Сакам да студирам Архитектура

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
јас завршив 8 одд ме сакам архитектура а за ликовно ич не ме бидува без ликовно може ли да се биде добар архитект.И не знам дали да одам гимназија па потоа факлутет архитектура или средно стручно
Гимназија. Уште си мал, така да амбициите и желбите шо ги имаш сега се доста променлива работа.

и јас сега завршив осмо и планирам да се запишам фармација.уписите се утре и мислам дека ќе биде тоа.Ама на факултет планирам и имам мнгоу голема желба да се запишам на архитектура без разлика сите што зборуваат дека е тешко или дека нема да ми биде поврзано со средното баш ми е гајле решена сум и мислам дека нема да ми се промени мислењето.Ова сега што ќе го учам во средно ќе ми биде како резерва со тоа што ќе го учам после ќе можам да работам.Знам дека нема никаква поврзаност ама средново со факултето ама....сепак ми оди математика особено геометрија,добро цртам,имам желба и мислам дека е доволно ;) како што разбрав и од претходните коментари има математика само една година, физика има сите години или...? останатите предмети како што видов од интернет се цртање,има нешто информатика,историја на архитектура....
o_O

За болдираново. Со средно фармацевтско ќе работаш ко семкар/ка или некоја слична професија. Или пак можда ќе се снајш шо знам. :)
Зборов ми е, ако веќе си запишала средно фармација, со среќа, запиши и таков факултет. Многу малку допирни точки имаат двава факултета шо ги наведе. Друго. доброто цртање е еден мал дел од потребните вештини. Математика имаш една година, дисциплини на физиката имаш мислам 4 години. Историја на архитектура од втора година, до крај.

Само за упис на факултет не брзај олку со одлуката, запамти го постов и со памет в гла. Поголем/а ќе си тогаш.
 
Член од
18 јуни 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ако може подетално да ми ги објасните Психо тестот и делот Снаоѓање во простор ?
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Ако може подетално да ми ги објасните Психо тестот и делот Снаоѓање во простор ?
http://www.forum.kajgana.com/threads/Сакам-да-студирам-Архитектура.8256/page-18#post-1310170

Eво овде имам објаснато повеќе за снаоѓање во простор/цртање.

А психото не знам како да ти го објаснам. Еден вид е на тест за интелигенција, кој содржи препознавање на фигури, перспективи од кои се гледаат одредени тела итн. Прашај ја Пчелка од форумов, та ќе е прва година допрва ќе ти објаснит подетално за подготвителните часови на факултет и демо тестирањата.
 
Член од
18 јуни 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
фала за одговорот !!! затоа што се двоумам дали да се запишам на Архитектонски или на Градежен???? о.О
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
фала за одговорот !!! затоа што се двоумам дали да се запишам на Архитектонски или на Градежен???? о.О

Едно инспирирачко и симпатично видео, кое можно е да ти ја разреши дилемата. :D
Шала на страна нормално е да се двоумиш во овај стадиум, размисли убаво и послушај ги поискусните и себеси.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
15
Поени од реакции
2
Еве ви уште еден кандидат за на архитектура :)
Се изначитав 21 страна и заклучив дека има бааги измени од пред неколку години.Значи, би ги замолила од тие лани што полагааа да ми кажат дали е вистина тоа дека биле само два цртежи (геометриско тело и зградата на факултетот) ?
Планирам да присуствувам на часовите од факултетот, цртам од април месец некаде, но ме фаќа малце паника кога ќе ми текне дека 15 мин има за цртежите :unsure:
 
Вистина е иако можно е оваа година да има промени, ама ако одиш на часовиве ќе ти објаснат све детално.
Во врска за рутината, не се секирај, јас на 5 дена пред полагање еден цртав за 35 минути. ;)
 
Значи има надеж :) Искрено не се надевам дека ќе влезам, пошо ја утнав матурата,зедов математика и многу лошо поминав,овие шо зедоа англиски далеку повеќе бодови ќе имаат од мене така да... останува приемниот да ме спаси некако.
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Значи има надеж :) Искрено не се надевам дека ќе влезам, пошо ја утнав матурата,зедов математика и многу лошо поминав,овие шо зедоа англиски далеку повеќе бодови ќе имаат од мене така да... останува приемниот да ме спаси некако.
http://www.arh.ukim.edu.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=15&Itemid=10

Види овде, отприлика е објаснато како шо иако нешо не ми штимат. Лани беше задолжителен предмет математика како екстерен ако сакаш да си ги пробаш шансите во прв рок. Со англиски исто така можеше, ама од втор па натаму.

Ако најш негде број од студентски прашања низ странава на факултетов најдобро јави се, фини се ќе ти објаснет све. Ако јас го најдам негде ќе ти го пишам.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
17
Поени од реакции
4
ај малку да ве подразочарам (и јас сум една од тие што сакаме да се запишиме на архитектура), сакам да ве известам само дека на подготвителните има 150 души, а има и такви кои не се дојдени на истите...а со тоа дека на архитектонски запишват само 120...не знам што ке биде годинава...изгледа мн ке останеме разочарани:(
 
~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Се двоумам помеѓу правен и архитектура :/ Ама математиката ме палши во архитктурава ми рекоа дека имало многу и била доста тешка...
 
Master!

Доктор Глобил
Член од
5 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
6
Идни Архитекти да се надеваме дека ке бидеме :)

Јас сум еден од многумината кој сакат да се запишат на архитектура .
Подготовките беа добри, и беа многу лесни според мене. Иако имам само 1 година во средно учено техничко цртање а се на се во Анфитеатарот бевме десетина што сме учеле техничко цртање, сепак и другите се покажа добро :)
Ги видов резултатите од денешниот демо тест и се наоѓам во првите дваесетина, ама се разочарав од Математика тотално ја утнав :/ незнам што да правам. Ако не влезам на Архитектонски незнам што понатаму :/

Јасно е дека има Јака конкуренција и е строг изборот
Се надевам дека ке флезам во втор уписен рок :unsure:
 
Член од
12 јуни 2011
Мислења
95
Поени од реакции
9
Има шанси да поминам без спремање? (Немам никакви проблеми со цртање, одлично се снаоѓам со молив цртам скици, карикатури, портрети?)
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Јас присуствував на демото, и го заебав тестот со цртањето.. И ги пропуштив часовите што беа на факсот...:(
Некој совет за мене? :)
Некој приватен курс, книга?
:confused:
 
Master!

Доктор Глобил
Член од
5 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
6
Има шанси да поминам без спремање? (Немам никакви проблеми со цртање, одлично се снаоѓам со молив цртам скици, карикатури, портрети?)
Па сезависи колку можеш да се снајдеш во просторот преку цртање. Карикатури и Портрети тотално не ти требат, Ако те бидува за скици тоа е добор
( еве ти пример види )

Јас присуствував на демото, и го заебав тестот со цртањето.. И ги пропуштив часовите што беа на факсот...:(
Некој совет за мене? :)
Некој приватен курс, книга?
:confused:
Приватни часови можеш да си земеш само треба да најдеш каде. Кај некој професор по техничко цртање по се изгледа дека треба да одиш.
Книги мислам дека има ама незнам каде можеш да најдеш.

Инаку јас го испуштам првиот уписен рок, да се надевам дека ке има место во вториот :(
 
Kajgana Shop

На врв Bottom