Свадба на бившата девојка?

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Не би отишол затоа што дефинитивно не сакам да предизвикам Македонска Крвава Свадба 2 дел :helou:
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Зошто не би отишла на свадбата ако фино и културно ми прати покана? За да не отидам треба да ми е криво за нив двајца, а оттаму и сеуште да немам расчистено со чувствата за него. Ако сме пријатели (не мора блиски), секако дека ќе го почестам со моето присуство, а кога веќе ме викнал очигледно ме смета во „пријателски круг“. Мажите барем не се до толку лисичести да те канат на свадба за да ти се ситат на изразот на лицето и да ја видат твојата реакција :pos: Или се? :icon_lol:
Всушност многу е поверојатно воопшто и да не ме викне било кој мој бивш (тоа е сосем нормално), ама кога веќе би ме викнал, логично дека би отишла.

Од друга страна, за мојата свадба... Не знам, зависи за каква личност станува збор и уште поважно: во какви односи сме останале по раскинувањето. Ама сепак (освен ако по некоја случајност не сме продолжиле да се дружиме во исто друштво и да бидеме какви-такви другари), малку е веројатно дека би го поканила, пред се` поради себе (и нашето заедничко минато), а после и поради мојот сегашен дечко (а иден сопруг, нали). :icon_lol: Не верувам дека баш на денот што би требало да му е најсреќен ќе биде расположен да пие и да се весели на иста маса со моите бивши. :pos:
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Не верувам дека баш на денот што би требало да му е најсреќен ќе биде расположен да пие и да се весели на иста маса со моите бивши. :pos:
Може ќе му се погоди, онака за ситење.. "Сите ја имавте, ама на крај чија жена е, а?" :)

Јас не би правел проблем.. добијам покана - одам.. нашето било, не сме се погодиле (поради било која причина), завршило. Културно е барем да пренесам едно "Здраво, мило ми е за тебе, чао" :)
 
Член од
12 ноември 2005
Мислења
396
Поени од реакции
8
Imam edna kaj koja ne bi otisol ako me pokani , i mnogu koi nema da me pokanat, taka da , ke gledam da otidam, na mojata svadba ;)
Barem vo momentov taka mislam, daleku sum od temata za svadbite...
Inaku stavot na PSYtisfaction mi e priemliv kako razmisluvanje....
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Кога ќе стигнеме да тој степен да раскинувањето со девојка (дечко) го прифатиме како дел од нашето растење, тогаш ќе идеме и по свадби на бившите.

Од лично искуство, сум расчистил со минатото одамна, но не би идел кај сите на свадба поради друга причина, не сме останале блиски, не сме во контакт, и што ти ја знам што. Би идел на свадба на бивша девојка, покана имам добиено, само свадбата е планирана догодина. Планирам да идам, со тоа што и со дечкото сум близок (се запознав преку нејзе, а не дека си ја префрлавме девојката меѓу другари). Чувствата се расчистени, останато е само пријателство, некогаш на шала се смееме да минатото, ама тоа е тоа, како прво, ЈАС сум прифатил фактот дека помеѓу мене и нејзе не беше така како што и двајцата планиравме, па не мора да значи дека некој друг не ја заслужува. Со среќа нека им е, и на свадба ќе им играм, и ќе пијам, и пак проблеми нема да правам...

Расчистете си во главата прво, па после идење на свадба ќе ви биде нормална работа...
Тоа дека некој сака да иде па да испее песна од типот "Ти си ми у крви" ондак ...јбг...
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Кога веќе ми дал покана..би отишла зошто да не. Сигурно дека сме останале во исто друштво и сме продолжиле да се однесуваме со почит еден кон друг ако ме поканил на свадба.

Нема ни да помисли на мене а камоли да ме викне ако не ме видел со години и ако воопшто немаме никаква комуникација. Или што, сме иделе пред 5 години да речеме, сега тој прави свадба и му тенува да ме викне мене а сме изгубиле секаков контакт.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Само едно нешто не ми е јасно. Во темата „Каква свадба“ поголемиот дел од вас се изјаснија дека сакаат мала свадба со најблиските, а тука ми зборите дека ако имате се расчистено со бивш/а, би ги поканиле.
Не знам за вас, ама бивш/а јас не би сврстила во најблиски, особено не ако свадбата е мала.:)
Јас не би отишла во секој случај, ако љубезно ме покани, љубезно ќе одбијам. Би отишла кај младенците дома можеби, со придружба колку да им честитам, ама на свадба не.
 

osicka

ЅвЕрЧе
Член од
12 декември 2005
Мислења
312
Поени од реакции
4
Devojki neam ali dvajca deckovci mislam bivsi se razbira mi se ozenija i na edniot zena mu e trudna, a drugiot ima slatka kerkicka i pokraj sto ne bev na nitu edna od svabite mi e drago za niv zs i pokraj minatoto tie mi se drugari i m i e drago zatoa sto se strekni.
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Za mashkite: Dali bi otishle?
Za zenskite: Dali bi go pokanile bivshiot na vashata svadba?
Problemot e jasen. Go postaviv vaka zashto obratno e mnogu poretko skoro i da ne se deshava!
Sakav da chujam iskustvo od nekoj shto bil na takva svadba kako se osekal? Ako ima takov!
I sakav da chujam od devojkite koj bi bil motivot da go viknesh bivshiot na svadba?
Problemov nemashe da dobie tolkavo znachenje da ne mi se deshavashe po VTOR pat, prviot pat ,pred edno dve godini, ne otidov radi nekoja gordost, ili odbivnost kon noviot zet, ili pojma nemam neshto drugo! Bezrazlika shto so devojkata smetkite mi bea chisti, onaka se plashev da ne sluchajno mi se pojavi nekoe nepozelno chustvo vo momentot! A sega svadbata e utre a pokanata mi e vo dzeb? .......
I Dzings bese li na svadbata ili ne?Ako bese mozis da ni kazis kako si pomina, pa da znajme i nie kako da se odnesuvame ako ni se desi nesto takvo :)
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
Не би поканила никој бивши на моја свадба, ни би одела кај некој бивши на свадба..
Причина е што после раскинување не останувам другарка со нив, може само неколку кратки реченици да размениме и толку.. Нема што на свадба да викам некои што не сум блиска со нив. А не би ни требало тие да ме викнат.
 

Coca-Cola1981

uzivaj vo nepovtorliviot vkus Always CocaCola
Член од
27 јануари 2007
Мислења
417
Поени од реакции
1
хммм, пред извесно време бев на свадба кај бивши дечко, ама отидов зашто моето и неговото можам да кажам и дека не беше врска оти беше нешто пред 100 години, од маало кога се држевме за рака и се испраќавме до дома па еднаш во неколку дена ќе се пољубевме а за друго не ни помислувавме. свадбата беше ок и се беше ок се до еден момент кога ми стана многу непријатно, другар заеднички од маало ме викна да играме,а зетот со невестата се фати до нас и они двајца преку мене правеа муабет од овој тип : другарот: „знаеш можеби конечно сега ќе имам шанса да и се пуштам на :::::: (мене)“ зетот: „не се замлатувај, жена ми од лево, а мојата прва и последна љубов од десно(јас) никогаш нема да ти ја отстапам!“
мојата реакција беше пуштање од орото и седнување и до крај на свадбата не станав повеќе! иако мислам дека другарот сакаше само да го буцне зетот, а овој да не остане покус да му врати :(
од ова искуство заклучив дека нема теорија да викнам бивши дечко на свадба ниту пак да отидам уште еднаш!
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
не би отишол, барем на на свадбата на последнава бивша... оти сеуште немам дозвола за носење на пиштол.
 

ThugProphet

I'ma die a hustla!
Член од
14 јули 2007
Мислења
468
Поени од реакции
8
Кога ќе стигнеме да тој степен да раскинувањето со девојка (дечко) го прифатиме како дел од нашето растење, тогаш ќе идеме и по свадби на бившите.

Од лично искуство, сум расчистил со минатото одамна, но не би идел кај сите на свадба поради друга причина, не сме останале блиски, не сме во контакт, и што ти ја знам што. Би идел на свадба на бивша девојка, покана имам добиено, само свадбата е планирана догодина. Планирам да идам, со тоа што и со дечкото сум близок (се запознав преку нејзе, а не дека си ја префрлавме девојката меѓу другари). Чувствата се расчистени, останато е само пријателство, некогаш на шала се смееме да минатото, ама тоа е тоа, како прво, ЈАС сум прифатил фактот дека помеѓу мене и нејзе не беше така како што и двајцата планиравме, па не мора да значи дека некој друг не ја заслужува. Со среќа нека им е, и на свадба ќе им играм, и ќе пијам, и пак проблеми нема да правам...

Расчистете си во главата прво, па после идење на свадба ќе ви биде нормална работа...
Тоа дека некој сака да иде па да испее песна од типот "Ти си ми у крви" ондак ...јбг...
Знаеш, до некаде си во право. Но еве да земиме пример: Што ако ти сакаш да појдиш, те поканил/а бифшиот/бифшата, си решил да одиш затоа што, хипотетички, имаш расчистено со неа, сте останале на пријателска база, но младоженецот не сака ти да присуствуваш?
И пред се, што всушност значи поканата од бифш/а на негова/нејзина свадба? Дали сака да те гледа како "страдаш", или сака да го тестира или прави љубоморен младоженецот? Сте се запрашале ли, што всушност сака да постигне оној што ве кани? Мислам дека е потребно доволно цврста причина за да ме поканат, па уште поцврста причина за да појдам.
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
значи ако сте останале пријатели, што технички е невозможно (доколку имало чувства во врската, макар да траела и еден месец) не е некој голем проблем. Пример јас имам 2-3 бивши што ми се другарки, онака здраво/здраво и најнормално ги гледам како човечки суштества и они мене... тоа не значи дека нема шанси да направам нешто со нив повторно но сепак не ми значат повеќе... сум им нашол замена :)
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Знаеш, до некаде си во право. Но еве да земиме пример: Што ако ти сакаш да појдиш, те поканил/а бифшиот/бифшата, си решил да одиш затоа што, хипотетички, имаш расчистено со неа, сте останале на пријателска база, но младоженецот не сака ти да присуствуваш?
И пред се, што всушност значи поканата од бифш/а на негова/нејзина свадба? Дали сака да те гледа како "страдаш", или сака да го тестира или прави љубоморен младоженецот? Сте се запрашале ли, што всушност сака да постигне оној што ве кани? Мислам дека е потребно доволно цврста причина за да ме поканат, па уште поцврста причина за да појдам.
Не сите те канат на свадба за да гледаат како страдаш...тука веќе зборуваме за балканско моронство. Новите генерации полека се поправаат, не мора секој да има таков став. Јас реков, поканет сум на свадба, и од бившата и од типот нејзин. Не гледам тука ништо чудно. Јас со себеси сум си расчистил, вени немам намера да сечам ако со цурата сум раскинал поради оправдани причини. Не сме деца па да плачеме. Беше тоа одамна, пораснавме во луѓе со различни ставови, со различни идеологии, се разделивме. Нема тука ништо спорно.

значи ако сте останале пријатели, што технички е невозможно (доколку имало чувства во врската, макар да траела и еден месец) не е некој голем проблем. Пример јас имам 2-3 бивши што ми се другарки, онака здраво/здраво и најнормално ги гледам како човечки суштества и они мене... тоа не значи дека нема шанси да направам нешто со нив повторно но сепак не ми значат повеќе... сум им нашол замена :)
Некро ман...аман, макар и 1 месец врска? Чувства? Де бе, ти сечеш вени за секоја втора со добар гз што ќе ја видиш низ градот? 2-3 бивши што денеска ти се другарки, им викаш здраво, можеби би направил нешто пак со нив, но не ти значат ништо, си им нашол замена...
Е сега, чим веќе си им нашол замена, нели тоа значи дека ако направиш нешто со бившиве ја вараш девојка ти? Не секој е склон на Шарам-Барам...ништо чудно и што си раскинал...

Кога веќе еднаш ќе расчистите со себе, тогаш сте расчистиле со бившата...во спротивно се лажете само себеси.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom