Светско првенство за мажи - Шпанија 2013

Статус
Затворена за нови мислења.
значи да ми кажи некој дека ова ни е крајниот лимит и ека немаме капацитет за повеќе би му рекол дека нема поим од ракомет!
то е исто ко некој да ми речи дека металург нема капацитет ни да влези во група од лш, а не пак да ја помини, а репрезентацијата е каде каде појака од металург, барем на играчки план.
е сега каде е тогаш проблемот? проблемот е то шо репрезентацијата отсекогаш имало фракции и борби за лични интререси кои ескалираа токму сега! а во металург то го нема. па зар ќе ми каже некој дека ова е максимумот од мојсоски и миркулоски? па тие во овие 6 натпревари направија повеќе технички грешки и пробивања него во цела сезона со металург. али е то од некоја расправија/кавга која се случила непосредно пред СП или не, не знам, ама колку тие се трудеа и колку придонесоа доволно говори фактот шо едно гревче од типот на филип лазаров има подобри бројки од нив. за манасков нема многу да коментирам, ни да го критикувам оти детето изигра навистина фантастично за негови години, а кој е крив шо немаше замена за него, то е друго прашање. темелков потфрли целосно, гоце според мене добар, голамните одлични, само шо немаа доволна поддршка од одбраната, а пикерите ни беа топ. кире лазаров одигра како одигра, но паѓа во очи немањето поддршка од мојсо и миркулоски, шо иди пак то за кавгата, која нема ни да дознаеме дали ја имало или не.
шундо е посебна прикаска, тој е тука колатерална штета и е само обична маскота на репрезентацијата и објект за потсмев кај целокупната македонска јавност. вети нови тактики, нов тип на игра, побрза од претходната, а не само шо не го видовме тоа, туку видовме нешто бетер од то во шведска, шо значи дека не си ја завршил работата ко шо треба. капак на се е неговата изјава дека е задоволен од постигнатото и дека успешно ја подмладил репрезентацијата засега :tapp: кого го прави будала, него или нас? за шо треба да биди задоволен? шо тепавме 2 аматерски репрезентации и то со 300 маки или од то шо изгубивме од еден потпросечен исланд, или од подареното реми со русија? а ако е задоволен од бламажата која ја доживеамве против германија, тогаш нешто сериозно не е во ред со него.
шо треба сега да се превземи? прво СМЕНА НА МИХАЈЛОСКИ како претседател на рфм и поставување на ЧЕРВАР И НИКОЈ ДРУГ на позиција селектор. да се отворат сите карти и да се кажи кој планира да игра ОД СРЦЕ за македонија, а кој за лични и братски интереси. подмалдување на репрезентацијата треба да се направи сега, ама драстично подмалдување и со червар на чело. можеби пак ќе прескокниме 1-2 ЕП и СП, ама барем ќ еимаме генерација која би играла заедно после долго време.
после треба да се вратат во натпреварувачки ритам сите млади селекции и да се земе активно учество на сите квалификациони турнири со сите возрасни граници.
ако то се направи, можиме да се надеваме на успех, ама ко шо тргнала работата тешко!
 
Бројките говорат. Ако не умееш да читаш статистика не се бламирај тука.

И не сме од Марс паднати па да не знаеме дека со Фичо не се постигнуваат резултати, баш напротив, сите тука збориме дека фалат головите на Наумче и Миркуловски. И тогаш доаѓаме до она, зашто Наумче и Миркуловски не покажаа и докажаа дека се класа играчи и се 10 пати подобри од резервата во Сеха лигата?

Немате објаснување...
Еве ти објаснување за последната утакмица со Германија. Откако Миркуловски го даде првиот гол, и откако проигра крило, го проигра Кире на десната страна и почна да функционира он го извади Миркуловски и го стави Филип Лазаров. Можеби требаше да го извади Мојсо и да го стави Лазаров али тоа е до тренерот. После тоа Миркуловски влезе второ полувреме и не заигра напад. Значи официјалното време на Миркуловски со Германија му е 23 минути од кои 13 му се во одбрана и 10 во напад. Ај сега кажи колку Лазаров Филип изигра напад и што направи?


Не да не го можам Филип Лазаров... Кога ќе го видам како ЈУВКА некоја се шутка и се врќа на клупа да се измени, а другиве гинат одбрана (Миркуловски и сл.).... епа неможе бе брат така. И јас да сум на местото на Миркуловски да ме јебе на клупа првите 30 минути и да ме става кога ке биде 4-5 разлика .... е тоа не може. Истото беше и во Португалија и во Шведска и немаше резултати. НЕШТО НЕ ЧИНИ А ТОА НЕ Е МИРКУЛОВСКИ затоа што на последната утакмица напад играше 10 минути. Што ти очекуваш за 10 минути.
 
Еве ти објаснување за последната утакмица со Германија. Откако Миркуловски го даде првиот гол, и откако проигра крило, го проигра Кире на десната страна и почна да функционира он го извади Миркуловски и го стави Филип Лазаров. Можеби требаше да го извади Мојсо и да го стави Лазаров али тоа е до тренерот. После тоа Миркуловски влезе второ полувреме и не заигра напад. Значи официјалното време на Миркуловски со Германија му е 23 минути од кои 13 му се во одбрана и 10 во напад. Ај сега кажи колку Лазаров Филип изигра напад и што направи?
Абе не ја тупи со сила, Филип беше одличен на ова првенство, Миркуловски и Мојсовски беа најслабите играчи на цело СП. Па тие не донесоа на второ место после АВСТРАЛИЈА за изгубени топки, само Миркуловски им даваше по 2,3 чисти топки в рака за контра, да не зборам за пробивања тој и МОјсо 10 можеби ги правеа.Миркуловски и во Металург последно време е тапа така да не вреди за него да се збори...
 
За тоа се криви скопските клубови кои ги трансформираа во одбрамбени играчи....
Јоноски и Марковски кога игра за РК Струга по 10 гола даваа по натпревар и кога ги земаа во Вардар/Металург почнаа да ги форсираат само одбрана...Иначе какви удари имааа мрежи кинеа на времето
Плус Куковски што игра за Вардар.Па тој во Струга а после и во МРК Вардар беше убедливо најдобар стрелец.Во МРК под 10 голови по натпревар не беше и што се деси? Го земаа во сениорската екипа и сега игра само одбрана.Не викам дека ќе беа којзнае какви бекови но сигурно ќе вредеа повеќе за репрезентацијава него ли што вредат сега...
Велко почнаа уште во Вардар да го трансформираат во одбранбен, Јоноски после толку години играње напад и убедливо најдобар стрелец во екипите незнам како успеаа толку брзо да го трансформираат во само одбранбен играч.
Со тоа искуство во напад можеше комотно да игра и напред.
Али неможеш да им замериш на клубовите, и мене ми е криво ама секој со свои интереси, газдата бара успеси не го интересира како ќе дојдат до нив...

Вардар и Металург имаат тотално спортивни тактики.
Вардар се прилагоди на брз центар, додека Металург има иста игра како репрезентацијата.
Они имаат поквалитетни шутери и поединци, ние не ни имаме шутери туку имаме брза игра, не менуваме цели постави за во напад и дур се свестил противникот ние веќе сме пред нивни гол.
Лино направи одлична одбрана, а тоа што во моментов ги прави за нијанса подобри е само Станиќ, зашто човекот чуда прави.
Зошто Манасков ни изгледа како светска класа? Заради одличната одбрана што ја имаат и одличниот голман. Реално Манасков има огромна брзина и ако одбраната пресече нешто он веќе е пред противничкиот гол и ја полни противничката мрежа. Во позициона игра со поквалитетни екипи потешко му оди кога нема контри.
Имаат одличен разигрувач, Вугринец им е полн погодок.
Вардар нема пари за поединци како Вугринец, Марковиќ од лани или Станиќ. Вујо виде дека повбеќе не оди со традиционалните тактики од овие простори па затоа спреми нов поект со целосно нова тактика. Нема некој што не игра одбрана, и Фичо често игра одбрана кај нас. Една постава игра едно полувреме, друга постава друго полувреме против противниците од СЕХА. Тактиката на Вујо лека полека ја победува онаа на Лино. Лани со бекови како Симовиќ и Вујовиќ им беше земена титула во СЕХА и во купот, а во првенството видовме што се случуваше во Автокоманда и како победија ама ќе го тргнеме тоа настрана.
Не оди веќе во модерниот ракомет со тие тактики, нашите да се повоолови од другите и на сила да тепаме. Секоија тактика си има свои слабости ама првенствава покажуваат дека оние кои играат брз центар победуваат во 70% од мечевите против екипи со цврст шутерски ракомет и големи одбрани.
Но со тоа со кое располагаме во тимот реално брз центар не ни може да играме. Затоа и Лино направи таква тактика во Металург со играње гранитна одбрана и користење на брзиот Манасков за контри. И да сака неможе да смени тактика со тие играчи.
Зошто Никола Маркоски игра исто колку и Столе во Вардар иако Столе е класи подобар?
Пошто Никола игра и напад и одбрана и затоа Вујо го форсира. Столе постојано доаѓа истоштен од репрезентативните мечеви со милион повреди. Често Вујо игра едно полувреме само со Никола, друго само со Столе, но поради повредите се гледа дека Столе нема душа за напред-назад...


И зошто мислите дека Лино ќе смени којзнае што ако дојде? :) Па тие се играчите, недисциплинирани се до максимум, ама затоа што им се може, пошто немаат замени...
Никој не помага со распашана комнда ко нашата, ни Лино ни Вујо ни Петко ни Стојко...
И смешно ми е кога споредуваат како не играле исто за репрезентација и за Металург. Па видете разлика во противници. Мечот со Германија беше нешто како мечот на Металург со Киелце годинава или Хамбургер лани. Секогаш блиску но сепак далеку. Кој е проблемот? Ментаталитетот, страв од името на противникот, страв од УСПЕХ!
 
Полска како ја избушија не е веќе таа шутерска екипа која освојуваше медали до пред некое време. Едно заклучивме тренерот може да биде пола екипа.
 
Тие приказни дека некој не знаеле да играат одбрана нека ги лажат тие што им потпшуваат чекови.Може Мојсовски не може дека е физички инфериорен али Кире дека не може да игра одбрана нека му каже на некој друг.Исто како во неговата игра во напад он не сака да влага во дуели.

Во напад му крадат топка на Мојсо,Кире е до тој што трча контра одма и место да го следи до крај и да чека шанса некако да му ја поткачи топката или да го притисне на страна да му намали агол он трча до половина само и си застанува гајле му е ,истото и Мојсо му крадат топка и место да трча шпринт во одбрана он си седи во напад и цмиздри.За таква постапка секој нормален тренер го вади од игра,му го бара дресот и му вика ај чао во соблекувална.За воопшто да заигра пак секој тренинг ќе треба до повраќање да тренира.Тоа не е незнаење тоа е немање воља,а одбрана е најголем дел воља.

Не може бе Димовски да ми седнува на гз како мало дете ( уште вирче да имаше под него па да почнеше да се шлапка и да вика Мамо Мамо види ме ),и после тоа пак да игра следен напад.Го вадиш бе од игра на клупа и после натпревар чао пријатно.

Проблемот не се играчите.Првиот и главен проблем е што барем по мене тактиката е целосно погрешна и целата филозофија на ракомет што ја тераат,вториот проблем е немање воља.

.
 
Баш ме интересира твојата статистика за со Германија за Миркуловски. Ми требаат неговите технички грешки и колку пробивања направил и што ти како експерт очекуваш од играч да направи во напад 10 минути што игра?
 
Луѓе дај бе не се расправајте за џабе..
Мое мислење е дека во прва постава не ни требаат ниту Филип Лазаров ниту Миркуловски...
Можеби некој ќе си речи ЗОШТО ВТОРИОТ ДА НЕ ИГРА?:eek:
Кога ги гледам мечевите на врвните репрезентации никаде,во ниедна селекција не гледам бековска линија со 2 бека со по 187,188 см....:eek:Миркуловски како некое детенце е....плус не го бранете освен на моменти тотално индиспониран беше,посебно во напад,во одбрана колку толку личеше на себе...
Нема скок шут,нема сила да издржи дуел,настрана храброста,настрана желбата....
Баталете Металург,таму друг го води орото,таму имаат соработка со Ракчевиќ,одлично се читаат и разбираат...НО?
Едно е да играш со Силкеборг,Ст Петерсбург,Шамбери...да даваш по некој гол(лесно)а сосема друга работа е да играш против национална селекција....макар го имале во свој тим еден од најдобрите десни бекови во последните 10 години....
Јас сум сигурен дека многу селектори,ракометни експерти од Европа ни се смеат и ни се чудат на нашата игра...:Dчекај од Кире да шутни,или спуштај на пикер...:гик:
Играме со 3 бека(од кои 2 се под 190 см,за бек,посебно за лев не е ова висина,да не се лажиме)...,4рт влегува чат пат,ако промаши една две топки извади го одма....
Каде бе вака?
Мојсо нема веќе 20 години,кога беше како од гума,се виткаше паѓаше на паркет вадејќи неверојатни удари...сега нема таква брзина....затоа и прави толку грешки,да го имавме Мојсо од периодот од 99-2003(до повредата и операцијата на коленото).... негде сега ќе праевме партал..
Сега,паметна федерација би се мобилизирала....
Би го сменила селекторот одма,би го поставила Червар...и да се почни со работа...
Мора да се натурализираат играчи,посебно на лев бек,мора да се ископа некој шутер,некој разбивач....по можност и десен бек да се најди...
Ете пример со Русите,помина времето на Растворчев,натурализираа Белорусин,Серхеј Харбок,плус додадоа уште еден десен бек како замена за Игропуло...(Шелменко Украинец)...мора да има бекови..не за џабе велат многу тренери БЕКОВИТЕ СЕ НАЈВАЖНОТО,АКО НЕМАШ НИШТО ОД БИЗНИСОТ...
Да не се лажиме каков Арнаудовски,каков Стојановиќ,помина нивното време....Раде има преку 32,33 години..повреди зад себе,игра во слаба лига....не го иксористивме кога требаше,сега завршена приказна е...
Со Мојсо(уште некое време)и Миркуловски би имале салам бековска линија...
Лазаров досега имаше среќа шо немаше некои повреди,па ќе тера на врвно ниво уште некоја година,значи на десен бек неаме гајле...(барем не уште некое време)....
Само сега треба промена...колку повеќе се чека толку полошо...
Видете ги Германците,ја создаваат селекцијата како треба,избркаа се...и Гландорф,и Кауфман,Зајц,Шпренгер,Хенс,Битер.....
И почнуваат одново.....
Замислете,а каква само база на играчи имаат,од најсилната лига на светот а никој не ги смета за велесила,а и самите не се сметаат....
Но не се предаваат,работат....
Ние еднаш изигравме,и после се кренавме до небо,си рековме готово,сега ќе владееме со ракометот во Европа...каде бе златни?
Колку побрзо се опаметиме толку подобро за сите..
Мора да се напрај селекција од 16 играчи,каде шо секој ќе си го знае своето место..
Да имаме ротација,да имаме сила да изиграме одбрана,да изиграме квалитетен напад..
Ако не се смени нешто,ЕП,СП ќе гледаме само на Сител(нормално ако газда Зинго сеуште има желба за ТВ права)...
 
Баш ме интересира твојата статистика за со Германија за Миркуловски. Ми требаат неговите технички грешки и колку пробивања направил и што ти како експерт очекуваш од играч да направи во напад 10 минути што игра?
 
Тие приказни дека некој не знаеле да играат одбрана нека ги лажат тие што им потпшуваат чекови.Може Мојсовски не може дека е физички инфериорен али Кире дека не може да игра одбрана нека му каже на некој друг.Исто како во неговата игра во напад он не сака да влага во дуели.

.

Глеј Кире игра едно полувреме во одбрана, но он и во Атлетико игра почесто само напад. Друго е кога немаш подолго играно и позади, немаш осет правиш лесни фаули. А Кире се пази од исклучувања...

Но реков, промена на 1-2 играчи не е проблем, тоа го прават сите репрезентации. Проблемот кај нас е што тоа се прави со повеќе играчи и не е координирано, се прави и кога не треба.

Класични примери имавме на ова СП. Пример: Правиме техничка грешка, губиме топка, овие не гледаат да одат да спречат контра туку да извршат замена. :pos: Погодуваме статива, топката се одбива у противникот овие пак идат на измена :facepalm: . И тоа по тројца. :tapp: Полека бе, види прво дали можеш да направиш нешто у одбрана после промени се. Тоа се аматерски примени голови.

Што се однесува до брзиот центар, не можеме брзо да го имплементираме со тековните играчи. Но можеме да модифицираме, како тоа што го направи Хрватска, која за мене лично го игра најубавиот ракомет на ова СП. Спој меѓу балканско-руски „тенковски“ ракомет и скандинавска брзина.

Секако немаме квалитет индивидуален како хрватите, но со правилна работа и пред се дисциплина сум уверен дека можеме нешто повеќе од осмина-финале.
 
Глеј Кире игра едно полувреме во одбрана, но он и во Атлетико игра почесто само напад. Друго е кога немаш подолго играно и позади, немаш осет правиш лесни фаули. А Кире се пази од исклучувања...

Но реков, промена на 1-2 играчи не е проблем, тоа го прават сите репрезентации. Проблемот кај нас е што тоа се прави со повеќе играчи и не е координирано, се прави и кога не треба.

Класични примери имавме на ова СП. Пример: Правиме техничка грешка, губиме топка, овие не гледаат да одат да спречат контра туку да извршат замена. :pos: Погодуваме статива, топката се одбива у противникот овие пак идат на измена :facepalm: . И тоа по тројца. :tapp: Полека бе, види прво дали можеш да направиш нешто у одбрана после промени се. Тоа се аматерски примени голови.

Што се однесува до брзиот центар, не можеме брзо да го имплементираме со тековните играчи. Но можеме да модифицираме, како тоа што го направи Хрватска, која за мене лично го игра најубавиот ракомет на ова СП. Спој меѓу балканско-руски „тенковски“ ракомет и скандинавска брзина.

Секако немаме квалитет индивидуален како хрватите, но со правилна работа и пред се дисциплина сум уверен дека можеме нешто повеќе од осмина-финале.

Ма нека прават што сакаат искрено, не планирам со нив да се замарам кога нив мува не ги лази а тоа им е работа.Кога ќе почнат да играат ракомет а не што и да е она што го играат може пак да ги гледам.

И не е ни Начевски ни Михајловски крив ,самите си се криви сите си го продадоа гзот со надежта дека кај нив и вазелин ќе употребат па сега јас треба да ги жалам што они биле многу намачени.Да имаше малце ред и дисциплина од Шпанија ќе си бараа сами превоз 50%.



.
 
Абе не ја тупи со сила, Филип беше одличен на ова првенство, Миркуловски и Мојсовски беа најслабите играчи на цело СП. Па тие не донесоа на второ место после АВСТРАЛИЈА за изгубени топки, само Миркуловски им даваше по 2,3 чисти топки в рака за контра, да не зборам за пробивања тој и МОјсо 10 можеби ги правеа.Миркуловски и во Металург последно време е тапа така да не вреди за него да се збори...
Ти ги гледав сите постови до сега и во сите само го ругаш Миркуловски. Незнам од каде толку омраза према детево ама ме зачуди толку некој да го руга па си викам чекај да видам што пишувал претходно и што да видам.... само за него збориш .... како БЦ за ВМРО ти е Миркуловски тебе :pos:
 
Оценки за ракометарите, според мене, оценките ќе се од 1-5.
После секоја оцена има и објаснување колку - толку, кој се сложува со мене во ред, кој не, нека му кисне, на секој посебно кој ќе ме цитира ме мрзи да му објаснувам.

Никола Митревски - 3 за тоа време што бранеше, за нијанса подобар од Борко, но сепак и на двајцата истата оценка ќе му ја дадам, во глобала слабо.
Борко Ристовски - 3, очекував повеќе, ама изгледа само го бива за курчење по медиумите, и тоа што замина во Германија да игра во тим кој не е во врвот во Бундес лигата го крена многу во облаците.
Дејан Манасков - 4, оваа оцена ќе беше и 5, ако реализираше во тој „клучен“ шут против Германија, или пак да не ги направеше тие неколку грешки против Русија.
Стојанче Стоилов - 5, одличен на својата позиција, штета што „селекторот“ не му посвети повеќе време во игра.
Ацо Јоновски - 4, речиси на завидно ниво во одбраната, заедно со Велко Марковски, мислам дека нивната работа доста солидно си ја завршија.
Бранислав Ангеловски - 2, човекот редно време е да се повлече од репрезентацијата, доста зафаќа место на другите играчи.
Владимир Темелков - 3, овој си ја задржа формата од Гетеборг, си ја донесе и во Шпанија, оцена 3, ама мислам дека и оваа му е многу. Но така е кога кариера градиш во велесила во ракометот како што е Луксембург.
Филип Миркуловски - 2, потфрли максимално, со соиграчот од Металург Наумче, разочарување во составот, играта од Ниш и оваа во Шпанија, небо и земја.
Наумче Мојсовски - 2 - истото како и за Миркуловски, да не се повторувам.
Никола Марковски - 3 - за времето поминато во игра, доста солидно, му треба време, мислам дека ќе е достојна замена за еден Димовски.
Велко Марковски - 4 - читај кај Јоновски, истото.
Ванчо Димовски - 2 - дупе ( стајте си тука видеото против Катар ми се чини, кога паѓа на газ, епа тоа го одигра).
Филип Лазаров - 3 со аспирации за 4 - позитивно изненадување во репрезентацијата, времето поминато во игра го одигра доста добра кога е во прашање тој, ме изненади.
Кире Лазаров - 5 - класа над сите, не знам што треба да пишувам за него, колку што му дозволија противниците, толку и одигра, со такви соиграчи е премија.
Гоце Георгиевски - 4 , добар е Гоце, да не го шантаат во одбрана противниците, ќе е одлично крило за наши услови.
Милан Левов - оцена немам за овој играч, не изигра доволно за да проценам, ама 1 би одело кај него, и да изиграше нешто плус.
 
Ајде сега откако заврши првенстово сите се генерали кој како требало да игра.
Само овој новинарот од тера заслужува честитки најкомплетен од сите е на крајов на нашиот настап и одлични интервјуа со неколку светски ѕвезди во овој спорт во врска со нашата игра но и пошироко.

http://www.time.mk/read/26a7faced1/30c06befb4/index.html
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom