Сакам да студирам Архитектура

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Mnooogu e inspirativen tekstot Serpico, pocnav da te sakam mnogu, i pocna da mi nalikuvas na bratucetka mi koja lani diplomirase na Arhitektonski, a koja isto kako tebe e najinspirirana od studiite po arhitektura iako veke gi zavrsi!

E sega, jas imam da istaknam nesto. Pred nekoj den bev na predavanje vo vrska so drzavnata matura koja ni kazaa deka ucenicite koi zavrsuvaat sredno 2007/08 OBAVEZNO ke ja polagaat! Mnogu gluposti na iznazborea, no ne ni kazaa nisto vo vrska so upisite na fakultet po polaganjeto na drzavna matura, sto neli e sustinskoto. Duri i seuste fakultetite vo drzavava nemaat izdadeno lista na predmeti koi treba da gi birame za vo drzavnata matura, a koi ke vlijaat vrz zapisuvanjeto na fakulet.

Dali nekoj e poveke zapoznaen so ova prasanje, konkretno za Arhitektonski fakultet?
 

Ann.

Queen of Nature
Член од
27 април 2006
Мислења
504
Поени од реакции
50
Јас бев исто така на состанок за државната матура.Воопшто не се организирани,како и учениците и професорите се бунеа против нивниот начин на пристап кон оваа матура.Воопшто не одговорија конкретно на прашањата што ги поставуваа учениците и студентите.Јас прашав дали ќе зависи што предмети ќе избереме да полагаме со запишувањето на факултет.И наводно ми одговорија дека немало воопшто врска,само да пише дека си ја положил државната матура.Потоа стана еден другар да се побуни зошто ако идеме на архитектура конкретно,не ќе земеме да полагаме биологија или хемија,а некој земе да полага математика,ако ученикот што одбрал хемија или биологија има повеќе поени,тогаш тој има предност,а тие предмети си немаат врска со факултетот...на тоа прашање ни самите не кажаа ништо...И наводно не убедуваат дека со државната матура дека ќе нема приемен испит,а самите кажуваат дека не се синхронизирани сеуште со факултетите со што го негираат претходното....така да стварно не знам што мислат :pop:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
D~a~R~k A~n~G~e~L напиша:
.И наводно не убедуваат дека со државната матура дека ќе нема приемен испит,а самите кажуваат дека не се синхронизирани сеуште со факултетите со што го негираат претходното....така да стварно не знам што мислат :pop:
Ни тие не знаат. Ќе се обидам да добијам одговор од службите на факултет, па ќе ве информирам.

Stay "+"
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Јас сум еден од сериозните кандидати за архитектонски:)
Имам едно прашање:
Какви предмети се учат во склоп на студиите?
Дали физиката е неопходна? (професорот ми е тапа, нишо неам научено...бруки)
...две прашања се сторија по грешка:)
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Joki, иден колега/колешка... Какви предмети се учат ќе ти одговорам кога ќе се добавам до листата на сите предмети, а во моемнтов ја немам покрај мене.

А за физиката... во втора година има предмет Архитектонска Физика, ама нема многу сличности со она што се учи во средно школо - претпоставувам дека учиш во гимназија. Не е тежок предметот, а поделен е на три дела-конкретно она што би требало да знае еден архитект- звук, светлина и топлина.
 

joki

Погана Паганка
Член од
1 февруари 2006
Мислења
1.054
Поени од реакции
16
Благодарам сине...:)
Ова со физикава ми тргна едно гајле настрана...акустики такви рабоќе појке владеам:)
Иначе ко ќе ја имаш листата со предмети, молиме да ја споделиш со нас :):):)
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Eve uste eden potencijalen kandidat za arhitektura :).
I mene me interesiraa istite prasanja so veke se odgovoreni, pa samo ke cekam novosti.
 

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
Околу Архитектонскиот Факултет..... Гледам дека мојот драг колега навистина се обиде да ви раскаже се за уписот, приемните, колку е тешко, лесно, но да се разбераме сите факултети и уписи имаат своја тежина....а не спорам дека нашиов е еден од понапорните, зошто нема зимски сон, мора да се работи нешто постојано......од друга страна тука се случува посебно дружење, тимска работа, останување до утринските часови по факултет, забави, шетање и уште многу други работи кои навистина треба да се осетат ....

Математиката ке им биде од помош на тие што ја сакаат, а искрено и другите ке се снајдат.... Сепак нашето знаење е за нас, и нас повеке ке ни користи во животот понатаму.

Студии по Архитектура во странство, од една страна е добро зошто има универзитети кои овозможуваат повеќе од нашиов, подобри програми, попрофесионален третман, но од друга страна чинат малку повеке за наши стандарди. Оној кој ке се одлчи на таква опција, екоомски миже да си дозволи, треба да биде и психолошки спремен на тоа да е многу далеку од дома, да се прилагодува на нова средина, менталитет на луге, судирот со тоа сто значат овие студии и уште многу други работи.... знаењето ќе дојде и вака и така....за оној кој сака да научи.

Јас лично, долго размислував околу опцијата странство, па дури и посетив повеке универзитети и разгледав повеке програми, на многу места на прв поглед е изгледаше совршено, WOOOWWW New York, Viena.....опции колку ти душа сака, но подоцна при консултации со други многу поигкусни луѓе видов дека и не е се така розево како сто изгледа. Па си послушав еден наш познат професор и странство си го оставив, здравје боже за постдипломски студии.

Скопјево е ок место, не сме ногу заостанат од остатокот од светот, оддалечено е максумум 3 часа од било каде во Македонијава, ние сме си ние, не сме многу себична нација колку толку си помагаме, и можеби скромно но сепак среќно си живееме.

Сега може ќе си речете си ласкам себе си и на своите колеги , но аркитектите се посебни луѓе. можеби маклу луди, или препаметни, во секој случај креативни и забавни, различни,но сепак слични, но сепак луѓе... Па доколку се наоѓате во батем дел од ова и вие бидете дел од архитектонското семејство...

за прашања секогаш тука....
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Дигресија 1- Архитектите не би требало да се СУЕТНИ.

Се оградувам од такви ставови искажани во постовите на подфорумот, и препорачувам почесто користење на "ЈАС" наместо "НИЕ" говор.

Дигресија 2- Архитектите се и помалку или повеќе писмени. Колеги студенти, внимавајте на писменото изразување, посебно во текст со кој сакате да привлечете потенцијални архитекти на нашиот факултет.

Фала, поздрав...
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Dadence напиша:
Јас лично, долго размислував околу опцијата странство, па дури и посетив повеке универзитети и разгледав повеке програми, на многу места на прв поглед е изгледаше совршено, WOOOWWW New York, Viena.....опции колку ти душа сака, но подоцна при консултации со други многу поигкусни луѓе видов дека и не е се така розево како сто изгледа. Па си послушав еден наш познат професор и странство си го оставив, здравје боже за постдипломски студии.
Колку што сфатив, ти пред уписот си имала познанства со некој наш познат професор.
Само ова ме интересира: Дали знаеш некој да фаќал врски за упис или полагање испити?
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
А јас што сакам надвор да учам? Аа? Таа реченицата ништо не е така розево..па нигде не е розево,само таму малку повеќе е :)
Архитектурата не е професија само седи рачунај математика и цртај,нели.

Лично,сеуште не знам што со себеси, и неколку пати бегам и се навраќам на идејата да го студирам тоа,можеби е тоа бидејќи сеуште никој не ме охрабрил,а и мене ми фуфка од тоа математиките,али ете моментално сум оптимистички расположена и знам дека со вежбање и тоа може да се среди,а останатото е се во главата и во креативниот ум :)
 

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
За врски за упис не сум чула.... јас лично сметам дека на приемен треба да се провери колку некој стварно е за тој факултет. Ако фатиш врски за приемен, што незнам дали е можно, што би правел понатаму?
Има четириесет и кусур (незнам колку точно) испити....

Од постари колеги можеш само да довиеш совети, професорите кои ги познаваш можат, но и не мора да значи дека ке ти помогнат, да прогледаат низ прсти за споствениот предмет.... во денешно време ретко кој ти полага испити, единствено ако ти се мама или тато на факултетот.....
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Потенцијални... oдносно ИДНИ колеги, внимавајте...

Зборував со луѓето од факултетските служби. Како што дознав, државна матура нема да се полага. За упис се валидни бодовите добиени од покажаниот успех во средно школо - максимум 60 поени, на кои се придодаваат оние поени кои се добиваат на ДВАТА приемни испити.

Значи, приемните нема да бидат како многу години наназад (четири) туку исто како и минатата година - два, и тоа цртање плус психо тест.

Ова е 99% точна информација. Деновиве очекувам и 100% потврда на овој муабет. Значи, олабавете се (само малку) и без страв. Архитектонски ве чека :vozbud:
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
:)
Само цртање и психотест? А математика?!
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
`Ангелче` напиша:
:)
Само цртање и психотест? А математика?!
Јок. Викај тура пијачки за сите :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom