Свински грип и во Македонија?!

blaster1

Искусен Кајганџија
Член од
16 декември 2008
Мислења
777
Поени од реакции
26
Сомнителен случај на Инфективна

Дваесет и петгодишен битолчанец, кој деновиве се вратил од Италија, со тешкотии во дишењето и со покачена телесна температура вчера е задржан на Инфективната клиника во Скопје на испитување. Како што ни потврди Звонко Миленковиќ, директорот на клиниката, поради последните препораки од Светската здравствена организација, пациентот морал да остане неколку дена на опсервација додека кај него не се потврди или исклучи постоењето на новиот вирус. - Пациентот е задржан на опсервација неколку дена и понатаму ќе се следи неговата состојба. Земена му е крв, по што ќе се знае точната дијагноза “ информираше Миленковиќ. Владата, пак, се уште не потпишала договор со фармацевтската компанија „Рош“ за набавка на антивирусот „тамифлу“, кој се покажа како ефикасен во борбата со новиот грип. Од швајцарската компанија тврдат дека поради навалицата за „тамифлу“ од целиот свет, за да се резервира лекот е потребно да се склучи договор со кој Владата се обврзува да ја купи бараната количина. Дознаваме дека вчера доцна попладне Владата на седница требаше да реши колку и кога ќе го купи потребниот лек. - Нема конечно решение колку од најавените 200.000 кутии ќе бидат набавени, но се надеваме дека тоа ќе се случи колку што е можно побрзо - изјави Бујар Османи, министерот за здравство. Откако Светската здравствена организација го подигна нивото на безбедност на петтиот степен, Македонија се подготвува за најлошото. - Зголемувањето на нивото значи дека пандемијата е неизбежна - изјави Марија Кишман од канцеларијата за СЗО во Скопје. Според Османи, пак, земјава има лабораторија за испитување на вирусот. - Ние имаме можност за идентификација, но, сепак, за потврда мора да се пратат примероци во референтна лабораторија во Лондон - изјави Владимир Кендровски од РЗЗЗ. Од Центарот за управување кризи велат дека се преземаат превентивни мерки на сите гранични премини. “ Санитарните инспекции вршат интензивна контрола на патниците што доаѓаат од критичните земји, а се на влез во земјава. Покрај тоа, во тек е и изработка на планови и на елаборати за работа во случај на појава на ваков грип кај нас “ велат од Центарот за управување кризи. Од Дирекцијата за заштита и за спасување објаснуваат дека Владата ги презема сите мерки за надзор на патниците што патуваат или доаѓаат од земјите во кои постои појава на заразени од ваков грип а РЗЗЗ ги има сите реагенси за негово откривање. Од Град Скопје информираат дека нивното Одделението за социјална и за здравствена заштита е во постојана координација со Министерството за здравство и ги следи насоките што секојдневно се издаваат. - Врз основа на претходно добиените насоки одделението во моментовизработува конкретни насоки, планови и мерки за активности што ќе сепреземаат доколку дојде до епидемија, со цел во такви услови системот да функционира и да се намалат штетните последици по граѓаните “ велат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. Оттаму информираат дека документот треба да биде готов до почетокот на наредната седмица, а ќе биде ставен во оперативна функција само ако има потреба. Од туристичките агенции што веќе имаат закажано патувања на граѓани во земјите каде што има појава на грип велат дека ниту за момент луѓето не се двоумат да заминат од земјава. Стотици апсолвенти и средношколци само во изминатите неколку дена заминале од земјава во Хрватска, Италија, Германија, Америка и во Франција. - Во моментов имаме две тури апсолвенти што патуваат низ Европа. Ниту еден од нив пред да тргне не се двоумеше дали да го стори тоа само поради овој грип. Сепак, им набавивме заштитни маски за да ги носат кога ќе пристигнат таму каде што веќе има појава на заболени “ велат од туристичката агенција „Нехар“. Властите во Мексико вчера регистрираа уште 17 нови смртни случаи од овој грип, со што вкупниот број починати во земјата се зголеми на 176 луѓе. Вирусот продолжува да се шири со многу поголема брзина отколку што претпоставуваа здравствените власти. Нови случаи на заболени вчера беа пријавени и во Холандија и во Швајцарија, и во двете земји кај луѓе што се вратиле од Мексико. До затворањето на весникот не беше потврдено дали девојката од Нови Сад, Србија, за која се сомневаше дека е заболена, има нов грип. Кај 25-годишната Србинка, кој пред неколку дена се вратила од Тексас, САД, се појавиле покачена температура и болки во градите. Во Шпанија е пријавен првиот заболен што не престојувал во Мексико, но бил во контакт со човек што престојувало таму. Во САД здравствените власти потврдија дека бројот на заболени се искачил на 91 и истакнаа дека и покрај благите симптоми, болеста продолжува да се развива.

Пандемијата неизбежна

Светската здравствена организација (СЗО) завчера го подигна нивото на тревога за новиот грип на петто ниво, второ највисоко ниво на опасност, што значи дека пандемијата е неизбежна. СЗО соопшти дека фазата пет значи дека тој се појавил во најмалку два континенти на светот и се пренесување од човек на човек. Маргарет Чен, генерален директор на организацијата, оцени дека целото човештво е во опасност од пандемија.
Чен ги повика сите држави да ги преземат планираните мерки против пандемија, а надлежните институции да ги забрзаат напорите за подготвување вакцина против вирусот Х1Н1.


Симптоми на болеста


Симптомите на новиот вирус се многу слични со тие на обичниот човечки грип, како што е покачена телесна температура, кашлање, суво грло, чешање по телото, главоболка и замор. Некои луѓе, пак, заболувањето го манифестирале со дијареа и повраќање. Вирусот Х1 Н1 може да се пренесе кога човекот ќе дојде во допир со нешто заразено и потоа ќе се фати за очи, нос или за уста. Исцедокот од кивање или кашлање од заразена личност се шири преку воздухот на растојание до 1,5 метар. Често миење раце ќе ја спречи можноста за инфекција. Болеста кај децата и кај возрасните се манифестира различно. Децата болни од свински грип како првични симптоми имаат проблеми со дишењето, црвенеење на кожата, хиперактивност, дезориентираност, покачена температура и кашлица. Кај возрасните, пак, се појавува проблеми при дишењето, болки во градите и во стомакот, вртоглавица и нагони на повраќање.



Аларм пред шест години


Светските вирусолози уште пред шест години предупредувале на можноста од појава на ваков грип, а во САД лани е објавен извештај во кој се посочуваат докази за патогените измени што се случуваат во индустриските погони за производство на месо, пишува лондонскиот весник „Тајмс“. Весникот забележува дека досега никој не обрнувал внимание на ваквите укажувања.
Според „Тајмс“, големите и модерни фарми за свињи и за живина се идеални за создавање на вирусот и за подоцнежна зараза. Затоа, човекот е виновен за создавањето на овој тип на грип, обвинува весникот.

http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1692&ArticleID=112898
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ај бе достате со вакви работи... сомнителен случај се докажа дека човекот нема свински грип и толку. Уште вчера се знаеше за тоа. Отворете уште 100 теми сега.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Oбичен грип е. Јавиа на вестите

ова влада мора да превземи чекори да докажи дека Македонија е спремна за НАТО и ЕУ. Веќе гледаме дека свиснкиот грип се шири низ земјите на ЕУ и НАТО а ние пак заостануваме. Изгледа како да им праќаме сигнал на ЕУ и НАТО “НИЕ НЕ САКАМЕ СО ВАС“. Зато да се прати под најитно една поголема делегација во мексико во најкритичните области и да се донесе грипот и овде така да во извештаите на ЕУ каде се споменува грипот во Австрија, Шпанија, Британија, Холандија... да се најде и името на Македонија. Само да се пази да Грчиштана не ни подметнат пак дека грипот е во ФИРОМ.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Сеа само хистерија ке има. Ке кивне некоја баба што видела свинско пред 1 недела на излог во месара и ке отиде во болница и ке се дере дека има свински грип.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Taтко ми сега прави свинско на скара и незнам дали да јадам?Шо велите?:toe:
 
G

GoddessOfRock

Гостин
Нема место за паника. На вести зборат за тоа само да пополнат време!
А башка тоа е обичен грип што се претпоставувало дека е свински грип
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Taтко ми сега прави свинско на скара и незнам дали да јадам?Шо велите?:toe:
јади јади
нашето месо е здраво
ние не увезуваме свињи па да биде заразено
башка ако е добро спремано месото нема шанси да се заразиш на тој начин
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Taтко ми сега прави свинско на скара и незнам дали да јадам?Шо велите?:toe:
Прати ми примерок по ПП па ке те обавестам.


Абе глупости. Свинското месо не фактор за пренесување на вирусот. Од човек на човек исто како и при нормален грип се пренесува. Ако уште глупиов народ верува дека се пренесува преку тоа, ке падне цената па за секој оброк ке си јадам свинско.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Се најадов сега ќе чекаме да видеме дали ќе има некој ефект...:vozbud:
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Леле.Малку сум исплашен.Имам болка во грлото и ме чеша телото на некој места ретко.Инаку не кашлам замор немам голем иако денес трчев доста многу температура немам главоболка зошто ми се спие.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Леле.Малку сум исплашен.Имам болка во грлото и ме чеша телото на некој места ретко.Инаку не кашлам замор немам голем иако денес трчев доста многу температура немам главоболка зошто ми се спие.
Аман бе :tapp: Нишо не ти е дете. Ај не фантазирај.
 
Член од
7 јануари 2009
Мислења
391
Поени од реакции
20
Леле.Малку сум исплашен.Имам болка во грлото и ме чеша телото на некој места ретко.Инаку не кашлам замор немам голем иако денес трчев доста многу температура немам главоболка зошто ми се спие.
Cekaj be ti mnogu brzas se uste ne se prosirilo do makedonija,poleka.Prvo treba dobro da ja zafati zapadna evropa pa podolu da dojde ti sakas preku red kaj nas da dojde.Sto se brzas ima vreme:pipi:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
По денешниов први мај каде повеќето се премрзнати и накиснати од утре ќе е интересно кога ќе почнат да киваат, да ги боли грло и глава. Ќе настане општа паника дека заболеле од свински грип :icon_lol:
А уште ако јаделе свинско :):):)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom