Семејно насилство

  • Креатор на темата Креатор на темата Сталин
  • Време на започнување Време на започнување
Не сакам на јавен форум да се исповедам сега, ама знам многу добро што е злоставување, па вакви ситуации ме вадат од такт иако не ја знам нит познавам членката :(
Кажи си, не можеш да знаеш, може има некој што може да ти помогне. Или барем да те упати некаде.
 
Многу време има минато од тогаш, прашав адвокат ми кажа дека е таквите случаи застарувале за 5 години или колку и да беа така да не знам што би можело да се направи.
Затоа ми е мака кога читам вакви работи, мене детството ми беше уништено и бев останат сам да се снаоѓам, никаква помош од никој, од негирање па дури до оние срање комуњарски муабети "така се јача човек", премногу е траума за пишување на форум.
 
Јас тука пишувам барем малце да си олеснам, немам доверба во никој за да можам да кажам што преживувам. И онака луѓето не ги интересира и повеќто се ситат на маката која ја имаш и некогаш добиваш место помош туркање уште подолу. Зошто постојат такви луѓе злобни и саможивни кој единствена цел е некого да повредат така се хранат душевно.
 
Злато, верувај дека горе-доле знам низ што поминуваш. Во секое време можеш да си ја ослободиш душичката на овие теми. А ако некој се исмева со твоите приказни на форумов, ќе реагирам кај модераторите.

Но тука може само да те ислушаат и да ти дадат одредена препорака или сугестија, но сето тоа е многу лаичко (но далеку од тоа дека нема паталци на ова поле). Барај некој психолог, иако мислам дека ти треба повеќе психијатар. Зошто твојот партнер нема разбирање? Дали си пробала да разговараш со него? Дали си му ги посочила твоите здравствени проблеми? Бар мене женско да почне да ми плаче, одма ќе седнам и ќе ја ислушам.
 
Јас тука пишувам барем малце да си олеснам, немам доверба во никој за да можам да кажам што преживувам. И онака луѓето не ги интересира и повеќто се ситат на маката која ја имаш и некогаш добиваш место помош туркање уште подолу. Зошто постојат такви луѓе злобни и саможивни кој единствена цел е некого да повредат така се хранат душевно.

Зарем немаш никој со кој можеш во живо да се отвориш, да споделиш мака, да побараш разбирање? Пријатели, родбина некој од некој барем? Братучетка, другарка, пријател, вујко, било како.
Виртуелните платформи се убава работа во тој поглед, но сепак не е тоа тоа, ама подобро од ништо сепак.
Жалосно вака млада и паметна жена да биде малтретирана секојдневно, пошто и јас имам бидено жртва иако на рана возраст (4-5 одделение па натаму до 3-та средно отприлика траеше агонијата) знам како е.

Знам како е и да не ти веруваат и да релативизираат.
Знам како е родени родители да гураат ствари под тепих и да не те заштитат чисто од физичките малтретирања, налет психичките тортури. Како никој да не приметуваше ништо, си вртеа глава :(

И ете на крај успеав да се изборам со тоа, лузните на душата остануваат ама сегашниот живот е светлосни години оддалечен од тие времиња и настани.
Се надевам дека така ќе биде и со тебе и со твоето дете. Чувај се и не губи надеж.
 
Многу пати ме видел и слушнал како плачам посебно навечер, тоа не допира до него само ќе рече да не се лигавам многу. Колку само пати сум го молела да престане така да се однесува сум го прашувала зошто тоа го прави ќе рече дека многу драмам. Јас сум била крива што така се однесувал.
 
Колку ми е жал кога слушам нешто вакво, нема ништо полошо од тоа да немаш љубов од најблиските а поготово од парнерот. Какви гомна од луѓе има, вакви типови треба да скапат сами а не да имаат брак и деца. Ништо друго освен развод нема да помогне, сигурно си уште релативно млада и ќе најдеш човек кој ќе те сака, дури и болеста е подобра ако имаш со кого да си и ако имаш љубов, џабе и живот и здравје ако го поминуваш вака животот, љубовта е најбитна.
 
Ние двајца се знаеме оддамна порано се дружевме во исто друштво бевме, одсекогаш бил ок мирен, повлечен во него имав најголема доверба често му се доверував ќе ме ислушаше знаеше скоро све за мене. Било кој да прашаш ќе рече дека е човек на место, пред други е скроз различен. Не знам што му стана наеднаш го имам и прашано дали сака да се разведеме можеби не сака да биде со мене, тогаш одма почнува со обвинувања дека јас имам некој друг затоа сакам да се разведам. Јас последен пат сама од дома не се сеќавам кога сум излегла. Го имам фатено неколку пати како се допишува со други го прашував дали има нешто и пак ќе свртеше цела приказна и пак јас крива за нешто ќе излезам. Многу тежок манипулатор е.
 
Некогаш посакувам да не се врати од работа, лошо звучи но тие саати кој сум сама ми се единствени во кој нема малтретирање можам малце да здивнам на раат да се исплачам. Само што ќе дојде првите 5 минути одма нешто префрла и пак од почеток до крај на ден слушај брецкање, префрлање, навреди. Пак нервоза страв ми е да не се разболам од толкава нервоза која е во мене, понекогаш дури се тресам целата срцето мислам ќе ми излезе губам здив. Зошто сеуште живеам вака? Ќе има ли спас за мене? Може ви здосадив со овие куања но едноставно морам некако да се искажам. Постојсно имам чуство на тежина како цела планина на мене да е.
 
Ако немате деца, зошто уште трпиш?
 
Ако немате деца, зошто уште трпиш?
Имам две мали деца да не беа тие уште оддамна ќе си заминев макар и на улица да бидам. Ако си заминам без нив тогаш никогаш нема да ги видам.
 
Ах како не ќе си ги видела, жити сѐ, баш денес ако има нешто позитивно во државава е доделувањето старателство. Добро ти пишал Каљехон погоре, имаш ли на некој да му се отвориш, да ти помогне? Роднина некој? Финансиски како стоиш ако не е тајна? Ако ти треба бесплатна правна помош, пиши ми ПП.
 
Сум ја прашала мајка ми зошто воопшто ме родила кога не ме сака. За неа бев само товар, татко немам не ни знам кој е очигледно ни тој не ме сакал. Одекогаш ми викаше камо да не те родев, кога имав 7/8 години сакаше да ме остави во дом се сеќавам многу плачев и ја молев да не ме остава, а можеби таму ќе ми било подобро. Не знам што се случи се премисли но продолжи со малтретирањето. Од кога наполнив 18 буквално ме бркаше од дома со зборовите до 18 морав да те чувам сега не морам. Си отидов еднаш почна да ме бара и одма "болна легна". Работев и учев по цел ден не бев дома само да не трпам.
 
Најискрено човек да не ти е во кожата ама само знам дека не смееш да трпиш. Мораш да преземеш чекор и да нема враќање. Ако се вратиш, ќе знае дека може да те фаќа на емоции. Пак ќе ти кажам, ако ти треба бесплатна правна помош, пиши.
 
Ах како не ќе си ги видела, жити сѐ, баш денес ако има нешто позитивно во државава е доделувањето старателство. Добро ти пишал Каљехон погоре, имаш ли на некој да му се отвориш, да ти помогне? Роднина некој? Финансиски како стоиш ако не е тајна? Ако ти треба бесплатна правна помош, пиши ми ПП.
Ни работа ни покрив над глава каде да одам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв