Семејно ЕЛ КЛАСИКО на браќата БАБУНСКИ

Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
Познатиот спортски шпански весник Марка пишува за нашите браќа Бабунски :vozbud:

Los Babunski tienen el Clásico en casa

http://www.marca.com/2011/09/07/futbol/1adivision/1315410536.html

А еве го текстот и на македонски:

Семејно „Ел Класико“ на браќата Бабунски

Двајцата браќа Бабунски, Давид и Дориан, од Македонија во иднина би можеле да бидат првиот братски пар што ќе има семеен дуел во „Ел Класико“, ја објави својата сторија за младите фудбалери, синови на Бобан Бабунски, тиражниот шпански спортски весник „Марка“.

Давид Бабунски настапува за Барселона (Јувенил А), а неговиот помлад брат Давид е член на Реал Мадрид (кадетски тим), пишува „Марка“. Тие се синови на Бобан Бабунски, еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, кој својата интернационална кариера ја градел во Бугарија, Јапонија, Германија, Грција и во Шпанија. Бил член на Логроњес и на Леида, а по завршувањето на кариерата решил со семејството да остане да живее во Кастељдефелс (Шпанија).

Синовите се негови вистински наследници и во фудбалските води. Тие почнале да играат мал фудбал со децата на улица, а од таму понекогаш се изродуваат и генијалци, наведува шпанскиот весник.

„Беа големи ривали уште од детството, но само на фудбалскиот терен. Во живототот многу си помагаат еден на друг. Дориан отсекогаш велеше дека најмногу научил од неговиот брат Давид“, вели Бобан Бабунски за „Марка“.

Своите фудбалски почетоци двајцата браќа од најмала возраст ги почнаа во школата на Барселона. Давид Бабунски успеа да стигне до младинските категории (Јувенил А), а неколку пати тренираше и со првиот состав на Каталонците.

Дориан замина во Корнал, каде играше четири години. Неговата мајка Јулија не е грижеше за него, затоа што беше блиску до дома. Но, потоа стигна понудата од „Сантијаго Бернабеу“. За неа не се размислува двапати. Преселбата во Мадрид беше тешка од семеен аспект за Дориан, но неговиот агент Естеве Калзада одлучи дека треба да биде прифатена.

Двајцата браќа се многу квалитетни фудбалери. Давид Бабунски е играч од средината на тереот. Располага со одлична техника, добар преглед на играта, а специјалност му се пгол-проигрувањата. Дориан е малку поинаков тип на фудбалер. Тој е напаѓач, посилен е и има моќен удар.

„Играат во најголемите клубови во светот, но Давид и Дориан се различни играчи. Барселона ги учи децата да ја имаат топката во свој посед што можат подолго, а во Реал Мадрид им дозволуваат многу повеќе слобода. Таму повеќе ги ценат индивидуалните квалитети на фудбалерот“, вели нивниот татко Бобан Бабунски.

На крајот „Марка“ истакнува дека Давид и Дориан во иднина можат да бираат за која А-репрезентација ќе настапуваат, за Македонија или за Шпанија. Тие веќе се дел од младите селекции на Македонија, но секогаш постои можност да го сменат мислењето пред да започнат со настапи во сениорскиот национален тим. ФФМ тоа не смее да го дозволи, да ги испушти македонските генијалци кои играат во Барселона и во Реал Мадрид.


http://www.ekipa.mk/News.aspx?newsId=405
 
М

Мартин`

Гостин
Браво добар текст, ама за последното може да го сменат мислењето.. пари и се е можно ќе не шитнат :icon_lol:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.618
Поени од реакции
10.876
Се ок, ама дека ќе играат еден ден во прв тим на реал/барса е смешно :icon_mrgr:
 
Член од
31 август 2008
Мислења
1.853
Поени од реакции
815
Се ок, ама дека ќе играат еден ден во прв тим на реал/барса е смешно :icon_mrgr:
За помалиот, Дориан, не знам ништо така што нема да зборам.

Ама Давид колку толку следам што прави затоа што ги следам и младинските тимови на Барса.
Како што знам беше капитен на јувенил Б, а од лани е префрлен во јувенил А тимот на Барса што е еден чекор пред првиот професионален тим т.е. Барселона Б.

Редовно играше заедно со Рафа Алкантара (брат на Тигао) и Жерар Делофеу(сега во Барса Б). Летово исто беше повикан да тренира заедно со првиот тим под раководство на Пеп.

Не знам дали ќе стане доволно добар за да биде во првите 11 на Барселона. Ама дефинитивно ќе биде меѓу најдобрите плејмејкери на неговата генерација ако продолжи вака.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.123
Поени од реакции
20.988

Се ок, ама дека ќе играат еден ден во прв тим на реал/барса е смешно :icon_mrgr:
Да, смешно е. И јас секогаш се смеам го кога читам ова, ама од среќа и задоволство.
За Дориан не знам, он не се проби во Барса, па сега среќата ќе си ја бара во послаб клуб. :LOL: шала
А, Давид носеше 10ка лани во Јувенил Б, сега е во Јувенил А и е во подобрите играчи на неговата генерација во Барса. Пред околу еден месец тренираше со Гвардиола, заедно со Меси. :)
 

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
И ного други млади деца да беа родени у Англија или Шпанија ќе беа „ѕвезди“ как браќата Бабунски. Штета шо не се раѓаме там...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom