Види се‘а; кога мене ме учеа историја, учев дека Црквата, без да биде наведено „која„, ги мачела и палела сите нејзини неистомисленици, попут веќе познатиот Бруно. Во спротивно, ако не знаеме која е таа „црква„, ќе се најдеме во ситуација според која адвентистичката „црква„ во запалила Бруно, оти Бруно не ја почитувал саботата.
Така, ако Црквата веќе жарела и палела, треба да биде јасно која е таа Црква која чинела такви дејанија.
Во 2006-тата г., монашкото братство од Света Гора му упати на патријархот Вартоломеј едно долго и детаљано писмо, во кое монасите наведуваат листа од причини, ради кои Вартоломеј не смее да биде близок со тогашниот Папа Рацингер.
Листата ги содржи сите злодела, кои се сторени од страна на римската Црква во минативе 5 векови, и кои (злодела) се историски познати (!), така, кога веќе изнесуваш факти, нека бидат истите точни и проверени.
И конечно, вистината не може да биде „најверојатна„, оти не зборуваме за статистичка можност и веројатност, туку за совпаѓање на теоријата со праксата.