Светско првенство [мажи] - Египет 2021 [13-31 јануари]

Кој ќе биде нов светски првак?


  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
За добар голман битно е и добра одрбана, која ја немаме.
Е да, ние имавме проблем на времето со Торко, кој изиграваше шериф и кога не му одеше не смееше да го смени тренерот, па во просек со неговите ,,на проценка'' бранења на секоја втора утакмица имавме слаб голман, а сосема солидна одбрана со Велко и Јоноски како стожерни играчи. Сега па Митревски супер брани, но преочајна е одбраната, катастрофа се невидена, полоши никогаш не сме биле се чини во тој сегмент. Освен Столе све останато не е за споменување. Кукоски или Велко мора да ги вика Брестовац. Не можеме ни под разно на нешто сериозно да се надеваме без ниту еден специјалец во дефанзива. Овој Никола Маркоски не смее повеќе да се припари во репрезентација. Добро сега заради тоа што на 1 ден пред Светското дознавме дека ќе настапуваме, ростерот е тој од подготовките.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Е да, ние имавме проблем на времето со Торко, кој изиграваше шериф и кога не му одеше не смееше да го смени тренерот, па во просек со неговите ,,на проценка'' бранења на секоја втора утакмица имавме слаб голман, а сосема солидна одбрана со Велко и Јоноски како стожерни играчи. Сега па Митревски супер брани, но преочајна е одбраната, катастрофа се невидена, полоши никогаш не сме биле се чини во тој сегмент. Освен Столе све останато не е за споменување. Кукоски или Велко мора да ги вика Брестовац. Не можеме ни под разно на нешто сериозно да се надеваме без ниту еден специјалец во дефанзива. Овој Никола Маркоски не смее повеќе да се припари во репрезентација. Добро сега заради тоа што на 1 ден пред Светското дознавме дека ќе настапуваме, ростерот е тој од подготовките.
Дури и со Велко и Јоновски во најдобри времиња реално не сме имале некоја одбрана кој знае што..поголеми репрезентации секогаш не бушеле над 10 разлика лесно, Франција, Норвешка, Данска..посебно убаво не бушеле репрезентации кој се добри во транзиција.
Неможи да преме во одбрана 3 измени, едноставно модерниот ракомет не го дозволува тоа.
Мора да произведуваме играчи кој играат во два правци, посебно на пикер позиција ќе мора да се бара решение, со оглед на то шо Пешевски не игра одбрана.

Ист проблем ќе е и на десен бек, еве да речиме дека Серафимов и Велкоски ќе достигнат некое 50% ниво на Лазаров, проблем е шо тие два играчи не играат одбрана, значи доаѓаме до ситуација кај шо пак 2 играчи (пикер и десен бек) мора да се менват.
Хендикепот на Лазаров со то шо неможеше да игра одбрана, го решаваше Темелков кој од позиција 6 се менвеше со Лазаров на позиција 5 во дефанзива, сум гледал репризи од светското во Хрватска, Темелков беше страшен играч, GAME CHANGER играч, во клучни моменти знеше да изнудит пробивање, да украдит топка, исто во случај на одбрана на нашиот голман прв трчаше контра од таа позиција 5, пошто е многу поповолна него позиција 6.

Едино Костески ако почнит да игра одбрана па да менува со Серафимов/Велкоски.. но со таа градба не ветува ништо, тој уште на крило има проблеми во дефанзивни задачи, камо ли на позиција 5.
Што се однесува до пикер, Никола Маркоски прво не е некој дефанзивец за на високо ниво, второ и него пополека му течи времето во репрезентација.

Затоа спомнав во претходните постови дека тука треба да натурализираме, или ќе се потприме на играчи како Лазаревски или Аларов кој според мене што знам не ветуваат нешто многу многу.
Имат и трета опција, двајца дечки кој ги пратам од 2003та генерација, едниот е Марко Стојкович од КЛ7 кој е скоро 2м висок, игра во два правци, посебно добро во одбрана другиот е Стефан Стојчевиќ 207цм висок исто игра во два правци, нешто покрупен од Марко, само уште ја нема таа зрелост во играта која ја има Марко, добро е шо овие двајца уште на рани години (за наши стандарди) имаат минутажа во нивните клубови, посебно Марко.
Проблем е шо ќе треба да поминат минимум 3-4 години за да стигнат некое ниво кај шо ќе можи да играат коректно во репрезентација, но што дотогаш??
 
Последно уредено:

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
ќе ми текне порано како и париравме на една Данска и ќе споредам со оваа репрезентација што и се случува денес. :/
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Неколку коментари за вчерашниот ден:

Македонија

Иако пак изгубивме 10 разлика на крај, мислам дека во нагорна линија оди формата на екипата. Постепено фаќаат и физички и натпреварувачки ритамиграчите кои беа комплетно аут на старт. Да се надеваме дека барем до 80-90% од можностите можеме да стигнеме за мечевите со Русија и Белорусија, бидејќи мислам дека за разлика од мечевите со Шведска, Египет и Словенија со нив ќе имаме некакви шанси. После мечот со Чиле тие се клучните натпревари за нас.

Вчера имаше и лоши периоди имаше слабости, но барем во дел од натпреварот личевме на нормална екипа од ЕП/СП (знам, жално е што и со толку малку мораме да се задоволиме). Одбраната се уште ни е слаба има аспекти кои објективно не можеме да ги решиме со овој ростер, ама барем почнавме да играме повеќе со глава, тактиката имаше смисла, е сега преку физичките лимити тешко ќе оди. Помалку губење топки, повеќе трчање во одбрана, тоа мора да продолжи да се подобрува ако сакаме уште некој позитивен резултат.

Како и да е, мора со ладни глави да одат натаму, и тие минимални шанси што ги имавме се изгубија кога се разбрани Лесјак, овој и не е толку страшен пораз како претходните.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Египет - Русија

Русите се многу поорганизирани од вообичаено, имаат идна суперѕвезда во Косоротов и го вадат максимумот, но неспорен е фактот дека имаат една постава и дека се веќе доста истрошени. Ако го изиграме најдобриот натпревар, дисциплинирано и пожртвувано не би требало да сем предрвреме отпишани тука. Со Египет немаа никакви шанси, со втората постава на лев и десен бек практично им стартуваше Парондо и веднаш ги збришаа Русите. Дури покасно влегоа Али Зеин и Омар Јахија. Каков играч е Елахмар, јас мислев го зеле повеќе заради искуство и донекаде церемонијално, а тој да ти бил сеуште во добра форма. Играч што има статус на Кире Лазаров во египетскиот ракомет, можеби најдобриот неевропски играч во последните неколку децении.

Шведска - Белорусија
Белорусија е квалитетен состав кој ќе продолжи да расте, постепено, добро одработија промена на генерациите. Немаше да биде изненадување и ако победеа со Шведска. Проблемот им е што се недоволно дисциплинирани и знаат да влезат во големи дупки во делови од натпреварот. Немаат сеуште игра и ротација за 60 минути. Кога ќе стигнат до таму (веројатно на некое идно првенство) мислам дека ќе можат да атакуваат и на повисок пласман.

Шведска од друга страна мислам дека е многу погрешно толкувана по форумов. Да, тие се ослабени од аспект на можностите за медал, за што често одлучуваат нијанси кога веќе си во топ 10. Ама не се до толку ослабени како што ги направивте. Одбраната им е главно тука. А одбраната + одлична транзиција + Готфридсон е 90% од екипата секако. Ротацијата им е намалена, им фали едниот од дуото Апелгрен-Паличка (макар што нема репрезентација која има повеќе квалитетни голмани од нив), има фалат стартните крила (а имаат 10 квалитетни крила Швеѓаните ова не се ни осеќа) - ништо од тоа не е суштински проблем кој ќе им направи значителен проблем. Тоа што им фали а не можат да го заменат е неколку играчи кои се значајни исклучиво за позицион напад, како Лукас Нилсон и Јепсон на лев бек и Андреас Нилсон и Јаспер Нилсен на пикер. И тоа се осеќа, затоа против сите досега се мачеа во тој дел од играта, но не зависеа толку позицион напад за да соберат доста бодови досега. Имаа среќа со Египет и со Белорусија, ама кога ќе се судрат со квалитетни дисциплинирани екипи ќе имаат проблеми. А инаку тие no-name играчи се далеку од no-name. Играчите кои не ни се толку познати се играчи кои имаат важни улоги во клубови како Хановер, Магдебург, Монпелје, Лемго, Алборг... Па ние имаме вкупно 3-4 играчи со таков background. Јонсон на пример кој е резерва во првите групи играше многу малку, вчера ги извади Швеѓаните, а на крај заради неговиот избрзан шут да изгубат бод, е соиграч на Кузмановски и ако не грешам најдобар стрелец на Хановер (впрочем Кузмановски-Јонсон-Мартиновиќ од Хрватска им беше триото бекови на Хановер последните месец-два во Бундеслигата, во отсуство на Фабиан Бем). А нас Кузмановски ни е меѓу 3-4 најјаки играчи во цела репрезентација. Мислам дека е тоа доволно за квалитетот на Шведска, макар и со 7-8 играчи помалку...

Франција ми е голема мистерија како ја тепа Норвешка. Полоши не се сеќавам кога биле сигурно не со децении. Норвешка и Португалија се според мене најдобри екипи од таа група, ќе видиме дали ќе можат до четврфинале, таа победа на Франција ги стави неочекувано во пол позиција.
Автоматски споено мислење:

Ќе мора исто да ја забрзаме играта малку. На времето правевме по 3 замени напад-одбрана така што принудно мораше да е бавна играта. Сега со оглед на тоа што сите освен Жарета Пешевског играат во 2 правци и не се грамади можеме комотно да одиме на полуконтра/контра. Инаку Томовски и за тоа го бива, фрли добра топка за контра напад на десното крило. Дефинитивно најнадежен е од генерацијава, а добар голман во ракомет е пребитен.
Премногу измени правиме. Тоа откако ќе се пензионира Кире ќе мора да биде фокус. Дотогаш тешко дека некоја посебна полуконтра ќе изиграме. Помладите генерално повеќе влечат полуконтра, само лимитиран е квалитетот за нивна реализација... Во секој случај со оглед дека тоа е најјака страна на Кузмановски е најдобар ќе мора да играме повеќе, секако ќе се мачиме во позицион напад.
 
Последно уредено:
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.565
Поени од реакции
13.895
Мене ми изгледаше дека Словенија игра со 50%, ако нагазеја од почеток, 20ка не бегаше. После ги пуштивме ние децата и на онај Цехте му беше до играње само. Скубе и Блаж Јанц воопшто не влегоа во игра, така да далеку од подобрени сме. Тешко дека со едноцифрена разлика ќе поминат и со Русија и со Белорусија ако овие играат со цела сила.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Уругвај денес за малку под 30 гола ќе примеше.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Tie sme, nie i Urugvaj, odnapred se znae deka ke gubime dvocifreno :D
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
07.01.18 Španjolska Poljska 37 : 22
25.10.19 Poljska Rusija 19 : 30
27.12.19 Poljska Španjolska B 26 : 27
12.06.19 Kosovo Poljska 23 : 23

Еве низ што помина резот кој го направија Полјаците (кој за нас слободно можам да кажам дека се алфа и омега во ракомет).
Од 25.10.19 до 21.12.20 Полјаците изиграа 11 натпревари и сите беа ЗАГУБЕНИ.
Значи цената на резот сакале нејќеле дури и репрезентација како Полска ја плаќале, камо ли ние.. за сега Полјаците да се на чекор до четвртфинале.

Нас допрва не чека овај период кој досега го врвеле Полјаците, јбг тие се играчите, можи да ги пратиме и подржиме, или да смениме спорт да пратиме одбојка тенис нешто..
Брестовац колку и да не е калибар од светска класа, сепак се нафате да ја води репрезентацијата во најтешкиот можен период, и донекаде треба да сме благодарни за работата која што ја заврше во младите категории посебно со 2000та генерација, од кај шо сега имаме 2-3 играчи (Костески, Серафимов). Пред Брестовац да почнит да работат со млади категории ние не ни праќавме кадетски репрезентации на турнири, додуша не ни постоеле.

Мора да одбериме играчи од 2002+ генерација кој имаат потенцијал и талент, и со нив да се работи исклучително КВАЛИТЕТНО и минутажата на тие играчи да е голема во нивните клубови, тука ќе треба да се врши голем притисок врз тренерите а не како досега, Марко Митев во Бутел играше по 10-15 мин на утакмица, последна утакмица со Металург ја изигра цела на која шо Бутел тепа гости со голема разлика. Главен играч за победата беше токму Митев.

Исто бев сведок на АБДАЛСКИ одлуки на тренерот на Металург, пример во суперлига ПРЕД ГУСТИОТ распоред на Металург, по едно полувреме играа Хорват и Серафимов на десен бек, АБЕ 20 години имат пуштиго нека играт цела утакмица да ти ебам абдалот, сега ако не играт по 60 минути кога, на 90 години? Со Фиверс исто влегви Серафимов во второ дава 4 гола со ред (клучни за пресвртот), за награда до 55 минута да го заковат на клупа, зошто? За Хорват да играт десен бек :tapp:


Вардар одбра македонски играчи од кој шо можит врв на кариера да му е Линц во Австрија, ито на клупа крпи да додаваат. Брестовац се бунит нешто за Јагуриновски шо не добивал минутажа, добро бе, неможам да сватам ШО гледаат во Јагуриновски?? Најголем антиталент за ракомет, немат ни игра 1 на 1, ни скок шут ни брзина ни техника, сега пак со Чиле ко го гледав во Работнички како е згојан ко Ванчо Димовски на десен бек да го гледам.


Разбирам некој играчи од таа генерација пример Кукуловски, во него има колку толку материјал за работа, ама овај бе сериозно?
Исто настана проблем со македонските играчи во Вардар што се одложе Сеха Лигата, да прифатеа да играат во Супер Лига ќе можеше да му се дават шанса на нашите играчи, немора да ги играш Дибиров и Чупиќ против Охрид и Тинекс Пролет, добро ќе беше за Кизиќ, Димитриовски, Карапалевски, Мишевски кој во 2020 една утакмица не изиграа, посебно криво ми е за Кизиќ..изгубена сезона за него.

Нека размислат сериозно од РФМ да Вардар и Пелистер се вратат во СУПЕРЛИГА, македонските играчи во тие клубови ќе можи да добиваат минутажа а и самата лига ќе добијат МНОГУ на квалитет шо е многу значајно за останатите млади играчи кој ќе играат квалитетни натпревари, пуштиго ако требит и Дибиров по 10-15 минути, да видат шо значит да се игра против светска класа на играч, ги имаме во Македонија а не ги користиме, односно не знаеме да ги искористиме.

Исто да се воведит некое правило играч под 19 години во текот на сите 60 минути да мора да е во игра.
Ситуацијата е таква да МОРА квалитетно да се работи со младите играчи, доколку во овие 2 до 4 години не произведиме играчи барем со слично ниво на Кузмановски, ќе не чекат еден пост можда од 5 години па и појќе, многу е битно да го задржиме континуитетот и рангот во ИХФ и ЕХФ дур не се стабилизираме, пошто ако падниме во втор ешалон, од таму репрезентации како Данска, Франција, Германија во двомеч можи да ги добиеме ако ги вратиме Лазаров и Пепи Манасков со некоја временска машина и да се надеваме на некој нов вирус кој ќе го фати нивниот прв состав па да пробаме да ги добиеме со нивните Б играчи во Скопје, па после гости да се надеваме дека ќе играме на некој празник ко водици, пошто нели на водици никогаш не губиме :icon_mrgr:

Исто и апел до владата да ги отворат теретаните, со склекој и стомачни против Египет мало сутра :kuracc:
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Унгарија покажува една од најдобрите игри на првенствово. Како запнале, може и медал да освојат. Да имаме една грамада пикер како Бенче би било супер. Им треба на Унгарија само уште една победа, ете против Полска и се сигурни во 1/4 финале (а Шпанија и Германија нека се испотепаат денес за кој од нив би одел понатаму).

Исто бев сведок на АБДАЛСКИ одлуки на тренерот на Металург, пример во суперлига ПРЕД ГУСТИОТ распоред на Металург, по едно полувреме играа Хорват и Серафимов на десен бек, АБЕ 20 години имат пуштиго нека играт цела утакмица да ти ебам абдалот, сега ако не играт по 60 минути кога, на 90 години? Со Фиверс исто влегви Серафимов во второ дава 4 гола со ред (клучни за пресвртот), за награда до 55 минута да го заковат на клупа, зошто? За Хорват да играт десен бек :tapp:

Вардар одбра македонски играчи од кој шо можит врв на кариера да му е Линц во Австрија, ито на клупа крпи да додаваат. Брестовац се бунит нешто за Јагуриновски шо не добивал минутажа, добро бе, неможам да сватам ШО гледаат во Јагуриновски?? Најголем антиталент за ракомет, немат ни игра 1 на 1, ни скок шут ни брзина ни техника, сега пак со Чиле ко го гледав во Работнички како е згојан ко Ванчо Димовски на десен бек да го гледам.
Немој така за тренерот на Металург. Тој е врв на ракометниот интелект во земјава и пошироко.

А Јагуриновски беше ок како младинец и толку. Сега е тип што се шетка околу Капитол со девојка му, како да е тоа "lifetime achievement".
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Унгарија, Шпанија, Данска, Хрватска и Франција, мислам дека една од овие ќе биде шампион. Е сега од втор план колку можат да изненадат Португалија, Шведска и Египет..o_O Гледам Норвешка ја фаворизираа пред Светско, тешко, не верувам. Ама пак преку некое дупче што се вели мора да има скандинавци во финишот
 
Последно уредено:

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Каква утакмица, секоја чест, најдобра до сеа на првенството ! :cuc::bravobe:
Одлично прочитана играта на Германија од страна на Рибера, од прва минута од старт излезе со агресивна одбрана најнапред Дујшебаев на Друкс ова изгледаше 5-1 одбрана, ама на лик кажваше друго како 3-2-1 зад Алекс имаше одма двајца други на останатите два бека. Простор имаше само за Кастенинг, кој имаше најмногу обиди за гол.
Паметна игра од Рибера, знај стариот, ама второто можеше да биди трагичар, како се изгуби во второ кога му ја свртија Германија, а имаше +4, дојде Германија после да има +3, добар пресврт, ама се консолидира Шпанија и со одлична серија од 7:1 ја врати утакмицата повторно во нивна полза со солидна предност од 3-4 гола, шо на крај значеше и победа....
Можи и тактички му изигра стариот, првото Коралес на гол, каква партија ги искина, 12-3 одбрани имаше за 30 минути, опасен голман, почна со него, а во второто го пушти Перес де Варгас, малце ми беше чудно шо после такво полувреме да го мени Родриго, ама на крај испадна паметна одлука, овој можи е најјак голман во светот, заврши со 7-8 одбрани, ама фати многу, многу клучни тешки удари кон гол.....
Двата голмани на Шпанија заедно преку 20 одбрани (y) каква двојка имаат на гол секоја чест !
Исто и за третиот пенал на Шпанија, првите два ги мава Феран Соле, од кој едниот го прави мајмун Волф со лоб удар, на трет пенал го пушта Арињо :tapp::unsure: и нормално промашува....
Тука мислев ќе ја ебат утакмицата, ама се вратија во мечот....
Поквалитетна е Шпанија, заслужена победа, имаат огромни шанси за медал, никогаш неможиш да ги отпишиш, опасни играчи, стално на врвот.
И овој Даниел Дујшебаев какво играчиште станал, браво, кини во двата правци напад-одбрана, голем напредок има (y)
Алекс класика, топ удар, му остајш малку простор те кини, Канељас значајно искуство, таа негова финта шут од место уште врви, Фернандез крилото е оса, одбрана Гвардиола и Виран Морос ти се :uzi::uzi::sakasuste::sakasuste:
И секако најпознатиот нивни играч, бесконечниот Раул Ентрериос, кое играчиште е овој :oleee: Кај Раул дефинитивно годините се само бројка :D
Какви голчиња, финти, асистенции, мелем за очи, еден од најдобрите ! :cuc::cuc::cuc:
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Mirkulovski ostavi golema dupka na pozicijata sreden bek, ednostavno nezamenliv igrac, ama dolgo vreme nie maka maceme so taa pozicija, koga igrase Mirkulovski mu najdovme zamena so toa sto go naturaliziravme Pribak za da ne se trosi premnogu, Pribak dodusa ne pokaza mnogu za repkata ama bese dobra zamena, dobar igrac za rotacija, znaci i koga igrase Mirkulovski nie pak imavme problem i se resivme za naturalizacija.
Sega ova e veke ogromen problem, ova mu e veke treto prvenstvo po red na Tankoski i ne pokazuva apsolutno nikakvi sansi da odgovori dostojno, realno treba da se vidat moznostite za naturalizacija na sreden bek, Dodic ke legnese perfektno ama odluci da igra za Srbija.
Mozebi Jotic? Nema mnogu sansi vo Hrvatska pokraj Cindric i Karacic.
Tankoski i Krstevski ke brkaat rabota za da vleguvaat od klupa, ama da bideme realni nemaat kvalitet za glavni organizatori.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom