Семеен проблем

Член од
29 март 2013
Мислења
4.653
Поени од реакции
4.502
Каков совет му даде бе другар алал да ти е. Замисли да работел со член од твоето семејство или твој близок, па да го послушал твојот совет и да му ја стегнел една!
Му кажав јас каде треба да ја исфрлува нервозата - теретана или бокс, уште еден плус со тоа е што ќе добие на социјализација и дружење со повеќе луѓе и е одлична работа за да се излувтираш и смениш мислењето после тензичен ден, тоа важи за секој човек.
Или нека стави боксерска вреќа во подрум па нека ја млати цел ден ако му се удира.
Па да бидам искрен... да знам дека морам некаде да се испразнам, пре би се празнел на тоа гуштерите од работа отколку дома на моите... :icon_mrgr:

Шала настрана. Очигледно кај дечково не е проблем вишок енергија што го советувате за боксерска вреќа во подрум.
Типов афектно реагира, не се контролира и потоа се кае.
Млад е, има време да се испегла. Само му треба помош од околината, многу е млад за сам да се справи со ова.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Не се согласувам со тоа дека треба да си фатиш девојка, можеби до одреден степен и ќе се смириш, ама постои ризик, при оваа твоја неконтрола на бесот да го манифестираш врз неа. Па и физичкото насилство не е исклучено.

Мора да најдеш работа. Било што. Стекни (нови) вештини и квалификации, колку да ти бидат одреден мост за некое друго подобро работно место. Работа, за ниската стручна спрема, во секое време има.

Потоа најди си хоби кое физички ќе те потроши. Пешачењето е ок, за старт, ама земи нешто каде ме можеш да се издуваш, како бокс на пример.

Мислањета како "слушај музика и ќе помине" или селф хелп книгите кои започнуваат со "ти си поток" се безвредни.

Ти треба рол модел во животот, ти треба фигура на татко која ќе воспостави авторитет (иако тој воз можеби е веќе отиден), ти треба човек од водерба и треба со некого сериозно да седнеш и да поразговараш (другар). Можеби и стручна помош, како психијатар. Голем проблем е тоа што си дигнал рака на твоите блиски, но постои можност, при ваква твоја состојба, истото да се повтори. Дури и да е афект, истото нема начин да се оправда. Маж не крева рака на жена. Имај го тоа на ум.

Млад си и носиш голем терет. Социјалниот аспект од животот секогаш се надокнадува. Тука не си загубил многу. И професионалниот, малку потешко, но се надокнадува. Но, батко, ако сакаш да си го вратиш животот во колосек, ќе мора да покажеш иницијатива, волја за промени. Истата мора да започне од тебе.

Не се правдај, не се објаснувај многу, читај и размислувај за сите критики (позитивни/негативни) кон тебе, за состојбата во која се наоѓаш и за излезните решенија. :)
...со 22 год да бараш пари од татко ти да купиш маска за ајфон, кога тоа треба ти да го спеќалиш и нему да му дадеш, многу важен момент да давање пари за маска на телефон :facepalm:
Чисто ме интересира што си работела ти на 22, кога медицинскиот се завршува на 24-26! Претпоставувам, и да си работела, си заработувала многу па парите да ги делиш и со твоите дома! :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.563
Чисто ме интересира што си работела ти на 22, кога медицинскиот се завршува на 24-26! Претпоставувам, и да си работела, си заработувала многу па парите да ги делиш и со твоите дома! :)
...спортски хонорари, парични награди со учество во разни конкурси, држење презентации и предавање за хербални препарати, аеробик фитнес инструктор, дома не сум делила пари можеби понекогаш, ама денар не сум побарала за ништо и од никого, задоволен? :kafence:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.563
Не. Сега не си делела или можеби понекогаш си делела? Не разбирам. :)
...не знаеме Тошо од кој град е да му најдеме подобра работа, а не на каса со 6000 денари,а да прави промет од 200000,
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Lad, накратко тука ти кажаа како да мрднеш од „мртвава“ точка. У принцип, сите вакви ситуации кои за среќа се' уште се акутни и има шанса да се средат, се започнуваат со одредена промена на начин на живот. Кај тебе глеам дека покажуваш знаци со тоа што си свесен се' уште за сопствените грешки и најбитно сакаш да ги промениш.
Брзиот начин на живот изискува голема желба работите брзо да си дојдат на свое место што за жал во никој случај не се возможни брзи трајни решенија. Што понатака гради додатни фрустрации, нервози, агресија, итн. Тука лежи целиот проблем. Клучот е - дај си време. Но тоа не значи да се ставиш у лер и да тераш каде што патот те води. Туку почни да работиш на себе, дел по дел. Не на сто фронта па да се губиш, туку прво... временски да се организираш. Денот да го направиш онака колку максимум да извлечеш од него.
Сите ти спомнаа за наоѓање работа па така и јас се сложувам со истото. Работниот ангажман ти го ускратува преголемото слободно време кое во најголем број случаи изродува депресивни мисли (јер си во такво поднебје и аура). За парите да не праам муабет. Исклучително битни, секогаш.
Со работниот ангажман си во контакт со луѓе кои можат да ти помогнат понатаму да се доизградиш како личност. Па во нив, еден да ти се најде како „Roll model“ како што погоре спомна некој. Седењето дома не изродува никакви пријателства, чак што више ги губиш и постоечките. Јер пошто-пото ќе станеш тема за разговор во друштвото како мрзлива и тотално неодговорна личност.
Кога веќе ќе стапиш во некаков контакт со нови луѓе, извади го максимумот вашата дружба. „Купувај“ информации со муабет, имплементирај нешто позитивно од нивното искуство кај себе. Све ова step by step.
Хоби. Битно е како другата страна на работниот ангажман. Ако успееш да го имплементираш во него, аферим. Но во 90% од случаите не е така, па да не ти давам лажна надеж, најди си некакво хоби кое би те отргнало од домашната ситуација. Сите спомињаат теретани, боксови, трчања - ваљда си по ваквиве ствари, но има и мал милион други хобија кај кои можеби изненадувачки ќе се пронајдеш. Како и да е, суштината на хобито е таа. Да те врати во баланс меѓу стресот на работниот ангажман и слобоното време што го имаш после работа.
Проблемот со физичкиот ексцес ќе те прогања и понатаму, но битно е да си речеш дека тоа е минато свршено време и дека нема да се повтори. Мој совет ти е што помал физички контакт со твоите (ако можеш да си дозволиш) а што повеќе да се свртиш на себе. Не сеа да се претвориш во целосен странец или да бегаш од одговорност, но освен ако им е потребна твојата присутност како помош, не ги фермај. Со тек на време ќе се зближиш, кога твоето отсуство ќе го (од)засити твоето сегашно моментално присуство. (пак муабетот од погоре со преголемото слободно време и негативната аура).
Се' ова треба да го имплементираш чекор по чекор и тоа без ронка сомневање дека никогаш нема да успее. Затоа е препорачливо првите чекори да бидат баш „бебешки“. Оттука и оноа погоре - Дај си време.
Со среќа.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Se raboti za mene ..Poslednive 3ipol godini zivotot mi bese vo mnogu lose sostojba,raskinav so zenskata,se skarav so drugarite I uste mnogu neubavi raboti mi se ispodesija..pocnav da rab:pos::pos::pos:asfrlano dole so smetki,I da e kje go iscistev...dve godini go rabotev toa ne mozev povekje da go podnesam toa od koleskite sto stalno ne I'm cinev a nitu gi vregjav nitu se raspravav so niv duri I rabotev za 3 kako niv niv.. nemozev toa vekje da go trpam I dadov otkaz.retko koga se vrakjav doma srekjen toa e nebitno vo momentov,ja napustiv rabotata,vo posledno vreme sekoja sitnica me nervira,pa duri I od majka mi I od brat mi,taka sto deneska gi udriv I majka mi I brat mi i ne e prv pat I pominav sekoja granica,vo momentot eksplodiruvam a posle nemozam vo oci da go poglednam,gi pominav site granici,tepam majka I brat I se sramam od Samiot sebe ,a bez niv bi umrel ne bi izdrzal vo zivot ni mesec dena zatoa ve molam dajte mi sovet ako znaete ili pisete bile sto bez razlika kakov I odgovor da mi Dadete,sto bilo sto treba kje napravam,ve molam neznam kaj ke teram vaka ke se ispoubieme megju sebe doma,neznam kaj teram vaka I I sto pravam vaka..POMOGNETE LUGJEE VE MOLAMM KOJ ZNAEEE VE MOLAMMM BILO STO KAZETE KJE NAPRAVAM,NEJKAM VEKJE OVA DA GO PRAVAM NEZNAM STO DA PREVZEMAM KAKO DA SE STOPIRAM
Проблемов не е семеен личен е. Барем од ова што си го напишал ти си проблемот и јасно ти е тоа, што реално е добар чекор напред.

Во врска со идеајата дека за работа треба да даваш 200% , поготово механичка работа на каса :pos::pos::pos: барем да беше некоја уметника или креативна работа ќе речев ајде барем си ја сака работата(што е можно и за работа на каса ама малку веројатно)

Дома какви муабети имаш не знам, но гледај да ја средиш работата со муабет и разбирање, а воедно гледај што побрзо да живееш сам.

Немањето пари е еден од суштинските извори за многу проблеми во многу домови поготово на оваа немаштија во Македонија.

Колку побрзо толку подобро стани финансиски стабилен, не барај пари од дома и стани независен.

Мој совет ти е да бараш занаетчиска работа, водоинсталатер или лепач на плочки ти се две професии што според мене се предобро платени со оглед на тоа колку малку труд, талент и искуство се бара.

Работењето на каса е ок, ако во моментот немаш подобро опција, но две години се премногу време.

Ќе наведам и неколку други работи што се донекаде самообјаснувачки ама вреди да се спомнат.

Нема замена за здрава исхрана, спорт и добро расположение/mindset.

Навиките го прават човекот.

Еве отприлика навики за еден ден.

Доволно сон 8+ часови.(Некои луѓе си имаат дремки преку ден, а спијат помалку навечер)
Истегнување после будење.
Медитација.
Миење заби(барем 2-ти на ден)
Учи нов јазик 20 минути на ден(Duolingо бесплатна апликација)
Појадок, Ручек, Вечера плус овошје за дополнителна енергија(избегнувај чипсови и други срања)
Читај 20 страници на ден
Алтернатива: Слушај Книга
(има бесплатни книги и аудио книги на нет)
Вежбање 2-3 пати неделно
Туширање и лична хигиена.

П.С Ако не се сакаш себе си нема да можат и другите да те сакаат
П.С2 Пишувај кирилица и оставај простор измеѓу пасуси.
П.С3 Со среќа
 
Член од
12 октомври 2021
Мислења
50
Поени од реакции
53
:cautious: Го отепавте со советите, нема си што

Дечкото очигледно си има проблем, а со него и неговата фамилија.
Наместо да застане на чело на фамилијата, која што изгубила еден член, тој фатил да ги тепа :unsure:
Каква црна теретана, какво шетање, под итно му требаат две работи, да заработи доволно да си ги врати долговите и кон банка и кон своите.
Најди си една работа, не туку стенкај дека е тешко туку работи и не туку ги обвинувај другите, проблемот е во тебе и твоето гледиште.

Твоите ништо не ти се должни, ни леб да те хранат, ни дома да седиш за безпари, а не пак куни за телефон да ти даваат. Должен си ти, машко, да запрчиш ракавите и да застанеш на чело, да заработиш, да донесеш дома.
Ако татко ти има проблем со алкохолот, тоа што и ти ќе тепаш низ дома нема да помогне.
Фати заработи, излези дворот среди го, ако е стан земи исчисти, зготви, појди некаде келнер пола работно време и парите дај ги на мајка ти или купи и некој подарок, нели велиш многу ја сакаш. Купи нешто за дома, промени нешто, почни да се понашаш нормално, не ги обвинувај другите за твојот живот. Научи да преќутуваш, оти и ти не си прав, прво да клекнеш на колена пред мајка ти и прошка да и бараш.

Под итно две работи да си најдеш, макар за ич пари да се, тоа слободно време те убива, полека, но сигурно
 
Член од
20 април 2021
Мислења
4
Поени од реакции
13
Pocni za pocetok recnikot da go popravis koga si zemas za sloboda za roden brat retardiran da pisuvas stvaras odbivnost vo istiot Moment nekoj da ti pomogne… imas majka bespomosna Sto neznae kako da ti pomogne a ti so edna rabota ne si I dal do znaenje deka pocit imas I edna pricina za radost ne si I donesol tuku bash sprotivnoto zenata imala tezok period vo poslednite godini I ti uste tolku doprinesuvas. Tatko ti pie ne e vo red toa ama mislis deka Sto ke mu go trgnes pivoto ke prekine da pie? Pricinite zasto pie sigurno se mnogu ama dete da ti pocine pred tebe e najloso nesto I nikoj ne treba toa da dozivee I mesto da ti se raduva ti se sprotivno pravis… brat imas I se vide po samoto pisuvanje deka nekoj sram osekjas I nego ne si mu dal niedna pricina radosen da bide… ne ti treba sport ne ti treba teretana si se zaprasal zasto tatko ti da ti dade poslednite pari za da kupis maska koga ama bas so nisto ne si zasluzil? Mozam dolgo da napisam ama rastes sozrevas i nikako da vidis deka problemot e kaj tebe a ne kaj drugite? zenskata ne si ja sakal nego samo taa bila realno mislis nekoja so dva grama mozok nema da te primeti Sto profil na covek si uste na prvo kafe? Bidi realen so sebe psiholog ne ti treba izguben si vo prostorot I neznaes koj pat da go fatis… te navredile na rabotno mesto ? Dobredojde vo realniot svet… I sega celo vreme Se vrtis vo Krug neznaes Sto da pravis finansiski problemi gazat se povekje nemas sovet od kogo da dobies I posledno e forum… iskustvo zivotno ne sakas da sobiras drustven ne si I mislis ke pomogne setanjeto? Nekoj spomna familija da oformis pa ti tepas po Doma familija uste edna uste ti fali … soberi se mlad si pocni turbo so rabota popravi recnikot nauci da komunicirash so lugje I sekoj ke te saka a ne prva prilika tepackite… zemi raboti obrazuvaj se Daj im pricina doma da se raduvaat a ne po kej da setash da iscistish misli zasto nekoja vo nekoj market ti se razvikala… vikas 22 imas nikakvi probpemi se ova se resava tek pocetok na zivotot ti e Sto mislis da pravis mnogu poseriozni probpemi koga ke dojdat? Ne ocekuvaj mnogu pomos nikoj ne moze da ti pomogne kako Sto mozes ti sam na sebe… Sto se odnesuva do psiholog oni bi ti viknale pop da te cadi od vnatresni demoni nisto povekje… sekoe dobro I kazi pokonkretno za sovet ako ima nesto
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Најлошите совети што сум ги добил од моите.
1. Глеј пари да ти даваат за тоа што правиш
2. Не слушај жена
3. Остани во професијата
4. Не читај "глупости"
5. Не мисли на тоа
6. Улижувај се на луѓе
7. Глеј да најдеш стабилна работа
8. Не се дружи со било кој
9. Глеј да те почитуваат
10. Битен ти е изгледот
11. Држи до достоинство
12. Купи кола


Тоа научив до сега.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Му ебавте матер на чоекот, ќе грабне ќе се претепа сам себе од мука коа ќе прочита што све треба да праи. А се знае што треба, да си отиде у најблиската станица да си се самопријави за семејно насиље, да си одлежи некој месец до година. Ем ќе ојача физички со ќутеци ем ќе научи занат некој. Може и девојка ќе си фати или ќе биде нечија. Ќе има време и да медитира и да се моли. Вака надвор, ништо од ова нема да напраи, џабе арчите тастарура.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Му ебавте матер на чоекот, ќе грабне ќе се претепа сам себе од мука коа ќе прочита што све треба да праи. А се знае што треба, да си отиде у најблиската станица да си се самопријави за семејно насиље, да си одлежи некој месец до година. Ем ќе ојача физички со ќутеци ем ќе научи занат некој. Може и девојка ќе си фати или ќе биде нечија. Ќе има време и да медитира и да се моли. Вака надвор, ништо од ова нема да напраи, џабе арчите тастарура.
Знам фаци како оваа од основно. И сите вака завршија. А ме заебаваа и закачаа. Очигледно беа во право наставничките.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Знам фаци како оваа од основно. И сите вака завршија. А ме заебаваа и закачаа. Очигледно беа во право наставничките.
Советиве што му ги давате се за лечење анксиозност, тинејџерска депресија и панични напади. Дечкото отишол више у крајност која единствено се контролира со КПД. Ова советиве ко сида да лечиме со чорапи у оцет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom