Самоцензура

SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Има еден феномен. Значи кога сакаш да кажеш нешто но, сметаш дека ќе има негативни последици по тебе решаваш да не го кажеш. Не дека е потребно да се дефинира поимов повеќе е од јасен. Туку во овој контекст колку често ви се случува сами да си избришете коментар или воопшто да не го напишете т.е. да се самоцензурирате? Или воопшто нешто некогаш да не кажете...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Самоцензурата е општо позната на ова поднебје, најчесто како дефанзивен механизам поради менталитетот групно фаќање на сеир, но не и групно бранење од истиот. Затоа луѓето многу потивко ја прикажуваат својата вистинска слика, а тука се во орди ако треба некој да омаловажат.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.347
Поени од реакции
4.991
Тоа во голема мера зависи од менталниот склоп на личноста и стравот како околината ќе го прифати неговото мислење.
Инаку да најчесто не им се придава значење на ставовите кој во голема мера не соодејствуваат со општо приватеното мислење за одреден поим или тема.
Сакајќи да се наметнеш попрво ќе бидеш исмеан и омаловажен одошто да се прифати нечија идеја..... Во тој случај настанува тоа свое потиснување на сопственото мислење али пак ќе кажам доколу е во прашање влијателна личност ќе го пробие својот став ма какви не препреки да имало
Мал дел го имаат тој ментален склоп меѓутоа тие што се, се влијателни личности во сферите кој се движат.
Финтата е како да се натераат останатата широка маса да се искаже себеси да да не си врши самоцензура заради некој општествени догматски сваќања....
 
König

Гостин
Член од
29 октомври 2014
Мислења
215
Поени од реакции
575
Самоцензурата не е феномен. Таа е македонски начин на живот и официјална политика на форумов.

Овде ако кажеш мислење, на пример од областа на историјата, кое не се совпаѓа со официјалното државно интерпретирање на историјата, одма си прогласуван за провокатор или државен непријател број еден. Или прекинувањето на мислата кога треба да кажеш мислење кое неминовно е поврзано со политика, па за да не бидеш баниран или казнет, притискаш на backspace пред да испратиш мислење.

Самоцензурата е апче за умртвување на духот и слободата.
Затоа во тој поглед, јас избирам да имам еден пријател заради тоа што сум го кажал, отколку илјада пријатели заради тоа што сум го премолчал.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Често пати ради истата сум бил доведен во неповолна ситуација, затоа што луѓето се навикнати и сакаат да ја слушаат само вистината која им е мила и на кеф.

А секогаш се во потрага демек по искрено мислење кое ќе го почитуваат. Ретки се тие кои ја почитуваат искрената мисла која ќе биде пред се објективна и оправдана, а не слепо плукање и одење контра чисто ради инает.

Во Македонија самозензурата е присутна во секое поле, буквално во секое. Од лигушење по факултети за повисоки оценки и согласување со секој став на професорот/асистентот, па до коментирање низ социјални мрежи и така натака. Има една друга група која со цел да ја победат самоцензурата форсираат некакво глупо дејствување кое е претерано, премногу слободно и налудничаво на моменти. И тие не ги бива, ради силењето.
 
Последно уредено:

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Мене лично бричен ми е јазикот со зеле џамче :icon_lol:, Немам ни срам ни страв, но сепак во последно време гледам да не поганам толку многу, да се смирам и изразам смирено, има уште многу смрдеа во мене ама ја прикривам со парфем :icon_lol:.
 
Ф

Флеш

Гостин
Самоцензурата не е феномен. Таа е македонски начин на живот и официјална политика на форумов.
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc: (y)(y)(y)(y)(y)(y)(y)(y)

Самоцензурата е општо позната на ова поднебје, најчесто како дефанзивен механизам поради менталитетот групно фаќање на сеир, но не и групно бранење од истиот. Затоа луѓето многу потивко ја прикажуваат својата вистинска слика, а тука се во орди ако треба некој да омаловажат.
Доста ми филозофираш ми е доста пати лепена у очи како начин, дека тоа е едно болно однесување кое не треба да постои . Го рамнат како да си ментално ретардиран и етикетиран си дека ненормален .

ПС

Одлични поенти и двајцата имате , голем (y)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Самоцензура, .... каде? Тука на форумов или во приватниот живот?
Во приватниот живот колку и да не сакаш, приморан си да се самоцензурираш во некои ситуации. Особено кога се работи за работа.
А тука, ... ? Тука нема потреба од самоцензура. Одма ќе те цензурираат боговите модераторски:P
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: SF

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Често пати ради истата сум бил доведен во неповолна ситуација, затоа што луѓето се навикнати и сакаат да ја слушаат само вистината која им е мила и на кеф.

А секогаш се во потрага демек по искрено мислење кое ќе го почитуваат. Ретки се тие кои ја почитуваат искрената мисла која ќе биде пред се објективна и оправдана, а не слепо плукање и одење контра чисто ради инает.

Во Македонија самозензурата е присутна во секое поле, буквално во секое. Од лигушење по факултети за повисоки оценки и согласување со секој став на професорот/асистентот, па до коментирање низ социјални мрежи и така натака. Има една друга група која со цел да ја победат самоцензурата форсираат некакво глупо дејствување кое е претерано, премногу слободно и налудничаво на моменти. И тие не ги бива, ради силењето.
Целосно се согласувам со ова. Луѓето, односно барем ние Македонците не знаеме да примиме критика или друго мислење освен сопственото. Многу пати досега ми замерувале блиски луѓе за нешто што сум кажал иако било вистина, и ги боли најверојатно таа вистина па секогаш се обидуваат да возвратат колку што е можно повеќе. И откако ќе им кажеш нешто после тоа следува оговарање позади тебе како си лош карактер, мразиш некого или му љубомориш. Ама тоа е, луѓето тешко се менуваат.
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Самоцензура или Самоконтрола?
Очигледно многу општества имаат потреба да ги контролираат идеите. Македонија не е исклучок а не ни нешто посебно битен и посебен пример.
Инаку има одредени форуми кај што нема модератори. И коментарите се вакви: Да ти **** ***** **** **** ********* мајка ***** ќерка**** Историја**** ****** **** ***** племе**** Држава**** **** **** ***** ***** и све по списку.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
Како да свртиш, Кајгана е можеби единствено познато место кај нас каде може да се напише слободна мисла... во Фокус, Вест воопшто и не се предвидени коментари, во опозиционите портали и весници не објавуваат ( ако не му се допаѓа) ... имаше еден политички портал воденица, сега е блокиран од хакерски напад и затворен, каде беше исто како тука во Кајгана, ама имаше многу агресивни опозициони партиски војници кој ги блокираа коментарите што не им се допаѓаа така што веднаш праќаат неколку коментари само да се потисне непожелниот коментар од тековниот проѕорец...
А сега конкретно околу самоцензурата... пред повеќе месеци мислам беше, Билд ја објави сликата на голиот задник на принцезата... ниеден ех-ју онлине весник не се осмели да ја превземе од страв од тужби на британскиот двор, туку само даваа текстуален напис линкови кон сликата на Билд... е нашиот Дневник мислам, ја објави сликата на задникот на принцезата, не верувам дека не се плашеа, можеби не беа информирани (дека британскиот двор крвнички тужи), а освен тоа како онлине весник се минорни, не ги запазил никој од надлежните за тужење :D...
 
И Дневник се добри како весник и сајт ,објавуваат и прости коментари со навреди ,значи немаат никаков филтер на што би објавувале или не . Дневник како весник ми е најценет од сите и најчитан,обработуваат одлични теми поврзани со Македонија ,во врска со однесувањата на " комшиите" кон Македонците и мак дијаспората . Обработуваат вистински теми кои ја засегаат Македонија,за разлика од Вест кој на пиедестал на прва страна им е турбо фолкерката Барби од Велес како сакала некој бизнисмен . Кој е квалитет а кој шунд , доволно објаснив .
 
SF

Член од
4 октомври 2010
Мислења
290
Поени од реакции
142
Како да свртиш, Кајгана е можеби единствено познато место кај нас каде може да се напише слободна мисла... во Фокус, Вест воопшто и не се предвидени коментари, во опозиционите портали и весници не објавуваат ( ако не му се допаѓа) ... имаше еден политички портал воденица, сега е блокиран од хакерски напад и затворен, каде беше исто како тука во Кајгана, ама имаше многу агресивни опозициони партиски војници кој ги блокираа коментарите што не им се допаѓаа така што веднаш праќаат неколку коментари само да се потисне непожелниот коментар од тековниот проѕорец...
А сега конкретно околу самоцензурата... пред повеќе месеци мислам беше, Билд ја објави сликата на голиот задник на принцезата... ниеден ех-ју онлине весник не се осмели да ја превземе од страв од тужби на британскиот двор, туку само даваа текстуален напис линкови кон сликата на Билд... е нашиот Дневник мислам, ја објави сликата на задникот на принцезата, не верувам дека не се плашеа, можеби не беа информирани (дека британскиот двор крвнички тужи), а освен тоа како онлине весник се минорни, не ги запазил никој од надлежните за тужење :D...
Не дека е се опозицини настроени луѓево туку тоа е феномен на
http://en.wikipedia.org/wiki/Negativity_bias
The negativity bias[1] (also known as the negativity effect) refers to the notion that, even when of equal intensity, things of a more negative nature (e.g. unpleasant thoughts, emotions, or social interactions; harmful/traumatic events) have a greater effect on one’s psychological state and processes than do neutral or positive things.[2][3][4] In other words, something very positive will generally have less of an impact on a person’s behavior and cognition than something equally emotional but negative. The negativity bias has been investigated within many different domains, including the formation of impressions and general evaluations; attention, learning, and memory; and decision-making and risk considerations.
Се работи за социопсихолошки феномен.
Верувај дека најголем дел од тие што ти изгледаат „опозицинерски насторени“ на форумов пред неколку месеци гласале за ВМРО-ДПМНЕ и најверојатно пак ќе гласаат.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.735
поентата ми е друга, признавам како слободна дискусија на онлајн медиум ако директно се пишува... ако има некој проблем, по согледување на истиот модераторот нека го избрише... но ако не се дозволи воопшто некој текст да види Бел Ден, тоа е најголема цензура ... но се разбира дека денес постојат и други методи на гушење на вистината, како кај власта ама исто така и кај опозицијата... типичен пример на цензура е 10 годишната циркусијада со Кингерот и 20 годишната со атентатот на Глигоров... еве се најави пред некоја недела дека обвинителот на БиХ ќе донесе нови докази за падот на Кингерот... требаше конечно оваа недела... арно ама некако пак се се замолча, господ знае какви спреги на интереси има во спречување на ова, сигурно и надворешни фактори... а кобајаги слободните (а всушност опозиционо-соросоидни) новинарчиња, кој се силат со истражувачко новинарство, по се изгледа само строго нарачано и усмерено и аминувано од надворешни фактори ..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom