Светско првенство на МРТ - Мундофорија

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.772
Поени од реакции
52.750
Дојде денот, па како што е ред треба да и посветиме една тема и на нашата телевизија која од денес започнува со пренос на натпреварите од Светско Првенство, и нивната програма од студио - Мундофорија.
Си знаете, темава служи за да им го коментираме коментирањето, забелешки за сите технички проблеми што ќе им се појават, како и фаќање сеир на сите првокласни киксови кои може да ги очекуваме при секој пренос.

Почнуваме денес од 16:00.

:oeoeoe:
 
Нека го ставаат Милкоски на утепанине утакмици, нека не ми го ставаат на Белгија - Англија пример да ми кажува рандом Инстаграм стори факти. Драган и Тони се најускладени.
 
Нека го ставаат Милкоски на утепанине утакмици, нека не ми го ставаат на Белгија - Англија пример да ми кажува рандом Инстаграм стори факти. Драган и Тони се најускладени.
Ќе го нема Дарко Панчев со неговите експертизи. А и чудно ќе е малце без Калински. За финалето ваљда ќе го викмат. [emoji17][emoji17]

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Конечно нешто добро од нашиве медиуми (освен вести и политика секако) :)
Се надеваме дека коментаторите нема да бидат како за на погреб :)
 
Можда не е патриотски, ама светско ќе гледам на ХТВ. Ми здосадија тие сувопарни анализи и досадни коментари без ниту едно јавување на некој репортер од лице место. Ако немаат пари вистински да покријат ваков настан, тогаш нека остават некој друг можеби подобро ќе го сработи.
 
Џабе ми е да направат јако студио, кога гостите што ќе ги викаат за анализи ќе бидат истите 3-4 луѓе што ги гледаме секоја среда за време на ЛШ. Исто и со коментаторите. Џабе ти ќе ја нашминкаш емисијата, ако ти е содржината тапа и сиромашна. Лесно е да се направи графиката, барем во денешно време со современава технологија ама иди исполни ја содржината квалитетно. Е за тоа треба гзот да се испоти, а кај нас полесно им е у кафана да седат пред пренос и тикети да пишуваат.
 
Графиката и студиото е најлесниот дел од работата. Содржината им е тапа. Едни исти 3-4 човека ќе ги верглаат истите реченици кои цела година ги слушаме. Синоќа додека сите асални телевизии правеа уводни емисии за Светско, нашите во ударен термин на прва национална тв репризираат финале од пред 4 години.
 
Можда не е патриотски, ама светско ќе гледам на ХТВ. Ми здосадија тие сувопарни анализи и досадни коментари без ниту едно јавување на некој репортер од лице место. Ако немаат пари вистински да покријат ваков настан, тогаш нека остават некој друг можеби подобро ќе го сработи.
На хтв преноси глеј кај што 90% ќе се збори за хрватска реп. и како свршуваат на нивни потези. И коа ќе испаднат плачење по истите.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
На хтв преноси глеј кај што 90% ќе се збори за хрватска реп. и како свршуваат на нивни потези. И коа ќе испаднат плачење по истите.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Е тоа си во право. Искрено ги замразив поради големата необјективност, ама ќе ја поднесам таа жртва.
 
Мудофорија
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom