Сатанизам

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.962
Поени од реакции
6.441
Ти велам сето тоа се убијци кои си го перат газот со сатанизам и глумат лудило... кога ќе зафркнеш работа после и на ладното дуваш и веруваш и будала стануваш...
Ти упорно со тој филм: сатанист, убијци, итн итн... нека ти биде, ти како протестант, најдобар си - не си убиец ајде...
Другите пошто не сме христијани, по дифолт сме сатанисти, ќе испадне дека сме и убијци!
Немој така... токму тоа го велиш: секој што не е христијанин, е сатанист според догмата, а според твојата проклета идеја да споделуваш убијци и да велиш дека се сатанисти, испаѓа дека сите ние сме убијци, кои што не сме христијани. Намали.... читаме меѓу редови.

НЕ го прашувај @PROROKOT за рок и метал, слободно мене ме прашај... акроними? Симболи?
Пушти Behemoth, Nile, Rotting Christ, Dimmu Borgir, Therion, type o negative, Tool, Emperor... Еден Iron Maiden има текстови кои за вас ќе се сатанистички... има куп бендови кои според христијанската догма СЕ сатанистички, а многу од текстовите им се полни со езотериски симболи и философија...

Ви велам јас убаво дека вие само сатанизирате... толку да не се сака ништо, не знам :)

Ете тука пример за Iron Maiden и нивната песна Starblind:
"Walk away from freedoms offered
By the jailors in their cage
Step into the light, star tripping
Over mortals in their rage
Starblind with sun
The stars are one
We are the light that brings the end of night

Starblind with sun
The stars are one
We are with the Goddess of the sun tonight

The preacher loses face with Christ
Religion's cruel device is gone
Empty flesh and hollow bones
Make pacts of love but die alone
The crucible of pain will forge
The blanks of sin, begin again
You are free to choose a life to live
Or one that's left to lose
Virgins in the teeth of God
Are meat and drink to feed the damned"

Слушни и музика, и спотови и текст... вие мислите дека се е тајно - ништо не е тајно... Само имате одбивност кон нештата...

Затоа сме тука да ве учиме дека има убава музика и философија, не е се така црно и тажно!

P.S. Ги спомна Kiss... слушни ја The Devil Is Me песната :)
Ете сеа пак со тоа...абе нема теолошки сатанист кој се декларирал како таков откако го фатиле, тие не се правдаат некому, се исмеваат со судот и поротата како Рипер Кру сектата на пример.

Не е така наивно тоа со музиката. Проблемот е што не може да се одреди што е точно а што шпекулација, неутрална или злонамерна. Јасно дека разни весници и портали се такмичат за примероци и кликови но имаме и реномирани медиуми кои укажуваат на сатанството меѓу младината. Зошто некои бендови пеат за господарот на мувите? Што им текнало из чиста мира?!

Не сум протестант и никаде не реков дека сите кои не се Христијани биле сатанисти, напротив. Бројот на теистички сатанисти е екстремно мал. За мкд не би рекол дека постојат повеќе од 100-150 души кои ја продале душата на ѓаволот. Од другата страна атеистички сатанисти има многу повеќе па чак ете ги и на форумов со членовите кои ги споменав, читајќи ја темава од почеток до некоја 25 страна наидов на неколку сатанисти.

Но не е све во бројките. Овие поклоници на злото се активни. Низ РМ има стотици случаи на луѓе кои исчезнале без трага и глас и никогаш не се пронајдени. Можеби истражните органи треба да размислат да им закуцаат на врата на теистичките сатанисти.

@PROROKOT @alf @einstein дали имате инфо за дејстување на сатанисти низ РМ?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.128
Поени од реакции
12.109
Ете сеа пак со тоа...абе нема теолошки сатанист кој се декларирал како таков откако го фатиле, тие не се правдаат некому, се исмеваат со судот и поротата како Рипер Кру сектата на пример.

Не е така наивно тоа со музиката. Проблемот е што не може да се одреди што е точно а што шпекулација, неутрална или злонамерна. Јасно дека разни весници и портали се такмичат за примероци и кликови но имаме и реномирани медиуми кои укажуваат на сатанството меѓу младината. Зошто некои бендови пеат за господарот на мувите? Што им текнало из чиста мира?!

Не сум протестант и никаде не реков дека сите кои не се Христијани биле сатанисти, напротив. Бројот на теистички сатанисти е екстремно мал. За мкд не би рекол дека постојат повеќе од 100-150 души кои ја продале душата на ѓаволот. Од другата страна атеистички сатанисти има многу повеќе па чак ете ги и на форумов со членовите кои ги споменав, читајќи ја темава од почеток до некоја 25 страна наидов на неколку сатанисти.

Но не е све во бројките. Овие поклоници на злото се активни. Низ РМ има стотици случаи на луѓе кои исчезнале без трага и глас и никогаш не се пронајдени. Можеби истражните органи треба да размислат да им закуцаат на врата на теистичките сатанисти.

@PROROKOT @alf @ainstain дали имате инфо за дејстување на сатанисти низ РМ?
Не мора да прозиваш луѓе во стадо... Осамен волк е подобро отколку собрани на куп мислејќи дека имаш некоја сигурност.
Немаш сигурност, овцата бега при првиот крик на лавот.

Исто велат и сатанистичките филозофии или не го вади мечот од футрола ако не мислиш да го употребиш...
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.280
Поени од реакции
7.628
Ти галиба си анархист или барем либертаријанец
ај за последен пат ќе бидам надовр од темава:
Јас сум си јас. Зашто некој што кажува со факти дека системот е корумпиран, нема владеење на правото, а без право нема цивилизација, мора да е анархист?


Исто и со религиозните фанатици или нивниот пророк или бесилка. Нели може во една држава кој во што сака да верува, се додека не прави штета на друг.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.870
Поени од реакции
4.998
@PROROKOT дали сатанизмот е сериозно распространет низ музичкиот бизнис.
Наводно бендот Кис се служеле всо акроним : KISS - Knights In the Service of SATAN.
И тоа како е распространет.

Еве исповест од лик, кој бил непосредно вклучен во музичката индустрија:

Автоматски споено мислење:

@PROROKOT @alf @einstein дали имате инфо за дејстување на сатанисти низ РМ?
Нееееее...:icon_lol:
Такво „нешто„ нема во „нашата земјата„...

Разбира се, ако под „сатанисти„ подразбираш само (!) ликови или здруженија кои несомнено (и јавно) го исповедаат Сатана за свој бог и делуваат согласно своите „религизони„ убедувања.

Ако малку прочепкаш, ќе увидиш дека поимот „сатанизам„ е прилично „еластичен„ и не опфаќа само појави како погоре наведената, туку и „суптилни„ поединци и групи, кои привидно не чинат зло, но нивните умови веќе се индоктринирани со лажни учења.

Неслучајно ѓаволот се нарекува и „лукавиот„, затоа што типот никогаш не оди „директно„, туку заобиколува („лук„=„лак„) и на прв поглед може да се стекне впечаток дека одредени учења или дејанија немаат ништо заедничко со Сатана, затоа што привидно се незлобливи, а во суштина се збирштина од лаги. Лагата е основното оружје со кое Сатана ги манипулира луѓето и прибира свои поклоници, нудејќи им „философии кои им ги чешкаат ушите„.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.962
Поени од реакции
6.441
Интересно и чудновато, на темава додека не започнав да постирам никој не го споменал теистичкиот сатанизам ниту како можност а уште помалку како реална сатанска опција.
Сите муабети се околу Ла Веј и неговото циркузанство, нема ништо ниту за остали сатанистички атеистички струи како на скоро упокоениот полковник Акино на пример.

Продолжуваме со летописот на злосторот од страна на лица кои се дефинирале себеси како сатанисти, синови ѓаволови, проклето семе!
Еден од многуте настани кога војници сатанисти убивале свои колеги или рандом народ е повторно од Србија и многу сличен на веќе опишаниот од пред некоја страна. Имено некаков млад сатанист а притоа и скраја било, маџар, успеал да се домогне до автоматска пушка М-70 во касарна во Нови Сад во 2004 при што убил двајца војници а ранил 13 други пред да си го одземе бедниот си живот свој. Тоа што имал само една рамка со 30 куршуми било среќа во несреќа затоа што ако имал повеќе муниција билансот на мртви би бил повеќекратно поголем.
Кај него биле пронајдени сатанистички списи а истрагата укажава дека Нандор Киш бил сатаниста од свои 16 години! Испаѓа дека ставање на теистички сатанист во средина со многу други луѓе е ризична опција имајќи предвид нивниот мизантропизам.

Во 2019 во градот Обреновац, пар сатанисти снимиле видео на кое машкото заклало куче скитник со бројни удари со нож. Низ цвилењето и квичењето на кучето се распознавало церекањето на сатанистот. За да работата биде уште побизарна, песот бил обезглавен и одран пред камера а неговите изнутрици растурени на улицата.Потоа овие љубавни птици го аплоудирале видеото на повеќе платформи но под притисок на јузерите тоа било избришано. За време на ритуалот често се слушало Аве и сатанас, кефо соте и остали чантови во слава на лукавиот. Тука бил и пентаграм нацртан со креда, свеќи и нешто налик на срцето на искасапениот пес.
Женската која го снимала ивентот се смешкала и го бодрела дечко си во неговиот крвав пир.

Просто е шокантно колку малку се знае во јавноста за дејанијата на теистичките сатанисти!
Автоматски споено мислење:

Патем Ипсисимус беше телемит не сатанист, барем додека беше присутен на форумов.
Чекај сеа, прочитав барем 25 страни од почетокот на темата и меѓу неколкуте сатанисти од лавејева провиниенција се наоѓа и тој членот Ипсисисимус од каде сега темелит, не може да биде двете истовремено, барем така мислам. Можеби нешто имаш помешано не знам. Како и да е, штета што сатанистите не се активни на форумов, кога ќе имам време ќе ја дочитам темава, претпоставувам дека некогаш на форумот имало и теистички сатанист.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.962
Поени од реакции
6.441
Остануваме во регионов со следната случка во која антагонисти се теистичките сатанисти, подмножество на езотериските традиции, во случајов обожавање на злото.
Во 2007 во малото гратче Нови Бановци извесен Данијел Јакупек се одважил да своите фантазии ги пренесе во реалниот живот. Цело време мечтаејќи за црни ритуали, овој сатанист си дал задача да си избере жртви. Најблиску бил неговиот внук од братучед кој имал 5 години. На денот кога судбината окрутно се поиграла со него, вујкото на детето го придружувал истото во шетња околу маалото.
Тогаш Јакупек ги поканил вујкото и внукот да дојдат во неговата куќа да се напијат по некој сок, онака.
Не сомневајќи се, вујкото и малиот се нашле во дневната соба на Јакупек кој прво со чекан го онесвестил вујкото а потоа во празната куќа со заклучена соба го фатил внучето и го оневестил со Хлороформ.

Следела вивисекција и масакр!
Сечејќи ги екстремитетите на малото дете со бонсек, овој манијак имал касетофон на кој ги снимал криците на детето, кикотејќи се повремено.
Врзаниот вујко сето тоа го гледал и не можел да направи ништо. Данијел просто уживал во ритуалниот обред, на лентата било снимено потпевнување на некакви песни.
Па така откако се уморил сечејќи го детето, земал ладно пиво да се освежи и продолжил со масакрот овој пат сечејќи го вујкото на парчиња. Обата леша биле декапитирани и останале само две торза заедно со исечените делови и внатрешни органи кои служеле во ритуалот во слава и чест на Луцифер!

Полицијата лесно го пронашла убиецот отако истиот учествувал како доброволец во потрагата по вујкото и внукот! Пронаоѓајќи ги пресечените раце на детето, полицијата пронашла ДНК трага на нив. Изгледа дека сечејќи го малото со бонсек се изгребал и самиот и оставил неколку капки крв. Оперативната истрага малку по малку го стеснила кругот на осумничени па така земајќи ДНК од Јакупек тој бил приведен. За време на истрагата, во неговата куќа биле пронајдени езотериски книги и гримоари, по нешто со окултна содржина, канибализам, вештичарење, вампиризам и остали ужаси па и книга за анатомија!

На судењето изјавил дека ги убил од чист аздис, бес и љубопитност што ќе биде ако направи жртвување во име на Сатаната.
Осуден бил на доживотен престој во лудница, овој 44 годишен монструм ја отворил дебатата за враќање на смртната казна во Србија, а би рекол дека таква казна едноставно мора да постои насекаде по свет пошто за вакви чудовишни злочини затворот/лудницата се смешна санкција.

Шокантно е колку сатанистички злостори има во регионов, кој би рекол дека и на Балкан ќе дојде модата на сатанските ритуали. И сеа ќе дојде некој и ќе каже абе остави тоа деца се заиграле малку...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.128
Поени од реакции
12.109
На судењето изјавил дека ги убил од чист аздис, бес и љубопитност што ќе биде ако направи жртвување во име на Сатаната.
Осуден бил на доживотен престој во лудница, овој 44 годишен монструм ја отворил дебатата за враќање на смртната казна во Србија, а би рекол дека таква казна едноставно мора да постои насекаде по свет пошто за вакви чудовишни злочини затворот/лудницата се смешна санкција.
Јас ќе дојдам да ти кажам да споделуваш линкови од каде ти е инфорто (сигурно има официјален билтен за вакви монструозни ствари), бидејќи ти си пристрастен христијанин... не ни треба раскажување, ни треба инфо директно...

Од друга страна пак се потврдува она што го повторуваме постојано: убиец кога ќе биде фатен се вади на идејата сатана и се прави луд... И ете, како што рековме, се спасил од затвор!
Овие твои примери само ќе поттикнат некој да направи глупости бидејќи ќе поттикнеш идеи дека со изјави верувам во сатана и затоа убивав ќе одат прават лудница, ќе ги прогласат за непресметливи и не се во затвор. А лудница е бомбона за вакви убијци, многу подобро од затвор!
Многу!

И пак одиме со твојата идеја: езотериски книги, гримоари, окултна содржина - а претходно муабети убиец и сатанист. Значи следува од книгите и езотеријата тој станал убиец. Христијанска работа... грозен муабет.
Но ако христијанин (а многу христијани се убијци) дома им наоѓаат библии, тогаш е во ред - не ја читале библијата :)
Море што си тииии...

П.С. Во Европа се што има, доаѓа од Балканот... не заборавајте дека до Босна се протегаше Отоманска империја, далечни учења и те како директно доаѓаа на Балканот и од Мала Азија а и од далечниот Исток... само во тие времиња мноштвото беше на магариња и неписмено тука...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom