Самосвесна и независна = феминистка?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Појавата наречена Pro Femina е токму она што е проблем со денешниот феминизам (бар за МК зборам). Самата на себе е карикатура и ги руши сите начела што феминистките ги имале на почетокот на движењето. Голем дел од денешните феминистки си изнаоѓаат проблеми само за да си го оправдаат своето постоење или својата припадност во групата.
А тоа е проблем.
Ќе морам да те разочарам. Про фемина ликот беше дупли јузер на Николамкд.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Ќе морам да те разочарам. Про фемина ликот беше дупли јузер на Николамкд.
Знам дека беше дупли јузер (мислам, ептен беше очигледно), но тоа не значи дека денешните феминистки (во МК) не се пародија самите на себе. Затоа ми беше паралелата со мислењата на Про Фемина.
 

Prestapnik

Кондураџија
Член од
10 јануари 2015
Мислења
418
Поени од реакции
342
;) Колку студентКИ има на електро, машински, градежен и слични факултети?
Според Завод за статистика, во просек околу 35%. Тоа е повеќе од доволно за да можеш да правиш стереотипи околу изборот.

Колку девојки/жени сакаат да бидат: багеристКИ, деминерКИ, градежни работничКИ (не архитектки), магационерКИ и сл?
А кои мажи имаат толку висока амбиција за да сакаат да бидат најефтино платени физички работници на работна позција со најнеповолни работни услови?

Колку жени сакаат да работат "машки" професии?
Погрешно ти е формулирано прашањето. Не колку сакаат, туку колку работат? Многу малку. Но и тие мажи кои работат такви „машки“ професии не ги работат од што сакале туку од што немале друг избор. Сега прашањево можеш да го поставиш и од спротивна гледна точка „Колку мажи работат „женска“ работа“? На пример хостеса, медицинска сестра, стујардеса, секретарка и слично?

Кое девојче и да го прашаш ќе ти каже: аптекарка, докторка, наставничка...никоја нема да ти каже сакам во рудник нели?
Подеднаков број на машки деца ќе ти го одговорат истото: фармацевт, доктор, професор...Тоа не значи дека тие женски и машки деца си ги остваруваат детските фантазии во животот. Рудар може да сака да биде некое дете од предшколска возраст кое што претставата за „рудар“' ја има оформено од цртан филм, а нема ни малку сознание каква тешка, нездрава, опасна и ниско-платена работа е тоа. Кога ќе ги осознае тие факти ќе престане да си фантазира дека ќе стане „рудар“ кога ќе порасне.

Или за овие професии полот и тоа како е важен, па тука не одговара да сме рамноправни?
Рамноправноста не се мери со описот на работното место туку со придонесот во општеството и семејството. Придонес на копач, рудар, магационер и слично е далеку помал отколку на директор/ка, професор/ка, докотор/ка и слично.

Ова е феминизам. Дај да го сместам газето на фотеља и потешко од лист хартија да нема, за другото...Не барате рамноправност, туку преку леб, погача.
Nonsense. Секој без оглед на полот сака да си најде подобри услови за работа, а да имаш подобри услови за работа не значи и дека не сакаш да работиш.
Тежината на работата не се мери со тежината на предметите со кои работиш, туку во резултатите и придобивките од тоа што ќе го работиш. Ти како лопатар со лопатата в рака во текот на животот можеш да ископаш сто иљади кубици земја. Јас без да чепнам потешко од лист и пенкало можам да измислам решение или да донесам одлука со која за пет минути ќе им обезбедам работа на сто иљади лопатари како тебе и за тие 5 минути ќе заработам колку ти за 20 години.

Научник е рамноправно со мажите? Немој...
А што да не?
 
Последно уредено:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Знам дека беше дупли јузер (мислам, ептен беше очигледно), но тоа не значи дека денешните феминистки (во МК) не се пародија самите на себе. Затоа ми беше паралелата со мислењата на Про Фемина.
Ја би извлекла пародија на денешните мажи во ликот на Про фемина.

А за феминизмот во денешно време би рекла дека е ист како и целото општество, нешто е труло.
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
44
Поени од реакции
78
Мене искрено, ми личи како сите овде да сте машки и да си ги мерите на кој му е поголем. На темава и недостига само уште еден одговор од саглам психијатар кој ќе ви ги затне устите на сите и потоа да следи клуч. Па дали сте бре вие нормални, дали сте мрднале некаде од пред тоа компјутерот? Кој ви забранил на вас жените било што, па имате дури и повеќе права од мажите, а амбициите не ви ги разбирам. Која е таа амбиција да бидеш успешна жена која е независна, сама заработува итн итн, а цел ден кисне на фб и на форуми и пропагира некои срања по интернет, додека мажот црнчи по цел ден на работа и кога ќе дојде дома го чека лепче и ајварче од лани, затоа што жената била презафатена со јадење гомна по нет? Факт е дека од ваквите глупави "феминистички" размислувања толку е намален наталитетот и зголемен процентот на разводи и несреќни недолжни дечиња, зголемен е и процентот на геј бракови, све иде у курац бре, претпоставувам дека повеќето коментатори овде се факултетлии ако не и помлади од тоа, па и врска немаат што зборат. Те прави среќна да имаш лично твои пари, да си пичка ипол, да си независна, а од друга страна кукаш дека немало саглам мажи или дека сте дискриминирани некако и не можете да си најдете соодветен партнер, уште да кажете и дека ви е мака да раѓате деца. Не ми личи дека ја разбирате поентата на животот, тоа е да се биде среќен, а ако форсираш нешто за кое што мислиш дека те прави среќен, ти го полни егото, а всушност те празни до немајкаде. Ви посакувам да си бидете успешни и независни до миле воље, а каде само ќе ве одведе тоа, ќе си видите откако ќе ви помине животот во глупави курчења и докажувања.
Моја констатација за среќа : Пар Албанци од Гостивар, сопруг и сопруга, држат автоперална, црнчат деноноќно, мијат возила за ситна пара, не им е важно како се облечени, дојдоа кај мене во Скопје во гумени чизми и двајцата, сложни во се, не дозволуваат во ниеден момент некој од нив да биде нападнат вербално од ниту едно трето лице, имаат неколку дечиња, не се жалат за ништо, ќе рече човек милијардери се. Ама постои тука друга работа, тие ја задржале онаа малку постара идеологија дека мажот е главата и умот, а вметнале и малку од новата тематика, и излегло нешто прекрасно, нешто на кое што може да им завидува 90% проценти од популацијата во МК па и пошироко. Дај прекинете со феминизми, шовинизми, песимизми и глупави морали, тек тогаш ќе бидете стварно среќни. Да било сето тоа толку добро, цел свет би се сложил за истото, не би имало противречења и побуни.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
660
Самосвесна и независна не значи феминистка, туку модерна жена. Мажите се плашат од независни жени, а немаат потреба. Жената има свој потполн развој само покрај маж кој ја сака. Младите жени не го признаваат тоа затоа што не почувствувале љубов и затоа одат во друга крајност, феминизам.Жената има исконска потреба да љуби и да биде љубена.Со тоа таа може да биде самосвесна но никогаш во потполност независна. Таа може да е финансиски независна, но емоционално е секогаш зависна од мажот. Само самосвесна жена има доблест да го признае тоа. Слабите жени се кријат позади параванот наречен феминизам.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Не, дека праша кој бил поуспешен, Бил Гејтс или Мајка Тереза. Затоа се надоврзав, интересна ми дојде споредбата. И дека не си можела да кажеш дека еден од нив двајца е поуспешен, само заради парите.

Оттука, претпоставувам не можеш да кажеш кој е поуспешен помеѓу Бил Гејтс и Иван Исцелител.
Кој е поуспешен според тебе, Бил или Иван?
Или не ме читаш, или пробуваш да ми влечеш зборови од уста. Никогаш нема да кажам дека некој е поуспешен од некој друг. Освен ако не ми споредиш двајца со еднакви цели во животот, еднакви средства за остварување на целите, еднакви можности, еднакво минато и еднакви амбиции.
Што знам јас кои му се целите на Иван? И искрено, незнам колку верувам во неговите „способности“ и колку тоа стварно помогнал на луѓето.

Мене искрено, ми личи како сите овде да сте машки и да си ги мерите на кој му е поголем. На темава и недостига само уште еден одговор од саглам психијатар кој ќе ви ги затне устите на сите и потоа да следи клуч. Па дали сте бре вие нормални, дали сте мрднале некаде од пред тоа компјутерот? Кој ви забранил на вас жените било што, па имате дури и повеќе права од мажите, а амбициите не ви ги разбирам. Која е таа амбиција да бидеш успешна жена која е независна, сама заработува итн итн, а цел ден кисне на фб и на форуми и пропагира некои срања по интернет, додека мажот црнчи по цел ден на работа и кога ќе дојде дома го чека лепче и ајварче од лани, затоа што жената била презафатена со јадење гомна по нет? Факт е дека од ваквите глупави "феминистички" размислувања толку е намален наталитетот и зголемен процентот на разводи и несреќни недолжни дечиња, зголемен е и процентот на геј бракови, све иде у курац бре, претпоставувам дека повеќето коментатори овде се факултетлии ако не и помлади од тоа, па и врска немаат што зборат. Те прави среќна да имаш лично твои пари, да си пичка ипол, да си независна, а од друга страна кукаш дека немало саглам мажи или дека сте дискриминирани некако и не можете да си најдете соодветен партнер, уште да кажете и дека ви е мака да раѓате деца. Не ми личи дека ја разбирате поентата на животот, тоа е да се биде среќен, а ако форсираш нешто за кое што мислиш дека те прави среќен, ти го полни егото, а всушност те празни до немајкаде. Ви посакувам да си бидете успешни и независни до миле воље, а каде само ќе ве одведе тоа, ќе си видите откако ќе ви помине животот во глупави курчења и докажувања.
Моја констатација за среќа : Пар Албанци од Гостивар, сопруг и сопруга, држат автоперална, црнчат деноноќно, мијат возила за ситна пара, не им е важно како се облечени, дојдоа кај мене во Скопје во гумени чизми и двајцата, сложни во се, не дозволуваат во ниеден момент некој од нив да биде нападнат вербално од ниту едно трето лице, имаат неколку дечиња, не се жалат за ништо, ќе рече човек милијардери се. Ама постои тука друга работа, тие ја задржале онаа малку постара идеологија дека мажот е главата и умот, а вметнале и малку од новата тематика, и излегло нешто прекрасно, нешто на кое што може да им завидува 90% проценти од популацијата во МК па и пошироко. Дај прекинете со феминизми, шовинизми, песимизми и глупави морали, тек тогаш ќе бидете стварно среќни. Да било сето тоа толку добро, цел свет би се сложил за истото, не би имало противречења и побуни.
Си ги смешал работиве нешто. Тие што имаат амбиции да бидат независни, не киснат цел ден на фејсбук и на форуми. А што прават во слободно време тоа не е твоја работа. И извини, ама ако мажот чека на жената да јаде, може да умре од глад. Или под нивоу му е да земе да си зготви за себе? Пошо нели, тоа е работа на жената. Ај молим ти се. Ако и жената и мажот работат, без разлика што е работата, треба и двајцата да бидат инволвирани во куќните задачи. Тоа е еднаквост. За забранување да не збориме. Пошо очигледно немаш појма. Јас лично знам МАЖ кој и` забранувал на жената да најде работа или да иде на часови за било што, затоа што нејзината ЗАДАЧА била да седи дома, да готви и да чува деца. ЗАТОА сега се разведени. Зашто жена трпи, ама кога ќе и пукне филм, толку е. На брак треба и двајцата да работат и да се трудат да опстои. Ако мажот е идиот (читај, се понаша лошо со жената и не ја почитува), тогаш нормално дека нема да трае. Никој не треба да трпи да биде омаловажуван. Исто важи и за жените кои се идиотки. Ако брак се распадне, скоро секогаш се и двајцата одговорни, без разлика дали ќе си го признаат тоа или не.
Геј бракови? Каква вркса има тоа со феминизам жити се? :pos: Демек пошо постои феминизам, жениве РЕШИЛЕ сеа со жени да се зимаат? А што праиме со тоа што феминизмот постои со векови? Тогаш геј бракови не биле дозволени. Ај прво научи си ги фактите па збори. Очигледно и ти немаш врска што збориш. Друг пат подзамисли се пред да посочуваш прсти.
Добар ти е примеров,само како тоа ти сфати дека мажот е главата и умот не ми е јасно. Ако и двајцата работат, тоа би ги направило еднакви.
Светот никогаш едногласно не се согласил за ништо, нити пак ќе се согласи. Има билиони луѓе со билиони различни размислувања (освен они што немаат мислење и слушаат што некој друг ќе каже). И тоа е добро, зашто ако сите беа овци и се согласуваа со тоа што некој ќе рече дека е правилно, никогаш немаше да напредуваме и да се подобруваме.[DOUBLEPOST=1421361573][/DOUBLEPOST]
Самосвесна и независна не значи феминистка, туку модерна жена. Мажите се плашат од независни жени, а немаат потреба. Жената има свој потполн развој само покрај маж кој ја сака. Младите жени не го признаваат тоа затоа што не почувствувале љубов и затоа одат во друга крајност, феминизам.Жената има исконска потреба да љуби и да биде љубена.Со тоа таа може да биде самосвесна но никогаш во потполност независна. Таа може да е финансиски независна, но емоционално е секогаш зависна од мажот. Само самосвесна жена има доблест да го признае тоа. Слабите жени се кријат позади параванот наречен феминизам.
Нити самосвесна и независна жена значи феминистика, нити пак феминистка значи слаба жена. Не дека ги нема, ама не дека сите се такви. Нема никакво правило во тоа кој се идентификува како феминист/ка.
За двата болда, не мора да е маж, може да е жена. :pipi: Светот не е црно бел одамна.
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
sto imas protiv magacioner? jas bev magacioner 2 godini i nauciv dosta za magacioniranje na raboti
radi toj magacioner ti mozes da si kupis koka kola od tinex
Јас немам против ниту една професија, всушност, некој друг имаше.
Само кажав дека никој не би одбрал да биде магационер, ако може на топло и удобно да си седи.

Имам и јас работено таков тип на работи (да, и во магацин имам работено), ама не затоа што многу ќеиф ми беше, туку зошто ми требаа пари.[DOUBLEPOST=1421407335][/DOUBLEPOST]
Појавата наречена Pro Femina е токму она што е проблем со денешниот феминизам (бар за МК зборам). Самата на себе е карикатура и ги руши сите начела што феминистките ги имале на почетокот на движењето. Голем дел од денешните феминистки си изнаоѓаат проблеми само за да си го оправдаат своето постоење или својата припадност во групата.
А тоа е проблем.
Тука се согласувам.
Не ја имам читано многу, ама и она што го прочитав, си напраив е вака :facepalm:
Нема везе тоа со феминизам, него општо, со размислувања генерално.
 
Последно уредено:

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.724
Поени од реакции
11.955
Некако имам чувство дека денес феминизмот е импулс на акомулирана фрустрација под напон како резултат на сексуалната импотентност кај поединци под притисокот на евтините сексуални провокации на „модерното“ живеење.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.800
Поени од реакции
24.710
Некако имам чувство дека денес феминизмот е импулс на акомулирана фрустрација под напон како резултат на сексуалната импотентност кај поединци под притисокот на евтините сексуални провокации на „модерното“ живеење.
Значи ли ова дека периодично и ти си феминист? :D
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.199
Поени од реакции
20.851
Никогаш нема да кажам дека некој е поуспешен од некој друг. Освен ако не ми споредиш двајца со еднакви цели во животот, еднакви средства за остварување на целите, еднакви можности, еднакво минато и еднакви амбиции.
Тоа, и плус средно во Корчагин да имаат завршено. ј/к
ОК, чим не можеш да кажеш кој од нив двајца (Бил или Иван) е поуспешен, у реду е.

Што знам јас кои му се целите на Иван? И искрено, незнам колку верувам во неговите „способности“ и колку тоа стварно помогнал на луѓето.
Зошто способности го ставаш во наводници!? Тоа што Иван прави некои испади во јавност е поради аутизмот. Иначе, Иван е индиго дете, со аутизам. Неговите способности потекнуваат од хиперсинхроната невронска активност на неокортексот, која му овозможува поголема апсорпција на космичка енергија преку Ајна чакрата.

Не е убаво да не се цени она што имаме. Да беше некоја слатка мила кутра склеротична бабичка со ишијас, одма светица ќе ја направевте, одма Нобелова награда ќе ѝ дадевте. А некој млад, амбициозен, со иста кауза како Мајка Тереза, го маргинализирате.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Тоа, и плус средно во Корчагин да имаат завршено. ј/к
ОК, чим не можеш да кажеш кој од нив двајца (Бил или Иван) е поуспешен, у реду е.


Зошто способности го ставаш во наводници!? Тоа што Иван прави некои испади во јавност е поради аутизмот. Иначе, Иван е индиго дете, со аутизам. Неговите способности потекнуваат од хиперсинхроната невронска активност на неокортексот, која му овозможува поголема апсорпција на космичка енергија преку Ајна чакрата.

Не е убаво да не се цени она што имаме. Да беше некоја слатка мила кутра склеротична бабичка со ишијас, одма светица ќе ја направевте, одма Нобелова награда ќе ѝ дадевте. А некој млад, амбициозен, со иста кауза како Мајка Тереза, го маргинализирате.
Ок.
Темава не е за Иван. Нити имам намера да дискутирам за него тука и сега (или некогаш).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom