Свеќите

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Свеќите​


Порано (во времето без електрична енергија) во црквите имало потреба од палење свеќи или кандила за осветлување во црковните простории. Нивната употреба за поклонување е спротивно на духовното поклонување.
Никаде во Светото Писмо нема заповед за палење свеќи како принос на Бога. Таква зaповед не дале ни Христос, ниту пак првите апостоли, ниту пак првите христијани ги употребувале за таа цел. Ако беше нужно палење свеќи за дар при поклонувањето, тогаш зошто Бог не го заповедал тоа? Можеби, Бог не е умен колку што се луѓето? Или пак Тој не знае, а ние знаеме што е потребно за да Му се поклонуваме?
Тој обичај дава искривена слика за спасението. Некои мислат дека свеќите се жртва, други дека се почитување, а трети дека се знак за нашата топла вера.
Но Светото Писмо учи дека жртва пред Бога е смирениот дух. "Смирениот дух е жртва на Бога, нема да го презреш, Боже, понизното и покајничко, срце." (Псалми 50:17). Ние Го почитуваме Бога и ја покажуваме верата со богоугоден живот, а не со палење свеќи. Верата не се покажува со палење свеќи туку со плодовите на Духот.
"А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост" (Галатјаните 5:22-23).
Горењето кандила и палењето свеќи воопшто не помага, ниту пак допринесува за спасението на верникот. Ние не сме искупени со преодни нешта, "туку со скапоцената крв на непорочното и чисто јагне - Христос”(1 Петар 1:18,19). Христос е нашиот Спасител Кој "со својата крв влезе во светилиштето еднаш засекогаш и изврши вечен откуп” (Евреите 9:12). "Крвта на Исуса Христа, не очистува од секаков грев.”(1 Јованово 1:7).

Не е можно да го дополниме ова совршено спасение ни со свеќи ни со кандила, ни со каков било друг принос!
Сите кои се надеваат на такви приноси, се мамат. Ако сакаме простување на гревовите, место да гориме масла во кандилата и да палиме свеќи, да дојдеме кај Бог и од Него да бараме простување. Свеќите не можат да ги избришат нашите гревови.
Употребата на свеќите за поклонување дава причина црквата Господова да стане трговски дом. Ова ни е на сите јасно особено кога гледаме како на големите празници (Велигден) еден куп тезгарџии ги обиколуваат храмовите и велат: "Повелете свеќи 5 денари". Но сетете се како постапи Исус со тезгарџиите во Храмот во Ерусалим. "И влезе Исус во храмот Божји и ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот, ги растури масите на менувачите и столовите на оние што продаваа гулаби" (Матеј 21:12).
Продавањето свеќи е трговија. Црквата ги изработува и продава, учејќи ги луѓето да ги купуваат и употребуваат. Виновни се и оние кои продаваат и оние кои купуваат зашто Христос "ги истера сите што продаваа и купуваа во храмот”.

Паганите му се поклонувале на Сонцето и на Месечината како извори на светлината и палеле свеќи и кандила во храмовите пред идолите, принесувајќи ги во чест на нивните богови.
Египќаните биле први кои ги употребувале. Дури имале и еден празник, наречен "палење свеќи". Старите Македонци, Грци и Римјани, исто така, ги употребувале. На еден празник, во чест на богинката Церера, палеле многу свеќи. Обичајот бил да и принесуваат големи свеќи и факели.
Од друга страна, Јудаизмот никогаш не употребувал свеќи во религиозна смисла, туку светилнци за осветлување во просториите кае што се собирале, но никогаш како религиозен принос. Во таква смисла не ги употребувале ни првите Христијани.

Денес некои се обидуваат да ја оправдаат оваа небиблиска постапка тврдејќи дека порано немало електрична енергија и свеќите биле присутни во храмовите за осветлување и демек ете, тогаш имало свеќи, па зошто и денес да нема?
Но дали е ова оправдан изговор? Дали тогаш свеќите, поточно, светилниците се принесувале како бескрвна жртва за живи, за мртви, за здравје, за бериќет итн.? Дали "свеќите" т.е. светилниците тогаш имале религиозно значење или пак чисто техничко, за осветлување на просториите? Дали е потребно денес, во 21 век, кога во црквите имаме електрично осветлување да користиме свеќи за осветлување?
Се надевам дека ова критичко излагање нема да биде погрешно сфатено и дека ќе не поттикне сите нас да размислиме дали можеби и во ова поле, во светлина на Светото Писмо, имаме простор да го поправиме нашето молитвено општење со Бог. Искрено ги охрабруваме сите оние кои го прават тоа, прво, да не се чуствуваат осудени, туку да го сфатат ова најдобронамерно и со братска љубов во Христа. Впрочен, свеќите од восок не се единствените "свеќи" кои луѓето ги принесуваат како "бескрвна жртва" надевајќи се дека со тоа ќе оправдаат некој грев или ќе добијат некоја дополнителна благонаклоност од Бог. Има многу луѓе кои ги критикуваат оние што принесуваат свеќи за здравје, а и самите принесуваат некои други материјални работи кога се засегнати за своето здравје, надевајќи се дека со тоа ќе добијат поголема благонаклонетост од Бог.
Затоа, не сме тука да се осудуваме едни со други, туку во љубов да се подучуваме едни со други. Секој си има по неколку греди во своето око, затоа најдобро е да бидеме самокритични и, имајќи го Божјото Слово како Авторитет, да вложиме напор да се поправиме себе си, а потоа и грижливо да им помогнеме и на нашите браќа и сестри по вера.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
Одлично објаснување за свеките дека не треба да се употребуваат во црквите.
Ако Христос не ги спомнал никогаш тогаш треба да се отстранат од сите цркви кој се декларираат како христијански.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Аха... чисто онака, после неонки ќе се ставаат пред иконите нели?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Хмммм... а јас веќе си помислив дека свеќите се воведени поради тоа што раните христијани биле мнооооогу заостанати, па немале елктрична енергија па токму поради тоа, палеле свеќи.

А вистината е ненако поинаква...

П.С. А што ако и тогаш постоела електричната енергија а и тогаш раните христијани палеле свеќи? Тогаш, какво ќе биде објаснувањето за немањето потреба од свеќи во црковните храмови? Живо ме занима....
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Одлично објаснување за свеките дека не треба да се употребуваат во црквите.
Ако Христос не ги спомнал никогаш тогаш треба да се отстранат од сите цркви кој се декларираат како христијански.
А тоа што будистите палат свеќи, значи дека се христијани?
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
А тоа што будистите палат свеќи, значи дека се христијани?
Ако гледаш така и на разни забави има запалени свеки,значи ли тоа дека објектите во кој се одржуваат забавите се православни цркви?
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ако гледаш така и на разни забави има запалени свеки,значи ли тоа дека објектите во кој се одржуваат забавите се православни цркви?
На разни забави има и разни луѓе со различни болести, значи ли тоа дека објектот каде што е забавата е болница?
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
На разни забави има и разни луѓе со различни болести, значи ли тоа дека објектот каде што е забавата е болница?
Не правете офтопици..темата се свеќите не болници ни зарази...
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Само правев паралела помеѓу неговата споредба исто така безврска како и мојата :helou:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ако гледаш така и на разни забави има запалени свеки,значи ли тоа дека објектите во кој се одржуваат забавите се православни цркви?
Логиката на користење свеќи е прилично слична и во православните храмови и на забавите, но во храмовите, палењето свеќа има повеќеслојно значење.
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Логиката на користење свеќи е прилично слична и во православните храмови и на забавите, но во храмовите, палењето свеќа има повеќеслојно значење.
Со свеќата се потценува жртвата на Исус.
 
Член од
14 септември 2008
Мислења
215
Поени од реакции
3
палењето свеќа има повеќеслојно значење.

Според Светото Писмо и Христос ниту некаде се спомнати ниту пак имаат некое значење.
Редно е ти да ни кажеш според твоето верување барем два-три слоја од повеќеслојното значење.
 
Член од
25 јуни 2008
Мислења
451
Поени од реакции
5
Според Светото Писмо и Христос ниту некаде се спомнати ниту пак имаат некое значење.
Редно е ти да ни кажеш според твоето верување барем два-три слоја од повеќеслојното значење.
Neka dade Miki bibliski dokaz deka treba da se palat sveki.
Oti Isus koga bese raspnat i zavesata se raskina na pola odozgora nadole vo hramot.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
368
Поени од реакции
2
Порано (во времето без електрична енергија) во црквите имало потреба од палење свеќи или кандила за осветлување во црковните простории. Нивната употреба за поклонување е спротивно на духовното поклонување. Од друга страна, Јудаизмот никогаш не употребувал свеќи во религиозна смисла, туку светилнци за осветлување во просториите кае што се собирале, но никогаш како религиозен принос.
Таа потреба не била поради осветлување на црковните простории, туку по заповед Божја.

Исход 25: 31 И направи светилник од чисто злато 37 И направи му седум кандила, и стави ги кандилата негови да светат од предната негова страна 39 од еден кикар чисто злато да направиш светилник, со сиот негов прибор 40 и гледај да го направиш според образецот, што ти беше покажан на планината.

Исход 27: 20 И заповедај им на синовите Израилски да ти носат чисто масло, исцедено од маслинка, за светење, за да гори светилникот секогаш. 21 Во скинијата на собранието пред завесата, која ќе го закрива Ковчегот на заветот, Арон и неговите синови нека го палат, да гори пред Господ од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите израилски.

Исход 40: 24 Го намести светилникот во скинијата, спрема трпезата, од јужната страна на скинијата 25 а ги постави и кандилцата пред Господ, како што му беше заповедал Господ на Мојсеј.


Левит 24, 1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Заповедај им на синовите израилски да земат чисто маслиново масло, исцедено за светење, та светлото да гори секогаш 3 пред завесата во скинијата на собранието, а ќе го пали Арон (и синовите негови) постојано пред Господ од вечерта, дури до утрината; и тоа нека ви биде вечна наредба во родовите ваши. 4 На чист светилник распоредете ги светилата кои ќе горат постојано пред Господ;

Броеви 8, 1 И му рече Господ на Мојсеј, велејќи: 2 „Јави му на Арон и кажи му: кога ги палиш кандилцата, отспреди на светилникот треба да горат седум кандилца.

Ние Го почитуваме Бога и ја покажуваме верата со богоугоден живот, а не со палење свеќи. Верата не се покажува со палење свеќи туку со плодовите на Духот.
Свеќите не можат да ги избришат нашите гревови.

Точно е дека верата не се покажува со палење свеќи, но таквата практика никаде не е забранета, а и не е против Божјите заповеди. Никој не ни рекол дека свеќите можат да ги избришат нашите гревови, но сепак тие можат да помогнат за наше покајание. Ако секој благочестив и благоразумен верник го погледне пламенчето на свеќата, првото што ќе му дојде на памет е дека Господ рекол дека така треба да бидат светли и нашите дела, за останатите луѓе да Го прослават нашиот Отец Небесен. Но, кога потоа ќе се присетиме на нашите дела (гревови), доаѓаме до покајнички мисли.

Употребата на свеќите за поклонување дава причина црквата Господова да стане трговски дом. Ова ни е на сите јасно особено кога гледаме како на големите празници (Велигден) еден куп тезгарџии ги обиколуваат храмовите и велат: "Повелете свеќи 5 денари".
Ако поаѓаме од таа гледна точка, истото може да се каже и за баптистичката црква. Нејзината продавница на книжевни дела се наоѓа токму на истото место каде што се наоѓа „храмот“ куќичка за собирање на „богослужба“. Благој Давков 10, Скопје – на исто место се наоѓа и книжарницата Откровение, и црквата, и Библијскиот центар Божилак… е сега да се запрашаме, зарем тоа не е исто така трговија со книги, претворање на Божјиот храм во пазар? Ајде малку самокритичност кон ова.

Паганите му се поклонувале на Сонцето и на Месечината како извори на светлината и палеле свеќи и кандила во храмовите пред идолите, принесувајќи ги во чест на нивните богови.
И паганите и Евреите принесувале жртва… но едните на поднебесните духови, богови, додека пак другите на вистинскиот Бог. Доколку нешто паганите правеле, тоа не значи дека одма автоматски не е добро. Доколку свеќата се пали за слава Божја со покајна молитва и мисли, тогаш нема никаков проблем и не може да се споредува со паганството.

Секој си има по неколку греди во своето око, затоа најдобро е да бидеме самокритични и, имајќи го Божјото Слово како Авторитет, да вложиме напор да се поправиме себе си, а потоа и грижливо да им помогнеме и на нашите браќа и сестри по вера.
Јасно е дека некои луѓе свеќите (можеби) ги сфаќаат погрешно, но тоа не може да биде причина за целосна забрана. А од друга страна, може да се види дека дури некористењето на свеќи не е од голема помош, односно и неупотребата на свеќи не може да не доведе до спасение, туку само нашата лична волја. Како осврт на тоа дека некористењето свеќи не влијае на духовниот живот, но и како поттик за самокритичност, го приложувам следниов текст кој е изваден од веб страната на библијскиот центар Божилак кој е во склоп на баптистичката црква Радосна Вест:

(6) Молитвата


За првите христијани читаме вака: “...беа постојани во... молитвите”- (Дела 2:42).


На овој тест многумина од нас би паднале, а само мал број би го положиле. Ако судиме според тоа што на молитвените часови доаѓаат околу 25 % од оние што горе-долу редовно доаѓаат на неделните боголужби, би заклучиле дека оваа црква е исполнета со Светиот Дух околу 25%. Но сликата станува уште полоша, ако се каже дека обично само 5-7 лица земаат учество на заедничките молитви. Тоа би ни дало исполнетост од само 8-10%. Се разбира, ако сакаме да се тешиме, состојбата не е многу подобра ни во другите цркви, но тоа не не амнестира. Ќе преземеме ли нешто во врска со овој тест? Секој нека се праша, направи ли напредок или назадување по однос на ова прашање од минатиот Духовден до овогодишниот? Има некои кои стагнираат, тапкаат во место со години. Да се обвинува црквата за вашиот слаб јавен молитвен живот е апсолутно неприфатливо. Во себе треба да го барате одговорот, во степенот на вашата исполнетост со Светиот Дух.


http://www.veronauka.com.mk/sources/duhovden.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom