Сакам да студирам Архитектура

Член од
4 април 2011
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво! Ние сме нови на форумов и сме заинтересирани да студираме на Архитектонскиот Факултет во Скопје. Сакаме да дознаеме од што се состои приемниот испит, а посебно психо тестот. Ако може некој да ни каже кои предмети се изучуваат во сите 5 години. Благодариме однапред. поздрав :D
 
Член од
5 април 2011
Мислења
8
Поени од реакции
7
Се регистрирав на форумов само заради постоф. Многу ми е потребен одговор, па затоа ве молам, веќе студенти на архитектура, за помош!

Прво, предмети за матура зедов прописно (математика, филозофија, информатика), ама имам слаб успех од средно (некаде добар - многу добар просек). Па според тоа, колку многу ќе треба да се посветам на приемниот (колку бодови треба да земам) за да имам шанса за упис?

Второ, часовите за цртање се релативно скапи, па колку часови ќе ми бидат потребни за солидна подготовка?

И трето, што ако не поминам на првиот уписен рок? Поголема е веројатноста да се влези на вторите уписи или исто мочало во два примероци?

Фала однапред ( или одназад :jaj: )
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353

Хм.. види прво положи си ја добро матурава. Успехот од средно како шо се сеќавам не беше баш пресуден. Ако имаш 4ки на матура по сиве предмети и солиден приемен, шансите за влез ти се добри.

Часовите на факултетов се 5000, 8 на број. (мислам напишав негде погоре)
Сосема доволни, ама ќе си вежбаш и дома после то.

Инаку поголема е шансата во прв да влезиш, во втор и трет цртежите ги цртале без визирка(стапче за мерење на пропорција :icon_lol:), од око.

Со среќа.
 
Член од
4 април 2011
Мислења
2
Поени од реакции
1
Ние ви пишавме и пред неколку денови ама не ни одговоривте. Сакаме да ве прашаме за психо тестот и кои предмети се изучуваат во сите 5 години. Благодариме однапред. пишете ни важно е!
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ние ви пишавме и пред неколку денови ама не ни одговоривте. Сакаме да ве прашаме за психо тестот и кои предмети се изучуваат во сите 5 години. Благодариме однапред. пишете ни важно е!
Kолку души у исто време седите пред компјутер под еден ник :raz:
 
Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Ние ви пишавме и пред неколку денови ама не ни одговоривте. Сакаме да ве прашаме за психо тестот и кои предмети се изучуваат во сите 5 години. Благодариме однапред. пишете ни важно е!
Ак имате IQ околу 100ка заедно, немате гајле.
 
*БоРовИнкА*

јас не сум ЛУДА, јас ЛУДО живеам
Член од
20 јули 2007
Мислења
638
Поени од реакции
16
ако сакате да знаете како изгледа психо тестот отидете на демо тестирањето, за да видите како изгледа целосно приемниот и ќе видите што како е..психо тестот додека не го видите неможеме да ви објасниме како изгледа..за секој изгледа различно :)
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
1
Поени од реакции
0
mozebi malku e zastarena temata ama mozam da napisam nesto

Koga eden den }e go zamenite peto~noto izleguvawe so peto~no crtawe vo Golema Sala, koga omilenoto kafe nema da e nekade na Kejot na Vardar tuku vo ili okolu fakultetot, koga posle mnogu~asovnata rabota i pominatata no} na nekoja masa na fakultet, sekoga{ so dobro dru{tvo, mrtvi umorni sepak so nasmevka }e go do~ekate novoto utro, koga na patot za doma }e vi nedostigaat `oltata fasada i crvenite }eramidi, }e svatite deka . . . .ednostavno go sakate ova mesto.

e voa mi trebase,me ispolni... jas sum 2 godina i planiram da odam arhitektura i sega koga go procitav seto voa poveke a zasakav arhitekturata..samo imam edno prasanje,jas pojma nemam od crtanje ama za geometrija me biva a isto i matematika,kolku golema uloga igrae crtanjeto a kolku geometrija? se nadevam ke dobia odgovor... fala decki so mi go razubavite denot
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
17
Поени од реакции
4
само што завршив четврта, па сакам сега да идам на архитектура, ама се плашам дека нема да бидам примена дека просекот од овие четири години ми е 4,6... за матурава се надевам дека македонски и математика ке положам со 4 (евентуално македонски 3), а за филозофија и ликовно добро се подготвив, се надевам на петки....
какви ми се шансите со глупите четворки кои овие четири години дозволив да ги имам???
ве молам кажете:unsure:
 
Дури и приемниов испит да го напрајш просечен имаш шанса. :)
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
КВЕСЧН: Вреди или не? Следново...
Студирам во Италија. Архитектура се разбира. Мање битно. Прва година сум, многу сакав да дојдам тука поради тоа што слушнав (уствари и ми потврдија) дека е добро, во Европа си, повеќе можности, за работа, за од кога ќе завршиш све то... И не сумњам дека е така. АРНО АМА... се жалат луѓето тука... а и јас почнав да верувам во тоа дека е џабе ако се залажуваш со тоа дека надворешните фактори влијаат на тебе. Шо значи и у лоша средина се зависи ти како ќе ја искористиш климата.

Дали вреди да се вратам у Македонија? То ест, да почнам на ново во Скопје?

Негативности:
1. Јазикот. Учев италијански 2 месеци интензивен курс пред да дојдам во Италија. Ми фали многу. Сметам дека за да се биде успешен архитект треба да се има богат речник. Ја не знам како ќе полагам усни предмети имам многу, кај што треба да се објасни, да се резимира, да се надополни, да се дебатира. Не дека не научив јазик за овие 9 месеца престој во Италија, ама не е доволно за на факултет. Не за на архитектура.
2. И онака треба да почнам од ново, т.е. прва година по втор пат.
3. Помина годината, јас сеуште не разбирам како функционираат некои работи тука.
4. Математика сум тапа!!!! (добро тоа не зависи од тоа кај сум, туку што превземам околу тоа)

Позитивности:
1. Финансирање. Доколку учиш и на време полагаш, а притоа си кандидат за стипендија, имаш загарантирано добра сума пари.
2. Услови за учење повеќе од поволни. Библиотеки, читални...
3. Професори повеќе од пријателски настроени. Комуникација на ниво, одговараат на е-маил, некои примат и телефонски повици за договор...

Некои ми велат добро е, излезе од Македонија... седи си таму.
Мене упорно во глава ми се врти Скопје тие денови... јазикот ми е голема бариера. Не сакам да изгубам 6-7 години на факултет. И онака не е лесен, па и плус време да трошам... не сакам.

Дајте ми одговор во скоро време, додека не сум сменил факултетот. :)
--- надополнето: Jun 13, 2011 10:20 AM ---
mozebi malku e zastarena temata ama mozam da napisam nesto

Koga eden den }e go zamenite peto~noto izleguvawe so peto~no crtawe vo Golema Sala, koga omilenoto kafe nema da e nekade na Kejot na Vardar tuku vo ili okolu fakultetot, koga posle mnogu~asovnata rabota i pominatata no} na nekoja masa na fakultet, sekoga{ so dobro dru{tvo, mrtvi umorni sepak so nasmevka }e go do~ekate novoto utro, koga na patot za doma }e vi nedostigaat `oltata fasada i crvenite }eramidi, }e svatite deka . . . .ednostavno go sakate ova mesto.

e voa mi trebase,me ispolni... jas sum 2 godina i planiram da odam arhitektura i sega koga go procitav seto voa poveke a zasakav arhitekturata..samo imam edno prasanje,jas pojma nemam od crtanje ama za geometrija me biva a isto i matematika,kolku golema uloga igrae crtanjeto a kolku geometrija? se nadevam ke dobia odgovor... fala decki so mi go razubavite denot
Малце ти застарел и постот ама ај јас да ти кажам тоа што мислам. Прва година сум. Може ти изгледа привлечно. Јас сакав архитектура, зошто и мојот дедо бил архитект. И не само поради тоа. Отсекогаш сум бил добар во повеќе работи. Но, креативен сум... и добро цртам. Па тоа некако влијаеше на мене да се одлучам за архитектура. Арно ама имало и други работи... „Кога нешто го правиш, направи го како што треба.“ Така да, ако тргнеш од тука... треба да си добар и во математика, т.е. да не чекаш работата да ти ја вршат инженери, ти сам да си ги направиш пресметките. Треба да имаш општи познавања од било што... треба да поседуваш многу вештини. Како на пример, комуникативност. Влијателност. Треба да ја познаваш и сакаш уметноста. Незнам, може ја барам премногу дека сум перфекционист... се сакам да биде топ. Ама ако си ограничен/а нема да постигнеш многу.

