните на убиените во својата уста и да ја голта. Со таа негова грозоморна активност тој станал познат како „вампирот од Дизелдорф“. Куртен бил погубен со обезглавување во Келн, Германија, на 2 јули 1931. Во последните мигови од неговиот живот, тој рекол дека се прашува дали би можел да си ја слушне својата крв како прснува во моментот кога ќе му ја отсечат главата.

Артур Шокрос

04-ubijci.jpg

Артур Шокрос, роден на 6. Јули 1945, е американски сериски убиец, познат како убиецот од реката Џенеси. Тој ги признал повеќето од неговите убиства откако бил помилуван по убиство на дете. Бил роден во Мејн, но неговото семејство се преселило во Ватертаун во државата Њујорк кога бил млад. Шокрос го напуштил училиштето и се пријавил во армијата кога имал деветнаесет години. Се борел во виетнамската војна каде што, како што изјавил подоцна, убил и канибализирал две млади виетнамски девојки, иако тоа не можело да се докаже.
По војната, тој се женел четири пати во Ватертаун, но неговите жени го оставале по кратко време поради неговото насилно и налудничаво однесување. Во мај 1972. го убил десетгодишниот Џон Блејк. Го намамил момчето во некоја шума каде што го нападнал и го задавил. Четири месеци подоцна силувал и убил осумгодишно девојче по име Карен Ан Хил. Уапсен поради овие злосторства, Шокрос ги признал и двете убиства, но подоцна се спогодил со обвинителите. Бил осуден само за убиството на Карен Ан Хил, додека обвинението за убиството на Џон Блек било повлечено, поради недостаток на докази. На овој двоен детеубиец му била доделена 25-годишна затворска казна од кои што отслужил 15, пред да биде пуштен условно во 1987 година. Се соочувал со потешкотии да се прилагоди затоа што го бркале од домови и го отпуштале од работа отако неговите работодавачи ќе дознаеле за неговото криминално досие. Најпосле успеал да се среди во Рочестер, Њујорк, каде што живеел со жена по име Клара. Во март 1988 Шокејс започнал да убива проститутки во областа, убивајќи 11 жени пред да биде уапсен две години подоцна. Обично биле задавувани или пребиени до смрт, често биле и осакатени. Откако била пронајдена неговата последна жртва во јануари 1990, полицијата решила да не го отстранува телото, туку да продолжи да ја набљудува областа, врз основа на психолошкиот профил според кој што се сметало дека убиецот ќе се врати на местото на злостоеството. Шокрос бил забележан како мастурбира во неговиот автомобил на мостот над рекичката во која што било фрлена неговата последна жртва. Бил уапсен, и во притвор ги признал сите злосторства.

Боби Џо Ланг

05-ubijci.jpg

Боби Џо Ланг, далечен роднина на Хенри Ли Лукас , силувал и убил барем девет жени од мај 1984 до ноември истата година во Тампа, Флорида. Бил роден на 14 октомври 1953 во Кенова, Западна Вирџинија. Додека бил дете неговата мајка го напуштила татко му и го одвела во Тампа. Таму често се селеле престојувајќи кај роднини или во изнајмени соби. Тој спиел на ист кревет заедно со неговата мајка се до неговата 13-та година. Неговата мајка се однесувала премногу заштитнички и драматично, но и покрај тоа тој претрпел серија на сериозни повреди на главата почнувајќи од неговата петгодишна возраст паднал во несвест по пад од лулашка, набодувајќи си го едното око на стап. На шест години паднал од неговиот велосипед, удирајќи си ја главата од една паркирана кола, завршувајќи со, вклучувајќи ја загубата на повеќе заби и сериозни повреди и сериозен потрес. Кога имал седум години паднал од коњче пони и по што чувствувал мачнина неколку недели. Оттогаш почнал да се впушта во бескрајни тепачки и распрвии со роднините и соучениците.
Помеѓу 1980 и 1983, Лонг ги тероризирал заедниците на Мајами, Окала и Форт Лодердејл како „силувачот од малите огласи“, демнејќи ги домаќинките во напади на сред бел ден,. Наминувајќи кога ивните мажи биле на работа, Боби Џо Лонг ќе им се заканел со нож, ќе ги врзел, брутално ќе ги силувал и на крајот ќе ги ограбел пред да избега. Помеѓу мај и ноември 1984, тој задавил, избодел или застрелал најмалку девет жртви, а имало сомнение и за десетто убиство, за кое што никогаш не бил обвинет. Во ноември грабнал 17-годишна девојка од улица и ја силувал, но ја оставил да живее. Два дена подоцна ја силувал и убил и последната своја жртва, по што бил уапсен и осуден. Девојката која што останала во живот и го опишала него и неговиот автомобил на полицијата. Бил осуден на смрт за силување на пеесет жени и убиство на девет.
 
Ендрју Голден (11) и неговото другарче Мичел Џонсон (13), според полициските информации, во 1997 година ги зеле пиштолите од нивните татковци и отишле во школо. Го активирале алармот за пожар и додека сите бегале во паника, момчињата пукале на сите страни. Убиле една наставничка и пет девојчиња.

хахааа последниве се најјаки, си мислеле компјутерска игра играат, пушти ги да бегаат како спобудалени и пукај ги, кој ќе утепа повеќе тој е победник :) :) :)
 
Карл Панзрам

06-ubijci.jpg

Карл Панзрам бил еден од американкските најбрутални и непокаени сериски убијци. Огорчен од годините на мачење и сексуално злоставување во и надвор од затвор, Панзрам се претворил во човек кој што бил персонификација на злобата. Ги мразел сите, вклучувајќи се и себе: „Бев полн со омраза толку многу, што во мене немаше место за чувства како љубов, сожалување, љубезност, чест и достоинство“ изјавил тој „единствено жалев поради тоа што не сум се родил како мртвороденче, или поради тоа што воопшто и сум се родил.“ Живеел номадски живот, извршувајќи злосторства во Европа, САД, Јужна Америка, а еднаш убил и шест луѓе во еден ден во Африка, и ги фрлил нивните тела на крокодили. Во 1920, тој го извршил своето прво убиство, на 29-годишна возраст, убивајќи некои морнари во Њујорк. Намамувајќи ги надвор од некој бар, ги застрелал и ги фрлил нивните тела во река. Исто така застрелал и некој човек кој што се обидел да го ограби. Подоцна силувал и убил две мали момчиња, пребивајќи го до смрт едното со камен, а другото го задавил со ремен.

Питер Сатклиф

07-ubijci.jpg

Почнувајќи со своите напади во јули 1975, Сатклиф убил тринаесет жени и оставил седум жени за кои што мислел дека се умрени. Седумте преживеани изјавиле дека се среќни што се живи, и покрај тоа што им останале физички, емотивни и психолошки лузни кои што никогаш не заздравеле. Сатклиф го извршил неговиот прв напад во Кејли ноќта на 5. Јули 1975. Нападнал 36 годишна жена која што шетала сама, фрлајќи ја во бессознание со чекан и потоа и го расекол стомакот со нож. Забележан од некој сосед, избегал не убивајќи ја.

Денис Нилсен

08-ubijci.jpg

Денис Ендрју Нилсен, роден на 23. Ноември, 1945, е шкотски сериски убиец кој што живеел во Лондон. За време на петнаесет години, тој убил најмалку петнаесет луѓе. Нилсен не бил од вообичаениот профил на сериски убијци. Како дете чувствувал одбивност кон вршењето насилство врз животни. Како возрасен работел помагајќи им на угнетените во социјална служба. Дури и кога убивал, тоа го правелво некаква гротескна форма на љубов. Тој „убивал за друштво“. Нилсен бил хомосексуалец кој што имал серија на неуспешни врски. Во 1978 собрал некое момче од паб, и го одвел во својот стан во Лондон. Плашејќи се дека момчето ќе го напушти утрото, тој го убил додека спиел. Го чувал телото во станот со денови, капејќи го, приготвувајќи му храна, го седнувал да гледа ТВ итн. замислувајќи си дека тоа му е момче. Таквиот начин на однесување продолжил и со останатите жртви, се додека не биле пронајдени коски и распаднато месо во одводниот систем на неговиот стан. Нилсен бил осуден на доживотен затвор во 1983, откако признал петнаесет убиства.

Фриц Хаарман

09-ubijci.jpg

Харман го почнал неговото криминално дивеење во септември 1918, во времето кога Германија се соочувала со финанскиски кризи и недостаток на храна. Млад бегалец од дома по име Фридел Рот исчезнал од дома, пишувајќи и псмо на мајка си дека ќе се врати кога таа „повторно ќе се однесува убаво“. Повеќе пријатели на Фридел наоѓале информации за момчето, се додека на крај не ја навеле полицијата кон домот на човек за кој што тие тврделе дека го завел Фридел. Еден од детективите го изненадил Фриц Хаарман во кревет со некое момче, и бил осуден на девет месеци затвор, поради заведување на малолетник. Неверојатно, но собите не биле пребарани, и по испитувањето пет дена подоцна, Хаарман признал дека главата на убиеното момче се наоѓа зад печката, авиткана во весник.

Жерард Шефер

10-ubijci.jpg

За овој убиец, бивш полицаец во Брауард Каунти, Флорида, иако осуден во 1973 за само ве убиства, се верува дека е одговорен барем за барем уште триесет убиства. Садистичен секс манијак по природа, Шефер ги запирал младите жени на патиштата употребувајќи ја својата полоцоска значка, по што ги силувал, мачел, сакател и убивал. Уживал кога ги врзувал жртвите за дрво и оставајќи го таму, по што си одел на својата редовна полициска работа. Заби, накит и облека од неколку исчезнати млади девојки и жени биле пронајдени во оставата на неговата мајка.

--- надополнето ---

Манијаците од Днепропетровск

07.jpg

Едно од најужасните убиства во модерната историја се случиле во градот Днепропетровск во Украина во јуни и јули 2007 година. По напорната истрага било откриено дека виновниците за бруталните злосторства биле двајцата тинејџери Виктор Сајенко и Игор Супрунјак. Тие биле уапсени и обвинети за убиство на дваесет и еден човек во текот на дивеењето кое траело цели четири недели. Убиствата започнале на 25 јуни кога двајца луѓе биле масакрирани до смрт со помош на чекан. Една од жртвите била убиена додека спиела на клупа близу канцеларијата на јавниот обвинител. Во текот на наредните недели биле убиени и останатите жртви. Повеќето од жртвите биле лесно ранливи луѓе, како трудници, деца, старци, скитници и граѓани под влијание на алкохол. Повеќето од луѓето биле убивани со тапи предмети, како чекани или пак челични шипки. Најчесто удирале по лицата на жртвите, правејќи ги така непрепознатливи.
Многу луѓе исто така биле и осакатувани и измачувани, на некои им биле вадени очите додека се уште биле живи. Истрагата на почетокот се одвивала тајно и не била објавувана никаква официјална информација за убиствата. Украинските граѓани не биле предупредувани ниту пак бил даван можен опис на убијците. Сепак, гласините за убиствата ги натерале граѓаните ноќе да си седат дома. На 14 јули Виктор Сајенко и Игор Супрунјак биле забележани при убиство и идентификувани од страна на истражните органи, а за нивниот случај биле ангажирани вкупно 2000 лица. Набргу биле фатени и осудени на доживотен затвор. Истрагата не успеала да го открие мотивот за убиствата, но било утврдено дека тие грижливо ги фотографирале и ги снимале убиствата. Едно такво видео се нашло и на интернет, каде што се гледа како двајцата манијаци го убиваат 48 – годишниот Сергеј Јаценко, удирајќи го со чекан и бодејќи го со одвртувач. Видеото е отстрането од многу сајтови, но сепак може да се сретне некаде по интернетот.

Генералот Бат Нејкед

08.jpg

За време на првата либериска граѓанска војна, Џошуа Блахји ака генерал Бат Нејкед бил либериски војник и водач на страната на Рузвелт Џонсон. Ексцентричните чинови на насилство како и сатанистичките ритуали го ставиле во центарот на вниманието на многу медиуми. По завршувањето на првата граѓанска војна, Блахји бил интервјуиран при што биле кажани прилично морничави работи. На 11 – годишна возраст наводно бил повикан од ѓаволот на телефон и му бионаредено да изврши бројни човечки жртвувања. Кога започнала војната во доцните 80 – ти, Блахји се здобил со невобичаениот прекар благодарение на тоа што ги водел трупите во битка целосно гол, со исклучок на чевлите и неговата пушка. Очигледно мислел дека неговата голотија е најдобра заштита од куршумите.
Тој редовно поднесувал жртва пред да влезе во битка. Запрашан за какви жртви станува збор, тој одговорил дека вообичаено тоа биле мали деца, некој чија што свежа крв би го задоволила ѓаволот. „Понекогаш би влегол во водата каде што си играат мали деца. Ќе нурнев под нив, ќе грабнев некое и ќе го повлечев долу кршејќи му го вратот. Понекогаш ќе оредизвикав несреќен случај, а понекогаш едноставно ги колев.“ изјавил тој. Запрашан како изгледала една негова вообичаена битка, Блахји кажал „Па, пред да ги поведам моите војници во битка, првин ќе се опијаневме и дрогиравме, ќе жртвувавме локално дете, ќе му ја пиевме крвта, потоа ќе се соблечевме голи, освен обувките, и влегувавме во битка носејќи разнобојни перики како и женски чанти кои што ги ограбувавме од цивилите. Ќе убиевме секој кој што ќе ни излезеше на патот. Бевме голи, бестрашни, пијани и убиствени. Убивме илјадници луѓе. Толку многу што веќе не ги ни бројам“.
Генералот Бат Нејкед тврди дека имал редовни разговори со ѓаволот од 11 – годишна возраст, па се додека наполнил 25 години. Од него му било кажано дека за време на војната ќе има „посебни моќи“ како и магична невидливост. Во своите редови регрутирал и тинејџери, и најневообичаеното нешто е што во битките влегувале носејќи женска облека. Во јануари 2008 година признал дека изел човечко срце. Неговите дивеења завршиле во 1996 кога завршила граѓанската војна во Либерија. Наредната година се покајал од своите гревови и се посветил на религиозниот живот како христијанин. Станал христијански свештеник, се оженил и има три деца. До денес, тој живее во Либерија и инсистира дека не може да биде сметан за одговорен за неговото сатанско минато. Во периодот од 1980 до 1996 година генералот Бат Нејкед и неговите луѓе биле одговорни за смртта на повеќе од 20.000 луѓе.

Фанг Јиантанг

09.jpg

Од почетокот на 2010 година биле извршени некои навистина чудни и насилни масовни убиства во Кина. Во издвоени инциденти, возрасни мажи напаѓаат и убиваат мали деца во кинеските училишта. Убивањата се сурови и жртвите се напаѓани или со големи ножови, со чекани или пак со секири. Овие напади се разликуваат од вообичаените училишни напади во Европа или во САД, каде што извршителот вообичаено употребува огнено оружје. Серијата убиства започнала со училишниот масакр во Нанпинг. За време на инцидентот, еден човек по име Зенг Миншенг бесно нападнал една група на мали деца со нож додека тие чекале да влезат низ училишната врата. Така тој убил осум деца, и сериозно повредил уште пет други. Миншенг бил совладан на местото на злосторството од страна на тројца возрасни и бил одведен во притвор. Претходно работел како лекар, но се знаело дека имал ментални проблеми. Подоцна и кажал на полицијата дека сметал дека негоивот живот бил безначаен.
Нападот бил пренесен низ кинеските медиуми, но спецификите на случајот биле цензурирани на интернет. Кинеската влада стравувала дека тоа може да предизвика копирање на начинот на убиството, кои што и навистина се појавиле по масакрот во Нанпинг. Зенг Миншунг бил погубен 35 дена по инцидентот. За неговото егзекутирање било известувано по сите кинески медиуми, што директно довело до серија на нови масовни убиства п кинеските училишта. На 28 април, човекот по име Чен Кангбинг нападнал со нож шеснаесет ученици и едно наставно лице во Леизху, Гуангдонг. Бил осуден на смрт. На 29 април Ксу Јујуан прободел 28 деца на предучилишна возраст во Таиксинг, со долг нож. Бил осуден на смрт. На 30 април Ванг Јонглаи со чекан нападнал деца на исто така предучилишна возраст. Потоа употребил бензин за да изврши самоубиство.
На 12 мај, Ву Хуанминг убил седум деца во градинка како и двајца возрасни со помош на секира. Подоцна извршил самоубиство. На 4 август 26 – годишниот Фанг Јиангтанг искасапил повеќе од дваесет деца со нож долг 60 сантиметри, убивајќи три мали деца и еден учител во основното училиште во Зибо, провинцијата Шандонг. По убиствата се предал на полицијата. Преживеаните деца имале сериозни повреди и длабоки исеченици на главите. Не се знае дали Јиангтанг бил погубен. Некои социолози сметаат дека неуспехот на кинеските власти да ги откријат и лекуваат менталните болести е директна причина за оваа серија убиства на деца. Кина исто така се соочува со вистинска експлозија на наталитетот како и со драстични општествени промени, што исто така допринесува до развојот на нестабилни личности.
 
1. Countess Erszebet Bathory, Hungary – 650 (‘Bloody countess’, ‘Vampire’)
2. Dr.Harold Shipman, England – 459 (‘Dr. Death’)
3. Gilles de Rais, France – 450 (‘Bluebeard’)
4. Albert Fisch, USA – 400 (‘Werewulf of Wisteria’)
5. Pedro Alonso Lopez, Colombia, Peru & Ecuador – 360 (‘Monster of the Andes’)
6. Henry Lee Lucas & Ottis Toole, USA – 350
7. Henri Desire Landru, France - 283
8. Dr.Wouter Basson, South Africa - 229
9. Herman Webster Mudgett, USA – 210 (‘Devil in the White city’)
10. Hu Wanlin, China – 196

11.Luis Alfredo Gavarito, Colombia – 172
12.”El Depredador”, Mexico – At least 170 (still at large)
13.Miyuki Ishikawa, Japan - 169
14.Dr.John Bodkin Adams, England – 163 (or 310, some estimate up to 500)
15.Billy Gohl, USA - 140
16.Countess Darja Saltikova, Russia - 139
17.Arnfinn Nesset, Norway – 138
18.Fernando Hernandez Leyva, Mexico – 137
19.Isidora Guimaraes, Brazil - 131
20.Dr. Jack Kevorkian, USA – 130 (‘Mercy killer’)

21.Orville Lynn Majors, USA - 130
22.Ahmad Suradji, Indonesia - 122
23.Dr.Efren Saldivar, USA – 120
24.Pedro Rodriguez Filho, Brazil – 110 (‘Pedrinho Matador’)
25.Sergei Fedorovich Tkatch, Soviet Union, Ukraine – 106 (‘Pologovskij manijak’)
26.Nikolai Dzhurmagaliev, Soviet Union, Kazakhstan, Uzbekistan – 102 (‘Metal fang’)
27.Pee Wee Gaskins, USA – 100 (‘The most evil man alive’)
28.Javed Iqbal, Pakistan – 100
29.Jane Toppan, USA – 100
30.Yoshio Kodaira, Japan, China - 100

--- надополнето ---

31.Delfina & Maria de Jesus Gonzales, Mexico - 91
32.Dr.Jayant Patel, India, USA, Australia - 87
33.Donald Harvey, USA - 87
34.Bruno Ludke, Germany – 85 (‘Killer M’)
35.Coral Eugene Watts, USA - 80
36.Sasha & Ljudmila Spesivtsev, Russia – 76
37.Daniel Camargo Barbosa, Colombia, Ecuador, Peru – 72 (‘Beast of the Andes’)
38.Dr. Maksim Petrov, Russia – 72 (‘Dr. Murder’)
39.Gary Ridgway, USA – 71 (‘Green river killer’)
40.Tommy Lynn Sels, USA - 71
41.Ted Bundy, USA – 70
42.Kristen Gilbert, USA - 70
43.Yang Xinhai, China – 67
44.Randy Kraft, USA – 67
45.Andrei Chikatilo, Russia – 65 (‘Monster of Rostov’, ‘Citizen X’, ’Red Ripper’)
46.Dr.Marcel Petiot, France – 63
47.Aleksandr Pichuskin, Russia – 63 (‘Chessboard killer’)
48.Dr.Michael Swango, USA, Zimbabwe, South Africa – 60
49.Klara Geisler, Germany – 60
50.Herb Baumeister, USA – 60
51.David Parker Ray, USA – 60 (‘Toybox killer’)
52.Anatoly Onoprienko, Ukraine – 59 (‘Terminator’)
53.Giuseppe Greco, Italy - 58
54.Marquise Marie-Madeleine de Brinvilliers, France - 52
55.“Nasrec Strangler”, South Africa – Between 51 and 80
56.Fritz Haarmann, Germany – 50 (‘Vampire of Hannover’, ‘Werewulf’)
57.“The I-45 Killer”, USA – Between 32 and 50
 
[video]http://www.totallyupyours.com/493d04d34086b-dnepropetrovsk_maniacs_killing_for_kicks.html[/video]

гледајте го видеово. Многу е гадно. Се работи за манијаците од Днепропетровск. А тој Џон Робинзон беше во ЦСИ:НЈ. Односно спред него направена епизода
 
Во листата покрај сериски убијци имаме ултра лоши жени кои предизвикале многу трагедии во многу човечки животи. Еве ја листата на десетте најлоши жени во историјата:

10. Кралицата Марија 1 родена 1516; починала 1558

58411045328E924EB8E08DD25221BB8E.jpg


Марија била единственото дете на Хенри VIII и Катерина од Арагон. По смртта на Едвард VI и отстранувањето на Лејди Џејн Греј, кралицата која владеела само девет дена, Марија е запамтена по нејзиното насилно враќање на тронот и враќањето на Англија кон католицизмот. Многу прогласени протестанти биле егзекутирани поради нивните верувања, под директива на монахињата Марија кога и го добила прекарот Крвавата Марија". Во тоа време повеќе од 800 протестанти ја напуштиле земјата не можејќи да се вратат назад се до нејзината смрт.

9. Мира Хидлеј родена 1942; починала 2002

Мира Хидлеј и Ијан Бради биле одговорни за убиствата популарно наречени Убиствата Моорс", кои се случиле во областа на Манчестер во Британија во средината на 1960 година. Заедно овие две чудовишта биле одговорни за киднапирање, сексуално злоупотребување, мачење и убивање на двајца тинејџери на возраст од 16 и 17 години. Клуч пронајден во личните работи на Мира ја однела истрагата до големото складиште на Железничка станица во Манчестер. Меѓу доказите имало видеолента на која биле снимени викотниците на убиените жртви додека Хидлеј и Бради ги силувале и мачеле. Полициската секретерка Сандра Вилкинсон никогаш нема да ја заборави сликата со Мира и нејзината мајка Нели, кои стоеле од спротивната страна на судот и јаделе сладолед. Додека на лицето на мајката се гледало дека била видно вознемирена, ќерката ги јадела колачите толку индиферентно како целата ситуација да не се однесува за неа.

8. Исабела од Кастил родена 1451; починала 1504


Исабела I од Шпанија, подобро позната како патрон на Кристофер Колумбо, со нејзиниот сопруг Фердинанд од Агрон, се одговорни за овозможувањето на инквизицијата во Шпанија под покровителство на Карлос I. Како дел од инквизицијата, Исабела го назначила Томас де Торкуемада за прв инквизиторски генерал. На 31 март 1492 година се одбележува имплементацијата на Алхамбра декретот со кој се пропишува насилното протерување на Евреи и Муслимани од земјата. Тој период од Шпанија биле протерани околу 200.000 луѓе. Тие што останале биле подложени на инквизициски судења за што биле испрашувани, мачени и убивани. Во 1974, Папата Павле VI ја благословил и ја предложил за светица, за што во Католичката црква таа ја носи титулата слуга на Господ.

7. Беверли Алит родена 1968

13525FFEB3181D4890DCA7B9DDA57619.jpg


"Ангел на смртта", Беверли Гаил Алит е една од најпознатите сериски убијци во Британија. Работејќи како сестра на педијатрија, таа е одговорна за убиства на четири деца и повеќе повредени на пет деца кои биле под нејзина грижа. Кога имала можност, таа на децата им вбризгувала инекции со инсулин или потасиум, што предизвикувало забрзено чукање на срцата кај дечињата. Иако била осудена за смрт или повреди на девет деца, Алит нападнала повеќе од тринаесет деца за точно педесет и осум дена се до моментот додека полицијата не ја фатила со крв на рацете. Алит никогаш не прозборела за мотивот на нејзините грозоморни дела, но синдромот Мунхаузен, кој како дијагноза и го поставиле психијатрите, ја објаснил нејзината постапка. Медицинската сестра психички била растроена што потекнувало од злоупотреба во детството, а кај Алит предизвикало потреба да го повреди тој што бил под нејзина грижа за да може да го сврти вниманието кон себе. Алит била позната како дете кое носело завои и фластери над рани кои ги имала по целото тело, но никогаш не дозволила лекар да и ги прегледа повредите.

6. Бел Гунс родена 1859; починала 1931

Бел Гунс е една од американските нај дегенеративни и најпродуктивни сериски убијци. Таа била висока 1.83 м а тешка 91 кг, што оставале впечаток на јака жена од Норвешка. Се претпоставува дека ги убила својот сопруг и сите нејзини деца во различни временски периоди, но сигурно е дека ги убила повеќето од своите љубовници и двете керќи Муртел и Луси. Мотивот и бил алчноста. Животните полици или вредните работи украдени од нејзините љубовници и станале извор на приходи. Голем број полициските извештаи ја наведуваат за виновна за смртта на повеќе од дваесет жртви во текот на неколку декади, додека некои тврдат дека постојат уште стотина тела закопани којзнае каде. При обдукцијата, докторите утврдила дека Бел била пониска за цели пет сантиметри за разлика од другите медицински белешки. Тоа била уште една причина зошто Бел влегла во американскиот криминалистички фолклор како најпозната жена сериски убиец.

5. Мари Ан Котон родена 1832; починала 1873

Англичанката Мари Ан Котон е уште еден сериски убиец кој убивал поради профит, имитирајќи ја Бел Гунс повеќе од триесет години. На дваесет години се омажила за Вилијам Мовбрај. Живееле во Плумонт, Девон каде основале семејство. Двојката имала пет деца од кои четири починале од треска и стомачни болки. Селејќи се на североисток, трагедијата како да ги следела, три деца им се родиле, три деца им починале. Во јануари 1865 година Вилијам починал. Британска осигурителна компанија и платила на Мари Ан 35 фунти за смртта на сопругот при што шемата веќе си дошла сама по себе. Нејзиниот втор сопруг Горг Вард починал од проблеми со органите за варење како и едно од останатите нејзини две деца. Моќта на печатот си го направила своето. Локален новинар открил дека Мери Ан како се движела низ северна Англија, изгубила три мажи, еден љубовник, нејзината мајка и дузина деца. Сите починале од стомачна треска. На 24 март 1873, таа била фатена при што било откриено дека своите жртви ги труела со арсен. Починала бавно, и бил вбризган отров кој многу бавно се движел кон нејзината рака, поради наредбата егзекуцијата да биде "чиста".

4. Илса Кокс родена 1906; починала 1967

FBE36B564AE33D43BB828A2DE953BE81.jpg


Вештерката од Бученвалд" или Кучката од Бученвалд" била жена на Карл Кох, командант на контрациониот камп Бученвалд од 1937 до 1941 година на кампот Мајданек од 1941 до 1943 година. Опијанета од апсолутната моќ на нејзиниот сопруг, таа организирала разни начини на мачење на затворениците. Станала позната по тоа што им сечела делови од кожата од телата на затворениците, кои претходно биле тетовирани на разни места, кои ги чувала како сувенири. Откако во 1940 година изградила спортска арена, од 250 илјади учесници во игрите украла 250 илјади германски марки. Откако била уапсена и однесена во женскиот затвор Аишаш, се самоубила со бесење.

3. Ирма Грес родена 1923; починала 1945

Уште еден производ на нацистичката последна солуција, Ирма Грес, "Кучката од Белсен", била чувар во концентрационите кампови Равенсбурк, Аушвиц и Берген-Белсен. Префлена во Аушвиц во 1943, (најверојатно покажала голем ентузијазам и посветеност на работата), добила унапредување како помлад надгледувач, што претставувало втор најјак ранг во женскиот камп. Како одговорна за повеќе од 30.000 еврјески женски затворенички, таа се внела во својата работа. А нејзината работа вклучувала: дивјачко однесување кон затвореничките на кои им ги пуштала своите добро истренирани гладни кучиња, сексуални злоупотреби, садистичко тепање со кожни ремени и одбирање на затворенички за во гасни комори.

2. Катрин Најт родена 1956

Првата Австралијка која била ослободена од кривична одговорност и била пуштена на слобода без условна казна. Катрин имала историја на насилства во нејзините љубовни врски. Таа му го пресекла грлото на една недела старо куче, кое било сопственост на еден од нејзините мажи. Насилниот живот кој го водела со Џон Томас Чарлс Прајс и станај добро познат на јавноста по нивните расправии и закани упатувани еден кон друг од случајни минувачи. Таа врска се завршила кога Најт до смрт го избодела Прајс со кујнски нож. Тој бил избоден најмалку 37 пати, од напред и од назад, а многу од убодите биле нанесени директно погодувајќи ги неговите витални органи. Таа, потоа му ја одрала кожата и ја закачила како костим на рамката од вратата во дневната соба, потоа му ја исекла главата и ја ставила во тенџере када насечкала зеленчук и ја спремила да ја свари како супа. Јадењето и кожата која требало да претставува порака, биле наменети за нивните деца. Среќа, полицијата го открила злосторството пред тие да пристигнат дома.

1. Елизабет Батори родена 1560; починала 1614

032751CC1EBF6D43B8F110CBF9AA57B5.jpg


Контесата Елизабета Батори се смета за најнеславниот сериски убиец во Унгарија. Гласини кружеле со години за исчезнати селски девојки, кои најчесто поради платена работа оделе во замокот и никогаш повеќе не се враќала. Една ваква гласина стигнала до ушите на царот Матијас ИИ, кој испратил група сочинета од свои луѓе да проверат за што станувало збор. Луѓето пронашле една мртва девојка и една на умирање. Друга пронашле ранета, а неколку имало заклучено во соби. Сознанијата и сведочењата за тоа што им се случувало на девојките, говорат за тепање во различни временски периоди, боцкање со игли, горење на раце, понекогаш и на лице и по генеталиите, сечење на парчиња месо од лицата, понекогаш од рацете, нозете или други делови од телата, и на крај изгладнување на жртвите. Бројот на жртвите на контесата се сметал над илјада и тоа за временски период од дваесет и пет години. Поради нејзиниот социјален статус таа никогаш не била ставена на судење, но останала во куќен притвор затворена во една соба до нејзината смрт. Верувањата дека контесата се бањала во крвта на нејзините жртви било само мит.
 
58.Maria Gruber,Irene Leidolf,Stephania Meyer & Waltraud Wagner, Austria – 49
59.Robert Pickton, Canada – 49 (‘Vancouver slasher’)
60.“Zodiac Killer”, USA – As much as 49
61.Manuel Villegas, Spain – 48
62.Robert Browne, USA – 48
63.Amy Archer-Gilligan, USA - 48
64.Micajah & Wiley Harpe, USA – 44
65.Catalina de los Rios y Lisperguer, Chile – 43 (‘La Quintrala’)
66.Gerald Stano, USA – 41
68.“Northwest Slayer”, USA – 41
69.“Itabashi murders”, Japan - 41
70..Belle Gunness, Norway, USA - 40
71.Richard Kuklinski, USA – 40 (‘Iceman’)
72.John Wesley Hardin, USA – 40
73.Charles Cullen, USA - 40
74.“The mad Butcher of Kingsbury Run”, USA – Between 18 and 40

--- надополнето ---

75.Moses Sithole, South Africa – 38
76.Kaspars Petrovs, Latvia – 38
77.Ivan Milat, Australia – 37 (‘Backpacker killer’)
78.Genadij Mihasevic, Soviet Union – 36 (‘Strangler of Vitebsk’)
79.Vera Renczi, Romania, Yugoslavia - 36
80.Helene Jegado, France – 35
81.Charles Kwanza, Ghana – 34
82.Gerard John Schaefer, USA - 34
83.“Twin cities Killer”, USA – At least 34
84.John Wayne Gacy, USA – 33 (‘The Clown’)
85.Vasili Komaroff, Soviet Union – 33
86.“The Phantom of Swaziland”, Swaziland – Between 24 and 33
87.Greta van den Linden, Holland – 32
88.Igor Suprunyuk, Viktor Sayenko & Aleksandr Hanzha, Ukraine – 31
89.“El Psicopata”, Costa Rica – At least 31
90.Peter Kuerten, Germany – 30 (‘Vampire of Dusseldorf’)
91.Remrick Williams, England - 30
92.Fra Gilbourd & Madame Chanfrane, France - 30
93.Karl Denke, Germany, Poland – 30
94.Christine Malevre, France – 30
95.Wladislaw Mazurkiewicz, Poland – 30 (‘Gentleman killer’)
96.Surender Koli & Moninder Singh Pander, India – 30
97.Thomas Quick, Sweden - 30
98.“Lusaka serial Killer”, Zambia – More than 30
99.“Mataviejas”, Mexico – At least 29
100.Charles Sobraj, France, Thailand, Cambodia, Nepal etc. – 29 (‘The Bikini killer’)
 
Све све ама овие деца што убиваат,премногу нежно е за нив ел. столица.Ептен е хумано за таквите.Треба да има посебни одделенија за нив.Два - тројца како (Саид од LOST) и третман година - две измачување.Јас би го работел тоа.Да знам дека убил дете за да си ги изполни страстите,верувам дека малце ќе бидат 2 години за да завршам со него.
 
A SRBOSJEK (literally "Serb cutter" in Croatian and Serbian) was a knife used by the Ustaše during World War II for the speedy killing of prisoners in the concentration camps of the Nazi-puppet Independent State of Croatia (NDH), most notably the Jasenovac concentration camp. The victims were Serbs, Jews, and Roma, imprisoned on 'ethnic' grounds, and significant numbers of Croats, imprisoned on the grounds that they were Partisan resistance members, or on the suspicion of taking part in anti-fascist activities.[1]

250px-Jasenovac11.jpg


In the Jasenovac concentration camp competitions in speedy slaughter were organized by the Ustaše. The winner of one such competition, Petar Brzica slit the throats of 1,360 prisoners.

:):tv:
 
Абе наци бој... од каде заклучок дека зборуваме за оружја?
 
A SRBOSJEK (literally "Serb cutter" in Croatian and Serbian) was a knife used by the Ustaše during World War II for the speedy killing of prisoners in the concentration camps of the Nazi-puppet Independent State of Croatia (NDH), most notably the Jasenovac concentration camp. The victims were Serbs, Jews, and Roma, imprisoned on 'ethnic' grounds, and significant numbers of Croats, imprisoned on the grounds that they were Partisan resistance members, or on the suspicion of taking part in anti-fascist activities.[1]

250px-Jasenovac11.jpg


In the Jasenovac concentration camp competitions in speedy slaughter were organized by the Ustaše. The winner of one such competition, Petar Brzica slit the throats of 1,360 prisoners.

:):tv:

Тој не е сериски убиец туку масовен убиец,спаѓа во друга категорија,тоа што го правел не било кривично дело во идиотскиот режим и држава за чија сметка убивал.
 
[FONT=&quot]
Убиствата на свиреп начин се карактеризираат со висок степен на физички маки и страдања, како свест и волја на сторителот за причинување на токму такво страдање на жртвата.
Кога ваквите убиства повеќе пати се повторуваат од страна на едно лице, останува констатацијата дека единствено човекот е битие кое убива за да нанесе зло, а не само за да се заштити.

Во темава ќе ги ставиме сите оние сериски убијци кои за жал по својот број на жртви станале познати, дури и оние кои што не се толку познати не значи дека се помалку зли.

Постојат сериски убијци кои се фатени, но постојат и оние кои за жал полицијата никогаш не успеала да ги фати.....
Убиствата на свиреп начин се сметаат како извршени на свиреп начин само ако жртвата е во свесна состојба и ги чуствува болките, а не ако е на пр. онесвестена, под дејство на наркотици и сл. (чудно но сепак тоа е тоа)
Жалосното во успехот на фаќање на убијците е и т.н темна бројка на криминалитет, која особено во ваквите случаи е на високо ниво, и се нема вистинска престава за реалниот број убиства или убијци.

Добро укомпонирана тема, чим најдам нешо ново, ќе ставам :)
 
[video]http://www.totallyupyours.com/493d04d34086b-dnepropetrovsk_maniacs_killing_for_kicks.html[/video]

гледајте го видеово. Многу е гадно. Се работи за манијаците од Днепропетровск. А тој Џон Робинзон беше во ЦСИ:НЈ. Односно спред него направена епизода


Ц ц ц цц.
Не се нормални овие. Она да го направиш стварно треба да имаш големи проблеми.
А ме чуди, овие се снимале и сами се пријавиле вполиција, или видеово е пронајдено после откривањето дека тие се убијци?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom