Сарма?

Сарма! Да или не?


  • Вкупно гласачи
    312
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
ммммммммммммммммммммммммм
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Сарма со лозов лист и кисело млекце! Да, благодарам:vozbud:
 
Член од
12 мај 2010
Мислења
18
Поени од реакции
0
ммммммммммммм моето омилено јадење њам њам :)
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.818
Поени од реакции
11.445
Иде зима, сарма, руска и кифлички...
 
T

Tetro

Гостин








Потребни состојки:

1 зелка, свежа или кисела
500 гр. мелено месо
100 гр. ориз (кочански)
2 главици кромид
Масло за јадење
магдонос
Нане (мирудија)
Сол
Црн и црвен пипер


Во тава на оган го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи. Го додаваме и меленото месо. Па посолуваме. Откако малку ќе се пропржи меленото месо, го додаваме оризот, зачинуваме со мирудија, магдонос, црн и црвен пипер. Го допржуваме уште 2-3 минути и го тргаме од огнот. Од зелката вадиме лист по лист и постепено го отстрануваме кочанот (цврстиот дел). Секој лист зелка го ставаме во жешка вода за малку да омекне, а потоа на листот зелка ставаме од меленото месо и мотаме сарми (со големина по желба). На дното од длабокото тенџере во кое ќе се прави сармата ставаме неколку листови зелка, а потоа врз неа ги редиме сармите една до друга, и пак ставаме листови зелка. Ако зелката во која ја мотавме сармата е свежа, тогаш сармите ги прелеваме со расолница, а ако е кисела тогаш ги прелеваме со вода. Тенџерето го поклопуваме и го ставаме на тивок оган околу 2 часа. Откако ќе се свари сармата, можеме да направиме запршка (во тавче ставаме масло за јадење и една лажица брашно, оставаме малку да зарумени и потоа налеваме малку вода, оставаме да се згусти). Сармата ја редиме во традиционална македонска земјена тава за печење, ја прелеваме со запршката и ја ставаме во рерна околу 10 минути да се потпече на 200оС.

http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=6&pid=77&ppid=596&tid=2270




Си бил некој полицаец и секој ден поминувал покрај куќата на едно немирно дете, секој ден кога и да поминел полицаецов, детето му викало- ‘кај си бе сарма‘
и еден ден полицаецов изнервиран од непристојниот надимак поминувајки исто пак од кај куќата на детево чекал да му подвикне пак а коа детево му викнал ‘кај си бе сарма‘ полицаецов нервозен му се обратил:
-слушај дете, ако уште еднаш ме наречеш така ке те натепам.
Утре дента љубопитен поминува пак покрај куќата на детево и чека дали ќе биде наречен така како и секој ден, а детево му подвикнува:
- еј мелено месо и ливчиња зелка.......
- е ај само свиткај го тоа....- одговорил полицаецов. :)
 

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Јас пак познавам многу луѓе на кои им се лоши од самата помисла на сарма. И не ги разбирам.
Јас многу ја сакам сармата. Сеедно ми е каква, сите ми се убави.:)
Може да се каже дека е најубаво македонско јадење.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ухх обожавам, со кисела зелка дома од буре :) , мелено јунешко мевце и ориз и малку помрсничка и одозгора лимон ставам по некоја капка кога ќе си ставам во чинија...Крај нема... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom