Свадба на бившата девојка?

Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не би отишла! Колку и да ти е бивши глупаво е кога го гледаш човекот со кој си била у сериозна врска и сте делеле некои заеднички идеи и соништа како се жени со друга. Би им честитала секако, но во никој случај не би отишла.

Од друга страна пак ни јас на мојата свадба не би викнала бивши, не поради некои нерасчистени сметки туку од чиста култура и почит кон мојот сегашен дечко/маж зашто верувам дека не би му била пријатна помислата дека јас на нашата свадба сум го поканила својот бивши исто како што и мене не би ми била мила обратната ситуација.

:pipi:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Ако бе.За поинтересно :pos:
 
H

HITCH

Гостин
Која лакрдија е да појдеш кај бивш/а на свадба! Знаеш каков е сексот, роднините и пријателите се тие... Е, сега ти преостанува да пукаш сеир и да ја пробаш храната. Што друго???
Ах, да, кога веќе си пошол/а може да се „сврти“ и некое орце да не испаднеш намќорест/а, башка ќе те има и на камера. :pos:

Не, јас никогаш не би пошла!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Која лакрдија е да појдеш кај бивш/а на свадба! Знаеш каков е сексот, роднините и пријателите се тие... Е, сега ти преостанува да пукаш сеир и да ја пробаш храната. Што друго???
Па ќе и свртиш муабет на невестата каде грешел во сексот, па ќе ја прашаш како му оди сега, дали ја задоволува, па ќе ја пофалиш колку е слатка како невеста и на крај ќе и заблагодариш што ти го тргнала од грб :icon_lol: По рамо, ај со среќа нека ви е!
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Ако има колку што сакаш јадење и торта.............би отишол, зашто да не :D
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Живееме во многу конзервативна средина пред се, да не го забораваме тоа. Колку и да се остане во пријателски односи со личноста никогаш не би отишол ниту би ја поканил. Во пријателски односи сме ние двајцата но не и јас и нејзиниот иден маж и таа и мојата идна жена. Се честита фино културно и се посакува се најдобро во животот. Зашто ради мене некое копито цел живот да и го вади низ нос она; дојде она твоето говедо бившо на свадбата.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Хммм занимлива тема. Не знам искрено. Кога ја отворив прво што ми дојде на памет е дека нема шанси ни да поканам ни да појдам на свадба доколку сум поканета. Е сеа кога ќе подразмислам јас со моите бивши и не сум у некој најдобри односи па за да ги канам на свадба. Ниту едно раскинување не било трагично меѓутоа никој не ми е толку близок пријател за да го поканам на свадба. Со сите сум на едно здраво и толку. Не гледам некој таков да поканам на мојата свадба. Но пак од друга страна има луѓе кои после раскинувањето остануваат во пријателски односи (ретко, но има такви) па не гледам причина таквите да не си одат на свадба.
Сепак кога се работи за мој бивш дечко со кој сум била во горе-доле посериозна врска од држење на раце не би го поканила ниту пак би отишла на свадба доколку ме покани. Ќе им честитам сигурно кога ќе ги видам, не не би отишла, од почит кон идниот ми сопруг.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom