Сатанизам

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
зошто тогаш го носиш сатанистичкото знакче у аватарот?
Кое знакче за тебе е сатанистичко во мојот аватар и зошто баш тоа ти е сатанистичко? :)
Да ја разбиеме и оваа мистерија :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857

уствари моја грешка беше, тие имаа петокрака у круг.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
уствари моја грешка беше, тие имаа петокрака у круг.
Не би рекол дека и тоа е сатанистички симбол... многу е битно за одреден симбол за да се одреди „чиј е и зошто е нивни“ да се знае историјата и философијата на истиот... за многумина тука на форумов, се што не е мојот симбол - е сатанистички и точка! :)

Ете крстот го има насекаде, не значи дека некој ако носи крст денес дека е христијанин, или ако носи и кукаст крст дека е нацист (такви симболи се премногу стари и премногу се претопувале низ човештвото).
Но многу малку се знае за нештата... за разлика од порано. Луѓето и учењата беа оддалечени и просторно и временски и пак се знаеше повеќе за работите, отколку денес, толку блиску едни до други и толку лесно за учење, но премногу white noise и не се знае што е што...
 
Крстот колку што знам е симбол на Исус како е распнат на крст. А кукастиот крст односно свастиката потекнува од Индија и таму е многу нормално да го има насекаде. И пре војната бил многу користен и низ Европа. Нацистите го украле и го ставиле како нивен симбол. У глобала нивната филозофија се базирала на украдена митологија од други народи и религии.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Крстот колку што знам е симбол на Исус како е распнат на крст. А кукастиот крст односно свастиката потекнува од Индија и таму е многу нормално да го има насекаде. И пре војната бил многу користен и низ Европа. Нацистите го украле и го ставиле како нивен симбол. У глобала нивната филозофија се базирала на украдена митологија од други народи и религии.
И крстот и пентаграмот ги има многу пред христијанството и активното проповедање на ѓаволи и сатана... односно активно сатанизирање на старите религии како и оние религии кои нам не ни одговараат!

Ако отидеш во Прилеп и се качиш горе на оној познатиот манастир ќе најдеш ако бараш упорно, пентаграм врежан во еден од камењата искористен во изградба на тој манастир... таму има постар храм пред овој сега (и не е сатанистички)! :)
Има и змија, за која овде креваат врева како била слика прилика како симбол за сатаната и злото :)

1711480291310.png
Да се потсетиме и за пастирот на православните христијани во Македонија, Стефан носи змии :
1711480588542.png
Затоа реков, битно е за даден симбол што крие зад себе, зошто е и како дошол до таму кај што е... некој таму рекол: „бидете мудри како змии“, а во друг дел змијата пак едно лошо нешто, сатанистичко... абе хаос, што да ти кажам, ова е неисцрпен извор на што сакаш може да кажеш и пак ќе ти го извртат зборот :)
 
змијата ја има насекаде, и по икони во цркви, но не значи дека они ја воспеваат. Него ја прикажуваат приказната за Адам и Ева.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
змијата ја има насекаде, и по икони во цркви, но не значи дека они ја воспеваат. Него ја прикажуваат приказната за Адам и Ева.
Но исто така велат „бидете мудри како змии“...
Приказната за Адам и Ева е од еврејските свети книги... а ја има исто така и порано, што не значи дека е митологија или сатанизам... како да се бира што и кога како ќе биде (сатанизам или пак воспевање), како да е ова политика, нели? :coffee:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Но исто така велат „бидете мудри како змии“...
Приказната за Адам и Ева е од еврејските свети книги... а ја има исто така и порано, што не значи дека е митологија или сатанизам... како да се бира што и кога како ќе биде (сатанизам или пак воспевање), како да е ова политика, нели? :coffee:
Па христијанството се темели на тие Абрахамски религии. И таа приказна со змијата и со сатаната се дел од тие книги. До Исус Христос се едно а после тие евреите го одбиваат христијанството. Тие и ден денес ги плукаат христијаните. И не знам зошто некој христијанин им иде по ќеф уопште кога они не сметаат за неверници.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Како проаѓа времето се повеќе имам разбирање кога го читам Хепта(што не значи дека го подржувам) ама дефинитивно нешто дебело смрди во христијанската религија на начинот како ни е преставена (не верата во Бог која е друга категорија)..
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Па христијанството се темели на тие Абрахамски религии. И таа приказна со змијата и со сатаната се дел од тие книги. До Исус Христос се едно а после тие евреите го одбиваат христијанството. Тие и ден денес ги плукаат христијаните. И не знам зошто некој христијанин им иде по ќеф уопште кога они не сметаат за неверници.
Далеку си од темиве за да разбереш за овие нешта по се изгледа :) Има други теми за ова, оди пребарај ќе се најдеме низ темиве...
Како проаѓа времето се повеќе имам разбирање кога го читам Хепта(што не значи дека го подржувам) ама дефинитивно нешто дебело смрди во христијанската религија на начинот како ни е преставена (не верата во Бог која е друга категорија)..
Не е проблем религијата, туку наследниците... не може бре се да се сатанизира од страна на една или две религии (знам, апсурд), а да не се дозволува да се критикува таа религија, да се бараат одговори...

