BlAcK_MamBa
:: Living by my own rules ::
- Член од
- 25 март 2007
- Мислења
- 431
- Поени од реакции
- 5
Приказнава е супер сакам среќни краеви.
А уствари кај го виде среќниот крај?
Приказнава е супер сакам среќни краеви.
se naeziv bbbbbbbbbbbbbbvvvvvvvvvvvvvvvvv strasno pamet u glava narode pa ne e vreden nikakov seks vo odnos na zivotНајдов многу убав и тажен пост на еден форум, па без оглед што е доста добро позната ситуација, од која се надевам повеќето знаат да се заштитат, морам да го преведам и напишам тука ... никогаш не се знае ... можеби на тие што повеќе рескираат ќе им биде памет за понатаму ...
Прочитајте кога ќе имате време ...
" ... Моето име не е важно.
Тогаш имав 26 години. Бев многу успешен, при крај со студиите, со хонорарна работа која ми носеше повеќе пари за џепарлак од што ми требаа. Спортував и добро изгледав. Посебно бев горд на плочките на стомакот, на кои долго работев после болното раскинување на долгата врска.
Мојата девојка беше слатка, витка и многу пријатна. Друштвото ја обожаваше. Повремено работеше и беше последна година на економија. Фино се сложувавме. Сексот беше одличен.
Тогаш имав многу хобиа. Бев доста друштвен и сакав да си удоволувам на секој начин.
Имав најдобри другари кои можат да се посакаат. Толку бев горд на нив што ако некој ме прашаше што е највредното нешто што сум го постигнал, би одговорил : другарите.
Односите со родителите ми беа одлични. Посебно бев горд на својот брат кој можеби не сакаше да учи, но израсна во одличен човек.
Се` на се` бев млад, успешен и перспективен дечко. Секогаш насмеан, со само еден белег на душата од раскинувањето на долгата врска. Но и белегот се излечи, па почна да ми делува позитивно. Девојките во моите очи гледаа дека пред нив имаат искусен дечко. Исто така и мудроста која ја стекнав бодејќи се за себе тие неколку месеци после раскинувањето, почна да се слуша во секој мој збор. Бев посмирен и точно знаев што сакам од животот - да го живеам.
И токму тоа го правев.
Елена ја запознав на море.
Беше права мала експлозија на убавина, долга плава коса, зелени очи, секогаш во лепршави фустанчиња со весели бои од кои и се гледаа совршените нозе.
Од сите приказни на околните момци, мојата беше најинтересна. Неколку ноќи се гледавме во кафичот на плажата, игравме, се смеевме и третата вечер се бакнавме. Таа вечер толку диво и лудо водевме љубов помеѓу карпите на плажата, што имав модрици по цело тело. Морам да признаам дека со девојката со која тогаш бев во врска неколку месеци, таков вид на страст не постоеше. Можеби постоеше на почетокот, сега веќе не се сеќавам.
Елена беше апсолвент. Исклучително негувана, миризлива коса и нереално бели и здрави заби. Мирисот на нејзината коса и нејзините течности просто повикуваа на грев. Се сеќавам дека можев само да лежам на кревет или во када и да се самозадоволам само со присетување на нејзиниот мирис. Ми се допаѓаше допирот на нејзината кожа и начинот на кој кажа: "На усните", кога ја прашав каде сака да свршам.
Со еден збор, чудо од девојка.
Повторно се среќававме во истиот кафич и само загонетно се смешкавме. Ми годеше таа мистерија.
Не разменивме ни телефони, ни никаков друг контакт. Не ни требаше. Тоа беше совршен момент и тоа е тоа. Искусен, го знаев тоа, а очигледно и таа.
Неколку вечери подоцна се вратив дома. Со тогашната девојка одма раскинав. Едноставно, долго време ме пратеше имиџот на дечко кој ги изневерува своите девојки, па без оглед што не ме интересираше тоа дека бев со чиста совест, искуството од другите врски ме научи дека девојките гледаат многу работи, а уште повеќе претпоставуваат. На крај, не сакав да ја продолжам врската со лага. Не ми беше тешко да измислам некоја причина за да се разделиме колку-толку нормално.
Дека сум заразен со ХИВ вирусот дознав случајно, додека давав крв. Ете, сакав да направам некое добро дело и некому да спасам живот. Испадна дека можам да одземам. За среќа, неколкуте врски после Елена имаа услов: секс со презерватив. Не поради болести, туку поради несакана бременост. Девојките понекогаш имаат среќа ... понекогаш не.
Ништо повеќе нема смисла. Зошто да завршам факултет? Зошто тие малку денови кои ми преостануваат да ги поминам во учење, кога тие предмети и така не ме интересираат?
Одам на море, се зезам, излегувам.
Понекогаш паѓам во депресија кога ќе видам некоја слатка девојка за која мислам дека можам да ја освојам. Но не, не дозволувам ни бакнеж.
Не сакам уште некој да плаче над жолтата хартија на која пишува "позитивен".
... и така. Вирусот не е активен сеуште, со други зборови сеуште водам нормален живот. Никој не знае, а и крв давав под лажно име. Ако ме прашате зошто дадов лажно име, нема да можам да ви одговорам - но, како да знаев.
Ми јавија на мобилен, припејд број кој не е регистриран. Бев уште еднаш, да се осигураат. Беа сигурни, не е тоа работа во која се греши.
Како знам дека е Елена?
Давав крв и пред неа.
После ја побарав, преку факултетот.
Починала пред три месеци, но не од сида, туку од запаление на белите дробови. Запалението ја убило бидејќи нејзиното тело измачено од вирусот, неможело повеќе да се бори. Нејзините родители кои ми го кажаа тоа, беа скршени. Борбата со болеста ги исцрпила до крајни граници. Бев сигурен дека нема и моите родители да ги вовлечам во таква ситуација.
Не знам дали знаела тоа лето дека е заразена. Не е ни важно. Сеќавањето на тој совршен секс ќе ми трае додека сум жив. Единствениот проблем е што тоа нема да трае долго ...
И да. Сите мои успеси, воодушевувањето кон другите поради добри девојки и пари, сега не ми значат многу. Никому не смеам да кажам и внимавам никој да не дојде во контакт со мојата крв. Немам ни секс. Немам ни девојка. Немам ни интерес за некакво хоби или спорт. Едноставно, седам и чекам да се случи.
Постојано му кажувам на брат ми зошто е добро да се носи презерватив со себе. Никогаш нема пари за нив, но јас му ги купувам и му ги ставам во џеб, скоро секојдневно. Малку чудно ме гледа поради тоа, но ќе преживеам ... мислам, неговиот поглед.
Само за едно жалам. Знаете за што нели?
И доста важно: имав многу девојки. Многу секс. На ниеден не се сеќавам. Ако ме прашате сега, би го дал цел тој секс, дури и да останам невин до 27 години, само да сум здрав.
Да се откажеш од еден секс поради остатокот на животот, кога немаш презерватив при рака, потполно е логично!
Незнам што ми беше тој ден, бидејќи се` знам за сидата, а знаев и пред тоа.
Ако извлековте нешто од мојата приказна, фино. Ако не, тогаш сте будали како мене. Можете да се нервирате, да пцуете или да плачете - на крај ќе седите, ќе гледате бледо во далечина и ќе се прашувате зошто баш вие ... "
...