Сеуште не сум онака како што се замислував, како што посакував да бидам.
Немам идоли, херои, примери во животов, сакам да бидам свој, најнесериозниот професионалец, кого малите нешта знаат многу да го направат среќен, а неретко и да ми го уништат денот.
До кога да се надевам на подобро...Каде е тоа подоброто...можеби и дошло, ама сепак сум човек ненаситен, никогаш доста, секогаш целиме кон подобро, така можеби и е најдобро, да нишанан во небото(потпис од некој член беше ова)...
На неколкупати сум се чувствувал дека сум на дното, за веднаш потоа да сум високо горе. Сега го чувствувам мирисот на земјата, влагата, лежам на мали камчиња кој полека ми оставаат траги на кожата...Се прашувам - зар е можно да одам и под земјата? Не, Не...САКАМ, МОЖАМ, ПОЛЕКА НО СИГУРНО СТАНУВАМ, СЕ ИСПРАВАМ, ПОЧНУВАМ ДА ЛЕТАМ...
Вторник 10 март, е добар ден да почнеме малце поинаку да размислуваме, благодарение на кајгана можеби и да го смениме животниот пат...
Тоа сум јас сега и во блиска иднина(се надевам), малце задлабочен во темата, малце скршнав, но се надевам нема да ми замерите:wink: