Секакви рецепти

A

AnFem

Гостин
Ах!
Прво оплескав кога не сум го подмачкала калапот.
После тоа кога го извадив прерано, на површина веќе оформена кора, одвнатре течно (јеби га, ме излажа чепкалката)... Ми се истури врз чинијата при неуспешниот обид да го превртам, го вратив некако и го оставив да се пече, е сега површината, т.е. долниот дел е крцкав. Абе се јаде некако, ама и јас немам искуство со овакви работи, така да ќе си знам за друг пат.

Фала на советите.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
За нареден пат ќе ти биде како што треба и мој совет ти е, да го печеш еден саат на таа температура ( 150 степени ) и откако ќе го исклучиш шпоретот остави го внатре уште 15 минути. Нема да имаш утка.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Ајде форумџии ми иде слава, па препорачајте некој рецепт за салата еве на пример. ;)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Домашен бурек

Потребни состојки:
- 500 гр. готови кори (по можност подебели)
- 300 гр. сирење
- 200 гр. солена урда
- 300 мл. кисела вода
- 125 мл. зејтин
- пола лажиче сол
- 50 гр. маргарин кристал

Подготовка:
Во подлабок сад измешајте го зејтинот со киселата вода и посолете (ако ви е многу солено сирењето пазете да не пресолите). Сирењето издробете го со вилушка и измешајте го заедно со урдата.Округлата тава за печење намачкајте ја убаво со маргарин (долу и странично намрсете за да не ви се залепи).
Ставете две кори (една по една ги ставате) на кои треба краевите да им излегуваат од тавата и попрскајте со течноста (зејтин и кисела вода). Остатокот кори поделете го во групи од по три кори. Земете три кори, ставете ги во тавата една преку друга, така што ќе ги згужвате за да ги собере, а врз третата кора ставете малку од издробеното сирење и урда. Повторете ја постапката и со останатите кори, освен со последните 3. Првата од последните три кори изгужвајте ја во тепсијата и попрскајте ја со течноста. Врз неа ставете ја претпоследната кора и исто така попрскајте ја и ставете го остатокот од сирењето. Ставете ја и последната кора и неа попрскајте ја со мешавината од зејтин и кисела вода.Краевите од првите две кори кои излегуваат од тавата превиткајте ги кон последните кори - затварајќи го бурекот и попрскајте со остатокот од течноста.
Печете во загреана рерна на 200 степени 30 минути т.е додека не порумени. Кога ќе биде готов бурекот, превртете го во тава со иста големина.
Наздравје :)
п.с.Постапката е иста и за друг фил, само доколку правите бурек со месо внимавајте да не претерате со зејтин.



 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Потврдувам дека ова погоре е најдобриот бурек што некогаш сум го јадел :D
 
T

Tetro

Гостин
Squash кавијар

Состав:

  • Тиквички - 2 парчиња големи. (или 3 помали парчиња)
  • Блага пиперка - 4 парчиња.
  • Кромид - 4-5 парчиња.
  • Моркови - 4-5 парчиња.
  • Лук - 3-4 чешниња лук.
  • Доматен сос - 6 супени лажици.
  • Растително масло - 100g.
  • Вински оцет - 100g.
  • Билки (босилек, магдонос,...) - по вкус.
  • Сол - 2 лажици.
  • Шеќер - 5-6 супени лажици.
Подготовка:

Најпрво добро измијте го зеленчукот, отстранете ги семињата и лушпите, свежите билки (босилек, магдонос,...) ситно се сецкаат,.... Сето тоа се мели во машинка за мелење месо.
Ставете го целиот зеленчук во поголем сад (5 литри), на тивок оган со најмала можна температура околу 1,5-2 часа, мешајќи постојано.

.

Експериментирајки малку во кујната, составот можете да го менувате по ваш вкус.

 
Последно уредено од модератор:
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Топло чоколадо

300мл.млеко
100гр.темно чоколадо
1 лажица густин

начин на правење
Млекото се става на шпорет да зоврие,се топи чоколадото.
1 лажица густин се разматува со малку вода и постепено се додава во млекото и чоколадото.
Многу е убаво и брзо за спремање.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Момачко печење
( печено мелено месо )
Овој рецепт го измислив, пред 30 години, за самци или мали семејства, кои не можат да направат вистинско печење.

Потребни продукти:
400 грама, мелено месо
1,5 килограми компири
1 мала лажица, мелен црвен пипер
5 грама, мелен црн пипер
30 грама масло за јадење
сол,

Ги лупиме компирите, миеме, сечеме на парчиња и редиме во тавче број 32.
Ги посолуваме, го додаваме црвениот пипер, сол, маслото за јадење и околу еден литар вода ( компирите да бидат скоро целите во вода ) Компирите и смесата ги промешуваме и оставаме еден час да стојат за да компирите упијат од смесата.
Меленото месо, го посолуваме, запипериваме со црн пипер и од месото формираме „ салама “ долга 15 сантиметра.
Месото го ставаме во тавата со компири ( да лежи на дното од тавата ) и печеме час и половина на температура од 160 степени, повремено мешајќи.
Кога течноста ќе испари, печењето е готово.
Се сервира топло, со салата од пресна зелка.
Не е нешто посебно, ама е вкусно.
Добар апетит!
.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
^^
Мене ми личи дека е вкусно, ама не е премногу 400 гр. месо и 1.5 кг компири за самец да го изеди ова?:confused:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
^^
Мене ми личи дека е вкусно, ама не е премногу 400 гр. месо и 1.5 кг компири за самец да го изеди ова?:confused:
Oд двапати, за ручек и за вечера... А може и да покани некоја самица.
 
П

Пепси_

Гостин
Секси салата

Продукти:
мандарини,јаболки,банани,мед,чоколаден прелив и неколку бадеми/ореви.

Подготовка:
Ги ставаме лупените мандарини во сад,потоа сецканите јаболки на коцки и на крај бананите. (количината на истите е по желба). Потоа ставаме околу 2-3 големи лажици мед и добро промешуваме,врз медот се става од чоколадниот прелив,и на крај се ренда од бадемите/оревите.

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ќофте на кромид
( за три лица )

Потребни продукти:
1,5 килограми кромид
0,5 килограми домати или томатело пасиран парадајз
400 грама мелено месо
масло за јадење 30 грама
црн пипер
сол.

Кромидот го чистиме и сечеме не многу ситно. Исечениот кромид го ставаме во поклопено тенџере, заедно со маслото ( без додабање на вода ), да се динста на умерен оган.
Кога кромидот ќе омекне, посолуваме и ги додаваме доматите, претходно излупени и исечини на коцки ( зимно време, томатело )
По, уште, 15 минути, кромидот и доматите ги префрламе во тава за рерна.
Во меленото месо, додаваме сол и црн пипер и формираме 6 ќофтиња.
Ќофтињата ги ставаме врз кромидот во тавата и тавата ја ставаме во рерна да се потпече на 160 степени, околу еден час.
На половина печење, ќофтињата ги превртуваме.
Кога, ќофињата ќе поруменат, а кромидот добие коричка, јадењето е готово.
Ова е стар рецепт .
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Освежителна салата

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 грама Шунка
100 грама Сирење
400 грама Макарони
100 грама Мајонез
400 грама Кисели краставички
200 грама Кисела павлака
100 милилитри Јогурт
4 Јајца/це

Макароните сварете ги во малку насолена вода. Исцедете ги и веднаш измијте со ладна вода. Оставете ги во цедалка. Јајцата излупете ги, ситно исечкајте ги и шунката и сирењето.

Во длабок сад ставете ги макароните , додајте им ги јајцата, шунката и сирењето. Киселите краставички ситно исечкајте ги, малку истискајте ги со раце и додајте во садот.

Посебно измешајте ги состојките за преливот, полијте ја салатата, измешајте и оставете во фрижидер до служење.

Вчера ја направив по втор пат и моментално ја јадам. Кој пробал, знае.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom