Кога зборуваме за сатанизмот на Лавеј и по негов принцип-сомневањето има неколку работи кои изгледаат дебилно парадоксални во неговото учење.
Како на пример
Зашто изигравал јак фраер кога 99% од работите му се превзени од Алистер Кроули, Ниче и Франсис Барет. Он само ги турил на папир. Копи-пејсташен дибек.
Второ, зошто кога ја декларира организацијата како атеистичка, зошто е црква. И зошто го инволвира сатаната, прави црни миси и ритуали кога е нели атеист? Што не си отворил културна атеистичка организација како многу други? Зошто кога се работи за индивидуализам и волја, мора да има хиерархија во неговата црква-Магуси, Фалуси и останати кретенизми.
Обично членовите на вакви секти се отфрлени од општеството фаци што ги праќале по бурек на сабајле и никој не ги сакал и место да се изборат во општеството како безкичмењаци подпаѓаат под првиот фрик што ќе им рече Здраво, дојди кај нас, или се разлигавени и разгалени ексцентрици што не биле доволно тепани како мали па сега си замишљаат дека годлајк фаци, несфатени од општеството.
Ако сте атеисти и ја почитувате својата волја и волјата на другите, тогаш апсолутен парадокс и глупост е да припаѓате на една ваква организација или било каква, која што не само што е контра сопствените верувања туку и не ви треба. Нити ви требаат староеврејски равенки со 3 непознати, енкрипции, триноми и остало срање.
Девеесет посто од сектите се машини за перење пари, не бидете будали. Плус ако Мерилин Менсон ви е репер за идол ондак бујрум.