Ако погледнеме наназад на темава, се е сатанизам ако не е православно христијанство! Точка.
Така се учени, така проповедаат и свештениците и мирјаните... затоа и не може да се идентификува вистинското зло, она што го расипува човекот од внатре, бидејќи во кошот се фрла се и сешто и потоа најди НЗС ...
Можеби им требаат сатанисти на овие, старите религии, за да си прават емисии и есеи за да зборуваат како светот создаден од боговите за човекот не го бидува, туку ќе умреме и вториот пат се ќе биде добро...

Затоа јас велам сатанизмот е дел од стариот еон, исто како и религиите кои сатанизираат туѓи учења!
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.428
Поени од реакции
3.134
Да се врати Христос на земјава осеќам дека би фрлил нуклеарка врз неговите таканаречени следбеници(во кои спаѓам и ја) за да се искаже во корен што мисли и како гледа на нив моментално..
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Далеку си од темиве за да разбереш за овие нешта по се изгледа :) Има други теми за ова, оди пребарај ќе се најдеме низ темиве...
ти брат делува како да не знаеш ништо за христијанството и контраш на него. Змијата и ѓаволот ги обожувале христијаните, и други небулози даваш. Од твојата омраза према христијанството не ги гледаш работите како што треба.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
ти брат делува како да не знаеш ништо за христијанството и контраш на него. Змијата и ѓаволот ги обожувале христијаните, и други небулози даваш. Од твојата омраза према христијанството не ги гледаш работите како што треба.
Јас никаде не реков дека некој обожава ѓаволи или змии, ти така си разбираш, тоа е твоја работа... немам власт врз твоето разбирње на нештата...

Јас само напоменав дека во стариот завет (кој што е еврејско учење) се зборува како змијата е лоша (ако прашаш ќе ти кажат дека змијата е симбол за сатаната, нечестивиот), нели.... а потоа во новиот завет читаме „Бидете мудри како змии“.... извини што го знам ова, а ти не го знаеш и го напишав тука за да и други го знаат и да размислат за кај се ... седни прочитај ја светата книга на христијаните, не да ме обвинуваш вака простачки, туку така, бидејќи ти толку разбираш...
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.655
Поени од реакции
3.770
Јас не се гледам себе си како наследник на еврејските учења како вие, христијаните... така да, гревови и Адам и Ева, знаеме кај се и од каде доаѓаат...
Тоа како се гледаш себе си мисловно, не те амнестира од биологијата која е иста за целиот човеков род...биологијата е независна од религиозните доктрини.

Имаш „дискрепанца„ меѓу твојата „теорија„ и објективната биологија...
Автоматски споено мислење:

Ѓаолот постои и во други религии и митологии велиш? Аман бре.. :)
Да бре...што, сега дозна?...:icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Не постојат боговите во другите религии (или ги претвараме во митологии, невистини, само сказни како за поука), лажни се тие богови, но кога се зборува за ѓаволот постои во сите религии и има апсолутна природа која не се менува? Ќе испадне вистина ова што зборуваат сатанистиве дека ѓаволот појак од боговите на Земјата... :coffee:
Другите религии не би биле религии, ако и во нив не се наведени одредени богови, кон кои верниците имаат одредена релација.

Да, и другите религии па и митологии го знаат лукавиот, кој е доволно лукав па успева да им се протне во учењата.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857
Јас никаде не реков дека некој обожава ѓаволи или змии, ти така си разбираш, тоа е твоја работа... немам власт врз твоето разбирње на нештата...

Јас само напоменав дека во стариот завет (кој што е еврејско учење) се зборува како змијата е лоша (ако прашаш ќе ти кажат дека змијата е симбол за сатаната, нечестивиот), нели.... а потоа во новиот завет читаме „Бидете мудри како змии“.... извини што го знам ова, а ти не го знаеш и го напишав тука за да и други го знаат и да размислат за кај се ... седни прочитај ја светата книга на христијаните, не да ме обвинуваш вака простачки, туку така, бидејќи ти толку разбираш...
Стариот завет е еврејска работа. Новиот завет е христијанска. И не значи дека ако нешто е напишано дека ти мора буквално да ги толкуваш стварите. Еве да речеме ако змијата е мудра не значи дека тоа е лошо. Него ете вика и ти да ја имаш таа мудрост.

Еве го целиот контекст, а ти како по обичај буквално толкуваш и се фаќаш за змијата.

Еве, Јас ве испраќам вас како овци меѓу волци. Затоа, бидете мудри како змии, а во исто време и кротки како гулаби.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom