- Член од
- 22 јануари 2015
- Мислења
- 55
- Поени од реакции
- 18
Под "врв" сакав да кажам дека уште тоа му фалеше и како што рече Ailurophile, не можеме да знаеме што се случува во главата на таа личност. Кога си психичка слаба личност, проблемите кои ги имаме ние, тие ги доживуваат подраматично. И самите знаете во каков свет живееме каде што попрво ќе патиме отколку да потражиме помош(ова не важи за сите), потоа имаме оговарање, вртење грб и такви работи, сите тие работи влијаат.. на некого помалку на некого повеќе. Греота е што никој не приметува се додека не биде касно, кога човек има проблем тоа се приметува колку и да глумиш.. барем јас можам да приметам. Поголем дел од тие "пријатели" што ги имаме попрво ќе гледаат како патиш отколку да ти помогнат. Многу машки што знам не зборуваат кога ги мачи нешто, као ако се искажат, пички се, плачат и не знам што. Затоа и некои се самоубиваат, наместо да побараат помош.