Свето тројство

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Со таков став никогаш нема ни да го разбереш..и мене ми е пак неприфатливо Бог да шета по земјата..да јаде...да пие..да спие..да има физиолошки потреби..и пак ништо конкретно..и не ..не верувам дека Бог не сака да биде разбран..затоа и не верувам во Светотот Тројство..верувам во Исус како божји пратеник!
Како може да веруваш во Исус како божји пратеник, а да не веруваш во Светото Тројство?? Сепак Исус е дел од Светото Тројство.. Отецот, Синот и Светиот Дух? Get it?:toe:
 
N

Nephthys

Гостин
Како може да веруваш во Исус како божји пратеник, а да не веруваш во Светото Тројство?? Сепак Исус е дел од Светото Тројство.. Отецот, Синот и Светиот Дух? Get it?:toe:
Само се повторуваш како папагал.Отецот, Синот и Светиот Дух..и цела тема сите исто повторувате..ниеден до сега не успеа да го докаже:smir:
 
Член од
25 јули 2007
Мислења
100
Поени од реакции
1
Во книгите на Библијата никаде не се спомнува зборот Света Троица
Најблиску до овој поим е кога Господ Исус Христос им заповедал на Апостолите да ги потопуваат верните

Д
а ги крштеваат во вода, во името на Отца и Сина и Светиот Дух.
Ангелите пеат
: Свет си Свет си Свет си Господе ** Со ова ни кажуваат за Три Личности во Еден Бог
На Апостолите и нивните ученици сé им било јасно бидејќи биле поучувани од Христос и од Светиот Дух
Но во Библијата не е напишано јасно за природата на Светиот Бог.
И така од самиот почеток на Црквата се појавиле многу секти а денес ги има безброј.
Сето ова се случува поради погрешно разбирање на книгите во Библијата
http://www.angelfire.com/falcon/voznesenie/t16troica.htm
 

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Само се повторуваш како папагал.Отецот, Синот и Светиот Дух..и цела тема сите исто повторувате..ниеден до сега не успеа да го докаже:smir:
Па ако можело да се докажи немало да состои од религијата.. Туку од науката.. Сепак.. Доказите доаѓаат од научен аспект. Те молам не се праи голем филозоф... Ако можело да се докажи БИЛО ШТО поврзано со религијата, тогаш би се докажало постоењето на Бог.:smir:
 
N

Nephthys

Гостин
Па ако можело да се докажи немало да состои од религијата.. Туку од науката.. Сепак.. Доказите доаѓаат од научен аспект.
Во текот на средниот век Европа живеела во духовен мрак.Цела контрола над духот и мислите ги имала црквата која упорно го оневозможувала се она што не се согласувало со нејзините догми.
Средновековното туторство од Црквата над науката не можела да се одржи засекогаш.Науката почнала да се ослободува од црковната контрола и да се развива и против учењата на црквата.
Следстбено на тоа науката е "лаицизирана","либерализирана","материјализирана" па и "атеизирана".
Те молам не се праи голем филозоф... Ако можело да се докажи БИЛО ШТО поврзано со религијата, тогаш би се докажало постоењето на Бог.:smir:
Ако ти не се правеше писмен и доволно компетентен до сега ке дадеше доволно докази кои го потврдуваат Светото Тројство а и ке знаеше дека науката не го негира постоењето на Бог,само неговото име и сето она што црквата го има наметнато!
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
науката не го негира постоењето на Бог
Премногу си дозволуваш. Немаш право да генерализираш за научниците, не следат никаква догма; имало религиозни научници, тоа е точно -- но има многу кои го негираат постоењето на Бог. :wink:
 
N

Nephthys

Гостин
имало религиозни научници, тоа е точно -- но има многу кои го негираат постоењето на Бог. :wink:
Но не можат да негираат одредени докази кои го потврдуваат Бог ,без разлика дали се или не се религиозни.
 

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Во текот на средниот век Европа живеела во духовен мрак.Цела контрола над духот и мислите ги имала црквата која упорно го оневозможувала се она што не се согласувало со нејзините догми.
Средновековното туторство од Црквата над науката не можела да се одржи засекогаш.Науката почнала да се ослободува од црковната контрола и да се развива и против учењата на црквата.
Следстбено на тоа науката е "лаицизирана","либерализирана","материјализирана" па и "атеизирана".
Ако ти не се правеше писмен и доволно компетентен до сега ке дадеше доволно докази кои го потврдуваат Светото Тројство а и ке знаеше дека науката не го негира постоењето на Бог,само неговото име и сето она што црквата го има наметнато!
Вака сеа... Ова за последен пат ти го кажувам, сфати го вака:
Прво, науката и религијата, се косат уште од самото нивно постоење. Науката е онаа што се занимава со докази, религјата е онаа што ги базира нејзините тврдења на догма, односно она што во науката се вика аксиома [тврдење кое не се докажува туку се зема за вистинито без да се бара доказ]. Токму тоа е постоењето на Бог и Светото Тројство. Гледано од теолошки аспект, нема потреба да бараме доказ, туку само да веруваме. Гледано од научен аспект, треба да бараме доказ, па потоа да веруваме, односно да не веруваме во кажаното, зависи од доказот. Значи ти треба да се решиш дали ќе веруваш во Бог и Светото Тројство, или ќе бараш доказ за неговото постоење. Да те потсетам дека доколку бараш доказ, тоа те прави атеист, односно материјалист, значи не веруваш. Доколку веруваш, а до сега за тоа нема никакви докази, значи се косиш со сите твои мислења претходно напишани. Одбери, дали си материјалист, или верник, зашто на материјалистите им треба МАТЕРИЈАЛЕН доказ [нели за тоа се и материјалисти], а на верниците им треба само вера [затоа се и верници.]:smir:
П.С.
Јас верувам нема потреба, ниту тебе, а пред се себеси, да докажувам нешто во кое верувам. :smir:
 

LiquidHeII

хемичар
Член од
31 јули 2007
Мислења
178
Поени од реакции
3
Но не можат да негираат одредени докази кои го потврдуваат Бог ,без разлика дали се или не се религиозни.
така е, јас се декларирам како верник-научник

п.с LiquidHell значи течен хелиум фаза 2 :wink:
 
Член од
20 јуни 2005
Мислења
132
Поени од реакции
2
Вака сега да расчистиме некои работи, како прво Исус не е божји пратеник туку е божји син и се нарекува бого-човек затоа што има две природи т.е. тој е бог отелотворен во човек и има божја природа и човечка природа. Она што го кажа Крстител за светото тројство е точно (метафората со сонцето). Друга работа, не се сите научници материјалисти, материјалисти се философи кои го следат материјализмот како правец според кој материјата е она основното, првото, така да не може да се направи дистинкција помеѓу материјалисти и верници, може да се направи помеѓу атеисти и верници. Докази за постоење на бог нема, но нема ниту докази за негово непостоење, според мене нема да ни да се најдат докази ниту за едното ниту за другото. Трета работа, религијата и науката иако многумина сакаат да ги претстават како спротивставени, сепак не се апсолутно спротивставени, дури можат и да се надополнуваат. Секако дека религијата се заснова на догми, додека науката се заснова на факти, но има области од науката кои се засноваат на догми, односно аксиоми, како пример е настанувањето на вселената, Big Bang, настанувањето на живот на планетата земја и слично, но тоа е веќе друга тема.
 

Rainbow^

Unknown
Член од
30 јули 2007
Мислења
34
Поени од реакции
0
Абе луѓе, во ред е дека е малку нелогично светото тројство, ама не можеме во религијата да бараме објаснување и докази за некои работи... Едноставно веруваш дека тоа е така и толку...
Да се надоврзам на темата... Се верува во еден Бог, тој општо се вика Отец (татко). Но, Господ се вика Отец како прво лице на светата троица. Имено, Бог е единствен по суштината (битието), по ова учење, а е тројствен по лицата: Отецот, Синот и Светиот Дух. Сите три лица се еднакви меѓу себе и чинат единство, нив не смееме да ги делиме...
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Ko sto me ucese Wannabemceez..
Karaj po Tatkoto i Sinot ke ti bide oprosteno, no nikogas nemoj po Svetiot Duh zatoa sto toj ti dal zivot.
 
N

Nephthys

Гостин
Ko sto me ucese Wannabemceez..
Karaj po Tatkoto i Sinot ke ti bide oprosteno, no nikogas nemoj po Svetiot Duh zatoa sto toj ti dal zivot.
Што подразбираш побогу под зборот Karaj?!?!
И кажи ми на кој тоа начин светиот Дух дава живот?
Wannabemceez биди љубезен и дефинирај ми го Светиот Дух.
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Karaj - Pcuj valjda taka sfatif
A inace dava zivot.. Potocno duhot go vnesuva vo teloto.. Te sozdava.. Toa sto nei go smetame.. SPERMATA NA TATO :->
 

Kajgana Shop

На врв Bottom