All Together Distro втор роденден 22.02.12
Ајде (All Together) да го прославиме нашиот втор роденден!
line up:
Wasted Youth (Германија)
http://www.listn.to/WastedYouth
The Maladro!ts (Германија)
http://www.myspace.com/themaladroits
Last Act Of Defiance http://www.myspace.com/lastactofdefiancemacedonia
Vandal www.myspace.com/vandalmkd
Лоши Деца www.myspace.com/losideca
Shock Troopers www.myspace.com/shocktroopersmk
ХАХАХА xaxaxa.bandcamp.com
Against Them All www.myspace.com/ataagainstthemall
All together distro е непрофитна организација чија главна цел е подршка на локалните бендови преку промоција и продавање на нивен промотивен материјал. ATD е екипа од 3 девојки (Еци, Ека и Тејка), секоја со своја приказна, но со заедничка идеја и цел-поддршка на музиката и културата која ја слушаме, сакаме, живееме и за која се трудиме. Придонес и скромна помош на бендовите од домашната и странска diy “направи сам/а” сцена.
Тие позади себе немаат мега издавачки куќи кои би се грижеле за пласманот и промоцијата на нивните материјали, се прават сами, а ние сме тука да им помогнеме при тоа.
Би сакале да истакнеме дека сите домашни и странски бендови/артисти без разлика на жанрот (hardcore/punk/metal/reggae/rap итн...) кои имаат издадено еп, албум, направено маици, беџови или некаков авторски материјал, се добредојдени да не контактираат и доколку сакаат-да го пријават/остават дел од истиот кај нас. Наша цел е да ги поддржиме и промовираме креативците, меѓу кои има доста успешни, но и млади перспективни.
На покана од локалните организатори кои прават некој концерт/свирка, дистрото е таму присутно изложувајќи го материјалот од сите бендови кои се дел од ATD.
Големо благодарам до сите, цела екипа луѓе што не поддржува изминативе две години, кои ја почитуваат и разбираат нашата идеја околу ова, доаѓаат на концерти, купуваат merch. Да не бевте вие и бендовите, немаше All Together Distro да постои.
Friendship, Unity, Respect.
не заборавајте.. Support your local scene!
“сите заедно” - за да биде целосно и да преовладува задоволство околу ова што го правиме ние со дистрото/бендовите/публиката треба да сме заедно, немора (а и не е возможно) да ви се допаѓаат сите бендови, но мора да се има почит за другарот, за музиката што ја прави.
Има многу бендови (македонски и странски) кои вредат да бидат чуени бидејќи создаваат нешто свое, од срце, креативно, искрено, што пука од емоции.
Исто така, девојки и момци одвоите по некој денар да го купите изданието од бендот што го слушате/сакате, само на тој начин и со доаѓање на нивните концерти ќе ги поддржите во тоа што го прават.