Северна Република или Република Северна - што мисли дијаспората!

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
З,
глобално бе пријателе... Глобално.

Ако не грешев, ќе имавме резлутати (како тој во заградата прееска споменат).

Пак, не сакам да навредам никој кој живее надвор а трга исти маки ко нас, и тој некој не е еден - илјадници се - ама некако, подзаборавиле што значи делување на терен, користење позиции....

Знам дека имаме многу „дијаспорци“ (МАКЕДОНЦИ) кои прават и повеќе него што можат. И токму во нив полагам надеж дека ќе ја анимираат толпата надвор...барем за ДРЖАВНИТЕ ИНТЕРЕСИ.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
И јас сум за тоа дека може многу повеќе да се стори. Точно е дека има Македонци кои ама ич не ги заболело за Македонија , ама браќа мои , такви ги има многу повеќе од колку што треба во самата наша држава Македонија, па нормално и привремени печалбари и Македонски иселеници, па и Македонци кои не се родени во Македонија.
Зошто не се огледаме на Израелците, иако не ми се допаѓаат како култура и нација премногу (кој ме прашува мене).Го спомнав Израел бидејќи е мала земја со многу иселеници и бизнисмени.
Земете ја и Кина како пример ако сакате - колку таа напредна во последните 20 - 30 години.
И двете имаат печалбари кои се горди на своите домови и работат за сопствено добро ама и за доброто на својата Татковина!
Доколку секој еден успешен Македонски бизнисмен отвори по една мала фирма во Р. Македонија , јас мислам дека за неколку години нема да имаме ниту еден невработен во Македонија. Ама тој „газда“ да не мисли на својот ќар и како лесно може да ги експлоатира сопствените сиромашни и очајни Македонци.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Ама тој „газда“ да не мисли на својот ќар и како лесно може да ги експлоатира сопствените сиромашни и очајни Македонци.

Тогаш не би бил Македонец (воопшто балканец, да не се осеќаш навреден).
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Римз нешто си запнал околу мене. Сакаш да ти помогнам да излезеш и ти од Македонија ? Немој да мислиш дека сите кои се надвор од Македонија се ладат и лапаат лесни пари и се смеат на македонците кои се заглавени во државата.
Да беа сите како мене ќе беше многу поубав и поедноставен животот, ама не се.
Дадов мислење на кој начин може да се поправи, оваа да ја наречеме очајна ситуација, во Македонија. Можеби звучи нереално ,ама не е ! Треба работа и треба време. Кој сака нека повели, кој му се допаѓа мизеријата нека мизерува.
Ако некој мисли дека проживеал мизерен живот , па и син му мора да помине низ истото, се заебал , ама нека му е со здравје. До курца!
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
28
Поени од реакции
0
Не сум сигурен дали во моментов припаѓам под “дијаспора“, меѓутоа несомнено сум дел од оние Македонци кои НЕ се за компромис.

Тоа би значело “да се биде или не“. Полу-решенија, со простор за манипулација, со легитимно кршење на веќе прифатените резолуции на ООН за никој разумен, достоинствен но и рационален човек, не би смеело да се прифатливи.

Ќе ги повикам и моите пријатели, дел соработници од дијаспората да го дадат својот одговор на темава.

Најлесно да кажеш дека не си за компромис а живееш многу далеку од Македонија и не ја делиш судбината на македонските граѓани.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Најлесно да кажеш дека не си за компромис а живееш многу далеку од Македонија и не ја делиш судбината на македонските граѓани.

Најлесно е да кажеш дека си за компромис и притоа да бараш оправдување во својата неспособност.

И доколку не гледаш на кафе, не си земај грев на душа да судиш за мене или за било кого.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
28
Поени од реакции
0
Најлесно е да кажеш дека си за компромис и притоа да бараш оправдување во својата неспособност.

И доколку не гледаш на кафе, не си земај грев на душа да судиш за мене или за било кого.

Ако не си за компромис тогаш оди во Македонија и таму го кажи своето мислење. Стварно ми е глупо некој од толкава далечина да кажува дека не е за компромис.

Само да кажам дека Македонија е таа на која и се брза. Не е тоа Грција. Грција е веќе и во НАТО и во ЕУ. На Македонија треба да и се брза посебно во НАТО.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Кој рекол оти и се брза?Глеаш си одогвлекуваме.Ние навикнати сме вака.Може да си дочекаме и ЕУ и НАТО да се распадне и око да не ни трепне.Си решаваме бенчмарци веќе 20 години.И уште 20 ке решиме ако треба.Трпение спасение.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
28
Поени од реакции
0
Кој рекол оти и се брза?Глеаш си одогвлекуваме.Ние навикнати сме вака.Може да си дочекаме и ЕУ и НАТО да се распадне и око да не ни трепне.Си решаваме бенчмарци веќе 20 години.И уште 20 ке решиме ако треба.Трпение спасение.
Едно време во Македонија на некои политички партии мотото беше Македонија нема време за чекање.
Сега Македонија навистина нема време за чекање.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Јас живеам во истата и нон стоп сум долу. Ти викам навикнати сме да сме долу. Не ни се брза во НАТО. Глеаш на вересија и членството ни е. Пишани сме ама кога ке се договориеме со ова неписмениве јужно.
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
28
Поени од реакции
0
Јас живеам во истата и нон стоп сум долу.Ти викам навикнати сме да сме долу.Не ни се брза во НАТО.Глеаш на вересија и членството ни е.Пишани сме ама кога ке се договориеме со ова неписмениве јужно.

Грците се многу тврдоглави. Тешко дека ќе попуштат. Читав пред некој ден на сајтот на А1 дека ПАСОК ќе је омекне политиката кон Македонија меѓутоа се сомневам во тоа. Сите ветуваат додека не заседнат во фотелјата. Така е кај нас. Што се не ни ветиле и пак секој година е исто.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Ако се тврдоглави нека им стои. Не дека и тие не се балканци. Ќе им скур*и на западот и од нив и готово. Ние ќе чекаме.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.289
Поени од реакции
18.117
Кој рекол оти и се брза?Глеаш си одогвлекуваме.Ние навикнати сме вака.Може да си дочекаме и ЕУ и НАТО да се распадне и око да не ни трепне.Си решаваме бенчмарци веќе 20 години.И уште 20 ке решиме ако треба.Трпение спасение.

За жал, ни се брза и тоа многу...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom