Свето тројство

Дискусија во форумот 'Религија' започната од ThugProphet, 20 јули 2007.

  1. ThugProphet

    ThugProphet I'ma die a hustla!

    Член од:
    14 јули 2007
    Мислења:
    468
    Допаѓања:
    8
    Темава ја отворам оти гледам дека во теми што немаат врска со Свето Тројство се дискутира за тоа, а темата е сосема во спротивен правец.

    Еве, според вас, што претставува Светото Тројство? Кој од тие три сегменти е најважен, кој иам подреденост под кого, зошто, како, кога што?
    Овде можете да оставате мислења. Имајте на ум дека не секој се согласува со вашето мислење, па ве молам не се карајте.
     
  2. TpH_Bo_OkO

    TpH_Bo_OkO Трноризец

    Член од:
    18 мај 2005
    Мислења:
    11.531
    Допаѓања:
    809
    Отецот, Синот и Светиот Дух

    Оца, Сина и Свјатаго Духа

    м?
     
  3. Raziel

    Raziel A proud spear of Gloomreign

    Член од:
    16 февруари 2007
    Мислења:
    2.434
    Допаѓања:
    5.776
    Зар има хиерархии и структури на моќ во Боженственото?Зошто Бог(Отецот) би го маргинализирал сопственото чедо?Преносителот на неговиот збор...Ако трите прават целина,зошто прајме муабет за подреденост?Лаик сум,објаснете го ова.
     
  4. marcus

    marcus струмички модератор

    Член од:
    5 јули 2006
    Мислења:
    5.378
    Допаѓања:
    130
    Добро едноставно е секој од нив е подеднакво ист и важен дел кој делува во посебно време . Денес живееме во времето на Светиот Дух-"И Јас ќе Го молам Мојот Татко, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека"
    Пред тоа Исус - "Овој е Мојот возљубен Син, во Кого Ми е милината; слушајте Го Него!”
    И Таткото во Стариот завет - "Чуј, Израелу! Господ е наш Бог, Господ е Еден! "
    Овој последниот цитат го избрав баш затоа што да се објасни тројството, треба да се каже дека е сепак во прашање еден Бог кој се појавува во три форми ( секоја од нив Бог не делови од него) во зависност од времето во кое живееме.
    Проблемот е во тоа што Бог е премногу голем да се ограничи со илустрација, а ние во потполност да можеме да ја разбереме.
     
  5. ThugProphet

    ThugProphet I'ma die a hustla!

    Член од:
    14 јули 2007
    Мислења:
    468
    Допаѓања:
    8
    Во темата Името на Бог, многумина расправаа кој е поважен, иако не беше темата воопшто за тоа. Јас не реков дека има подреденост, туку тоа го напишав врз база на мислењата на другите. Јас знам дека нема потреденост во Светото Тројство, дека Бог е во тие три форми како едно. Само... Мислењата на другите ме наведоа да го напишам тоа.
    Имено, Светото Тројство има подеднаква моќ како и самиот Бог, одностно неговата моќ е содржана во Светото Тројство. Сега сакам да прашам кој и колку верува во Светото Тројство? Што за вас значи Светото Тројство, како вие го објаснувате, дали се плашите од неговата моќ? Чекам одговори.

    П.С.
    Ве молам не се карајте, секој си има право на свое мислење. Да не се навредуваме меѓу себе, или да се обидеме да наметнеме наше или свое лично мислење на другите. Секој си има слободна волја. Сепак тоа е она што ни го дарил Бог, нели?
     
  6. brainbug

    brainbug

    Член од:
    5 јуни 2007
    Мислења:
    890
    Допаѓања:
    9
    prophet dokolku si pravoslaven (ortodoksen) hristijanin mi izgleda deka si vo zabluda. Nema razgranicuvanja otec, sin i svet duh ! Od aspekt na eden ortodoksen hristijanin e svoeviden eres bilo kakvo razgranicuvanje i osobeno gradiranje, bidejki za nas otecot, sinot i duhot se vsusnost edno! vo razlicno vreme razlicno se pojavuva..vsusnost pojavvanjeto na Isus e simnuvanjeto na boga na zemjata (preku svetiot duh neli) itn itn za full info obrati se vo najbliskata crkva :) Dokolku razgranicuvame sto bi bil Isus polubog????? a neli gospod e eden :)

    Svetoto trojstvo e sustinskata razlika megju nas i katolicite ne go zaboravaj toa !

    P.S Apsolutno nema potreba da se plasis od trojstvoto, bog e milosliv :) e sega ovie kratki suknjicinja, goli stomacinja i ostanati mobilni poroci niz ul.Makedonija i Kej ako te naterale da gresis ima i zosto da se plasis :P
     
  7. Крстителот

    Крстителот

    Член од:
    13 октомври 2005
    Мислења:
    525
    Допаѓања:
    47
    Отецот Синот и Светиот Дух
    Три Личности.

    Отецот Е Начело.
    Од Него пред вековите е Роден Синот / Логосот.
    Од Отецот Произлегува / Исходи Светиот Дух.

    Еднакви Се по Божествената Природа, Еднакво Се Совршени, за нас ограничените луѓе Секоја од Трите Свети Личности е еднакво Неограничена / Безгранична.

    Било Кој од Нив не може да Се замисли без Другите Две Личности
    Било Кои Две од Нив, не можат да Се замислат без Третата Личност.

    Како што сонцето има сончева топка, светлина и топлина; и сонцето не можеш да го замислиш без топката, ниту без светлината, ниту без топлината, така и Бога(тоа е сонцето, по аналогија, во случајот со сонцето) не можеш да го замислиш ниту без Отецот(кај сонцето, по аналогија, тоа е топката), ниту без Синот(кај сонцето, по аналогија, тоа е светлината), ниту без Светиот Дух (кај сонцето, по аналогија, тоа е топлината).
    Ако ја нема сончевата топка, нема да има сончева светлина и сончева топлина. Во таа смисла, подреденост, ако воопшто може да се употреби таков термин / збор, има во смисла што Отецот Е Начело, во Кое свое Битисување имаат Синот / Логосот и Светиот Дух.
     
  8. Крстителот

    Крстителот

    Член од:
    13 октомври 2005
    Мислења:
    525
    Допаѓања:
    47
    Симбол од Св Атанасие Александриски

    1. Оној кој сака да се спаси, пред се треба да ја почитува соборната вера
    Којаако во целост и непогрешно не ја сочува, без сомневање засекогаш ќе погине. Верата, соборна е оваа:

    2. Ние го прославуваме Едниот Бог во Троица и Троица во Еден
    Со три личности неслиени и една природа неразделна
    Зашто една е личноста на Таткото, друга на Синот и друга на Светиот Дух
    Но Божјата природа на Таткото, Синот и Светиот Дух е една, Славата е една, и Величието е едно
    Каков е Таткото, таков е Синот, таков е и Св Дух
    Несоздаден е Таткото, несоздаден е Синот, Несоздаден е Св Дух
    Несфатлив е Таткото, несфатлив е Синот, несфатлив е Светиот Дух
    Вечен е Таткото, вечен е Синот, вечен е Светиот Дух, меѓутоа не троица вечни, туку Еден Вечен.
    Не се троица несоздадени ни троица несфатливи туку еден несоздаден и еден несфатлив
    Како што Таткото е Семоќен, така и Синот е Семоќен и Светиот Дух е Семоќен (Седржител, Сеприсутен)
    Не троица Семоќни туку Еден Семоќен.Таткото е Бог, Синот е Бог и Светиот Дух е Бог
    Меѓутоа нема три Богови, но само Еден Бог
    Слично Таткото е Господ, Синот е Господ и Светиот Дух е Господ
    Но нема три господа но само Еден е Господ
    Како што според Христијанската Вера секоја Личност ја нарекуваме Бог и Господ
    Така според истата Соборна Вистина не смееме да кажеме дека има три богови или три господа
    Таткото од никого не е создаден ни креиран ни роден.
    Синот не е создаден од Таткото, ниту е креиран, туку е Роден
    Светиот Дух не е создаден од Таткото ниту креиран ни роден. Светиот Дух од Таткото Произлегува
    Има еден Татко, а не три Татковци. Еден Син а не три сина. Еден Свет Дух а не три Свети духови
    Во лицата на Света Троица никој не е прв или последен, и никој не е поголем или помал
    Сите три личности се вечни и еднакви.
    Според она што до сега го кажавме, Троица во Еден, и Еден во Троица го Прославуваме
    Затоа кој сака да се спаси треба вака да размислува за Пресвета Троица

    3. Заради нашето спасение треба точно да веруваме и во Воплотувањето на нашиот Господ Исус Христос
    Вистинска вера е кога веруваме и кажуваме дека нашиот Господ Исус Христос, Син Божји, е Бог и Човек
    Бог по природата на Таткото пред времето роден, и човек по природата на мајката во времето роден
    Совршен Бог и совршен Човек, со душа разумна и тело човечко
    Еднаков на Таткото со неговата Божја Природа и помал од Таткото со неговата човечка природа
    Иако Он е Бог и Човек, во него нема две личности но еден е Христос
    Еден, не со претворање на Божјата природа во Тело, но со примање на човечката природа од Божјата
    Еден во полнота, не со слевање на природата, но со единство во Личноста (Христос е само една Личност)
    Како што еден човек има разумна душа и тело, слично Еден е Христос, Бог и Човек, Богочовек
    Кој пострада заради наше спасение и слезе во адот и во третиот ден воскресна од мртвите
    И се вознесе на небесата и седна од десно на Бог, Таткото Семоќен,
    Од каде што ќе дојде да им суди на живите и мртвите
    И со доаѓањето свое сите луѓе со телата свои ќе ги воскресне, за одговор да дадат за делата свои
    И ако добро правеле во вечен живот ќе појдат ако зло правле во огин вечен
    Ова е соборната вера. Во неа ако некој верно и вистинито не поверува неможе да се спаси
    (Тука завршува Симболот)


    ------------
    Превземено од: http://www.geocities.com/tivkasvetlina/
     
  9. Ова-она

    Ова-она

    Член од:
    20 јули 2007
    Мислења:
    18
    Допаѓања:
    0
    Зошто едноставно не си признаете дека човечкиот ум не е доволно моќен да ја сфати суштината на тие работи?
    Антони де Мело во "Будење" многу добро кажува дека најобичните работи не можеш да ги опишеш со зборови, а не нешто така големо (види темата). Зборовите наведуваат само на погрешни сфаќања... За Бог можеш да кажеш што не е, а не што е.
    Толку.
     
  10. Wannabemceez

    Wannabemceez Welcome to my WORLD!

    Член од:
    17 јули 2007
    Мислења:
    909
    Допаѓања:
    20

    Se soglasuvam so tebe brat....nemame dovolno mozok za da go objasnime ili svatime SVETOTO TROJSTVO....toa go objasnale samo Sv.Otci koj se IZBRANITE od BOGA....nie sme zamo edni obichni greshnici...koi ne sme CHISTI po DUSHA i SRCE i nemozeme da gi doznaeme ovie raboti...mislam da si gi objasnime...kako mozi trojca,a eden....A Antoni De Melo vo Budenje ubo si gi kazuva rabotite kako se...Noviot Den i itn....


    Peace
     
  11. Nephthys

    Nephthys Гостин

    Со таков став никогаш нема ни да го разбереш..и мене ми е пак неприфатливо Бог да шета по земјата..да јаде...да пие..да спие..да има физиолошки потреби..и пак ништо конкретно..и не ..не верувам дека Бог не сака да биде разбран..затоа и не верувам во Светотот Тројство..верувам во Исус како божји пратеник!
     
  12. ThugProphet

    ThugProphet I'ma die a hustla!

    Член од:
    14 јули 2007
    Мислења:
    468
    Допаѓања:
    8
    Не сум јас во заблуда. Ортодокс сум, да... Меѓутоа обрни внимание на мојот прв пост. РАЗМИСЛУВАЊАТА НА ДРУТЕ ЧЛЕНОВИ ОД ФОРУМОВ МЕ НАТЕРАА ДА НАПИШАМ ТАКА. Јас совршено знам дека ни подреденост па ниту разлика од еден до друг сегмент во Светото Тројство. Не мора да се обратам во црква за да се информирам не се секирај ти.
    И не се плашам од Светото Тројство. (ако се лажиме :):):):) )
     
  13. Crash Override

    Crash Override H4CK1N6 15 N07 4 KR1M3

    Член од:
    14 јуни 2007
    Мислења:
    157
    Допаѓања:
    0
    Site 3 se isto vazno nema po vazen i ponevazen Otecot, Sinot i Svetiot Duh ....ova se teski temi za razgovaranje na ova razmisluvaat nekoj istoricari arheolozi i naucnici...
     
  14. FrEaKy GiRL

    FrEaKy GiRL ...FaLLeN AnGeL...

    Член од:
    20 јули 2007
    Мислења:
    623
    Допаѓања:
    28
    Под Светото тројство се подразбираат Отецот,Синот и Светиот Дух и ниеден од нив не е најважен бидејки меѓу нив нема ограничување и тие не би можеле да постојат еден без друг,затоа што сепак делуваат како целина!
     
  15. a n g e l c e

    a n g e l c e ^ Poison Girl ^

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    1.202
    Допаѓања:
    4
    да така е

    Светото тројство го сочинуват Отецот, Синот и Светиот дух кои претставуваат една целина и сите се исти по важност нема никој поважен од другиот.
    потполно се согласувам со Крстителот
     

Сподели преку: