Луѓе дај бе не се расправајте за џабе..
Мое мислење е дека во прва постава не ни требаат ниту Филип Лазаров ниту Миркуловски...
Можеби некој ќе си речи
ЗОШТО ВТОРИОТ ДА НЕ ИГРА?
Кога ги гледам мечевите на врвните репрезентации никаде,во ниедна селекција не гледам бековска линија со 2 бека со по 187,188 см....
Миркуловски како некое детенце е....плус не го бранете освен на моменти тотално индиспониран беше,посебно во напад,во одбрана колку толку личеше на себе...
Нема скок шут,нема сила да издржи дуел,настрана храброста,настрана желбата....
Баталете Металург,таму друг го води орото,таму имаат соработка со Ракчевиќ,одлично се читаат и разбираат...
НО?
Едно е да играш со Силкеборг,Ст Петерсбург,Шамбери...да даваш по некој гол(лесно)а сосема друга работа е да играш против национална селекција....макар го имале во свој тим еден од најдобрите десни бекови во последните 10 години....
Јас сум сигурен дека многу селектори,ракометни експерти од Европа ни се смеат и ни се чудат на нашата игра...
чекај од Кире да шутни,или спуштај на пикер...
Играме со 3 бека(од кои 2 се под 190 см,за бек,посебно за лев не е ова висина,да не се лажиме)...,4рт влегува чат пат,ако промаши една две топки извади го одма....
Каде бе вака?
Мојсо нема веќе 20 години,кога беше како од гума,се виткаше паѓаше на паркет вадејќи неверојатни удари...сега нема таква брзина....затоа и прави толку грешки,да го имавме Мојсо од периодот од 99-2003(до повредата и операцијата на коленото).... негде сега ќе праевме партал
..
Сега,паметна федерација би се мобилизирала....
Би го сменила селекторот одма,би го поставила Червар...и да се почни со работа...
Мора да се натурализираат играчи,посебно на лев бек,мора да се ископа некој шутер,некој разбивач....по можност и десен бек да се најди...
Ете пример со Русите,помина времето на Растворчев,натурализираа Белорусин,Серхеј Харбок,плус додадоа уште еден десен бек како замена за Игропуло...(Шелменко Украинец)...мора да има бекови..не за џабе велат многу тренери
БЕКОВИТЕ СЕ НАЈВАЖНОТО,АКО НЕМАШ НИШТО ОД БИЗНИСОТ...
Да не се лажиме каков Арнаудовски,каков Стојановиќ,помина нивното време....Раде има преку 32,33 години..повреди зад себе,игра во слаба лига....не го иксористивме кога требаше,сега завршена приказна е...
Со Мојсо(уште некое време)и Миркуловски би имале салам бековска линија...
Лазаров досега имаше среќа шо немаше некои повреди,па ќе тера на врвно ниво уште некоја година,значи на десен бек неаме гајле...(барем не уште некое време)....
Само сега треба промена...колку повеќе се чека толку полошо...
Видете ги Германците,ја создаваат селекцијата како треба,избркаа се...и Гландорф,и Кауфман,Зајц,Шпренгер,Хенс,Битер.....
И почнуваат одново.....
Замислете,а каква само база на играчи имаат,од најсилната лига на светот а никој не ги смета за велесила,а и самите не се сметаат....
Но не се предаваат,работат....
Ние еднаш изигравме,и после се кренавме до небо,си рековме готово,сега ќе владееме со ракометот во Европа...каде бе златни?
Колку побрзо се опаметиме толку подобро за сите..
Мора да се напрај селекција од 16 играчи,каде шо секој ќе си го знае своето место..
Да имаме ротација,да имаме сила да изиграме одбрана,да изиграме квалитетен напад..
Ако не се смени нешто,ЕП,СП ќе гледаме само на Сител(нормално ако газда Зинго сеуште има желба за ТВ права)...