КВЕСЧН: Вреди или не? Следново...
Студирам во Италија. Архитектура се разбира. Мање битно. Прва година сум, многу сакав да дојдам тука поради тоа што слушнав (уствари и ми потврдија) дека е добро, во Европа си, повеќе можности, за работа, за од кога ќе завршиш све то... И не сумњам дека е така. АРНО АМА... се жалат луѓето тука... а и јас почнав да верувам во тоа дека е џабе ако се залажуваш со тоа дека надворешните фактори влијаат на тебе. Шо значи и у лоша средина се зависи ти како ќе ја искористиш климата.
Дали вреди да се вратам у Македонија? То ест, да почнам на ново во Скопје?
Негативности:
1. Јазикот. Учев италијански 2 месеци интензивен курс пред да дојдам во Италија. Ми фали многу. Сметам дека за да се биде успешен архитект треба да се има богат речник. Ја не знам како ќе полагам усни предмети имам многу, кај што треба да се објасни, да се резимира, да се надополни, да се дебатира. Не дека не научив јазик за овие 9 месеца престој во Италија, ама не е доволно за на факултет. Не за на архитектура.
2. И онака треба да почнам од ново, т.е. прва година по втор пат.
3. Помина годината, јас сеуште не разбирам како функционираат некои работи тука.
4. Математика сум тапа!!!! (добро тоа не зависи од тоа кај сум, туку што превземам околу тоа)
Позитивности:
1. Финансирање. Доколку учиш и на време полагаш, а притоа си кандидат за стипендија, имаш загарантирано добра сума пари.
2. Услови за учење повеќе од поволни. Библиотеки, читални...
3. Професори повеќе од пријателски настроени. Комуникација на ниво, одговараат на е-маил, некои примат и телефонски повици за договор...
Некои ми велат добро е, излезе од Македонија... седи си таму.
Мене упорно во глава ми се врти Скопје тие денови... јазикот ми е голема бариера. Не сакам да изгубам 6-7 години на факултет. И онака не е лесен, па и плус време да трошам... не сакам.
Дајте ми одговор во скоро време, додека не сум сменил факултетот.
--- надополнето: Jun 13, 2011 10:20 AM ---
mozebi malku e zastarena temata ama mozam da napisam nesto
Koga eden den }e go zamenite peto~noto izleguvawe so peto~no crtawe vo Golema Sala, koga omilenoto kafe nema da e nekade na Kejot na Vardar tuku vo ili okolu fakultetot, koga posle mnogu~asovnata rabota i pominatata no} na nekoja masa na fakultet, sekoga{ so dobro dru{tvo, mrtvi umorni sepak so nasmevka }e go do~ekate novoto utro, koga na patot za doma }e vi nedostigaat `oltata fasada i crvenite }eramidi, }e svatite deka . . . .ednostavno go sakate ova mesto.
e voa mi trebase,me ispolni... jas sum 2 godina i planiram da odam arhitektura i sega koga go procitav seto voa poveke a zasakav arhitekturata..samo imam edno prasanje,jas pojma nemam od crtanje ama za geometrija me biva a isto i matematika,kolku golema uloga igrae crtanjeto a kolku geometrija? se nadevam ke dobia odgovor... fala decki so mi go razubavite denot
Малце ти застарел и постот ама ај јас да ти кажам тоа што мислам. Прва година сум. Може ти изгледа привлечно. Јас сакав архитектура, зошто и мојот дедо бил архитект. И не само поради тоа. Отсекогаш сум бил добар во повеќе работи. Но, креативен сум... и добро цртам. Па тоа некако влијаеше на мене да се одлучам за архитектура. Арно ама имало и други работи... „Кога нешто го правиш, направи го како што треба.“ Така да, ако тргнеш од тука... треба да си добар и во математика, т.е. да не чекаш работата да ти ја вршат инженери, ти сам да си ги направиш пресметките. Треба да имаш општи познавања од било што... треба да поседуваш многу вештини. Како на пример, комуникативност. Влијателност. Треба да ја познаваш и сакаш уметноста. Незнам, може ја барам премногу дека сум перфекционист... се сакам да биде топ. Ама ако си ограничен/а нема да постигнеш многу.
Ако не те бива за цртање, може би сакал да одиш нешто друго. На денешно време претежно се работи на компјутер, ама сепак треба да ги знаеш основите. Употреба на шестар, лењири... тоа геометрија го знаеш. Ама пред да се дојде до проектирањето, се прават скици, дизајни... незнам, ова е дискутабилно многу. Ако си со цртањето 6+ на скала од 1-10 а притоа си креативен/а, мислам дека ќе поминеш.
Би ти го порачал овој канал на јутуб:
http://www.youtube.com/user/howtoarchitect
Човекот е реален според мене. И доста начитан и информиран. Незнам точно, ама мислам дека има 2 дипломи од архитектура (bachelor) и една магистратура, така нешто. Американец е. Гледај ги видео клиповите, и информирај се. И не брзај, имаш време 2 ипол години да размислиш.
Ако си стварно убеден/а дека го сакаш тоа, спремај се веднаш. Никогаш не е доволно!
Поздрав