Потребни состојки:
1 зелка, свежа или кисела
500 гр. мелено месо
100 гр. ориз (кочански)
2 главици кромид
Масло за јадење
магдонос
Нане (мирудија)
Сол
Црн и црвен пипер
Во тава на оган го ставаме ситно сечканиот кромид да се пржи. Го додаваме и меленото месо. Па посолуваме. Откако малку ќе се пропржи меленото месо, го додаваме оризот, зачинуваме со мирудија, магдонос, црн и црвен пипер. Го допржуваме уште 2-3 минути и го тргаме од огнот. Од зелката вадиме лист по лист и постепено го отстрануваме кочанот (цврстиот дел). Секој лист зелка го ставаме во жешка вода за малку да омекне, а потоа на листот зелка ставаме од меленото месо и мотаме сарми (со големина по желба). На дното од длабокото тенџере во кое ќе се прави сармата ставаме неколку листови зелка, а потоа врз неа ги редиме сармите една до друга, и пак ставаме листови зелка. Ако зелката во која ја мотавме сармата е свежа, тогаш сармите ги прелеваме со расолница, а ако е кисела тогаш ги прелеваме со вода. Тенџерето го поклопуваме и го ставаме на тивок оган околу 2 часа. Откако ќе се свари сармата, можеме да направиме запршка (во тавче ставаме масло за јадење и една лажица брашно, оставаме малку да зарумени и потоа налеваме малку вода, оставаме да се згусти). Сармата ја редиме во традиционална македонска земјена тава за печење, ја прелеваме со запршката и ја ставаме во рерна околу 10 минути да се потпече на 200оС.
http://www.macedonium.org/Macedonium.aspx?jazik=2&kid=6&pid=77&ppid=596&tid=2270
Си бил некој полицаец и секој ден поминувал покрај куќата на едно немирно дете, секој ден кога и да поминел полицаецов, детето му викало- ‘кај си бе сарма‘
и еден ден полицаецов изнервиран од непристојниот надимак поминувајки исто пак од кај куќата на детево чекал да му подвикне пак а коа детево му викнал ‘кај си бе сарма‘ полицаецов нервозен му се обратил:
-слушај дете, ако уште еднаш ме наречеш така ке те натепам.
Утре дента љубопитен поминува пак покрај куќата на детево и чека дали ќе биде наречен така како и секој ден, а детево му подвикнува:
- еј мелено месо и ливчиња зелка.......
- е ај само свиткај го тоа....- одговорил полицаецов.