Јас тука пишувам барем малце да си олеснам, немам доверба во никој за да можам да кажам што преживувам. И онака луѓето не ги интересира и повеќто се ситат на маката која ја имаш и некогаш добиваш место помош туркање уште подолу. Зошто постојат такви луѓе злобни и саможивни кој единствена цел е некого да повредат така се хранат душевно.
Зарем немаш никој со кој можеш во живо да се отвориш, да споделиш мака, да побараш разбирање? Пријатели, родбина некој од некој барем? Братучетка, другарка, пријател, вујко, било како.
Виртуелните платформи се убава работа во тој поглед, но сепак не е тоа тоа, ама подобро од ништо сепак.
Жалосно вака млада и паметна жена да биде малтретирана секојдневно, пошто и јас имам бидено жртва иако на рана возраст (4-5 одделение па натаму до 3-та средно отприлика траеше агонијата) знам како е.
Знам како е и да не ти веруваат и да релативизираат.
Знам како е родени родители да гураат ствари под тепих и да не те заштитат чисто од физичките малтретирања, налет психичките тортури. Како никој да не приметуваше ништо, си вртеа глава
И ете на крај успеав да се изборам со тоа, лузните на душата остануваат ама сегашниот живот е светлосни години оддалечен од тие времиња и настани.
Се надевам дека така ќе биде и со тебе и со твоето дете. Чувај се и не губи надеж.