Сезона 2013/2014

Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Во премиерниот четврток, The Big Bang Theory апсолутно ја сруши конкуренцијата, додека новиот ситком на Робин Вилијамс го победи оној на Мајкл Џеј Фокс во гледаност.

 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Е вака накратко тоа што гледав од новите неделава па што како ми изгледа според пилотите.

Brooklyn Nine-Nine - најдобар ситком дефинитивно. После многуте кои ги изгледав (дури да! и кам-бекот на Modern Family ми изгледаше послабо од овој нов хит). Едино што ме плаши се пониските рејтинзи на втората епизода, но се надевам ќе се држи добро и ќе успее. Откачени ликови, добар хумор (ништо претерано исфорсиран). Засега најдобро од изгледаното.

The Crazy Ones - новата комедија со Робин Вилијамс. Добра е, имаше интересни фори, доволно добро да се продолжи и да се ѕирне и втората епизода. Секако тука е и Сара Мишел Гелар, нејзиното враќање во серии што е уште еден голем плус. Можно е да излезе нешто добро натаки.

The Michael J. Fox Show - очекував многу од враќањето на Мајкл. Ништо посебно, едина светла точка е Мајкл и неговата сестра, децата тапа. Онака, третата епизода изгледа ќе ми биде пресудна дали ќе се продолже.

Sleepy Hollow - да е квалитетно не е ни малку, да е нешто невидено, не е, да е забавно Е и тоа како. Има доста нелогичности во приказната, премногу дупки така да не е за ептен фалби, ама само поради тоа што ме држи зад екранот и е интересно би продолжил да ја гледам. Е да, единствено преглупо ми беше што Икабод премногу брзо се навикна на 21 век век, доооста глупо.

The Blacklist - ќе се ѕирне и овде втората епизода за да се пресуди дали ќе се продолжи. Доста trashy беше пилотот, забавен по малку, клише и веќе видено. Онака. Не очекував и нешто кој знае што.

Agents of S.H.I.E.L.D - апсолутно не е за мене. Суперхерои, натприродни моќи и триста други тракаталци. Само Бетмен ми е гледан од хероите, и ништо друго. Секоја адаптација на стрип за мене е набилдано парче срање и преценето, било да е филм, било да е ТВ реализација што ми е страв дека ќе земе голем замав наскоро и адаптирањето во тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
The Hundred кога треба да почне?
 

Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Серии од 2-та класа, што очекуваше? има милион подобри од овие кои се активни во моментов, ти си се фатил/а за просечни, а од друга страна имаш серии како The Killing, Breaking Bad, The Fall, Homeland, GOT....кои се кладам дека не ги гледаш, или барем голем дел од нив не со сигурност.
Гледам Хоуммленд и Гот ја почнав!
Втора, втора, има и серии од трета класа што сеуште остојуваат на никому ништо.


Мене новиве комедии ми се чисто сра*е, можда само Д крејзи онс заради Робин да и дадам пралазна, другото ми навистина за плачање не за смеење.
Од драмите, единствено ме освои Д блек лист-мене ми е одлична како за почеток.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Гледам Хуммленд и Гот ја почнав!
Втора, втора, има и серии од трета класа што сеуште остојуваат на никому ништо.

Секако, има и од 3 - класа, но прашањето е зошто да се гледаат од 2 класа, кога можеш да гледаш од прва?
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Sleepy Hollow и The Blacklist засега се покажаа како најуспешни нови серии.

Sleepy Hollow по изненадувачки високата гледаност за FOX по првите три епизоди, беше обновена за втора сезона. Првата сезона ќе содржи само 13 епизоди, бидејќи нејзиниот термин во зимскиот период ќе биде зафатен од втората сезона на минатосезонскиот хит The Following. Втората сезона на Sleepy Hollow продолжува од наредната есен.

The Blacklist доби целосна сезона од NBC, односно покрај основните 13 епизоди, доби нарачка од дополнителни 9 (што значи дека сезоната ќе содржи 22 епизоди). Првите три епизоди имаат одлична гледаност од над 11 милиони гледачи, а серијата руши рекорди и во снимања на DVR. Па така, првите две епизоди во гледаност во која се вклучени и снимањата на DVR имаат просек од 16.7 милиони гледачи, што е најголема бројка за нова серија на NBC (по емитувани две епизоди) уште од Providence емитувана во 1999-тата година.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Премиерата на четвртата сезона на The Walking Dead ги стави сите серии на националните телевизии во огромна сенка.

16.1 милиони гледачи и 8.1 рејтинг ја направи The Walking Dead убедливо најгледана серија во 18-49 и веројатно најдобро рангирана драмска серија уште од златните денови на House и Grey's Anatomy пред неколку години. Навистина неверојатно! И тоа за серија на кабелска телевизија!
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Трите најдобри ситкоми за 2013/2014 според мене (Brooklyn Nine-Nine; The Millers; The Crazy Ones) добија целосни сезони! Сега уште да чекаме изјава до мај за обнова за втори сезони! :свиркам:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ironside ми е единствено изгледана од новиве серии, солидна серија и една чиста 7ка има од мене. Предложете сега уште некоја нова драма да се гледа.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Ironside ми е единствено изгледана од новиве серии, солидна серија и една чиста 7ка има од мене. Предложете сега уште некоја нова драма да се гледа.

Ironside преживеа само 4 епизоди и веќе е укината.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Многу лоша гледаност и губење на истата од епизода во епизода.
е да паѓаше гледаноста. во велика британија првата епизода ја гледаа 6 милиони, последната (4) 3 милиони гледачи. ебати логиката не се ни чудам зошто ја укинале. како и да е, штета.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
The Blacklist официјално е обновена од NBC за втора сезона (втора нова серија која е обновена по Sleepy Hollow од страна на FOX)!

Инаку серијата има бомбастичен рејтинг и гледаност во САД и се стреми да стане една од следните големи американски драмски серии, ако продолжи со вакво темпо.

http://tvbythenumbers.zap2it.com/2013/12/03/the-blacklist-renewed-by-nbc-for-second-season/219888/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom