Саудиска Арабија купува оружје 60 за милијарди долари

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
375
Во заливот забрзано се трупа се повеќе оружје. Саудиците купуваат оружје за рекордни 60 милијарди. Договорот се однесува на набавка на ловци Ф15 и модернизација на постојните, потоа Апач и Блек Хоук хеликоптери.

The deal includes:
--84 new F-15 aircraft and plans to upgrade 70 more.
--70 Apache attack helicopters
--72 Black Hawk helicopters
--36 Little Bird helicopters
--assorted weapons systems --missiles, bombs-- for the aircraft

Со Ф15 Саудијците се неприкосновени во воздух, т.е. тоа е авион за воздушна доминација.

Во договорот не се вклучени модернизацијата на морнарицата и системите за ракетна одбрана, за кои ќе следи друг договор и за кој сеуште се преговара.

ttp://blogs.abcnews.com/thenote/2010/09/us-plans-60-billion-arms-sale-to-s-arabia-biggest-ever.html

Освен Саудијците и Кувајт и Емиратите најавија купување на оружје. Кувајт е заинтересиран за новата верзија на антибалистичките системи Патриот и за 14 ловци Rafale за кои што се водат преговори со Франција.
 
JohnWayne

Master
Член од
10 мај 2007
Мислења
194
Поени од реакции
16
кина ги услови американците да ја тргнат морнарицата малку подалеку.... затоа се опремуваат овие :)
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
375
Само да се надополнам. Се работи за надградбата на Боинг т.е. Boeing F-15SE Silent Eagle и тоа е ловец од 5-тата генерација. Има намален радарски одраз и оружјето го носи во трупот.
Вака изгледа Silent Eagle а на горната слика е прикажан е F 15 Strike Eagle.

http://en.wikipedia.org/wiki/Boeing_F-15SE_Silent_Eagle
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
11.098
Поени од реакции
3.350
Мора да се вооружуваат... знаат кого си имаат за сосед(и).
А и изворот на финансии наскоро ќе пресуши.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Само да се надополнам. Се работи за надградбата на Боинг т.е. Boeing F-15SE Silent Eagle и тоа е ловец од 5-тата генерација. Има намален радарски одраз и оружјето го носи во трупот.
Вака изгледа Silent Eagle а на горната слика е прикажан е F 15 Strike Eagle.
Морам да те поправам дека ф-15 СЕ воопшто не е ловец од 5-та генерација.СО своите спецификации во случајов ке му дојде 4++.Ова е всушност само ф-15 со подобра електроника и намален радарски одраз од фронтален аспект или нешто послабо видлив ф-15.Далеку од слаб авион,веројатно во врвот во светот,ама не е 5 генерација.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.441
Очекувана,иако нешто поголема набавка на оружје на С.Арабија која со години е во светскиот врв во трошење пари за оружје...
Кралот саудијски и американските администрации се стари кучки и си се “читаат“...
Америте си земаат нафта од кај нив,овие враќаат дел од парите во вид на купување оружје,сите среќни и задоволни,шеријат и легална педофилија во С.Арабија,принцовите со личните Б-767 ќе скокнат до Лас Вегас или Атлантик сити и ќе поебат пари колку што е годишен буџет во некоја земја како Сиера Леоне,финансирање на фундаменталисти насекаде,истите оние со кои САД “се бори“ наоколу,сатанизирање на Иран како “оска на злото“ и слично...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.671
Поени од реакции
6.193
....колку се глупииииииииииииииии.....ц ц ц ....не ми се верува....
....и чичко Садам купуваше оружје од Бившиве британски колонисти...па кога малку се освести....го окрка стапот....овие ги чека исто.....
 
B

Borg_Drone

Гостин

Ирак е едно, Саудиска Арабија е друго.Таа творевина ќе постои се додека има нафта и се додека нафтата е единствениот ресурс кој се троши за транспорт, превоз и сл.Инаку прв во тој регион што ќе снема ќе биде Дубаи, се очекува да ги исцрпат резервите во 2016 год.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
375
Морам да те поправам дека ф-15 СЕ воопшто не е ловец од 5-та генерација.СО своите спецификации во случајов ке му дојде 4++.Ова е всушност само ф-15 со подобра електроника и намален радарски одраз од фронтален аспект или нешто послабо видлив ф-15.Далеку од слаб авион,веројатно во врвот во светот,ама не е 5 генерација.
Не е квалифициран како ловец од 5- та генерација, но што е потребно за да биде еден ловец 5 – та генерација?
F 15 SE е радарски ниско видлив фронтално, не и за радарите од земја. PAK FA кој е 5-та, само радарски е ниско видлив, а не и во однос на акустика и термално. Од друга страна пак F-35 нема суперкрстарење, а имаат некои како Тајфунот од 4+ генерација....

--- надополнето ---

Очекувана,иако нешто поголема набавка на оружје на С.Арабија која со години е во светскиот врв во трошење пари за оружје...
Кралот саудијски и американските администрации се стари кучки и си се “читаат“...
Америте си земаат нафта од кај нив,овие враќаат дел од парите во вид на купување оружје,сите среќни и задоволни,шеријат и легална педофилија во С.Арабија,принцовите со личните Б-767 ќе скокнат до Лас Вегас или Атлантик сити и ќе поебат пари колку што е годишен буџет во некоја земја како Сиера Леоне,финансирање на фундаменталисти насекаде,истите оние со кои САД “се бори“ наоколу,сатанизирање на Иран како “оска на злото“ и слично...
Можеби отсекогаш била во светскиот врв, но во последните 5 години трошоците за оружје се дуплирани, а со новите договори ќе отидат во небо. Ова веќе личи на трка во вооружување (што и ми беше поентата), а причината е Иран. Паралелно со трошоците за оружје сите земји во заливот склучија веќе договори со Американски, Јапонски и Корејски фирми за изградба на нуклеарни реактори. Ќе треба време да се изградат, но секагаш се почнува со реактори за цивилни цели, а потоа може и нешто друго да излезе...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.441
Peak Oil ќе имаат Емиратите во 2016-17 а не тотално пресушување на нафтата...има разлика...тоа е врв на експлоатацијата после што следи исцрпување на преостанатите резерви...за колку време зависи од темпото на екстракција...

Инаку С.Арабија ги фризира податоците,имале пик оил во 2008,сега објавуваат дека во 2011 за да не се дигне паника...
Можно е и други нафтени извозници да го штелуваат инфото...

World`s gonna be an interesting place in a few years time...

--- надополнето ---

Не е квалифициран како ловец од 5- та генерација, но што е потребно за да биде еден ловец 5 – та генерација?
F 15 SE е радарски ниско видлив фронтално, не и за радарите од земја. PAK FA кој е 5-та, само радарски е ниско видлив, а не и во однос на акустика и термално. Од друга страна пак F-35 нема суперкрстарење, а имаат некои како Тајфунот од 4+ генерација....

--- надополнето ---

Можеби отсекогаш била во светскиот врв, но во последните 5 години трошоците за оружје се дуплирани, а со новите договори ќе отидат во небо. Ова веќе личи на трка во вооружување (што и ми беше поентата), а причината е Иран. Паралелно со трошоците за оружје сите земји во заливот склучија веќе договори со Американски, Јапонски и Корејски фирми за изградба на нуклеарни реактори. Ќе треба време да се изградат, но секагаш се почнува со реактори за цивилни цели, а потоа може и нешто друго да излезе...
С.Арабија ќе гради и атомска бомба...:pop:

http://newsblaze.com/story/20091117183829zzzz.nb/topstory.html
http://carnegieendowment.org/publications/index.cfm?fa=view&id=41243
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
375
Peak Oil ќе имаат Емиратите во 2016-17 а не тотално пресушување на нафтата...има разлика...тоа е врв на експлоатацијата после што следи исцрпување на преостанатите резерви...за колку време зависи од темпото на екстракција...

Инаку С.Арабија ги фризира податоците,имале пик оил во 2008,сега објавуваат дека во 2011 за да не се дигне паника...
Можно е и други нафтени извозници да го штелуваат инфото...

World`s gonna be an interesting place in a few years time...

--- надополнето ---

С.Арабија ќе гради и атомска бомба...:pop:

http://newsblaze.com/story/20091117183829zzzz.nb/topstory.html
http://carnegieendowment.org/publications/index.cfm?fa=view&id=41243
Што е ова со Peak Oil? Peak Oil беше во 2008, затоа што тогаш потрошувачката беше најголема. Земјите од заливот имаат големи резерви и можат во секој момент да го зголемат производството ако така се договорат во ОПЕК. Но не им одговара за да ги задржат цените. Потрошувачката опаѓа на светско ниво во последниве две години и тоа пред се кај високоразвиените, додека расте кај Индија и Кина.

А не дека им фали нафта....
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.441
Што е ова со Peak Oil? Peak Oil беше во 2008, затоа што тогаш потрошувачката беше најголема. Земјите од заливот имаат големи резерви и можат во секој момент да го зголемат производството ако така се договорат во ОПЕК. Но не им одговара за да ги задржат цените. Потрошувачката опаѓа на светско ниво во последниве две години и тоа пред се кај високоразвиените, додека расте кај Индија и Кина.

А не дека им фали нафта....
Не е Peak Oil extraction туку Peak Oil recoverable reserves...

Потрошувачката се наголемува на светско ниво,не знам како би можела да се намалува...

World oil demand to hit record high this year: IEA

Еве ти извештај на меѓународната агенција за енергија,пренесен од ројтерс...

The agency said in its monthly Oil Market Report that world oil demand would reach an average of 86.60 million bpd this year, up from 84.93 million in 2009.

Rank Countries Amount Date
# 1 United States: 19,650,000 bbl/day 2001
# 2 Japan: 5,290,000 bbl/day 2001
# 3 China: 4,570,000 bbl/day 2001
# 4 Germany: 2,813,000 bbl/day 2001
# 5 Russia: 2,595,000 bbl/day 2001
# 6 Korea, South: 2,140,000 bbl/day 2001
# 7 India: 2,130,000 bbl/day 2001
# 8 Brazil: 2,100,000 bbl/day 2001
# 9 France: 2,026,000 bbl/day 2001
# 10 Italy: 1,866,000 bbl/day 2001
# 11 United Kingdom: 1,710,000 bbl/day 2001
# 12 Canada: 1,703,000 bbl/day 2001
# 13 Mexico: 1,507,000 bbl/day 2001
# 14 Spain: 1,497,000 bbl/day 2001
# 15 Saudi Arabia: 1,452,000 bbl/day 2001
# 16 Iran: 1,277,000 bbl/day 2001
# 17 Indonesia: 1,045,000 bbl/day 2001
# 18 Taiwan: 988,000 bbl/day 2001
# 19 Netherlands: 895,300 bbl/day 2001
# 20 Australia: 796,500 bbl/day 2001

............

# 1 United States: 20,680,000 bbl/day 2007
# 2 China: 7,578,000 bbl/day 2007
# 3 Japan: 5,007,000 bbl/day 2007
# 4 Russia: 2,858,000 bbl/day 2007
# 5 India: 2,722,000 bbl/day 2007
# 6 Germany: 2,456,000 bbl/day 2007
# 7 Brazil: 2,372,000 bbl/day 2007
# 8 Canada: 2,371,000 bbl/day 2007
# 9 Saudi Arabia: 2,311,000 bbl/day 2007
# 10 Korea, South: 2,214,000 bbl/day 2007
# 11 Mexico: 2,119,000 bbl/day 2007
# 12 France: 1,950,000 bbl/day 2007
# 13 United Kingdom: 1,763,000 bbl/day 2007
# 14 Italy: 1,702,000 bbl/day 2007
# 15 Spain: 1,611,000 bbl/day 2007
# 16 Netherlands: 984,200 bbl/day 2007
# 17 Australia: 966,200 bbl/day 2007
# 18 Venezuela: 738,300 bbl/day 2007
# 19 Turkey: 676,600 bbl/day 2007
# 20 Belgium: 628,500 bbl/day 2007

Кај некои паѓа кај повеќето се наголемува...

Во некои земји како оние од ЕУ поради даночното оптеретување...алтернативните извори...слабо котираат освен Данска до некаде...но и онака не е некој фактор...
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Не е квалифициран како ловец од 5- та генерација, но што е потребно за да биде еден ловец 5 – та генерација?
Да биде сосема нов конструиран авион?Затоа и постои таа т.н 4++ генерација заради тоа што се работи за авиони од 4 генерација кај кои се инкорпорирани одредени елементи од 5 генерација(впрочем има по нетов доволно текстови околу 5 генерација).Така овој СЕ е всушност ф-15 со накосени вертикални стабилизатори,и внатрешни хангари за оружје.Илити стелт во рамките на границите дозволени од САД за извозни модели(па протумачете си го како сакате :) ).Маркетингшки потег на Боинг за лапне пара и да профитира од забраната за извоз на Рапторот за земјите кои имаат пари за трошење и сакаа да го набават како Кореа,Сингапур,Јапонија итн итн..Единствениот засега оперативен 5-ген авион е Ф-22 Раптор.
PAK FA кој е 5-та, само радарски е ниско видлив, а не и во однос на акустика и термално. Од друга страна пак F-35 нема суперкрстарење, а имаат некои како Тајфунот од 4+ генерација....
Пак Фа засега е прототип така да тоа со акустиката и термалното се само претпоставки и шпекулации,а не дека и Рапторот е акустично или термално невидлив.За ф-35 не би ни коментирал заради тоа што тој проект оди се само не напред.

Сума сумарум Арапите ке лапнат супер авионче кој ако ги исклучиме Русите и Америте,е супериорен или барем во тек со било која друга земја во светот.Е сега како ке реагираат Израелците видеќемо,зделкава сеуште треба да помине на конгрес.
 
S

smart ass

Гостин
СЕ боинг го претстави нарочито како поевтина опција за државите кои не би можеле да си го дозволат рапторот и истиот е затоа развиван нарочито за тие пазари...по се изгледа се исплаќа ама ќе напоменам дека сепак добар и истрениран пилот сеуште мислам дека е она што е круцијално нарочито за воздушна превласт и морам да признаам дека мислам дека СЕ-15 и нема да ги даде очекуваните резултати бидејќи намален радарски одраз не е НЕВИДЛИВОСТ и да не го заборавиме развојот на ракетните системи против ваков тип на летала.

--- надополнето ---

Не е Peak Oil extraction туку Peak Oil recoverable reserves...

Потрошувачката се наголемува на светско ниво,не знам како би можела да се намалува...

.
Да и земени се предвид статистички методи кои и не се баш соодветни и на крај краеви мислам треба малце поширок поглед на овој т.н peak oil нормално,јасно е дека тоа ќе биде врвот на производството на нафта(и деривати)но намалувањето на производството по дифолт и не значи НЕМАЊЕ резерви т.е замрзнување на бушењата...всушност за намалувањетоо на производството треба да се земе предвид и фактот кој е занемарен а тоа е се разбира зголемената употреба на алтернативни извори на енергија,еве денес низа држави задоволуваат 20% од енергетските потреби на ваков начин-тенденцијата за употреба на обновлива енергија расте-тоа треба да се има предвид.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
375
Потрошувачката се наголемува на светско ниво,не знам како би можела да се намалува...

World oil demand to hit record high this year: IEA

Еве ти извештај на меѓународната агенција за енергија,пренесен од ројтерс...

Кај некои паѓа кај повеќето се наголемува...

Во некои земји како оние од ЕУ поради даночното оптеретување...алтернативните извори...слабо котираат освен Данска до некаде...но и онака не е некој фактор...
Ок, моја грешка, но опаѓаше до скоро на светско ниво а сега е пак на нивото од 2007.
Од горниот линк:
86.5 million bpd in 2007
84.93 million bpd in 2009
86.60 million bpd this year

Но тоа е на светско ниво додека, би требало кај најголемиот дел од развиените и понатаму да опаѓа, или барем да стагнира, а расте кај Кина и други земји кои се во економска експанзија.

Податоци за 2009... https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/us.html

United States: 18.69 million bbl/day (2009 est.)
Japan: 4.363 million bbl/day (2009 est.)
Germany: 2.437 million bbl/day (2009 est.)
South Korea: 2.216 million bbl/day (2009 est.)
France: 1.875 million bbl/day (2009 est.)
United Kingdom: 1.669 million bbl/day (2009 est.)

China: 8.2 million bbl/day (2009 est.)
Russia: 2.85 million bbl/day (2009 est.)
India: 2.98 million bbl/day (2009 est.)
Brazil: 2.46 million bbl/day (2009 est.)

Потрошувачката во проценти најмногу се намалила во Јапонија, за скоро 1 милион барели дневно од 2001 до 2009, а со нивната енергетска стратегија и понатаму ќе опаѓа. Сигурно примерот ќе го следат и други, т.е. ако расте цената на нафтата ќе мораат.
Japan će do 2030. godine smanjiti udeo nafte i tečnog gasa u potrošnji energetskih sirovina za 15 odsto u odnosu na sadašnji nivo, izjavio je predsednik najveće japanske naftne korporacije "Nipon oil" Sinro Nisio u danas objavljenom intervjuu poslovnom dnevniku "Nikei"

Nafta i gas, kako je rekao Nisio, učestvuju sa 83 odsto u podmirivanju potreba japanskog stanovništva i industrije.

Nisio je upozorio da je "za uvođenje novih, obnovljivih, ekološki čistih energetskih izvora potrebno dosta vremena", zbog čega će naftna industrija i dalje biti potrebna.

On je, međutim, ocenio da će se realna potrošnja nafte u Japanu "značajno smanjiti", što će zahtevati pozamašno preuređenje energetskog sektora, a posebno povlačenje suvišne opreme iz eksploatacije.

Imajući u vidu prognozirano smanjenje potrošnje fosilnih goriva u Japanu, kompanija "Nipon oil" planira da, zajedno sa svojim filijalama, u 2010. godini smanji kapacitete za preradu nafte za trećinu, a taj primer će najverovatnije slediti i druge komnpanije, ukazao je Nisio.

"Nipon oil", sa kompanijama sa kojima sarađuje, izlazi na nova energetska tržišsta - proletos je počeo prodaju gorivih baterija za domaćinstva, povećao je prodaju gorivih elemenata za električne automobile i hibride, a planira da dogodine otpočne proizvodnju tankih solarnih panela za domaće i strane kupce.
http://www.biznisnovine.com/cms/item/stories/sr.html?view=story&id=43822
 
Kajgana Shop

На врв Bottom