Светско Првенство - Турција 2010

Кој ќе биде шампион?

  • САД

    Гласови: 44 33,8%
  • Шпанија

    Гласови: 8 6,2%
  • Србија

    Гласови: 34 26,2%
  • Грција

    Гласови: 1 0,8%
  • Турција

    Гласови: 26 20,0%
  • Литванија

    Гласови: 8 6,2%
  • Аргентина

    Гласови: 1 0,8%
  • Бразил

    Гласови: 1 0,8%
  • Порторико

    Гласови: 1 0,8%
  • некој што не е наведен

    Гласови: 6 4,6%

  • Вкупно гласачи
    130
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ќе биде интересно светсково. Преноси ќе има?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Има некој инфо Дирк дали ќе се поврати во репрезентација? :D
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Нема да игра Новицки.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.471
Поени од реакции
7.923

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Среќа па измислиле сателитска за да не морам да ги слушам нашиве ``професионалци``.
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Многу глумци, малку играчи за Турција
Пописот на кошаркари кои го откажаа настапот на Светското првенство во Турција е подолг благодарејќи главно на играчите кои доаѓаат од Америка кои од приватни причини годинава нема да ги гледаме на Мундобаскетот. Олимписките игри очигледно многу повеќе им значат отколку светските првенства.
Интересно е дека Американците во сите свои спортови секогаш го истакнуваат големиот патриотизам и љубов кон својата татковина, но кога треба да настапат на едно силно натпреварување, дури тоа да биде кошаркарско светско првенство истите тие личности забораваат на големата љубов кон својата татковина. Правдата ќе беше задоволена ако Кошаркарскиот сојуз на Америка ги суспендираше од сите натпреварувања, но знаеме дека тоа нема да се случи. Затоа ќе ја чекаме 2012 година и ЛОИ во Лондон за да ги видиме оние за кои публиката најмногу доаѓа во спортските арени. Еве ја и листата на звучни имиња, кошаркарски, кои ги откажаа настапите на СП во Турција:
1.ЛеБрон Џејмс (Америка, Мајами Хит): Секому му е јасно дека заедно со Вејд и Бош летното време го минува во различни студија за снимања и интервјуа. Репрезентативните обврски на сегашниот МВП играч од регуланиот дел на сезоната во НБА лигата ќе може да причекаат.
2. Коби Брајант (САД, ЛА Лејкерс): Иако претходно најави дека ќе игра за селекцијата на САД на СП во Турција тоа нема да се случи. Во текот на сезоната имаше многу здравствени проблеми со палецот на раката, потоа грбот, а на крајот и со коленото кое мораше да го оперира. За враќање на терените ќе може да се зборува дури после 25 септември.
3.Стив Неш (Канада, Феникс Санс): Како главна причина за откажувањето Неш ги наведе своите години. Со 36 колку што ги носи на грбот ни најмалку не му беше лесно да ја издржи целата НБА сезона заради што дополнителен напор ќе му беа и подготовките за СП. Канаѓаните неговото откажување не го зедоа како зло.
4. Двејн Вејд (САД, Мајами Хит): Од приватни причини откажа бидејќи во летниот период нема премногу време за кошарката. Планираните интервјуа, фотографирањата и сето друго добија приоритет во однос на СП.
5. Двејт Хауард (САД, Орландо): И тој како и другите ѕвезди од приватни причини" откажа. Се приклучи на другите соиграчи кои и рекоа не на својата репрезентација.
6. Крис Бош (САД,Мајами): Еден од најдоминантните центри во НБА лигата поради приватни проблемии реши да не игра во Турција. Приватниот проблем неодамна излезе на виделина бидејќи се пресели на Флорида во редовите на Мајами каде ќе игра заедно со ЛеБрон и Вејд.
7. Дирк Новицки (Германија, Далас Маверикс): Ги откажа настапите а како главна причина ги наведе подготовките за новата НБА сезона.И натаму негов приоритет е со клубот да ја освои НБА титулата поради што 32- годишниот Германец реши да го прескокне СП.
8. Кармело Ентони (САД, Денвер Нагетс): Како главна причина за откажувањето ја наведе својата свадба. Тој неодамна вплови во брачните води и сака ова лето да се одмори од кошарката.
9. По Гасол (Шпанија, ЛА Лејкерс): Тој секогаш беше на располагање на репрезентацијата, но овојпат реши да го одмори своето тело и што е најважно не наиде на осуда од јавноста во Шпанија.
10. Андреј Кириленко (Русија, Јута Џез): Бројните повреди вклучувајќи ги и оние приватните проблеми го одалечија од репрезентацијата иако првобитно најавуваше дека сигурно ќе го носи дресот на Русија.
На оваа низа треба да се додат уште имињата како на пример Паркер, Џинобили, Минг, Богут, Удрих... кои исто така значат многу во светската кошарка, заради што и годинашнава смотра на Мундобаскетот ќе биде посиромашна.
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Sostavot na Brazil za SP:

Murilo Bejker
Nene (Denver)
Tiago Spliter (San Antonio)
Markos Vieiera (Montegranaro)
Anderson Varezao (Klivlend)
Guilerme Đovanoni (Virtus)
Marselino Mačado
Leandro Barbosa (Toronto)
Nezini
Aleks Garsia
Marselino Huertas
Raul Neto


Spored mene izgledaat super pod kos plus go imaat Leandro Barbosa kako suter ... mozat da gi pomatat tugjute smetki.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.899
Поени од реакции
16.146
Koлку што се добри Бразилците, толку се добри и Порториканците :) ...добро може малце подобри се Бразилците, но сепак далеку се од светскиот врв и двете репрезентации.
Тимот на Порторико
Хозе Хуан Бареа, Филберто Ривера, Кристиан Далмау, Лари Ајусо, Карлос Аројо
Кармело Ли, Анхел Даниел Васаро, Рики Санчез, Натан Пиви, Реналдо Балкман, Питер Џон Рамос, и Даниел Сантјаго.

Ѕвезда на тимот е Карлос Аројо, играчот на Мајами Хит
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
И Австралија има интересен тим... меѓу кои и помалку или повеќе познатите: Давид Андерсен (Торонто) и Алекс Мариќ (Панатинаикос/претходно-Партизан)... Со Богут би имале феноменален рекет, штета!

Меѓутоа Аргентина за мене е единствена која може да и парира на Шпанија (нормално ги тргам САД вон конкуренција)... иако не се во најсилниот состав, сепак:
Фабрицио Оберто, Луис Скола, Андрес Носиони, Карлос Делфино, Пабло Приџони, Хуан Гутјерес, Паоло Квинтерос...

Пред некое време пик за бодрење на светсково ми беше Франција... ама после повредата на Бубоа некако ми падна адреналинот за оваа репрезентација... иако имаат солиден тим:
Борис Диао, Николас Батум, Ажинка и Махинми (од мојот омилен Далас) :)
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Аргентинците се на залезот више. Екипата од 2002 остаре, а некоја поозбилна смена на генерации не гледам. Џинобили нема да игра, а за останатите што ги спомна Нонтеизам погоре ова ќе биде последно СП.
Групата е доста интересна ама мислам дека според тоа како игра Србија во подготвителните утакмици може многу лесно да ги добие сите утакмици. Само треба да ја задржат формата што сепак не е лесно.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.471
Поени од реакции
7.923
Ако американците на првенствово играат како на контролниот натпревар против Франција ()
Во екипата немаат повеќекратни ол-стар играчи, ама имаат млади извонредно талентирани и мотивирани играчи. Водени од Рондо, верувам можат да дотуркаат до злато.
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Група Ц

Грција
Турција
Русија
Кина
Порторико
Бреговача Слоновача

Грција-Турција.Утакмицата којашто не смее да се пропушти.Плус баш сакам да видам што состав имаат Турците.Осеќам ќе дотуркаат понатака.Светско не е светско ако ги нема нба ѕвездите.И боље мтв да дава преноси него ли сител.Се надевам ќе најдам друг канал место сител.Нејќам да го слушам видовитиот Игроче.Нема шанси да даде од там...................оууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууууу!!!!
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Грција-Турција.Утакмицата којашто не смее да се пропушти.Плус баш сакам да видам што состав имаат Турците
Керем Тунчери (Ефес Пилсен)
Ценк Акјол (Авелино)
Омер Ашик (Чикаго Булс)
Ерсан Илјасола (Милвоки Бакс)
Хедо Туркуоглу (Феникс Санс)

Веројатната прва петорка...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom