- Член од
- 29 јуни 2014
- Мислења
- 25.904
- Поени од реакции
- 42.604
Димче у штаб сигурно ви забранува да го спомнувате името господово.Само агностицизам батиња. Ниту можеме да докажеме дека Бог не постои/постои, ниту за Сатаната дека не постои/постои.
Димче у штаб сигурно ви забранува да го спомнувате името господово.Само агностицизам батиња. Ниту можеме да докажеме дека Бог не постои/постои, ниту за Сатаната дека не постои/постои.
Дечко, па ти не правиш разлика помеѓу атеизам и агностицизам. Атеистите веруваат дека не постои Бог, ние агностиците не кажуваме дека веруваме туку дека не е возможно да утврдиш дека Бог постои и обратно, дека Бог не постои.Димче у штаб сигурно ви забранува да го спомнувате името господово.
Ако веќе ги имаш, посочи ги, можеби ќе ги прифатам.Не можеш да знаеш однапред дали ќе ми се допаднат.Не е проблем; јас ќе ти посочам докази, а ти најнапред посочи како треба да „изгледаат„ тие докази...за да не испадне дека после изнесувањето докази, истите нема да ти се „допаднат„.
Кај религиите, кои во основа се занимаваат со вистини пред се‘ од духовна а потоа и од материјална природа, главно доктринално мерило е вистината и само вистината.Ако веќе ги имаш, посочи ги, можеби ќе ги прифатам.Не можеш да знаеш однапред дали ќе ми се допаднат.
Така е. Сите религии се човекови измислици.Кај религиите, кои во основа се занимаваат со вистини пред се‘ од духовна а потоа и од материјална природа, главно доктринално мерило е вистината и само вистината.
Ако одредена религија нуди одредена вистина, таа (вистината) мора да биде една и иста за целиот човеков род. Ако вистината е вистинита, мора да биде иста за сите, а за да биде убедлива, вистината мора да биде проверлива. Плус, ако вистината е „онаа вистинската„, мора да биде иста и неменлива низ историскиот/временскиот тек.
Верата во живиот и вистинскиот Бог се протега од предвеченоста, од вечноста, низ историјата и низ реалното време и реалното живеење. Таа вера ни е објавена низ записи и низ сведоштва од Стариот и Новиот Завет и преку реалното битисување од Црквата и нејзините верници.
Другите религии се створени во историјата, од смртни луѓе, и ако самиот малку прочепкаш, е увидиш дека повеќето религии доживуваат „реформи„, што значи дека нивните авторитети ги увиделе доктриналните грешки (читај-лаги) и решиле да ги „поправат„.
Плус, припадниците на другите религии имаат еднонасочна релација кон своите богови, кон кои се однесуваат исклучиво поданички, со голема доза од страв од непредвиливото однесување на нивните богови. Ниту еден од тие богови-идоли не им вели на своите створени поданици дека треба да залужат враќање во заедница со своите богови-творци, нуту пак им посочуваат било каква смисла и цел од нивото (поданичкото) постоење на Земјава.
И од кај им текна на човеците да смислат толку многу регигии?...Со која намера, со која цел?...Така е. Сите религии се човекови измислици.
Контрола на рајата и објаснување на необјаснивото.И од кај им текна на човеците да смислат толку многу регигии?...Со која намера, со која цел?...
Не. Има повеќе.
Има повеќе правци но основата се состои од споменатите две доктрини, атеистичката и теистичката, сатанисти кои не веруваат во паднатиот и оние кои веруваат и чинат зулуми во негово име.Не. Има повеќе.
Ова е извадок од мојот блог, темата е Сатанизам, форми и објаснувања за да се прави разлика и од злонамерни но и оние кои разбираат малку, дека нештата се провидни
- Религија Сатанизам
- Готички Сатанизам
- Малолетнички Сатанизам
- Други форми на појавување на поимот Сатанизам
Читам на блогот околу сатанизмот но авторот не ги споменува делата по кои поклониците сатанини се познаваат а тоа е брутално насилство и смрт на жртвите. Мора да се има тоа предвид бидејќи се работи за далеку најнасилничка религија на светот. Во 90-те имаше и кај нас гласини за суицид меѓу сатанистички секташи но кој знае колку е тоа вистина. Се зборуваше за некаква црна ружа митска група чии членови убивале рандом жртви. Но колку што може да се забележи постојат малку убиства кај нас кои се сторени поради жртвување луѓе во име на ѓаволот.Често се вклучени во разни форми на вандализам, како што се цртање графити со разни сатанистички симболи, уништување на гробишта, наркоманија, мали криминални дела како насилничко однесување, ситни кражби и сл.
Бројот на младите кои се вклучени во вакви активности не може да се одреди поради непостоење на било какви стабилни организации и по правило заради краткиот период на занимавање со таквите активности.
Кај нас, многу од нештата се напумпани приказни.
Не зум знаел дека има таква тема на форумов, ќе ја разгледам утре, некако сатанизмот е фасцинантна ситуација особено во неговата теистичка форма, порано не знаев ништо за ова. Една од оние екстремни пројави на свеста кај човечките битија.Кај нас, многу од нештата се напумпани приказни.
Ние сме малку народ тука, па затоа за сензација мора дневните весници да измислуваат или да „пумпаат“ вести за читање, да се има читатели, инаку не се случува ништо, а народот бара забава за да си го одмори умот од секојдневието што го има.
Тоа беше пракса во 90-те на цел Балкан и сите зборуваа за „Црна ружа“...тука и има таква тема, на подфорумот Религија, може да ја разгледаш ако те интересираат такви ствари, има бааги муабет од членови на Кајгана.
Има секакви болни луѓе, како што пишува у во текстот на мојот блог, кои својата болест и насилство ја оправдуваат со ѓаволи и бесови...
Еден човек еднаш ми рече: Другар, малку сме - но секакви не има по светот!
И тоа е точно - и секој си бара оправдување за своите дела или недела... колку ќе поминат како оправдување, зависи кому се нудат оправдувањата...
Сатанизмот за мене е само обичен дел од мозаикот на стариот еон... ништо ново, само извртени ставови преземени од христијанството или исламот... што има човек полза од тоа, не знам - јас не гледам полза во сето тоа ...
Вилијам Блејк еднаш убаво рекол: „Бидејќи се што живее - Е свето“! И тоа го има кажано во книгата „The Marriage of Heaven and Hell“.
"Let the Priests of the Raven of Dawn, no longer in deadly black, with hoarse note curse the Sons of Joy.
Nor his accepted brethren whom, tyrant, he calls free, lay the bound or build the roof.
Nor pale religious lechery call that virginity that wishes, but acts not!
For everything that lives is holy."
Никогаш и нема да знаеме, токму заради новинари и токму заради тоа што сите кои имаат спротивен став од нашиот се сатанизира и оди во ист кош...
Значи ти или тој што го пишувал тоа исклучува било каква можност за теистичка доктрина кај сатанистите и се обидува да релативизира со наводни ментални болести растроени со вошки и гниди вакви онакви...све само не она што самите си кажуваат дека се, а тоа е робови на Сатаната.Никогаш и нема да знаеме, токму заради новинари и токму заради тоа што сите кои имаат спротивен став од нашиот се сатанизира и оди во ист кош...
А и дали бидејќи поединци се дрзнале да прекинат нечија волја за живот ги прави сатанисти?
Бидејќи и во самите книги на ЛаВеј не вели дека сатанист те прави тоа што си убиец.
Убиец си е убиец... може да бара оправдувања и кај сатаната, и кај господ така ми рече, и секаде - но ништо не го спасува од тоа дека е сепак само убиец. За ниту едно дело, добро или лошо, не постои сила која ќе влијае делото да не роди плод! Лоши дела, лоши плодови и vice versa - како што вели Вивекананда во „Карма Јога“.
Убаво пишува во текстот кај мене на блог:
„Повремено имаме случаи на изјави од тешки криминалци и сериски убијци за наводно вршење на своите дела под влијание на Сатаната, но по правило истрагата покажува слаба упатеност во Сатанизмот и прво покажува дека нивните знаења за Сатанизмот се одредени од христијанските преданија и неможност да ги докажат своите тврдења, што упатува на заклучок дека се работи за обид за избегнување и ублажување на казната заради психички проблеми.
Исто така повремено се појавуваат и случаи на сериозно растроени личности кои се убедени во тоа дека се под влијание на Сатаната, под чија команда вршат разни, според христијанскиот морал, неморални дела или пак криминални дела, кај кои по правило се забележува идентификација со христијанските претстави на Сатанизмот, а што е посебно интересно, како и големо влијание на формирање на карактерот од страна на христијанските организации, што е материјал за опширна студија на магиското делување на христијанските организации и не е директно предмет на овој приказ.“
- За Сатанизмот, форми и објаснување
Така да, како што реков, секој може да проба да се оправда откако ја зезнал работата со сешто... не сатанизам, не богови, со што сака - но тоа, не пали
Тоа е чудно и за убијци, мирен, повлечен, добар ден на сите, насмеан... и одеднаш, мракови... сосема спротивен начин на живот!