Ако не те бива за цртање, може би сакал да одиш нешто друго. На денешно време претежно се работи на компјутер, ама сепак треба да ги знаеш основите. Употреба на шестар, лењири... тоа геометрија го знаеш. Ама пред да се дојде до проектирањето, се прават скици, дизајни... незнам, ова е дискутабилно многу. Ако си со цртањето 6+ на скала од 1-10 а притоа си креативен/а, мислам дека ќе поминеш.

Би ти го порачал овој канал на јутуб:
http://www.youtube.com/user/howtoarchitect

Човекот е реален според мене. И доста начитан и информиран. Незнам точно, ама мислам дека има 2 дипломи од архитектура (bachelor) и една магистратура, така нешто. Американец е. Гледај ги видео клиповите, и информирај се. И не брзај, имаш време 2 ипол години да размислиш.
Ако си стварно убеден/а дека го сакаш тоа, спремај се веднаш. Никогаш не е доволно!

Поздрав
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
@Luciо јас не те разбирам што кажуваш, имаш потешкотии да ја совладаш материјата заради јазичната бариера или пак сакаш да го напуштиш факултет зошто ти мислиш дека никогаш не би бил доволно добар со јазикот за да ја продолжиш кариерата во Италија.
Ако е првото тогаш читај книги, ушто подобро ако се поврзани со твојата идна професија,вокабуларниот фонд се зголемува само со читање и конверзација никако поинаку. Како и на секој факултет не завршуваат креативните генијалци, туку тие што се трудат најмногу и сериозно се поставуваат кон него.
Околу второто дали ти својата кариера ја гледаш само во Италија? Голем број од архитектите не работат во матичните земји, јас побрзо би го усовршувал англискиот јазик како универзален.
Јас не би го променил во никој случај кога веќе ми го овозможиле, зошто знам дека по 6-7 години таму ќе имам верификација на моето знаење во форма на диплома која секако ќе има повеќе на тежина во резимето од та во Скопје, ќе научам уште еден јазик, ќе имам безброј пријателства и контакти со колегиод останати земји, ќе се стекнам со поголемо знаење.
 
Lucio

титула по желба
Член од
26 јуни 2006
Мислења
871
Поени од реакции
41
Првото.
Имам потешкотии да ја совладам материјата заради јазичната бариера. Баш тоа. И некако немам волја да седнам и да учам ептен „здраво“ (не дека не учам, ама не е тоа кога се нема желба)
Инаку, не би сакал да останам ниту во Италија. Дури и да завршам тука. Зборот ми беше дека тука дипломата секако дека е призната ширум светот... а за во Скопје не знам што е како е. Се мислев да одам во Скопје 3 години, па да се вратам тука за магистратура или слично. Незнам... сакав да соберам информации за тоа како е во Скопје, на кои факултети има архитектура, на кои од тие вреди да се студира?

Уште еден проблем може да биде и тоа што не сум многу комуникативна личност. Свесен сум дека тоа треба да се смени, но со оглед на околностите, јазичната бариера и она коешто тукашните ме гледаат како странец, некој кој може да ти досадува, кој ти губи време... некој кој не е рамноправен со тебе тоа „ќе стекнам безброј пријателства“ ми се гледа далеку... всушност, не ми се ни гледа.

Па така некако сум во недоумица овие денови... Не сум зборувал ни со моите дома (чие мислење би ми значило многу), поради тоа што знам кој би бил нивниот одговор - а тоа е да останам тука, да се трудам повеќе и да гледам кон посветла иднина.
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
6
Поени од реакции
0
јас завршив 8 одд ме сакам архитектура а за ликовно ич не ме бидува без ликовно може ли да се биде добар архитект.И не знам дали да одам гимназија па потоа факлутет архитектура или средно стручно
 
Член од
16 јуни 2011
Мислења
1
Поени од реакции
1
и јас сега завршив осмо и планирам да се запишам фармација.уписите се утре и мислам дека ќе биде тоа.Ама на факултет планирам и имам мнгоу голема желба да се запишам на архитектура без разлика сите што зборуваат дека е тешко или дека нема да ми биде поврзано со средното баш ми е гајле решена сум и мислам дека нема да ми се промени мислењето.Ова сега што ќе го учам во средно ќе ми биде како резерва со тоа што ќе го учам после ќе можам да работам.Знам дека нема никаква поврзаност ама средново со факултето ама....сепак ми оди математика особено геометрија,добро цртам,имам желба и мислам дека е доволно ;) како што разбрав и од претходните коментари има математика само една година, физика има сите години или...? останатите предмети како што видов од интернет се цртање,има нешто информатика,историја на архитектура....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom