Сакај ја Македонија, експлоатирај ја, но не ја уништувај (ВИДЕО)

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Минатата година едно девојче од 4 години ја голтна лажицата и едвај остана живо кога татнеж од експлозија одненадеж ја стресе планината.
Само јас ли не сфаќам што сака да каже авторот со ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сакај ја Македонија, експлоатирај ја, но не ја уништувај

29 јул 2012 21:51

Еве како се уништува едно од најубавите езера во Македонија. Ова е Дебарското Езеро, а ова што го гледате на видеото се остатоците кои австриската компанија „Кнауф“ ги фрла во водите на езерото. Се прашуваме дали Австријците кои имаат концесија да ги експлоатираат падините на преубавата планина Крчин, од каде го вадат најквалитетниот гипс во Европа, истото би го правеле
и на нивните Алпи.
Дали некој ја контролира јаловината и кој ќе носи одговорност кога после 20, 30, 50, 100 години ќе имаме контаминирана почва. Поразителни резултати имаме и денес но после неколку децении ќе биде уште полошо.
Гипсот е калцијум сулфат. Тој не е отровен.
Она што се копа во Дебар е садра или анхидрит. За еден молекул калцијум сулфат се врзани два молекули вода. Анхидртот се пече и се меле и така се добива гипс. Гипсот го мешаме со вода и го користиме во градежништвото но и во многу други Употребата на гипсот е стара иладници години исто колку и употребата на вар, за разлика од портланд цементот кој е патентиран 1824 година
Никава контаминација не може да се направи ниту од анхидритот ниту од гипсот.
Инаку не се работи за редок минерал, ги има скоро секаде.
И на Алпите има анхидрит...
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Не ги читав постовите од почеток, ама Кнауф не е некоја улична фирма за да си игра како што е напишано во почетниот пост, а тоа со лажичката, не сфаќам што е поентата, изгледа сум многу глуп. Ај да не минираат, тие имаат право да ја експлоатираат рудата мислам во наредните 100 години, некој тоа им го продал, тие сигурно не платиле за тоа да го гледаат и да се фалат дека имаме фирма во Македонија. Не знам кој го пишувал она во воведот, ама поголема глупост од тоа нема. Во Дебар речиси и да нема туристи, и ако има од таа страна на езерото како што се гледа, нема брег... а на крстарање, хаха, од кај го извадија ова, речиси и никој да не оди таму. Зошто не напишале дека од фабриката живее најмалце 1/4 од градот, дека пред да дојде оваа фирма фабриката едвај опстојуваше, вработените земаа по 6.000 денари плата, една од подобрите странски инвестиции... Вистина се намали бројот на вработени (ама имаше превработеност), и сите земаа солидна отпремнина, а исто така сите вработени земаа пари за нивните акции за разлика од вработените во повеќето наши фирми кога се приватизираа. И зошто не се пишува за одроните од спротивната страна, од страната кај што е снимано, пред два месеци почина човек кога му падна 2 кг тежок камен на шофершајбна. Пред три години имаше одрон од 10 метри, кој го блокира патот околу 1 недела. Истиот одрон сеуште го немаат зачистено како што треба, т.е. ја наполнија блиската ливада со камења. Кога заврна последниот снег патот Дебар-Маврово беше неколку денови целосно блокиран. Ама полесно е кога се фрла по странскиот инвеститор кој ја уништува преубавата планина Крчин.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
му се сипавте на човекот,да е во близина и би го линчувале,
А што правиме со почвата,што ја набројав во темата:
Лубеница од вода, Водата од канал, Во каналот кожа, Кожата од....
1.почва околу фабриката Охис,кој ја испитал-таму е уште на отворено складиран отровен отпад, Скопје се рани од тие бавчи во близина,
2.почва околу Окта и селата таму.Колку има нафта во подземните води,
3.почвата во Башино село,и квалитетот на младиот 1мајски кромид.
4.почвата која се наводнува со вода од каналот под Арачиново,полн со овчи кожи,а од кое растат најубавите лубеници со вкус на мрша.
5.почвата што се наводнува од Вардар кај Миравци и Јосифово.....?
-----------------------------------
продолжете сега со муабетот
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Гипсот многу малку се раствора во вода, во принцип се смета за нерастворливо соединение, затоа не постои и голема опасност за живиот свет во водата. Но прашината што се крева е штетна ако се вдишува долго време може да предизвика професионално заболување на белите дробови.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Само едно да знаете, што ке си фрлиме, тоа и ке си јадеме. Истото важи за сите. На пример. Некој човек фрли хемикалии во некој канал или езеро, кои се загадувачки и штетни по здравје за сите живи организми. А малку подоле, некој друг човек, земјоделец, има нива покрај тоа езеро, таа нива си ја наводнува од водата од езерото и си сади на неа пример патлиџан.Патлиџанот се загадува од водата со која се полива и кога ке израсне патлиџанот земјоделецот си го носи на пазар да го продаде и да си има пари за повторно да насади патлиџан. А на пазарот по некоја случајност оди да купува оној првиот, кој ги фрлил хемикалиите во езерото, и го купува патлиџанот кој се загадил растејки у созревајки од загадената вода која тој самиот ја загадил. И така купувачот си купил загаден патлиџан кој тој самиот си го направил загаден, и сега самиот си го загадува телото, се разболува и си го губи здравјето и дава пари по болници за лекови. И оттука произлегува мислата дека тоа што ке си фрлиме тоа и ке си јадеме. Природата на тој начин ни се одмаздува, што според мене е многу фер начин. Правиш лошо, со лошо ти се враќа.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.652
Абе се е убаво напишано, ама за Дебар не важат истите правила :D
На пример земјоделците насадот си го вадат со вода за пиење, која сигурно е поквалитетна од 95% од водата за пиење низ цела Македонија.
А за загадувањето на езерото, можеби тој што го напишал текстот подобро ќе му биде да истражи на каде се насочени нечистотиите од колекторот во Охридското езеро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom