Сезона 2013/2014

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Чепкав нешто по имдб, отидов на страницата за Тони Колет и налетав на ова.
Делува cheesy некако, ама исто ми се гледа како да има шанса да биде некоја нова верзија на Homeland. Јас ќе и дадам шанса, после разочарувањето од Following и посебно од Hannibal, следно во ова имам надеж. Плус и актерскава екипа е повеќе од солидна.
 

Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Касап направија со серииве, се живо диво испоукинаа или завршија колку да се рече дека дека ја откачиле.
Go on, 666 Park Avenue, Deception, The new normal што не заслужуваа да се укинат не заслужуваа.
Ма да штом АБЦ фамили почна да се кур*и и укина 2-3 серии што да кажам за другиве канали.
Ај барем да ги заменат си подобри од нив.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Па освен за Go On, за другиве ич не ми е криво :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Еве на што ќе фрлам око од новиве/продолжам од старите.
Есен 2013

 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Стартуваше првата нова серија од претстојната сезона, и помина импресивно.
Премиерата на Sleepy Hollow забележа 3.4 рејтинг и 10.05 милиони гледаност!

Финалето на Under the Dome заработи исто така фантастични 2.8 рејтинг и 11.84 милиони гледаност!

http://tvbythenumbers.zap2it.com/2013/09/17/tv-ratings-monday-huge-premiere-for-sleepy-hollow-under-the-dome-finale-soars-solid-returns-for-bones-dancing-with-the-stars/202879/
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Касап направија со серииве, се живо диво испоукинаа или завршија колку да се рече дека дека ја откачиле.
Go on, 666 Park Avenue, Deception, The new normal што не заслужуваа да се укинат не заслужуваа.
Ма да штом АБЦ фамили почна да се кур*и и укина 2-3 серии што да кажам за другиве канали.
Ај барем да ги заменат си подобри од нив.

Серии од 2-та класа, што очекуваше? има милион подобри од овие кои се активни во моментов, ти си се фатил/а за просечни, а од друга страна имаш серии како The Killing, Breaking Bad, The Fall, Homeland, GOT....кои се кладам дека не ги гледаш, или барем голем дел од нив не со сигурност.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
И официјално започна новата телевизиска сезона 2013/2014 во САД. Ваква беше гледаноста за првиот ден (првите бројки се 18-49 рејтинг, вторите се вкупна гледаност во милиони):

ABC
Dancing with the Stars - 2.3 / 13.57
Castle - 2.2 / 11.46

CBS
How I Met Your Mother - 3.7 / 9.40
2 Broke Girls - 2.8 / 8.88
Mom - 2.5 / 7.99
Hostages - 1.8 / 7.41

NBC
The Voice - 5.1 / 14.98
The Blacklist - 3.8 / 12.58

FOX
Bones - 1.9 / 6.74
Sleepy Hollow - 3.1 / 8.59

-----

NBC победи во првиот ден благодарение на извонредниот старт на 5-тата сезона на The Voice, како и на пилотот на една од најхајпуваните серии за сезонава, The Blacklist.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Огромна конкуренција во вторник. Премиерата на Marvel's Agents of S.H.I.E.L.D. забележа најголема гледаност на пилот на драмска серија, по онаа на V во 2009-та. NBC и понатаму доминантна телевизиска мрежа благодарение на The Voice и премиерата на втората сезона на Chicago Fire.

Премиерата на 11-тата сезона на NCIS беше најгледана во вкупна гледаност и надмина 20 милиони гледачи.

 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Телевизиите можат да бидат задоволни сега за сега, а и по квалитет има неколку што се издвојуваат. Од сите изгледани Sleepy Hollow и Brooklyn Nine-Nine сега засега по две епизоди уште ми го држат вниманието. S.H.I.E.L.D не е серија за мене, мразам суперхерои. Blacklist имаше ОК пилот, ќе видиме втора епизода.

Hostages слушнав дека е ужасна.

Некој да не ги изгледа Mom и Trophy Wife?
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Некој да не ги изгледа Mom и Trophy Wife?

Ги немам изгледано, ама доста гледачи по форумите велат дека биле пријатно изненадени и од двете, иако очекувале да бидат лоши, базирано на трејлерите.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
NCIS и NCIS:LA имаа феноменален старт, заслужена им е гледаноста, среќна сум! :D Да видам уште како Criminal Minds ќе ми помине утре. :D New Girl не ме изненадува што има мала гледаност, тапа некако овие две епизоди...:confused: Досадни до даска. Очекував подобро од Ник и Џес.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Ми се допаѓа Blacklist, се надевам дека со наредните епизоди приказната ќе биде подобра, како и глумата.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Во премиерната среда, најгледана серија беше Modern Family, но со огромен пад во споредба со минатосезонската премиера. Најголемо изненадување на вечерта е гледаноста на Law & Order: Special Victims Unit, која имаше најгледана епизода во 2,5 години.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom